|
Тинејџери |
Внеси реплика | страница <1 678910 12> |
Автор | |
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ау је!
Пеџо не ми замеравај, молим те лепо! Од една страна мачката се гали со мене, од друга Систем ги слушам и ја потпевнувам песната, плус нервоза ради пишувањето на постот и моиве од надвор ме викаат... ма не ми текнало. П.С: Никогаш не ја научив таа лекција биологија, за хромозомите. Сварно I should be ashamed. ___ ОНТОПИК: Баш пред некое време една девојка (на моја возраст) ме праша: колкава си девојче? И јас и ги кажувам годините и она ме одмеркува од глава до пети и ми вика:- ми личиш помала... Зошто? Зошто не сум се облекувала фенсерски, а девојче на мои години требало да научи да се шминка и облекува. А тек кога ќе видат машко друштво во близина... се смешкаат глупаво и “срамежливо“ ги погледнуваат. Едно не ми е јасно, срамежливи се за разговор, а не се да ги покажуваат градите и бутовите. Исто и моите како Џо, не ми наметнуваат ниту религија ниту нешто такво, во врска со религијата, татко ми ми има кажано да не се преоптоварувам многу-многу со тоа... Можеби бидејќи тој не верува во религија, можеби сварно нејќе да се замарам со такви работи. Имам океј однос со моите инаку. Татко ми ептен сакаше да бидам економист, ама јас го зафкрнав и одлучив да станам медицинар. Тоа што е малку старомоден, нема врска. Моиве никогаш не биле премногу заштитнички настроени према мене. Да, имало ситуации кога ми била потребна нивната помош и тие би ми помогнале, но место тоа ме терале сама да се изборам. На моменти фрустрира, ама тоа е по се изгледа за мое добро. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Првпат сфатив дека сите тинејџери не ги покажуваат истите симптоми кога 3 години помладиот ми брат побара и доби електрична гитара и потоа секој втор ден со „бендот“ имаа „генерална проба“ .
Тогаш решив да се откажам од мојата феминистичка определба и да се омажам за првиот што ќе ме „запроси“ . |
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не , не и не .
@Фолксваген...да , моите ме сакаат ваљда , сепак , нивен сум (или?)... Ама ми даваат слобода да одлучам сам што е добро за мене.И никогаш не сум ја прекршил таа слобода. @Лидивио , зборев за хромозмоите , Х и У чинат машко , а не женско... |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да си признаам, кога ќе видам група тинејџери на улица нешто во мене се штрекнува. Исто како кога ќе видам кучиња (а многу сакам кучиња!но...), можат да трчкаат, скокаат и џавкаат околу тебе, да мавтаат со опаш весело, да те подушкаат да видат дали мирисаш на добар или лош човек, ама можат и да те зграпчат за нога со острите заби. Никогаш не си сигурен дали со нешто ќе ги испровоцираш
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Покрај сите коментари се чувствувам како....отпишана
Не дека сум во тие години како луѓево над мене...ама во мое време никој не се грижеше за мене НИКОЈ. Пиела, абе остај ја. Ептен пијана се вратила..нека ја, ќе се научи да не пие, а лекцијата ќе и почне сабајле кога нема да може да ја крене главата од перница. Се степала..дете е ќе се смири. Имала слаби оценки - ќе ги поправи она, ако не ги поправи нема да добие (нешто). Е сега да видам родител што вака реагира како моиве што реагирале порано, главата од ѕид ќе им ја мавнам 100 пати. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Под тинејџери се подразбира и од двата пола (исто како психолог, социолог...) Конкретно мислев на ТИНЕЈЏЕРКАТА Тиги. Ама и ти си ОК за свои години. Со вакава младина не треба да се грижиме за својата иднина. |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сигурен си??? Ај види провери си пак... Не верувам баш дека е така |
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
До мене е , или Тиги во својот пост изјави дека е машко ?
|
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро што на форумов имаме интелигентни тинејџери (младина) |
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се расправаме често.
Се додека имам одличен просек на училиште не им е гајле дали се дрогирам и каде сум. Секогаш сум имал слобода , ретко ми наметнувале политички или религиозни норми. Понекогаш ме советуваат за одредени животни одлуки , ама на крај , јас си ги носам одлуките. Совет до родителите , ако имате интелигентно дете, кое има развиена Свест и реално ги перцепира работите , и логички делува , остајте да си го живее својот живот , не му наметнувајте правила ,или ќе израсне во психопат а најверојатно и во социопат. |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изјавувам и изразувам јавна благодарност на мојата драга братучетка М која е нешто поголема од мене. Таа прва ме воведе во фантастичниот свет на адолесцентите, што би се рекло, го разгазуваше патот пред мене. Многу пати ја ставаа на обвинителна клупа што предвреме ме информира за работи кои тие веројатно ќе собереа храброст да ми ги (по)кажат на мојот триесет и први роденден
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас пак под Тиги као во старите добри времиња
Немам што да замарам бе, зелка сум си... Или благо кажано, си ужувам во годините на сите можни начини... Можи ќе ми биди некогаш криво за што се ми беше пред училиштето и процекот ми е таков што можам да се запишам само на ТОФ (трчање околу факултет) На мобилен.... да .... и секој месец чекам да ми го „конфискуваат“ моиве, ама не е од друго, шо да правам ко никако не можам да се разберам со другариве во последно време Дијалог... да .... ама сега поретко, сватија дека нема на крај излегување со мене... ДЕЦА БРЕ ПА ТИ, ШТО РАЗБИРААТ... |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имам да изјавам дека нејќам више во моето опкружување тинејџери. Незнам, не се понашам типично за едно тин-детиште со X и Y хромозоми (едит: два Х хромозоми, shame on me, јас сум знаела биологија ) во генетската структура. Не блаботам 100 саати на мобилен, не читам списанија, не оговарам, не се фалам дека не учам (ако ми се учи -учам, не е ништо страшно како што многумина го доживуваат тоа ), не се расправам со моите, кај нас има друг поим за тоа, се вика дијалог... Дијалог, ама со повишен глас.
Едино типично што правам е што не ја раскревам собата (мразам совршено намонтирани соби), пуштам погласно музика и понекад знае мајка ми да види некој градник закачен на столица. Еднаш еден другар кога влезе кај мене во соба го виде и списка. И одтогаш -нема шанси такви “опасни“ работи да оставам така. Мразам кога некој ќе рече: у пубертет е. Па преку .!. ако сум во пубертет, дали тоа значи дека зборувам што не треба, незрела сум или недај боже немам право на збор? Боже сачувај, ако ми растат гради не значи дека сум лабилна личност! Или ако слушам “наркоманска музика“ и се облакам нетипично (читај: нешмизлинско) нешто не е во ред со мене. Се облакам како ми е удобно, обично во фармерки и обична маица, можда со натпис на некој бенд или некоја одлепена порака како: my boobs are metallica fan или these are real! на делот кај градите. Мразам тинејџерки во шљокицави облеки со лак на коса и тони тооони шминка. Па побогу, тинејџер си! Само сега можеш да кажеш што сакаш и да се облакаш како сакаш без да речат: недораснат/а. П.С: Повеќе се плашам од восрасни заглавени во адолесцентност, отколку од самите адолесцентни. ај 4ао, кис4е. xD Изменето од Tiggy Vicious - 27.Јуни.2010 во 15:11 |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...a be,...on vika deka jas sum go nerviral ama,...ako e vekje popameten ,...bi trebalo da mu padne na pamet deka ,....i toj mene me nervira,....ushte povekje!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Внеси реплика | страница <1 678910 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |