|
Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи |
Внеси реплика | страница <1 678910 11> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пита од сливи и бадеми
Извор: Dobra hrana Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:40 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пита со печурки и младо сирење
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:39 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Селски леб што не се меси1. Брашното, квасецот и солта се ставаат во длбок сад и на суво се промешуваат. Со брашното може да се експериментира-на пр.1 чаша бело брашно, 1 ржано и 1 интегрално. Рецептот по тоа прашање е доста флексибилен. Овој леб се прави на принципот на бавна ферментација со што знатно се зголемува нивото на антиоксиданси во тестото. Рецептот го пронајдов пред многу години во Њу Јорк Тајмс и одтогаш редовно го правам ова лебче. Иако изгледа дека е многу захтевно за правење, ќе се изненадите колку малку вистинско време ви треба за да го спремите. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Папарацо питаСостојки
Од каде и зошто такво име не е ни битно, мене ми запна на око некаде се сретнавме на некој сајт па ете ја ви ја претставувам ПАПАРАЦОО......внимавајте!! Се соединува брашното со сол, шеќерот оди во млекото и квасец и се
активира некоја мин. Ќе остави ,,пена,, на површина кога е готов.
Путерот се топи, се става јајцето во брашното, од сите состојки се меси
тесто со средна јачина. Премачкав масло и оставив да стаса 1 саат на
топло. За филот се бијат јајцата со сол, се става павлаката и се меша, се излева врз кората во плехот. Се печи на 200 ,30 мин. така пишуваше во рецептот ама јас оставив само да се запечи на 200-10 мин. потоа намалив на 180 и тоа 25 минути...сосема доволно, а вие регулирајте си зависно од вашите услови, со чашка јогурт идеална за појадок или ужинка. Изменето од Valerija - 07.Март.2014 во 11:03 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Пита гужвараСе освен корите убаво се меша. Ќе добиете релативно ретка смеса, во која се макаат 1 по 1 згужвани корите. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ВЛАШКА ПИТА1.Во длабок сад се става млекото (млако) шекер,сол,квасец,масло и јајца убаво се промешува. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шарена питаПазарите се преполни со зеленчуци, па навистина е штета да не бидат застапени на вашето мени. Набавете свеж спанаќ и пробајте го денешниот рецепт. Состојки:500г кори за пита, 400г обарен спанаќ, 200г шунка, 100мл павлака, 8 варени јајца, зејтин, сол, бибер Подготовка: Обарениот спанаќ исечете го и измешајте го со павлаката и исецканата шунка, посолете и наросете бибер. Три кори ставете една врз друга и секоја попрскајте ја со зејтин. Потоа распоредете дел од филот од спанаќ и ставете две јајца, па замотајте ја питата во ролна. Од преостанатиот материјал повторете ја истата постапка. Направените кори ставете ги во подмачкан плех и попрскајте ги со зејтин. Печете околу 40 минути на умерен оган. Питата може да ја послужите со млеко или јогурт. Добар апетит! Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:40 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посна пита со цимет и оревиПодгответе посна пита со цимет и ореви – вистински празник за стомакот, особено за оние што постат. Состојки: 500г кори, 400г ореви, 100г презла, 5 лажици шеќер, 1 ќесичка цимет, кора од еден портокал Подготовка: Смелете ги оревите, а потоа истолчете ги. Додете ја изренданата кора од портокал, циметот, шеќерот и презлата и убаво измешајте. Три кори поставете на масата, по цела ширина ставете тенок слој од филот со ореви. Свиткајте, ставете во плех и печете 30 минути на 150 степени. Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:39 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пита од вишниСостојки 600g готови кори 800g вишни 450g шеќер 200g масло 250g посни бисквити Подготовка Готовите тенки кори се делат, така што за секоја пита имате по три кори. Меѓу корите ставате масло и мелени посни бисквити. На третата кора ставате зашеќерени вишни и распоредете ги во долниот дел на кората,па завиткајте ги во ролат. Попрскајте со масло, додадете бисквити и силно свиткајте ги во ролат трите кори. Истата постапка со редењето на корите важи за секоја пита, додека имате кори. Редете во маслинеста тепсија и премачкајте со масло. Питата се пече на умерена температура во претходно загреана рерна. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пита со коприваКопривата е најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, а делува и превентивно во создавање на каменчиња во бубрегот и мочните патишта. Оваа билка содржи витамин А, се препорачува како лек против слабокрвност, ја подобрува работата на системот на варење. Често се користи како природен лек против запек и го зајакнува природниот имунитет на организмот. Ако не сте љубители на чајот, тогаш подгответе си пита од коприви за да ги искористите сите предности на овој зеленчук: Состојки: 700г коприви, 1 кромид, 2 чешниња лук,
400г шампињони, 500г кори за пита, 2дл кисела павлака, 2дл билна
павлака, 5 јајца, 1дл млеко, 1дл зејтин, зачин Ц Подготовка: Ставете ја копривата во солена вода малку да отстои, а потоа извадете ја и исечете ја на коцки. Лукот и кромидот исецкајте ги ситно, а шампињоните исечете ги на листови. На малку зејтин испржете го кромидот и додајте ги шампињоните, динстајте додека не омекнат. Потоа додајте ја копривата, лукот и зачинете по вкус. Подготвениот фил оставете го да се олади, а потоа во него додајте 2 јајца и киселата павлака. Тепсијата во која ќе ја печете питата премачкајте ја со зејтин, па ставете две кори пита, нанесете од филот, потоа наизменично редете кори и фил додека не ви се потроши подготвениот материјал. Филуваните кори исечете ги на коцки. Измешајте 3 јајца, растителна павлака и млеко. Со добиената смеса полијте ја питата и ставете ја во рерна да се пече додека не порумени. Добар апетит! Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ем лисната, ем мрзлива пита од мене
500 грама брашно 1 квасец 1 лажичка шеќер 1 лажичка сол топла (не жешка) вода по потреба 2/3 маргарин или путер 400 грама сирење или урда 3-4 јајца Се остава квасецот да стаса во чаша млака вода со 1 лажичка шеќер. Меѓувремено се меша сирењето/урдата со јајцата. Откако ќе стаса квасецот се меша со брашното и солта и се користи вода по потреба за да се замеси тесто што нема да се лепи. Се дели тестото на два дела. Едниот дел се расукува во кора и се премачкува со маргарин/путер. Се превиткува на пола, се премачкува пак и се превиткува уште на пола. Истата постапка се повторува и со другата кора. Се премачкува тавата за печење со маргарин/путер. Се расукува една кора, да биде поголема од тавата. Се става во тавата за печење со краевите нагоре (може и да излезат по малку од тавата) Измешаната урда со јајцата се распоредува рамномерно на целата површина. Се става неколку парчиња маргарин/путер. Истата постапка се повторува и со втората кора. Се става одозгора и се прави виткалник од страните (не знам како го викаат правилно, секој крај различно го именува) Се става најгоре путер/маргарин и се пече. Нема да кажам 30-40 минути затоа што секоја домаќинка си ја знае релната. Се јаде и се бара уште. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Традиционален бурек со тегнети кориОвој рецепт за бурек што сега сакам да го споделам со вас е правење на бурек на занаетчиски начин. Филот со месото спремете го на овој начин. Брашното го просејуваме го мешаме со солта и замесуваме. Тестото го месиме 30 минути без прекин. Немојте да додавате ниту вода ниту брашно така треба, тестото нема да ви се лепи за рацете. За да не ви биде досадно додека го месите тестото пуштете си убава музика, јас така правам. Откако е убаво умесено тестото оставете го да се одмори околу 45 минути покриено за да не ви фати кора. ПРВ НАЧИН ВТОР НАЧИН ТРЕТ НАЧИН Рерната загрејте ја претходно на околу 200 степени и веднаш (без стасување и одмор на тестото) печете го бурекот време околу 45 минути или зависно од јачината на рерната. Се надевам дека барем малку успеав да ви ја објаснам постапката. За вкусот не споменав погоре, ама навистина подсетува на бурек од бурекџилница. Мислам дека ќе успеам барем дел од членките да испровоцирам во што воопшто не се сомневам, бидејки сите се вредни да тргнат во една убава авантура како мене. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Ружички-кифлиСе замесува тестото од наведените состојки. Се остава на надојде и после пак се размесува. Се кинат топчиња од тестото и се расукува круг со големина колку тацна од кафе. Се засекува од сите 4 страни и се става фил. Се витка во форма на ружа и се ставаат во калапи од мафини. Се оставаат да надојдат. Потоа се премачкуваат со јајце и сусам и се печат на 180С/25мин. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Пита со мелено месоПрв пат првам пита со мелено месо и не се покајав. Лесно и брзо се прави, а што е најбитно вкусно е. |
|
Внеси реплика | страница <1 678910 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |