|
„Зборникот“ или Бугарски народни песни |
Внеси реплика | страница <1 678910 13> |
Автор | ||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I u[te edna
150. ЈАНА И ЃУРО ТАРГОВЧЕ О т П р и л е п Продавала се убаа Јана Само за Јана девет хилјади, За рамна става десет хилјади, За бело лице единадесет, За бело грло до дванадесет, З а црни очи до тринадесет, За т'нки веги четирнадесет, За руса коса до петнадесет. Koj ja зацени, не ја доцени, Дури ми дојде Ѓуро тарговче, Тој ја зацени, тој ја докупи, Cи ja отнесе во свои дворје И je нар'ча на своја мајка: „Арно да глеаш убаа Јана, Утро да даваш љута ракиа, Јbута ракиа благи јаболка; Да не ја пушташ со невестите Co невестите на студна вода; Да не ја пушташ сo девојките Co девојките в гори на цвеке.” Cи ja остаи убаа Јана, И си отиде на тргоиште. Негоа мајка не си ја пуштат Убаа Јана на студна вода, Co девојките в гори нa цвеке. Бог да убиет клетине Власи, Клетине Власи, се Арбанаси, Што ми дојдоа за да ми купат За да ми купа бела пчеинца; He ми купие бела пчеинца, Туку плениа убаа Јана. Кога си дојде Ѓуро трговче Ѓуро трговче од тргоиште: „Камо ти, велит на своја мајка, Камо ти, мајко, убаа Јана?” „Дегиди синко, Ѓуро трговче! Што ми дојдое клетине Власи, Да си купеет бела пчеинца; He ми купие бела пчеинца Tyкy пчениа убаа Јана.” Назат се врати Ѓуро трговче, И ми отиде во Влашка земја, И cе погоди на ден Велигден, И ми и најде ке ми играет; И ми cc впушти Ѓуро тргоец, Д' убаа Јана за да ми играт. И му велеше убаа Јана: „Кротко ми играј, ој Бугарину! Ке ми изкршиш девет прстени, Девет прстени на десна р'ка.” И тој говорит убаа Јане: „Играј ми, играј, убаа Јано! Јас сум и праил, ја ке и кршам.” Малку поигра и си ја грабна И си ја грабна убаа Јана, Cи ja однесе у своја дома. |
||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Истото и јас ќе го кажев, песната не е од Македонија според дијалектот. Дури и да е од Македонија, само една личност да е опејана од Бугарија , кога имаме и песни за Турци , Татари ама баш ништо не значи. |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сега го прегледав целиот Зборник и не најдов ниту една песна каде да се пее за Македонија или Македонци. Најдов песна бр.79 и 80 Крајот на 79та е Текраф је честат мила Мариа, По зијафети за три години, Што је држале мила Милинка, Н' је изваие на јасно с'лнце, Дур је сторие бела Бугарка. 80. ДОБРА БОЉАРКА Кои се be, Mungose, BOLJARITE? |
||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не јет песната од Македонија(сакам да кажам). Изменето од Македон - 20.Март.2010 во 22:53 |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кажи да видиме некоја песна во зборникот ЗА Македонија. Или ЗА Македонци. Ете Чоли ти покажа една за Иван Шишман. |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од како сe е, мила моја мајко ле, зора зазорила, од тогас е, мила моја мајко ле, војска проврвела, коњ до коњи, мила моја мајко ле, jунак до jyнака; мечови им, мила моја мајко ле, како јасно сонце, оган свeтка, мила моја мајко ле, во Гора зеленa, војвода им, мила моја мајко ле, сам царот Иван Шишман, Сборникот на Миладиновци |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е зошто е така драгаче?
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Истото е и кај Жинзифов, немало ни една песна од Македонија кај шо се пеј за бугари па морал да вметни лични творби. |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како можи еден голем бугарин во ни една песна од многуте да не пее за некој голем бугарски водач,настан или град.
Од толку песни се само за Македонија? |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Реков јас , темата е отворена само и само за пропаганда , односно , без да се води полемика , без да се изнесе став да се пастираат “ докази “ кој им ги спремила бугарската пропагандна машинерија - држава .
Темата е : “ или “ „Зборникот“ или Бугарски народни песни Изменето од eptendosadno - 20.Март.2010 во 17:31 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Писмо од Константин Миладинов до Георги Раковски,1861:
"Но молaм Вас - пишува во ова си писмо Константин Миладинов - огласите, кои ви испратив да ги разделите со честниот ваш лист, спомнуваjки нешто за песните, и посебно за западните во Македонија бугари. Во огласот ми Македонија именував Западна Бугариjа (како што и треба да се вика), зошто во Беч (Виена) Грците се распоредуваат со нас како со овци. Тие Македонија сакаат да биде грчка земја, и не може дури да разберат како може да не е грчка. А тамошните повеке од два милиона Бугари што ке ги сториме? Докога уште бугарите ке бидат овци, а некоклу Грци да ни бидат овчари? " Изменето од lav4eto - 20.Март.2010 во 16:17 |
||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Писмо од епископот Штросмаjер до грoфот Херберт Ротенљовен, министер за надворешни работи на Австро-Унгарија, во врска со апсењето на Константин Миладинов
[Загреб], 29 октомври 1861 година Пред неколку месеци еден млад бугарски писател на име Константин Миладинов отпечата во Загреб бугарски народни песни, кои тој и неговиот брат Димитар беа собрале. Тие песни, како и обично се народните песни на Словените, се почерпани од историјата и обичаите на народот и претставуваат поезија од најневина природа; при секој културно изостанат народ народните песни се почетокот за еден воздигнат културен живот. Печатењето е извршено во Загреб на мои трошоци. По печатењето на тие песни гореспоменатиот млад човек се врати во својата Татковина, та да предаде на своите сограѓани плодот на многогодишното си неуморно прилежание. Секое управување, ако не награди една таква заслуга, то би барем ја пофалило; но турската влада, како и обично, има сосема други ставови и, како што објавија весниците, го конфискувала трудот и наредила да се уапси и да биде одведен невиниот Миладинов во Цариград, каде тој се наоѓа затворен најверојатно и сега. Бидејќи познавам основно тој млад човек, кој беше за некое време тука, во Дjаково, и сум убеден дека тој не е способен за никакво прекршување на законот, то чекаjки милост и благоволение на Ваше Превосходителство, дозволувам си слобода да се обратам на Вас со молба Ваше Превосходителство да се погрижи како за ослободувањето на овој невино казнет, така и за ослободувањето на неговото дело. Прифатите впрочем изразот на моето високо почитување и висока почит, со кои оставам на тебе Превосходителство, Најдобар покорен слуга: епископ Штросмаjер. |
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ете што ти е школо , син на грчки свештеник стигнал до состојба да преведува од старо- руски , мало- руски и.т.н.. |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Внеси реплика | страница <1 678910 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |