|
Само за грешници! Новиот Почеток |
Внеси реплика | страница <1 678910> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ako e taka, togash koja e taa soglasnost so Svetoto Pismo ? Site razlichni histijanski denominacii polagaat pravo na soglasnost so Svetoto Pismo i vistinskata vera. Изменето од Messenger - 10.Август.2011 во 02:42 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.
Изменето од alf - 19.Септември.2011 во 08:30 |
||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dali mozhesh da objasnish shto podrazbirash pod "праведник кој греши" ( грешиk кој e праведник) i Bozhje opravduvanje na bezbozhnicite ?
Пред Бога нема разлика од човек до човек. Бог не создаде нас и рече дека сме човек. Откакоо првиот човек Адам престапи пред Бога гревот влезе во срцата на сите луѓе. Затоа вели во Стариот Тестамент и во Новиот Тестамент дека нема праведник , нема ниту еден (Римјаните 3:10). Овде Господ преку апостолот Павле ги цитира зборовите од Стариот Тестамент велејќи дека човекот сам од себе преку своите сопствени дела не може да постане праведен. Човекот е во тело и тоа го прави да е телесен. Телото е осудено на смрт и затоа не може да прави добро колку и да сака. Телото секогаш сака да го следи Законот на гревот кој донесува само гнев и осуда затоа што ниеден човек не е способен целосно да го чува Божјиот Закон. Човекот кој верува во водата и крвта на Исус и го примил Светиот Дух од Бога тој во истиот момент постанал праведен пред Бога. Но затоа што истиот тој човек кој постанал праведен е во тело тој неможе да не греши затоа што телото е против Духот. Така и праведникот и безбожникот грешат преку целиот нивен живот затоа што се во тело. Во Проповедник исто така вели: 7:20: „ На земјата нема праведник, кој правејќи добро никогаш не согрешил.“ Штом нема праведник да не согреши, што ќе речеме за безбожниците! Во Римјаните 4:1-5 вели: И така, што ќе речеме дека нашиот прататко Авраам добил по тело?Зашто, ако е Авраам оправдан врз основа на своите дела, може да се фали, но не пред Бога! Но, што вели Писмото: „Авраам Му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.” А на оној, кој работи, платата не му се засметува по милост, туку по долг; додека на оној, кој не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, неговата вера му се засметува за праведност. Овде исто така апостолот Павле укажува на фактот дека Авраам прататкото наш на вера не добил ништо преку неговите сопствени дела туку се преку вера во Бога. Понатаму вели за оние кои работат: дека платата му се засметувва по долг. Оние кои работат се оние кои мислат дека треба да оддаваат покајнички молитви за опростение на нивните гревови како и мислат дека треба да прават некакви добродетелни дела за да бидат спасени. Тие се сосема во грешка зашто не поверувале во Бога и ќе ја добијат нивната плата. Додека оние кои не работат, туку се потпираат врз Божјата правда а веруваат во Оној кој го оправдува безбожникот верата му се смета за праведност, значи дека само преку вера во милоста Божја (т.е. крштевањето и крвопролевањето на Исус Христос како исполнување на Божјата правда) може да не направи нас праведни. Безбожник бев јас кога не знаев за ова евангелие. Безбожници беа сите кои не го имаа законот Божји, како што се сите народи освен Израелците. Така оној човек кој има добро разбирање за законот Божји и Божјата правда и верува во Исуса Христа го добива Светиот Дух и е праведен пред Бога без разлика на кој е, каков е или каков грев може да извршил. Тоа е милоста Божја за секој човек. |
||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ili ushte poednostavno, spored poslednite zborovi, vistinskata vera e onaa koja e vo soglasnost so Svetoto Pismo, a vechniot zhivot se zdobiva so osoznavanje na Isusovata uloga spored Svetoto Pismo.
Popravi me ako ne sum razbral najdobro. Да вистинската вера е онаа која е во согласност со Светото писмо. Но кога човек прими вистинска вера го добива Светиот Дух и веднаш добива вечен живот. Вечниот живот не е нешто различно од вистинската вера. Вечниот живот е даден како дар преку добивање на Светиот Дух да пребива во срцето на праведникот кој постанал праведник преку правилна вера во Исус. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dali mozhesh da objasnish shto podrazbirash pod "праведник кој греши" ( грешиk кој e праведник) i Bozhje opravduvanje na bezbozhnicite ? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Od napishanovo gledam deka poslednata rechenica gi sintetizira odgovorite na prashanjata koja e vistinskata vera vo Isus i koj e uslovot za vechniot zhivot, a toa spored tebe e:
Ili ushte poednostavno, spored poslednite zborovi, vistinskata vera e onaa koja e vo soglasnost so Svetoto Pismo, a vechniot zhivot se zdobiva so osoznavanje na Isusovata uloga spored Svetoto Pismo. Popravi me ako ne sum razbral najdobro. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па кој го составил посланието до Римјаните? Не беше тоа Павле кој истото така сведочеше дека правилната вера спасува. Или со вашиот коментар сакате да кажете дека Павле не беше праведен?
За првиот цитат Кој е каменот на кој се гради куќа? Кое е значњето на песокта овде, кој е разумен а кој безумен човек? Ако оној кој го искушуваше Исус прашувајќи го какво добро да прави имаше подобро разбирање за Законот , немаше ниту прашањето да го поставит ниту пак ќе се двоумеше за неговото совршенство преку вера. Човекот сам од себе не може да се оправда со своите дела, колку и да се. Зашто и за тоа вели Библијата во Римјаните 3:20 стои: зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот. Законот тој што кажува што да правиш а што да не правиш, и ако не верувате прочитајте го. А за писателот на Римјаните уверено можам да ви речам дека беше праведник избраник Божји и тешко ќе ви биде на вас ако вие него го правите лажго или нешто друго зошто Библијата е напишана под раководство на Светиот Дух. Посланието до Римјаните е книга која е од Библијата и зборува за вистинското евангелие и Божјата правда. Ако вие велите дека писателот е в грешка тогаш вие сте го направиле Бога лажго, зошто Светиот Дух е Божји Дух. |
||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
”24 И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен. 25 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше заснована на камен. 26 И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок. 27 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и нејзиното паѓање беше големо.” (Евангелие според Матеј 24:7) а на друго место може да се прочита: „16 И ете, еден Му пристапи и рече: „Учителе добар, какво добро да направам, за да имам вечен живот?” 17 А Тој му рече: „Зошто Ме прашуваш за добро? Еден е Добар! А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите!” 18 Му рече: „Кои?” А Исус рече: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, 19 почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себеси!” 20 Момчето Му рече: „Сето тоа сум го пазел од младост, уште што ми недостига?” 21 Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! Дојди и следи Ме!” (Евангелие според Матеј гл.19) Значи Исус никаде не спомнува дека верата(иако и таа е важна) е клучниот момент за влез во Небото, туку делата. Изменето од Majkl - 08.Август.2011 во 18:37 |
||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
2. Второто прашање дали човекот постојано греши и доказ за праведникот кој греши а се здобил со вечен живот.
Во погорната порака во Битие 15:6 запишано е како Бог го засмета Авраам за праведен преку неговата вера без дела. Во Библија во книгата Битие глава 20: 2-3 вели Тогаш велеше Авраам за жената своја Са'ра, дека му е сестра, оти се плашеше да рече дека му е жена, за да не го убијат жителите градски заради неа. А царот герарски Авимелех испрати, и ја зеде Са'ра. 3 Но Бог дојде при Авимелех ноќе во сон, и му рече: "Ете, ќе умреш заради жената, која си ја зел, зашто таа има маж." Видете како Авраам откако постана праведен пак изврши грев на лага. Зарем лагата не е грев пред Бога. И ако велите дека тогаш немаше закон и како таков гревот не може да се засмета за грев прашајте зошто Бог му рече на царот дека ќе умре заради гревот иако тој не го изврши. ако продолжите да ја читате главата ќе видите дека Авраам мораше да се помоли за сите нив за да не изумрат заради престапот. Сара навистина му беше поласестра на Авраам но сепак тој го сокрие тоа дека таа му е жена и го воведе народот на грев пред Бога. Видете сега дека Аврам не умре туку преку вера во Бога отиде во Царството Небесно, иако погреши. Праведник кој греши се оправдува преку вера затоа што верува во Оној кој го оправдува безбожникот. |
||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За второто прашање: Дали човекот може да се здобие со вечен живот ако постојано греши?
- За ова прашање сакам да го искористам таткото наш на верата Авраам. Во Библијата вели: Битие 15:6: „ Аврам Му поверува на Господа и тоа му се засмета за праведност.“ - верата на Авраам му се засмета за праведност. Овде словото ни вели дека кога Аврам му поверува на Бога, тоа му се засмета за праведност. Во Римјаните 3:20 вели: „зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“ Овде апостолот Павле ни објаснува нас дека Законот Божји беше даден за да ни даде нас сознание за нашите гревови. Откако ние ќе сознаеме според Божјиот Закон дека ние сме гробни грешници ние доаѓаме до потреба на Спасител и така се враќаме кај Бога. Авраам заради неговата вера во Бога постана праведен. Бог го засмета него за праведен вели Словото. Ниеден човек не може да постане праведен според делата на Законот или неговите/нејзините добродетелни дела. Римјаните 3:28: „И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.“ |
||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1. Вистинска вера во Исус е:
- Јован 3:5 : „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.“ Овде Исус Господ Самиот ни заповедува да бидеме поново родени од вода и Дух за да можеме да влеземе во Царството небесно. Ако со поново раѓањето можеме да влеземе во Царството Божјо тогаш сме наследници на ова царство и сме примиле вечен живот. 2. За вечниот живот: - Јован 3:16: Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ - Овде во стихот погоре вели: Секој кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Значи верата во Исус не спасува. Но не само изговорот: Исусе верувам може човек да го спаси, туку правилното верување во Него. Кој е Исус во кого мораме да веруваме за да се спасиме вели во 1 Јованово 5:6: „Тој е Оној Кој дојде преку вода и крв - Исус Христос; и не само преку водата, туку преку водата и преку крвта;“ Овде водата го симболизира крштевањето на Исус во реката Јордан преку рацете на Јован Крстителот, а крвта го симболизира Неговото крво пролевање на Крстот. Кога ние правилно веруваме во крштевањето и крвта на Исус т.е водата и крвта преку кои Тој дојде ние доаѓаме да имаме правилна вера во согласност со Писмата и Бог ни го дава нас Светиот Дух како печат на нашата вера, во истиот момент кога ќе поверуваме нашето име е избришано од книгата на Делата и е запишано во Книгата на Животот. Тогаш ние можеме да речеме со потполна сигурност и увереност дека ние имаме правилна вера преку која сме добиле/ наследиле вечен живот во Исуса Христа. 3. Исповедта на вистинската вера е содржана во: 1 Јованово 5:8: „И Тројца, се Кои сведочат на земјата: Духот и водата и крвта; и Тројцата сведочат заедно.“ (МК Библија 1976 год.) - овде вели дека ако ние не го имаме во сведоштво во нашите срца ни немаме правилна вера во Исус Христос. Со другии зборови, ние треба да знаеме Кој е Исус, зошто дојде Тој, кое дело го исполна тој и како и зошто. А сето ова мора да биде во согласност со Светото Писмо. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Marinceska , se nadevam deka kje me udostoish so odgovori na prashanjata:
1. Koja e taa "vistinska i pravilna vera vo Isus" ? 2. Dali chovek mozhe da se zdobie so vechen zhivot ako postojano greshi ? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Nie sekogash govorime za isti ili slichni temi,iako mozhebi chesto pati poagjame od razlichni evangelija ili Knigi.
Temite ostanuvaat spoeni poradi podobrata preglednost na topikot shto se diskutira. P.S. Na forumov nikoj ne "vodi temi" tuku otvara temi. Temite se vodeni, ako mozhe da taka da se formulira, od chlenovite koi komentiraat i repliciraat na niv. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Marinceska
Група Регистриран: 07.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 89 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
До модераторот: Не знам зошт ги споивте двете теми кога обете се различни.
Јас ви зборувам за евангелието на водата и Духот дадено од Исус Христос , со кое Тој ја исполана Божјата правда и напави да секој кој верува во Него да биде совршен. А ако господинот кој ја води другата , сличната тема, вели дека ништо не е совршено, тогаш паднал во голема заблуда и Му вели на Бога со други зборови дека испраќањето на Исус на земјава беше залудно и бескорисно. Човекот сам од себе не може да престане да греши или пак постојано да ги извршува истите навики или престапи. Човекот има наследено гревови од неговите/нејзините предци и заради тоа телото е осудено на смрт. Човекот и да постане праведен преку верување во Божјата правда, тој/таа не може ништо друго освен да греши се додека да умре. Затоа на човекот му е потребна вистинска и правила вера која знае и го сфаќа праведното дело Исусово во стриктна согласност со жртвениот систем. До модераторот: Ќе ве замолам да ги одделите темите затоа што не говорат за исто евангелие! |
||
Внеси реплика | страница <1 678910> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |