![]() |
|
Дали си спасен?! |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6789> |
Автор | ||||||
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Niko777..олади,уживај и земи си книга од елен вајт и читај си како што и си читаш а нас тука оставине да си правиме СЕРИОЗНИ ТЕОЛОШКИ РАЗГОВОРИ кои очигледно немаш капацитет да ги разбереш. Изменето од ahmar1 - 26.Март.2010 во 12:56 |
||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||
![]() |
||||||
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Знам сестро,но и покрај толку време сеуште не можам да се соземам од протестантските 28.000 верзии на толкување на Светото Писмо. (според обединетите нации во 1989 имало барем 28.000 групи кои може да се класифицират како протестантски а сега таа броја сигурно е над 100.000!)
Евангелос,јас се надевав дека барем ќе се обидеш ова прикриено да го кажеш но ти апла у фаца кажуваш дека спред ТВОЕТО ТОЛКУВАЊЕ на светото писмо има предестинација. Библијата како таква НЕМА ПРОТИВРЕЧНОСТИ но ако не си член на ТЕЛОТО ХРИСТОВО ВО КОЕ Е И СВЕТИОТ ДУХ ти може комотно колку сакаш може да докажуваш дека во библијат има работио како на пример ванземаљци,реинкарнација и слично. Значи предестинацијата НЕ ПОСТОИ и е крајно НЕХРИСТИЈАНСКА ИДЕЈА која се протива на целокупниот Божји домострој за спасение.Значи не е понтата сега да се бомбардираме ја и ти со цитати, кога ти збориш против самиот дух во кој е за запишано Светото Писмо! Кога некој е во заблуда за главното-за спасението.Што ќе постигне ако се надмудрувa со мене(или кој било) со НЕДОВРШЕНИ цитати како и цитати извадени ВОН КОНТЕКСТ? Искрено ми е жал што веруваш во предестинација ![]() Изменето од ahmar1 - 26.Март.2010 во 12:54 |
||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||
![]() |
||||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Aман бе брат ми, што се замараш со толкувањата на ЕвАнгелос. Јасно е дека не се библиски, и тој самиот тоа го потврдува:
Затоа, не замарај се... кој своите самоглави мислења ги форсира како библиска вистина, нема многу да покаже... Само искривување на вистината. ![]() Изменето од Maran Ata - 26.Март.2010 во 10:43 |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
![]() |
||||||
Niko777 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Ahmar, за жал му ја намлуваш Омнипотентноста на Господ Бог Исус Христос со тоа што толку ја форсираш црквата.
Евангелос, не е многу поразличен, ми се смееше кога напишав дека ако Господ не работи на Сабота/Сабат, тогаш целата Вселена ЌЕ ЗАСТАНЕ. Уште не сте созреани за да ја сватите МОЌТА Господова. И така несозреани, НЕ сте во состојба да верувате ниту пак да се каете. Забуната доаѓа од тоа што многу лесно си ги користите и ги цитирате глаголите "верува" и "покае", ама не знаете што тие значат. Ќе повторам "НЕ ЗНАЕТЕ ШТО ЗНАЧАТ глаголите ВЕРУВА и ПОКАЕ"!!!. За "покае" треба да прободе мач низ срцето и со денови да боли, а не да се налева вино. А "Верува" е нешто што Бог може да ви го даде, кога Тој сака. За жал овие моќни глаголи се претворени во клишеа поради безвредни пагански ритуали и неми икони од мртовци што им се молите, што поднапиените хобиверници и змијските чеда го крстиле "вера" за да внесат ЛАГА, за луѓето да умираат во своето неверие излажани дека 2-3 црвени јајца и слични глупости значат спасение. За жал ВИЕ СТЕ ТОЛКУ ВО ТЕМНИЦА ШТО МИСЛИТЕ ДЕКА ЦРНОТО Е Светлина. Жално, многу жално. Ќе умрете во неверие со закоравени срца од камен, и самозаљубени ќе мислите дека Господ нешто ви е должен бидејќи сте фарбале јајца и сте палеле свеќа повремено, и сте им бацувале рака и сте ги викале оци некојси забрадени смртници чии грла се гробови, богохулејќи притоа на Вашиот СЕМОЌЕН Небесен ТАТКО. Со КОЛКУ МНОГУ ЛАГА сте опкружени, ви го испија мозокот тие змијските чеда со паганштилаци. Жално, многу жално. Затоа молете Му се на Исус и ЧУКАЈТЕ СЕ ПО ГРАДИТЕ, додека се уште не е предоцна: (Марко 9:23-24) 23 Исус пак му рече: „Зошто велиш "Ако можеш нешто"! Сè е можно на оној, кој верува!” 24 Таткото на детето веднаш извика и рече: „Верувам! Помогни му на моето неверие!” (Матеј 17:20)20 А Исус им рече: „Заради вашето неверие; зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа гора: ‘Премести се оттука таму!’, и ќе се премести, и ништо нема да ви биде невозможно. П.с. Јас го осеќам цело време Неговото присуство во мојот живот, и свесно го перцепирам, но сепак цело време се фаќам одново и одново и одново како размислувам "човечки"---- дали ќе ми стигнат парите--- дали ќе имам да јадам--- итн. И знам со колку ТРПЕНИЕ Тој работи со мене секојдневно за да ми помогне на моето неверие. Поздрав, ------------------------------------------------- (Матеј 28:18) 18 Тогаш Исус им се приближи и им рече: „Дадена Ми е сета власт на небото (ВСЕЛЕНАТА) и на земјата. ------------------------------------------------- (Матеј 17:20) Исус им рече20 Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреде нив.” ------------------------------------------------- (Матеј 23:1-11) 1 Тогаш Исус му рече на народот и на Своите ученици; 2 говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите, 3 затоа сè што ќе ви речат - правете и пазете - но не постапувајте според нивните дела, зашто зборуваат, а не извршуваат! 4 Туку врзуваат тешки и неподносливи бремиња и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а самите не сакаат ни со прст да ги помрднат. 5 А сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; затоа ги рашируваат своите молитвени записи и ги прават големи ресите на облеките; 6 ги сакаат: челните места по гозбите и првите места во синагогите; 7 поздравите на јавните места и луѓето да ги наречуваат ‘рави’. 8 А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа. 9 И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко. 10 Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос. 11 А поголемиот меѓу вас нека ви биде слуга. ------------------------------------------------- Изменето од Niko777 - 26.Март.2010 во 02:41 |
||||||
![]() |
||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
1. Се надевам дека модераторот ќе реагира на овој твој речник со кој што велиш дека моите зборови „смрдат“. 2. Предестинацијата можеби нема подршка во православните житија, но има голема подршка во Светото Писмо и оние кои веруваат во неа имаат силни аргументи за тоа. Ќе наведам неколку од тие стихови: „Зашто уште додека не беа ни родени близнаците, ниту направиле нешто добро или зло; за да остане онака како што Бог определил по свој избор, да не зависи од делата, туку од Оној Кој повикува; нејзе и беше речено: „Поголемиот ќе му служи на помалиот,” како што е напишано: „Јакова го возљубив, а Исава го замразив.” И така, што ќе речеме? Има ли неправда во Бога? Да не биде! Зашто му вели на Мојсеја: „Ќе го помилувам, кого го милувам и ќе го сожалам, кого го сожалувам.” Според тоа, не зависи од оној, кој сака; ниту од оној, кој трча, туку од милостивиот Бог.“ (Римјаните 9:11-16, Библијата) „Да биде благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нè благослови, во Христа, со секаков духовен благослов во небесните места; зашто нè избра во Него, пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов. Како што нè и определи однапред за да нè посини преку Исуса Христа, по благоволение на Својата волја, “ (Ефешаните 1:3-5, Библијата)
Апостол Павле верувал дека е спасен: „Зашто за мене живот е Христос, а умирањето - придобивка. Но ако и натаму живеам во телото, тоа за мене значи: плодна работа - и не знам што да изберам. Притиснат сум од две страни: имам желба да си отидам и да бидам со Христа, што е далеку подобро,“ (Павле во Филипјаните 1:21,23) Како што гледаме од овие стихови, Павле бил сосема уверен во своето спасение и со сигурност знаел дека по смртта ќе оди кај Христос. Дали сакаш да кажеш дека апостолот Павле бил во прелеста над прелестите? ![]()
Тоа е од искуството на православието, а не и од искуството на Христовата Црква. Човек пред смртта може сешто да помисли. Има луѓе што и умствено заболуваат и можат да помислам и кажат сешто на смрттниот час, но тоа не значи дека си го „прокоцкале спасението“.
Ахх.. што ли беше тоа Библија ![]()
Значи, според православнава теологија следува дека и апостолот Павле си го загрозил своето спасение затоа што тој ИСТО ТАКА во две прилики им порачува на верниците да се угледаат на него: „Угледајте се на мене, како и јас на Христа.“ (Апостол Павле во 1 Коринтјаните 11:1, Библијата) „Угледајте се на мене, браќа и гледајте на оние, кои одат онака, како што и вие имате пример во нас!“ (Апостол Павле во Филипјаните 3:17, Библијата) По се изгледа православните житија се дебело контрадикторни со Библијата ![]()
Е баш ме интересира православното толкување на горните библиски цитати кои ги наведов околу предестинацијта. Се надевам ќе ме удостош со одговор. Позз Изменето од EvAngelos - 25.Март.2010 во 23:45 |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
![]() |
||||||
KINGDAVID ![]() Сениор ![]() ![]() Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Se slozuvam so trite tocki(zaklucoci ) koi gi izvede maria magdalena, mozebi so mala korekcija na vtorata tocka: Imeno, BOG gi povikuva SITE lugje da se spasat, no za zal tesna e vratata i malcina se tie sto kje se spasat i ke ja prifatat vistinata, za zal. BOG znae odnapred koi lugje ke se spasat, no TOJ im dava sansa na site. " Ова е добро и угодно пред Бога, нашиот Спасител, Кој сака сите луѓе да се спасат и да дојдат до познавање на вистината." ( 1 Timotej 2:3,4); ”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.” (Matej 7:12,14) |
||||||
![]() |
||||||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Од 1 Коринтјани “Кога мудриот Бог, виде дека луѓето преку сопствената мудрост никогаш нема да дојдат до Него, реши да им обезбеди спасение на оние што ќе ѝ поверуваат на оваа, навидум бесмислена, порака што ние ја проповедаме[3]. 22И додека Евреите бараат знаци од небото, а Грците мудруваат, 23ние проповедаме за Христос Кој беше распнат за да нѐ спаси. Тоа за Евреите е неприфатливо, а за другите народи - бесмислено! 24Но за оние што се повикани од Бог да се спасат, без разлика дали се Евреи, или се од другите народи[4], во Христос се покажа Божјата сила и Божјата мудрост. 25Овој навидум неразумен Божји план е многу помудар и од најмудрите човечки планови, и она што ни изгледа слабо од Бог, е многу помоќно од сета човечка моќЌ. Заклучувам: 1. Спасението доаѓа преку вера во пораката, односно Евангелието, односно Христос. По таа аналогија верувам дека сум спасена. 2. Верувам и дека Бог ги повикува оние кои треба да се спасат или пак-Бог знае однапред кој ќе биде спасен. 3. Верувам дека спасението може да се загуби. |
||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||
![]() |
||||||
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Tоа е една од побитните погрешни теолошки заклучоци на протенстантизмот-да се прави остра поделба помеѓу Христос и Црквата(која се сфаќа како некоја си институција). Според православното толкување самото прашање е апсурдно затоа што ГЛАВА НА ЦРКВАТА Е ХРИСТОС. Значи спасението е од Христа само и само преку Црквата.Затоа за православните, тезата дека Христа спасува мимо својата Црква е нелогично. сепак и кога критукуваш некое учење барем стави се у нивна кожа да видиш како би те сфатиле и како сфаќаат некои работи.
Има два големи грева,едниот е кога паѓаме во очајание дека сме го изгубиле спасението(иако сме уште во тело!) и другото е една неоправдана претерана надеж во Божјото милосрдие.Просто не знам кое од овие две работи е полошо! И ако некој мисли како што си навел претходно,од православна гледана точка тој И ТО ТЕ КАКО Е ГРАБНАТ ОД РАКАТА НА ОТЕЦОТ.
Ја кажувам како што разбрав и тоа нема врска со тоа дали те познавам тебе лично или не.Сепак правиме муабет тука за теолошки теми а не за нас поединечно какви сме биле приватно.
Ова ме потсеќа кога велат абе кој се вратил од мртвите да ни каже дека има живот по смртта. И за твоја информација во православната аскетска литература и од 2000 годишното духовно искуство И ТО ТЕ КАКО ИМА МНОГУ ДОКАЗИ ЗА ОВА.Но бидејќи ти не признаваш ништо вон Библијата мислам дека залудно би ги спомнувал тука.
На христијанин не му доликува да се фали за своите добри дела.Ти,јас и сите ние треба да правиме се што е во наша моќ да им помагаме не ближните,кој како може и умее. Сепак Христос убаво кажал во Матеј 6,1-4 1 „Внимавајте да не ја вршите својата правда пред луѓето, за да ве видат тие; инаку немате награда од вашиот Татко, Кој е во небесата. 2 И така, кога правиш милостина, не труби пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да бидат славени од луѓето. Вистина ви велам, ја имат својата награда. 3 А ти, кога правиш милостина, нека не ти знае левицата, што ти прави десницата, 4 за да биде твојата милостина во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.” Поздрав+ Изменето од ahmar1 - 25.Март.2010 во 21:51 |
||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||
![]() |
||||||
VasilK ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член ![]() Регистриран: 28.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 27 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
KINGDAVID, реков да правиме добри дела ЗАЕДНО, бидејки за многу работи, како поединци тешко може да направиме нешто. Мене не ми беше поентата, ниту сметам дека треба да се фалиме, туку дека често има потреба заедно да соработуваме. Сепак, ако ти сам правиш доволно добри дела - одлично! ![]() Пријатна вечера! Васил |
||||||
![]() |
||||||
KINGDAVID ![]() Сениор ![]() ![]() Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Za zal, ne e Bibliski stav deka ako ednas poveruvas vekje si spasen i sto i da pravis biletot za Rajot ti e garantiran. Citatot sto go citirase maria magdalena: Јован 5:24) “Ве уверувам декасекој што ја слуша Мојата порака и верува во Бога, Кој Ме испрати, има вечен живот и нема да биде осуден за своите гревови, зашто таквиот веќе преминал од смрт во живот“, jasno zboruva koi KE dobijat vecen zivot. SEKOJ STO JA SLUSA ISUSOVATA PORAKA ima vecen zivot. AKO bideme poslusni na Bozjite zapovedi i istraeme do kraj,rabotime na svoeto spasenie i da ne padneme vo zamkite na Satana za da ne ne odvlece od ziviot BOG, TOGAS ke ja dobieme nagradata. Mozebi nekoj ne se slozuva so ova sto go napisav, no toa e Bibliski stav. Toa e i ucenjeto na HRISTOS. P.S. Vasil, velis ajde da se sobereme da pravime dobri dela ili da vidime koj pravi povekje dobri dela? Biblijata veli koga davame milostinja i pravime dobri dela, da ne trubime i da se falime nasekade sto sme napravile, za da ne bideme kako fariseite. Pozdrav! |
||||||
![]() |
||||||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Ахмар, ова прашање за спасението секогаш било предмет на теолошки дискусии и поделби. Во евангелието по Јован, Исус во неколку наврати се моли за своуите ученици и следбеници и вели: „ Татко! Јас Те објавив на луѓето што Ти ми ги даде од светот. Твои беа, но Ти ми ги даде и тие ја послушаа Твојата порака. Јас се молам за нив; не се молам за оние што му припаѓаат на светот, туку за оние што ми ги даде, зашто се Твои.“ Јован17:6-9
Ова покажува дека 1. Бог однапред знае кој ќе биде спасен зашто Он ги познава нашите срца, 2. но може да изгледа и дека спасението во таа смисла е предестинирано (Татко! Јас Те објавив на луѓето што Ти ми ги даде од светот.) Јас лично верувам дека секој е одговорен за своето спасение (Јован 5:24) “Ве уверувам дека секој што ја слуша Мојата порака и верува во Бога, Кој Ме испрати, има вечен живот и нема да биде осуден за своите гревови, зашто таквиот веќе преминал од смрт во живот“, но верувам и дека човек не може да прави циркуз од своето спасение односно неправедно да се надева на Божјата милост континуирано грешејќи, односно, спасението може уи да се загуби, како во примерот со гордиот игумен што го наведе. |
||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||
![]() |
||||||
VasilK ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член ![]() Регистриран: 28.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 27 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Добар ден!
ahmar1, ако добро те разбрав, за да некој биде спасен, треба да верува во Исус (но тоа, самото по себе, не е доволно) И да биде во заедница со ЦРКВАТА ХРИСТОВА, така? Дали тоа значи, дека ти веруваш дека Црквата е таа која спасува?
А Јудејците Го опколија и Му рекоа: „До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено!” Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене. Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци, како што ви реков. Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам вечен живот; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги истргне од раката Моја. Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец. Јас и Отецот сме едно.” - Јован 10:24-30 KINGDAVID, јас верувам дека ако некој е сапсен, т.е. нановороден христијанин, кој се покајал за своите минати гревови и го променил начинот на живот, кој го добил и е раководен под Светиот Дух, тој е спасен еднаш за секогаш по милоста на Господ и никој не може да го грабрне од раката на Отецот.
ahmar1, жал ми е што така остро судиш и мислиш дека имам вера која не е од Христос, а многу малку ме познаваш.
ahmar1, а кој е тој, што се вратил од другата страна за да каже дека го прокоцкал своето спасение и да ја потврди оваа теза? За крај, луѓе, тука многу читам за правење добри дела и за спасување поради правење добри дела, но за жал, многу малку читам дека се прават добри дела. Може ли да се договориме некој ден, да се собереме, да се видиме и да се договориме да направиме нешто за ова наше општество: тука имаме многу угнетени и обесправени лица, сиромашни и питачи, мажи и жени кои работат во фабрики без да им се плаќаат придонеси и без да им се платат прекувремени часови работа... има многу страдалници - ајде да се потрудиме да направиме нешто - да ги направиме добрите дела за кои само се зборува. Поздрав и божји благослов! Васил Изменето од VasilK - 25.Март.2010 во 14:55 |
||||||
![]() |
||||||
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Просто сум останат без зборови по ова речиси ПЕРВЕРЗНО толкување на Светото Писмо. Инаку стиховите од јовановото послание се однесуваат на ЕРЕТИЦИТЕ "кои излегоа од нас но не беа од нас",а никако дека имало "привидно" и "реално" спасени. И најголем еретик ако се покае и се откаже од својата ерес може да се поврати кон Светата Црква чија глава е Христос. Нема грев кој може да го одалечи неповратно човекот од Бога(освен самоубиството). Ова што го вели Василик и Евангелосе просто СМРДИ НА ВЕРА ВО ПРЕДЕСТИНАЦИЈА.Која е се само не Христијанска. Од православна гледна точка ако некој грешник си умислил дека е спасен без разлика на се, е прелест над прелестите!И што е најбитно, гледано од искуството на Црквата, може и само со една мисла на смртната постела некој да си го прокоцка спасението. Како што се вели во житијата.. Некој разбојник дошол во близина на некој манастир каде на смртна постела било игуманот кој сите го почитувале како светител.Трогнат од целата таа атмосфера и секако од Божјата милост разбојникот се покајал и му пристапил на игуманот со зборовите што треба да направам за да се спасам и игуманот му рекол- гледај да бидеш како мене(!!!)и умрел а разбојникот се покајал и во молитва и он умрел по некое време. Поуката е дека игуманот со една единствена ВИСОКОУМНА реченица сериозно си го загрозил своето спасение, додека разбојникот кој цел живот грешел сепак на крајот умрел во покајание. Значи НЕМА Предистинација и самите сме одговорни за тоа дали ќе прифатиме да бидеме со Бога или не. И согласно со тоа да ги трпиме последиците од таа наша одлука. Изменето од ahmar1 - 25.Март.2010 во 13:35 |
||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||
![]() |
||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Тие што ќе издржат до крај, тоа се спасените. Тие биле спасени уште пред невољите, уште пред искушенијата, но нивното вистинско спасение дошло до израз откако биле испитани во оган. Оние кои глумеле дека се спасени, паднале на тестот - не издржале до крај. Не секој што вели дека влегол низ тесната врата навистина влегол низ неа. Само оние што чекорат по тесниот пат навистина влегле и низ тесната врата.
Работете на своето спасение. Оние што сеуште не се спасени т.е. не се покајале и не го предале животот на Христос, треба да го направат тоа, а оние кои веќе го направиле тоа и се спасени, да се стремат кон совршенство, кон светост, но и да се преиспитуваат дали навистина се спасени. Тоа е моето мислење. Не верувам дека Павле овде зборува за доживотно градење на спасението и евентуално (несигурно) добивање на крајот од животот. Ова би било спротивно на неговата увереност на своето сопствено спасение за кое што збори едно поглавје пред посочениот стих: „Зашто за мене живот е Христос, а умирањето - придобивка. Но ако и натаму живеам во телото, тоа за мене значи: плодна работа - и не знам што да изберам. Притиснат сум од две страни: имам желба да си отидам и да бидам со Христа, што е далеку подобро,“ (Павле во Филипјаните 1:21,23) Како што гледаме од овие стихови, Павле бил сосема уверен во своето спасение и со сигурност знаел дека по смртта ќе оди кај Христос.
Ако некој упорно го искушува или упорно ропта против Бог и притоа отпадне од верата, тоа е знак дека не бил воопшто нановороден христијанин т.е. не бил воопшто спасен. Искрениот верник и да падне, Бог ќе го крене (пр. апостол Петар). Но доколку лажниот верник падне, неговото паѓање е пропаѓање (пр. Јуда Искариот).
За лажниот верник Божјите заповеди се претешки, но за вистинскиот верник не се и тој/таа ги прави, не од страв од пеколот, туку инспириран од љубовта кон Бог.
Лажниот верник поседува мртва вера од која не произлегуваат дела. Од искрената вера на вистинскиот верник произлегуваат дела. Значи веќе спасениот прави добри дела кои се потврда на неговата искрена спасителна вера. Но тоа не значи дека делата го спасуваат. Делата се само видлив доказ дека тој е веќе спасен. Оној што навистина верува во Исус и што му го предал својот живот Нему, тој добива нова природа од која произлегуваат добрите дела како плод на Светиот Дух. Нам ни е заповедано да се љубиме, но дури и самата љубов не е наше дело, туку е плод на Светиот Дух во нас, така што преку Божјата љубов ние ги љубиме нашите ближни. Значи, кај вистинскиот верник, дури и добрите дела не се негово дело. Се е дело на Бог, и нашето спасение, и нашето новораѓање, и нашето осветување и усовршување. Се разбира овде зборувам за некој кој му го има предадено целосно животот на Бог - како што вели Павле: „Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“(Гал. 2:20). Значи ако некој се откаже од својот егоцентричен живот (симболично се распне со Христос), тој веќе не живее за себе, туку Христос живее во него. Оттаму, тој не може да отпадне од верата, затоа што тој е распнат т.е. мртов., а мртвите не можат да направам таква одлука. Во таквиот човек живее Христос, а Христос не може да се одрече сам од себе. „Но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, туку радувајте се, дека вашите имиња се запишани на небесата!“ (Исус во Лука 10:20) Зарем може човек да се радува доколку знае дека во секој момент Бог може да го избрише од книгата на животот? Не. Зарем би се радувал ти ако знаеш дека твоето име е запишано на небото, ама тоа не значи и дека ти ќе бидеш таму еден ден со сигурност - освен ако не го заработиш своето спасение? Не. Радоста е разумна доколку човек знае дека има жителство на Небото, дококу знае дека еден ден сигурно ќе биде со Христос. Поздрав! |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |