Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 08:38 |
ТОСКАНА, ИТАЛИЈАТоскана е еден од најголемите и најважни региони во Италија поради своето културно-историско и уметничко наследство. Сместена во Централна Италија, на северо-запад се граничи со Лигурија, на север со Емиља-Ромања, на исток со Марке и Умбрија, на југ со Лацио. Површината која го зафаќа овој регион на Апенинскиот Полуостров е 22.997 км², а името произлегло од првите жители кои ја населувале таа зона, Етрурците или Туски, кои му ги дале на регионот првите форми на територијална организација. По нив, регионот бил завземен од страна на Римјаните а по паѓањето на Римската Империја, Тоскана паднала под власт на Готите, Лонгобардите и на Каролинзите. Во средновековниот период биле основани независните општини кои не издржале под превласта на Фиренца со која управувало семејството Медичи. Тоскана се смета за лулката на италијанскиот јазик во која се родиле едни од најпознатите италијански уметници и поети. Освен тоа, Тоскана е своевиден регион-музеј: нејзините градови чуваат многубројни ремек дела како палати, цркви, галерии, кои привлекуваат туристи од целиот свет.
Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно.
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:15
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 08:35 |
МИЛАНО, ИТАЛИЈА ВО МАЛОНа патот кон Милано веројатно ќе пројавите желба за шопинг, фудбал и опера, но само еден поглед кон Дуомо катердаралата и веќе ќе бидете воодушевени. Милано се смета за модна престолнина и центар на гламурот и фудбалот, но немојте да го потцените како историски град, бидејќи има што да се види. Пред се, посетата на Милано не е комплетна ако не ја посетите операта. Уживајте во прекрасните звуци на познатите композитори како Моцарт, Росини и Верди, познатиот Скала. Во Милано, постојат десетици средновековни цркви да се откријат и прекрасен замок Сфорцеско, кој е нешто најдобро што Милано може да го понуди, Нереалниот Дуомо, градската катедрала на која има над 3500 статуи и која е најдобриот пример на готската архитектура. Ова гигантско уметничко дело е преплавено со статуи од светлуцав бел мермер. Доколку се качите на нејзиниот врв пред вас ќе се појави спектакуларниот поглед кон градот. Изградбата на оваа катедрала е започната во 1386 година, а завршена е во 1805, бидејќи Наполеон сакал да биде крунисан како крал на Италија. Можеби неможе да се натрпеварува со Рим, Фиренца или Венеција, но сепак Милано има што да понуди, а тука треба да се спомене пред се “Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. Неколку уметнички и историски музеи можете да ги посетите и да обрнете особено внимание, за тоа ќе ви треба еден ден. „Brera” е најдобрата уметничка колекција која можете да ја видите во овој град, која вклучува 700 години уметничка историја и има дела на Рафаел “Венчавката на Марија и ЈОсиф“,на Микеланџело, Белот и Каналет. Историската библиотека Амброзија, ги чува нацртите и записите на Леонардо да Винчи. Место каде се раѓаат модните трендови. Се рзбира неможете да отидете во Милано, а да не направите барем еден шопинг на улицата Монтенаполеон. Познатите модни бутици се подеднакво интересно направени како и најдобрите музеи. Миланските бутици и продавници се меѓу најдобрите во светот. Прошетајте низ улиците Дела Спига, Сант Андреа и Манкони и откријте ги најдобрите марки во светот, од Армани, Долче и Габана, Валентино, Версаче. Ги има илјадници бутици, а секој може да си најде нешто по свој вкус. Милано може да понуди различни видови инспиративни ноќни забави за сечиј вкус. Вечер помината во Миланската скала е врвно искуство за љубителите на операта и балетот. За друг вкус пак постои познатиот фудбалски стадион Сан Сиро. Ако пак сакате да воздивнете од градската врева одете до градината Публичи, каде оваа голема зелена оаза има фонтани, споменици и статуи и претставува одлично место за одмор и уживање.
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:15
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2014 во 17:20 |
VERNAZZA, ИТАЛИЈА – МИСТЕРИОЗНОТО МЕСТО КОЕ ЌЕ ВИ ГО СМЕНИ ЖИВОТОТVernazza е град во северна Италија, едно од местата кои го сочинуваат регионот Cinque Terre. Oва е местото во кое нема сообраќај и градот кој ќе Ви ги отвори очите. Зошто ??? Зошто овде ќе ја имате вистинската прилика да почувствувате дека животот е убав, без да бидете зависни од секојдневните политички случувања и без да бидете „ во чекор со последните случувања “…
Во превод, овој град значи мајчин град, што можеби е некоја случајност, поврзана со фактот дека местово дава некоја чудна енергија што Ви го сменува животот. Ова место е и признато како светско културно наследство на УНЕСКО. Денес, главен извор за приходи, овде, е туризмот. Како сведоштво за старата традиција на риболов, производство на вино и маслиново масло, денес повторно се одржуваат значајни манифестации кои прават овие вредности да заживеат.
На 25 Октомври 2011 година, овој град беше погоден од поројни дождови, масивни поплави и лизгање на земјиштето, предизвикувајќи огромна штета. Градот беше евакуиран и континуирано продолжи вонредната состојба. Сепак не згаснува можноста дека ова место повторно ќе биде безбедно и ќе го менува Вашиот живот, позитивно…
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:14
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2014 во 17:04 |
АРБЕЛОБЕЛО, ИТАЛИЈАНСКИОТ МОЗАИК ОД УНИКАТНИ ЖИВЕАЛИШТА...
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:13
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2014 во 16:59 |
Има уште многу вакви прекрасни местенца. Едно од нив е Cinque Terre, во Лигурија. Зоната е прогласена за национален парк и под заштита на УНЕСКО.
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2014 во 16:50 |
POSITANO – ВОЛШЕБНАТА РОМАНСА НА ИТАЛИЈАВи претставуваме италијанска приморска населба, која станува сé попопуларна туристичка дестинација… Романтичната населба Positano е уникатно место кое мора да се посети !!! Всушност, станува збор за мало село, односно комуна која се наоѓа на брегот Амалфи. Убавата клима, идиличната поставеност на куќите и останатите објекти… целото место предизвикува воздишки и заслужува особено внимание… Додека сончевите зраци се на хоризонтот, ова место ги празнува блескавите бранови… Кога ќе падне мрак и кога целото ова место ќе светне – настанува експлозија од емоции… Тешко дека ќе можете да ѝ одолеете на оваа убавина !!!
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:03
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2014 во 13:07 |
Италија, земја на вкусови
Италија отсекогаш била синоним за „добра храна“, нудејќи непогрешлива комбинација од вкусови, мириси и ароми. Покрај тоа што Италија има една од најпознатите кујни, таа исто така нуди неверојатна разновидност на различни регионални јадења и рецепти.
Патување низ италијанската гастрономска култура, во потрага по антички рецепти, автентични продукти, како и едноставната храна инспирирана од класичното италијанско готвење и иновативните креации е нешто што не смеете да го пропуштите.
Светски реномираните производи како пармезанот „Parmigiano Reggiano“, шунката „Parma“ и “San Daniele“, оцетот „Aceto balsamico“ од Модена, „Pesto Genovese“ од Кампанија, како и белиот тартуф се само дел од симболите на Италија. И како може некоја да ја заборави пицата и тестенините, универзалните обележја на Италија?
Не смееме да ги заборавиме вината, благородните амбасадори на италијанската гастрономија во светот. Античките грци ја нарекувале италија „Енотрија“ поради производството на исклучителни вина. Задоволството да дегустирате вино во родната околина е бесценето. Пробајте Chianti или Brunello di Montalcino во Тоскана, Prosecco di Valdobbiadene во Венето, Lambrusco во Емилија Ромања или некои од сицилијанските вина.
Италија нуди голем број на вкусови кои мора да се пробаат и кои го предизвикуваат апетитот, очите и срцето.
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2014 во 09:46 |
Тоскана – гордоста на Италија
Тоскана е можеби најпознатиот регион во Италија, кој се наоѓа во
северозападниот дел од оваа медитеранска држава. Тоскана е позната по
прекрасните пејзажи, архитектурата, богатата историја, уметноста и
постојаното влијание врз високата култура.
Тоскана се смета за родно место на италијанската ренесанса. Таму се
родени бројни личности кои оставиле длабок печат во историјата на
уметноста и науката. Овој регион од Италија е познат во целиот свет
поради одличните вина, а во него се наоѓаат голем број исклучително
важни музеи. Дури шест локалитети во Тоскана се прогласени за културно
наследство под заштита од УНЕСКО, а во целиот регион има преку 120
природни резервати, поради што бројот на туристите се зголемува секоја
година.
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:05
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2014 во 09:44 |
Италија одблизу
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:09
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2014 во 09:43 |
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:11
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2014 во 09:42 |
Магијата на Италија
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:10
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Февруари.2014 во 14:54 |
Се за карневалот во Венеција
Карневалот во Венеција оваа година ќе се одржи од 15 февруари до 4 март. Проучете како овие денови да ги поминете во преубавиот италијански град на најдобар можен начин. Венеција за време на карневалот ќе се ослободи од зимската атмосфера и ќе стане град на маски, боја и добро расположение, како што традицијата налага. Според сликите од 18-ти век кои ги сликале Пјетро Лонги и Габриел Бела, може да се заклучи како луѓето го доживуваат овој карневал. Сепак, јасно е дека не е за секого.Венеција во тоа време обично е пренатрупана со туристи, а цените за сместување вртоглаво растат. За оние на кои тоа не им пречи, овој карневал е единствена прилика да се види Венеција во сосема поинакво светло.Кога да одите на Карневалот?За волја на вистината, тие кои ја посетуваат Венеција на средина од првата недела од карневалот, може воопшто да не сфатат зошто овој настан е толку популарен. Имено, тогаш и нема толку многу интересни активности, ако го исклучиме лизгањето на Кампо Сан Поло и неколку помали манифестации кои се одржуваат во помалите улички. Меѓутоа, ако ви е потребно возбудување, посетете го овој карневал за време на викендите, особено оној последниот.Веќе неколку години во Венеција се практикува по малку американизираната зомби прошетка на 15 февруари во 16 часот од Затере до Пескерие, во близина на мостот Риалто. За да се придружите на „зомбијата“ на бродот, треба да резервирате место преку мејлот zombiewalkvenezia@outlook.itКлучни датумиVolo dell’Angelo (лет на ангелите), кога победничката од натпреварот за убавина се вози на жичарницата од Трга, се одржува на 23 февруари. Изборот за најдобар костум обично се одржува на истото место, а најдобриот костим на денот се бира два пати дневно од 22 февруари, додека големото финале за најдобра маска на карневалот е закажано на 2 март.Каде да се сместите за време на карневалот?Пронаоѓањето на сместување по поволна цена за време на карневалот може да биде особено „невозможна мисија“. Во овој момент, доколку ви е битна цената, морате да го планирате заминувањето за 2015 година. Меѓутоа, ако сепак сакате да одите во последен момент, најдобро би било да се сместите во некои од градовите во близина на Венеција кои имаат добра сообраќајна поврзаност со карневалскиот град. Се разбира, тоа не може ниту приближно да биде романтично како Венеција, но затоа е далеку попристапно. Освен тоа, одличен избор се и местата долж крајбрежјето североисточно, како на пример градот Лидо ди Јесоло.Карневалот: Историја на маскиСклоноста на жителите на Венеција да се кријат позади маски е легендарна: строгиот систем на класите во комбинација со слабите можности сиромашните да се дружат со богатите, ја направиле анонимноста посакувана во овој отсекогаш пренатрупан град. Во 13-тиот век во Венеција бил донесен закон со кој било забрането носење на маски за време на коцкањето. Подоцна станало и нелегално да се носат маски во манастирите или за време на религиозните фестивали.АлтернативиАко сета таа гужва во Венеција ви изгледа малку претерана, регионот Венето нуди бројни алтернативи, вклучувајќи величенствена поворка на бродови за време на последниот викенд од карневалот, како и помал карневал во Верона кој има долга традиција – се организира без прекин секоја година од 1531 година.
|
|
|
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Февруари.2014 во 10:55 |
|
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Декември.2013 во 01:05 |
Венеција повторно е поплавена. Баш денес гледав слики, се смета дека е најголемата поплава во последниве 22 години. Нивото на морето пораснало за 115 цм. Од 1993 година до 2002 Венеција била поплавена повеќе од 50 пати, но најголемата поплава до сега била забележана на 4.11.1966 година кога водостојот бил 194 цм над нивото на морето.
|
|
|