![]() |
|
ЕУ - НАТО, просперитет или утопија? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 28> |
Автор | |
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
добро напишано Платеник,
Прашање е дали сите тие позајмени средства дорпинесоа стопанската активност да биде зоголемена? Дали позајманите средства се наменски искористени во сектори кои ќе генерираат вистинска вреднос, богатство, а како резултат на тоа и подоброување на стадардот и општата благосотојба? Не, позајмените средства не се искористија во капитални инвестиции. Не се искористија во примена на нови технологии кои би ги направиле производите конкурентни. Либералниот капитализам и начин на живеење кој ни беше наметнат, ги исцедија балканските народи и нивните добра до максимум. Примери има стотици. Никој не е против финансирање, кредитирање, но тоа мора да се чини во рамките на јасно пропишаните стандради, правила, критериуми.....за да не се доведете во ситуација каде ќе работите како вол за слама или заради задовлувањето на своит материјални пориви ќе им ги полните џеповите на лихварите. Ова важи не само за иднивидуалци, туку и за сите стопански субјекти, владите, државите..... Јас лично сум против кредити, односно кредити да, ама да отворам некоја фабрика, да се вработат луѓе, да бидат и тие задоволни и јас. Да произведуваме нешто, а не да земеме кредити за да идеме на море, или да купам нова кола на лизинг за да се возикам низ Скопје. Создавањето богатство е долг, макотрпен процес кој е пропратен со упорна и тешка работа, самооткажување, големи ризици и педизвици. Тоа не е случај во МК, повеќето богатства се создадоа преку ноќ, со брутална злоупотреба на системот и политичката моќ. Поентата на темава е дали и како зачленувањето на Македонија во ЕУ би ни овозможило на луѓето во МК да живееме подобро. За жал сите докази говорат дека членството во ЕУ нема да донесе подобар живот на граѓаните, и за тоа докази имаме многу. Јас прашав на што се должи повисокиот животен стандрад во Словенија и како можеме да го стигнеме нивниот? На 67-те милијарди евра долг, а на моите драги сограѓани во МК не им пожелувам на тој начин да се богатат, зашто на крајот на вечерта конобарот ќе дојде и ќе ја испорача сметката. Како што и пред 20+години биле трипати подобри, така и сега се подобри! Пред 20 год. беа побогати 3 пати бидејќи и произведуваа и продаваа 3 пати повеќе од нас. Нивното богатство и подобриот стандард на живеење имаа реална основа, т.е. производство. Можам само да замислам да опстоеше СФРЈ на кое ниво сега ќе беа словенците. Старите викаат подобро прв во село, него последен во град, а словенците сакаа "Европа Здај". Е сега на почетокот на завршувањето на забавата, конобарите почнуваат да си ги носат сметките по масите, а овие клиентите полупијани од дводецениското забавување почнуваат да се бунат, некако многу им се чинат. |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
![]() |
|
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чекај Македонија да се задолжи исто колку Словенија, тогаш и во Македонија секоја една педа ќе биде изградена. Да не зборувам пак ако се задолжи колку и Грција?! Јас прашав на што се должи повисокиот животен стандрад во Словенија и како можеме да го стигнеме нивниот? Како што и пред 20+години биле трипати подобри, така и сега се подобри! И двете земји сме биле социјалистички, а и двете земји сме денес капиталистички, а односот по прашање на стандардот, непроменет?! Дали причината за тоа е 10 кратното зголемување на нивниот надоврешен долг наспроти 5кратното зголемување на долгот во Македонија? Можеби познатата словенечка трудољубивост и дсиплинираност? Незнам можеби пак од секогаш трипати повеќе работеле?! |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
![]() |
|
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Југословенскиот долг својот зенит го достигнал некаде 1991 година, а изнесувал цирка 20 милиајрди долари. Денеска вкупниот долг на екс државите изнесува цирка 200 милијарди долари. Прашање е дали сите тие позајмени средства дорпинесоа стопанската активност да биде зоголемена? Дали позајманите средства се наменски искористени во сектори кои ќе генерираат вистинска вреднос, богатство, а како резултат на тоа и подоброување на стадардот и општата благосотојба? Напротив, негледам големи инвестициски зафати, а згора и старите идустриски капацитети се дамнешно минато. Гледам дека дел од тие средства се насочени кон широката потрошувачка, која во основа е базирана на трошење на незаработени пари. Добра кој некој некаде на друго место ги направил. Погледнете само колку моторни возила се движат по улиците во споредба со периодот од пред10-20 години? Погледнете колку стоки има по продавниците и какво е нивното потекло? Има се ама се нема пари да се купат! Кога во цената на чинењето ќе се вкалкулираат трошоците за финасирање на активностите на стопанственикот тогаш неверувам дека просторот за високи маржи е многу голем или пак обезбедуваат услови каде би се делеле високи плати. Неговиот, трошок се разбира, ќе биде пренесен на крајниот потрошувач. Овај пак сиромавиот исто така намејаќи можност да плати во готово, а сака да поседува, човечки е нели, ќе се позајми ама овај пат под лихварски услови. Хипотеки, кредитни картички.....Значи реалната употребна вредност нема да биде правопропрционална со крајната цена која потрошувачот ќе ја плати. Со други зборви доброто повеќе кратно ќе биде преплатено. Никој не е против финансирање, кредитирање, но тоа мора да се чини во рамките на јасно пропишаните стандради, правила, критериуми.....за да не се доведете во ситуација каде ќе работите како вол за слама или заради задовлувањето на своит материјални пориви ќе им ги полните џеповите на лихварите. Ова важи не само за иднивидуалци, туку и за сите стопански субјекти, владите, државите..... Создавањето богатство е долг, макотрпен процес кој е пропратен со упорна и тешка работа, самооткажување, големи ризици и педизвици. Целиот западен свет е во агонија, додека далечниот исток кој е спремен да работи за многу малку, а притоа создаве реални материјални добра го очекува светла иднина. Дедека ние на Балканот само мудруваме и сонуваме за лесен и лагоден живот, без работа. Поентата на сето ова беше да се каже дека Словеницте кои се дел од ЕУ и НАТО не профитираа од нивното членство. Со промена на системот не се обезбеди поглем просперитет за нивните граѓани. Во однос на Македонија иста мета исто растојание. Тогаш беа трипати подобри и сега се 3х подобри. Чудни некои пропорции?! За тоа колку реалниот живтониот стандрад е подобрен или влошен во Словенија или било каде, нека зборува некој кој ги искусил и двата. Според бројките, теоретски, сега се во полоша ситуација. Можеби заради тоа се најголеми југоносталгичари. Жалат што некогаш биле лидери, а сега коњушари. Чудно само како историјата се повторува! |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
![]() |
|
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...ако имам 500 евра плата и земам 20000 евра кредит,и ако со него купам кола или мотоцикл а не камион или автобус,нормално дека ќе се сје**м. ...ете така и СЛ со РМ.Таква е споредбата.Таму и се да застане немаат гајле со години(имаат скоро се изградено),кај нас за два месеца ќе се испојадеме меѓу себе. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
![]() |
|
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
кога беше СФРЈ, се сеќавам на вестите, се говореше дека била криза, а оние од ммф викаа дека СФРЈ била многу задужена земја, и требало да обрнеме внимание на тоа.
90 год. СФРЈ беше дужна околу 16 милијарди долари, а сега една Словенија е дужна 67 милијарди ама евра, и пак ништо не било. |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
![]() |
|
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Инаку за ваша информација просечните нето плати во Словенија за ноември 2012 се:
Јавниот сектор - 1134 евра Стопанството - 912 евра Просек за Словнија - 990 евра Номиналните плати се пониски за 1,8% во однос на предходниот ноември. Види, види, навистина господ прво сам себе си дал брада! |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
![]() |
|
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
67 милијарди долг, цццц, како ли само успеале до толку да заглават, скоро 60 % им е долгот од нивниот БДП |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
![]() |
|
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Имам братучетка во Љубљана.Голем број мои пријатели кои студираа во Словенија веке подолго време живеат таму зошто основаа фамилии,се вработија, некои отворија свои фирми...
Не е ни таму сјајно ,причини има многу а за некои претходно напишав,но менталниот склоп на Словенецот е многу поразличен од нашиот.Имаат услови за напредок ги користат,а кога нешто не е во ред во државата сите креваат глас.Тие имаат постигнато демократска зрелост и точно знаат дека кога нешто не функционира промените се неизбежни. Словенија граничи со Италија,Австрија,Унгарија има местоположба која и дава огромен потенцијал .Затоа споредба на Македонија со Словенија не треба да правиме или да развиваме некој филм дека сме тука со стандард зошто ние сме многу години поназад. Изменето од Alekxandar - 05.Февруари.2013 во 13:54 |
|
![]() |
|
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Колку Словенци знаеш и колку ги пратиш состојбите во Словенија? Не сме можеле да се споредуваме тогаш, а неможем и денес. Референтното ниво е различно. Распрашај се како размислува обичниот Словенец и каков вокабулар користи? Јас мислев дека поимитите, непотизам, корупција, мито, урбана мафија, политчка олигархија.....непсотојат во слвенчкиот речник и дека се одлика на оние од Загреб на југ и на исток. Сум се излажал! |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
![]() |
|
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не се разбираме. Тие биле подобри, а веројатно и ќе останат подобри, без разлика на политичкиот систем во кои се развивале и развиваат соодветните земји. Во случајов Македонија и Словенија. Прашањето е како да се стигнат?! Да се лицитира со некакви бројки, 1900 евра словенечки просек, сметам дека е претерано. Можам да проверам од прва рака колкав е тој просек. Јас се прашувам дали словенечкиот надворешен долг од 67 милијарди долари (33500 пер капита) нема да ги принуди Словенците во недогледно време, не само да се откажат од луксузот, туку и да прејдат на попосна храна. Знам дека биле цареви во СФРЈ, но од некоја причина тие како да стануваат најголеми југоносталгичари. Зошто? Многу совенечки фирми кои биле познати по својот квлитет, веќе непсотојат. Навистина незнам на што би се должел нивниот висок животен стандард? Изменето од Platenik - 04.Февруари.2013 во 10:09 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
![]() |
|
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Доколку во Македонија беше подобро за живот ке доаѓаа Словенци,Грци,Бугари..да купуваат автомобили,да бараат работа,да се школуваат,но бидејки не е така закључок одма можиш да донесиш.
|
|
![]() |
|
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...значи тоа е тоа,не е исто да вратиш кредит овде и во словенија..макар и во пропорционален однос да се.Тие можеби ќе можат да се откажат од луксузот,ама ние од јадењето..тешко.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
![]() |
|
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јас сум помлад и не знам како се живееше и каков беше стандардот во СФРЈ, но компаниите во тоа време имаа монопол врз пазарот,Искра,Горење,Емо,Застава,Фас..да не ги набројувам и другите компании.
Денес истата таа компанија Горење има конкуренција не само од фирми кои доаѓаат од ЕУ,туку и од Азија,Блискиот Исток,значи Горење со својот производ не треба да биди само поевтин,туку треба да има подобар дизајн, напредна технологија,да обезбеди континуиран раст на пазарот кој ке му овозможи на компанијата иновациски да држи чекор со еден Сони,Панасоник,Самсунг. ЕУ нема монополистичка политика па затоа и други компании како во Шпанија ,Италија,Франција,Шведска имаа проблеми со конкуренцијата па компаниите се преселија во Кина поради ниските трошоци и ред други можности меѓу кои и крадењето на патенти.Голем број на луѓе останаа без работа но и покрај тоа во ЕУ сеуште има услови за развивање на бизнис и одлична заработка зошто е пазар од 400 милиони потрошувачи. Нити еден Словенец со својата заработена плата не вели дека не му стига за храна,да плати сметки да купи нова облека...за разлика од Македонија каде ситуата е очајна. Една работа мора да се потенцира, не само во ЕУ ако сакате и во Јапонија да живеете,ако платата е 1000 евра,а месечно се троши по 3000 зошто за 8 Март треба да се оди на Хаваи,нова година во Рио,ново Порше за на риби,кога ке дојди време да се врати долгот има да го вратите и тоа со песна. |
|
![]() |
|
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Примањата во Словенија, пред распадот, биле двојно поголеми од југословенскиот просек.
Југословенскиот просек бил некаде околу 450 германски марки. Ако 2 марки = 1 евро, тогаш платата во Словенија изразена во еврба би била 450. Се чини дека платите во номинален износ се зголемени за 2х. Платите пак во реален износ е сосема друга приказна. Еквивалент на тогашните 450 евра денес би биле некои 1800 евра. Значи дека стандардот на Словенците реално е двојно полош во однос нa онај од пред 20+ години. Но сликата не е таква. Сите возат коли, купуваат бела техника, станови.... а од друга страна позиводствените кпацитети нефункцинираат. Некој некаде произведува, ама некој некаде се бави со најбезбедниот бизнис, финасирањето! На западот се вели there is no such thing as free lunch! Некој мора да го плати ручекот, а богами и музиката. Надворешниот долг на Словенците е 10кратно зголемен, а неверувам дека Словенците 10 кратно ја имаат зголемено продуктивноста или дека нивниот output е зголемен со истата пропорција. Вулгаризирано или симплифицарно, ако сакате, Словенецот работи за финансиерите или оние кои им ги позајмиле парите. Ако е за утеха, не се само Словенците! Да не одам со некои примери и калкулации, ќе поставам задача, па решете ја. Вредност на колата 15000 евра Интерест 10% Учество 0% Време на отплата 5 години или 60 месечни рати Колку ќе ве чини колата, односно колку ќе платите за колата одкако ќе ја исплатите? Колкава ќе биде вредноста на колата по 5та година? Не се замарајте со трошоците за регистрација, осигурување, редовно сервисирање..... или пак реалната корисна вредност на истата! Дали истата ќе ви донесе пари, дали е насушна потреба или пак е за чалам. Истата задача може да си ја поставите и со сите други материјални добра или духовни задоволства. Колку е само тешко кога те тепаат, а не ти дозволуваат да викаш?! Не само што не дозволуваат да креваш врева, туку и тепаниот самиот несака да вика. Се надева дека ќе пројде со помалку, а можеби еден ден ќе го фати морковчето. Изменето од Platenik - 04.Февруари.2013 во 09:42 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 28> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |