|
Научни вести |
Внеси реплика | страница <1 678910 14> |
Автор | ||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
НАСА пронајде живот на Титан
Истражувачите
на американската национална вселенска агенција НАСА открија знаци на
живот на Титан, сателит на Сатурн, објави Би-Би-Си. Податоците добиени од американската меѓупланетарна сонда „Касини“
покажаа дека на Титан живеат примитивни биолошки видови. Овие „животни
форми дишат атмосферата на најголемиот сателит на Сатурн и ги
конзумираат хемиските соединенија од површината на Титан, со што ја
добиваат потребната за нив енергија“, се вели во информацијата. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Антарктикот некогаш бил зелена долина
Најновото научно откритие на група меѓународни експерти, кои во Јужниот поларен океан ја истражуваа историјата на Антарктикот, говори за тоа дека денес најстуденото место во светот пред околу 53 милиони години имало блага и суптропска клима. По 57 дена престој на самиот крај на светот, во Хобарт на Тасманија, наместо дупчење на самиот Антарктик, научниците го истражуваа океанот каде можат да дупчат до 1.000 метри длабочина и со тоа да навлезат подлабоко во минатото. Врз основа на 3.000 примероци земени со геолошко дупчење, заклучиле дека климата на Антарктикот драстично се менувала. Научниците очекувале да допрат до минатото 37 милиони години наназад, но со фосилите, камењата и микробите, успеале да допрат до праисторија постара од 50 милиони години. Успеаја да ја прочитаат „историската книга“ на Јужниот пол. Експертите заклучиле дека Земјата во праисторијата постојано се ладела. Проучувајќи ги геолошките примероци, сакале да утврдат зошто се создал мраз и со промена на климата се менувала замрзнатата кора која прекрива 95 отсто од Антарктикот. Тие заклучиле дека Земјата наеднаш почнала да се лади, па во еден момент било толку студено што почнала да се појавува првата покривка од мраз. Најновото истражување научниците го спровеле на бродот „JOIDES Resolution“ долг 143 метри, кој е сопственост на Здружението на океанографските институции за длабинско дупчење и земање примероци. Од порано се знае дека половите на Земјата ја контролираат нашата глобална клима, каде огромните ледници се однесуваат како своевидни огледала, одбивајќи ја Сончевата енергија и моделирајќи ги светските температури. Појавата, растот и потоа исчезнувањето на глечерите на половите придонесува за промени и на нивото на морињата, но и влијае на океанската циркулација која ја регулира нашата клима, пренесувајќи топлина по планетата. Наспроти моменталната состојба и најстудените температури на Земјата, ни Арктикот ни Антарктикот не биле секогаш студени и пусти подрачја. Некогаш имало богат растителен и животински свет. Во текот на тој период, познат и како период на стакленик, нивото на атмосферскиот јаглерод диоксид било за 10 пати поголемо од денешното, велат научниците. Потоа наеднаш, бујната вегетација и богатиот животински свет на Антарктикот се промениле во денешно царство под мраз. Зошто и како, тоа треба да се истражува. Во само 400.000 години, во кус геолошки временски период, концентрацијата на атмосферскиот јаглерод диоксид и глобалните температури се намалиле и се појавила замрзната покривка. Антарктикот бил под мраз. Научниците заклучија дека според законот за ентропија т.е. цикличност, се мора да се повтори, значи може да се верува дека климата на половите повторно ќе се промени. Вилкес Ланд е подрачје на Антарктикот кое е еден од климатски чувствителните региони на поларниот континент, а геолошките примероци собрани во текот на експедицијата во тоа подрачје се единствени бидејќи даваат прв директен запис во светот за растот и појавата на мразот на Антарктикот. Откриени се седименти и микрофосили сочувани внатре во примероците кои го докажуваат почетокот на ладењето и појавата на првите глечери на Антарктикот како и растот и повлекувањето на замрзнатите покривки на Антарктикот. Примери од едно наоѓалиште слични со трите прстени, со наизменични ленти на светли и темни седименти ја откриваат сезонската променливост на последното повлекување на мразот кое почнало пред 10.000 години. Тоа истражување фрли ново светло на историјата на климата на целата Земја, посебно пружи увид во однесувањето на антарктичките замрзнати покривки, кои имаат важна улога во можноста за изградба на јасни и делотворни климатски модели кои се користат за да се предвиди климата во иднина. Мерењето на параметрите како што се староста, температурата и концентрацијата на јаглен диоксидот, на научниците пружаат драгоцени докази кои помагаат да се зголеми точноста на тие модели. Научниците сакаат да го продолжат истражувањето. Податоците собрани во текот на оваа експедиција ќе ги дополнат претходните истражувања со операции со дупчење спроведени во други делови на Антарктикот во текот на последните 40 години. Истражувањето ќе овозможи важни ограничувања на староста кај моделите за развојот и еволуцијата на антарктичките глечери и со тоа да се создаде одреден модел на однесување на замрзнатите слоеви во иднина и на поларните климатски промени. Ќе може да им послужи и како одговор зошто топењето на глечерите на Антарктикот во последните неколку години се одвива со алармантна брзина. Имено, последното истражување на многу научници покажуваат дека брзината на топењето на некои големи глечери се зголемила четири пати во последните десет години, што на некои од најголемите глечери на Јужниот пол се даваат помалку од сто години „живот“, тврдат истражувањата. Антарктик и неговата иднина имаат големо влијание на судбината на целата човечка цивилизација, бидејќи топењето на мразот на јужната хемисфера може да значи катастрофа за населението дури на југот на Африка, во крајбрежјето на Малдивите или во Австралија, предупредуваат научниците. Но, тоа што ги возбудува денес е фактот дека на Антарктикот и денес и покрај мразот има многу живот. До сега топлите тропски предели се сметале за пречка која ги раздвојува поларните мечки на Арктикот од пингвините на Антарктикот. Најмалку 235 видови живеат во морињата на двата пола, наспроти нивната меѓусебна оддалеченост од 11.000 километри, се вели во „Попис на животот во морињата“, меѓународен проект со кој податоците за светските океани се собираат на едно место, чии резултати по десет години траење на самиот проект, треба да бидат познати во ноември оваа година. Резултатите од истражувањето, како и откритието дека во студените мориња има живот, доведоа до тоа сега да се постави прашањето од каде стигнале вообичаените поларни животински видови и како завршиле на двата краја на Земјата. Сето ова е потврдено од најновите научни истражувања дека некогаш на Јужниот пол имало бујна вегетација и животински свет... |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пронајдени 57 гробници со саркофази и мумии
Археолозите
открија 57 антички гробници во Египет кои биле скриени под земја
неколку илјади години. Во поголемиот дел од 57-те гробови биле
пронајдени украсени саркофази со мумии, соопшти Врховниот совет за
антиквитети. Најстарите пронајдени гробници датираат од 2750-та година пред новата
ера, односно од добата на владеењетио на првата и втората египетска
династија, додека 12 гробници датираат од периодот на 18-тата династија
која владеела од 1550-та до 1292 година пред новата ера. Водичот на тимот археолози Захи Хавас вели дека пронајдените мумии од
периодот на владеење на 18-тата династија сè покриени со ленено платно
кое е декорирано со верски текстови од „Книгата на мртвите“ и со
перформансите на египетските богови. Археологот Абдел Рахман Ел Ајди напомена дека една од гробниците е
скоро не чепната и во неа е пронајдена целата посмртна опрема и древен
саркофаг, во кој се наоѓа мумијата замотана во ленено платно. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Јупитер изгуби една од своите линии
Планетата Јупитер „изгуби“ една од црвените линии, една од своите препознатливи шари, а научниците не знаат зошто. Најголемата планета во сончевиот систем е позната по двете дебели црвени линии, по една на северната и јужната хемисфера. Овие шари астрономите ги нарекоа Северен и Јужен екваторијален појас. Но, црвената линија од јужната хемисфера исчезнала, па јужната полутопка на планетата сега изгледа необично празно. Фотографиите направени кон крајот на минатата година покажуваат дека појасот тогаш сè уште бил видлив, но на фотографиите кои се направени кон почетокот на месецов од астрономи аматери линијата веќе ја нема. Боб Кинг, новинар кој аматерски се занимава со астрономија е еден од првите кои го воочиле овој феномен. - Да го видите Јупитер со само еден појас е скоро исто како да го видите Сатурн, кога неговите прстени ќе се распоредат така што извесен период да бидат невидливи. Тоа едноставно не изгледа така како што треба, изјави Кинг, познат по прекарот Астро Боб. Ова не е првпат на Јупитер да му исчезне еден од појасите. Оваа планета губи и добива нов појас секои 10 до 50 години, а научниците за сега немаат вистинско објаснение за овој феномен.. Јупитер е голема сфера составена од гасови и течности, оддалечена околу 800 милиони километри од Сонцето. Неговата површина се состои од густи црвени, кафени, жолти и бели облаци, кои се распоредени така што формираат светли области наречени зони, и темни области, познати како појаси. Облаците се наоѓаат на различна висина, во зависност од тоа од која материја се формирани. Светлите облаци и зони се наоѓаат на поголема висина, а се составени од кристали на замрзнат амонијак. Темните пониски облаци кои се наоѓаат во појасите, претежно се составени од сулфур и фосфор. Силниот ветер, предизвикан од јупитеровата брзината на ротирање, од пониските облаци направил темни појаси. Ентони Весли, австралиски астроном- аматер, кој минатата година прв ја забележа темната дамка предизвикана од удар на непознат објект во Јупитер, вели дека претходно забележал оти Јужниот екваторијален појас избледува. - Уште минатата година беше очигледно дека појасот избледува. Сите кои внимателно го набљудуваат Јупитер можеа да го забележат тоа, вели Весли. Тој смета дека појасот исчезнал поради силните бури на планетата. - Сега најважното прашање е кога Јужниот екваторијален појас повторно ќе се појави, додаде Весли. Наместо темниот појас, се формирала голема светла област, а со текот на времето темните облаци повторно ќе станат видливи и ветерот од нив пак ќе формира појас.. Годинава Јупитер ќе биде најблиску до Земјата на 24-ти септември. Тоа ќе биде одлична можност за сите кои ќе сакаат да го видат новиот изглед на планетата. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Откриена мистеријата зошто диносаурусите имале
долги вратови
Растителната храна која растела високо на
дрвјата помогнала диносаурусите да прераснат во џинови. Диносаурусите
не џвакале, а храната во нивните стомаци се преработувала брзо, велат
научниците. Со ова може да се објасни зошто диносаурусите, како што бил
argentinosaurus тежел до 100 тони, имал долг врат и мала глава. Истражувањето од страна на Универзитетот во Бон е објавена денес во
списанието Biological Reviews. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Вознемјаните можеби се опасни за човештвото
Еден од најпознатите светски научници, Стивен Хокинг, истакна дека вонземјаните најверојатно постојат, но го предупреди човештвото дека не е добра идеја да се стапи во контакт со нив. Хокинг тврди дека во универзум кој содржи повеќе од 100 милијарди галаксии, секоја со по милиони ѕвезди, не е возможно Земјата да е единственото место на кое има живот. -За мојот математички ум самите бројки се сосема доволни за да помислам дека размислувањето за вонземјаните е сосема рационално. Вистинскиот предизвик е во тоа да се открие какви во суштина се вонземјаните, вели Хокинг. Според него тие може да се микроби- прости организми како црви кои биле на Земјата милиони години, но сугерира дека вонземскиот живот може уште повеќе да се развива. -Ако вонземјаните некогаш не посетат, мислам дека исходот ќе биде нешто слично како кога Кристофер Колумбо за прв пат дојде во Америка, што не беше воопшто добро за американските домородци, додава Хокинг. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Нови откритија околу изумирањето на
диносаурусите
Диносаурусите биле збришани од
ненадејниот пад на температурата на морињата, објави новото истражување. Британските истражувачи тврдат дека падот на температурата на 9
Целзиусови степени на температурата на морињата пред повеќе од 137
милиони години бил одговорен за исчезнувањето на диносаурусите. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Нема сомнение, чудовиштето Неси постои!
Без сомнение чудовиштето Неси од шкотското езеро Лох Нес постои, се наведува во полицискиот извештај од триесеттите години од минатиот век кој денеска го објави Националната архива на Шкотска. Во овој документ околу Неси, Вилјам Фрејзер, тогашниот шеф на
полицискиот округ Инвернес, предизвикал загриженост поради безбедноста
на чудовиштето. Доколку би се докажало неговото постоење, следниот чекор би бил Неси
да се зароби без да се повреди – што поради длабочината на езерото и
големината на самото чудовиште била тешка задача. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Од примерок на ДНК произведена крв од сибирски
мамути
Меѓународен тим научници успеа од примерок на ДНК да произведе крв од истребените сибирски мамути и така да се обиде да открие како овие древни цицачи успеале да преживеат во условите што владееле на Северниот пол, иако првобитно ја населувале екваторијална Африка, јави Би Би Си. Проучувајќи ги примероците стари 25.000 до 43.000 години,
истражувачите утврдиле дека овие мамути имале генетска адаптација која
на хемоглобинскиот протеин му овозможувала во нивната крв да се
ослободува кислород во телото, дури и во време на ниски температури.
|
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
За прв пат мапирана темна материја во далечните
галаксии
Темната материја единствено може да се забележи преку нејзиното гравитационо дејство. Во јата и групи од галаксии, тоа се манифестира како слаби гравитациски леќи, чие присуство е тешко за утврдување. Еден начин за попрецизно да се измери степенот на гравитациското искривување, а со тоа и на дистрибуцијата на темната материја, е да се користи емисија на X-зраци од топлата плазма во внатрешноста на некое јато за да се лоцира центарот на масата. Токму тоа е целта на COSMOS (Cosmic Evolution Survey) - астрономска студија дизајнирана за да се согледа формирањето и еволуцијата на галаксиите како функција од космичкото време и структурите со голем размер.
Разбирањето на природата на темната материја е едно од клучните отворени прашањата во модерната космологија. Еден од начините со кои се пристапува кон прашањата ја користи врската помеѓу масата и луминозноста (сјајот) на галаксиите и јатата, кои се поврзани преку емисијата на X-зраците. Ова е индикација за масата на обичната („барионска“) материја, како и нејзината вкупна маса (барионска плус темна материја) детерминирана од гравитационите искривувања. До денес, ваквата врска е потврдена само за блиските галактички јата. Новиот проект ги вклучува Институтот за вонземска физика Макс Планк (MaxPlanck Institute for Extraterrestial Physics - MPE), Лабораторијата за Астрономија во Марсеј (LAM) и Националната лабораторија Лоренс Беркли (Lawrence Berkeley National Laboratory). Сите овие направиле поголем прогрес во проширување на врската кон многу подалечни и помали структури. Тимот научници искористи еден од најголемите примероци на селектирани групи на јата и галаксии, а податоците се добиени од набљудувањата од опсерваторијата за X-зраци на Европската Вселенска Агенција (ESA), XMM-Newton. Како резултат на големата ефективна површина на набљудување, XMM Newton е единствениот телескоп за X-зраци кој може да ги детектира слабите нивоа на емисии од далечните групи и јата на галаксии. „Можноста на XMM-Newton да обезбеди голем каталог на групи на галаксии од длабоката Вселена е зачудувачка” вели Алексис Финогуенов (Alexis Finoguenov) од Универзитетот во Мериленд и еден од ко-авторите на трудот кој неодамна беше објавен во Журналот за Астрофизика, во кој се соопштуваат резултатите од истражувањето. За да се пресмета масата на просечното искривување, мора да биде познат нејзиниот центар. Познавајќи го центарот на масата од анализата на емисијата на X-зраците, Алекси Лотò, (Alexie Leauthaud) од Беркли и неговите колеги ќе можат да користат слаби гравитациски леќи за да ја претпостават целата маса на далечните групи и јата со точност поголема отколку претходно. Завршниот чекор е да се определи сјајноста на X-зраците на секое од јатата и да се спореди со определената маса од послабите искривувања.
Потеклото на галаксиите може да се бара во слабите разлики во густината на топлиот, ран Универзум. Трагите од овие разлики сѐ уште можат да се забележат како занемарливи температурни разлики (топли и ладни точки) во космичкато микробраново позадинско зрачење (CMBR). Една цел во проучувањето на еволуцијата на структурата е да се разбере темната материја и како така реагира со обичната материја која ние ја гледаме. Друга цел е тоа што можеме да научиме многу повеќе за темната енергија, мистериозен феномен кој ја одделува материјата и предизвикува забрзано ширење на Универзумот. Многу прашања остануваат неодговорени: дали темната енергија е константа или динамична? Или пак не е ништо друго освен илузија која е последица од (засега непознато) ограничување во Ајнштајновата Општа теорија на релативноста? Алатките добиени од истражувањето на врската маса-луминозност ќе овозможат да се одговори на овие прашања за спротивната улога на гравитацијата и темната енергија во оформувањето на Универзумот, сега и во иднината. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Промена на магнетните полови на Земјата
Зошто магнетното поле на Земјата се менува на неколку милиони години? Дали постои причина или повеќе причини за оваа појава, најдобро е да се проучува состојбата на течното железо во кората на Земјата, неговата структура и неговите долгорочни циклуси. Главната компонента на магнетното поле на Земјата која ги дефинира магнетните полови е т.н. дипол генериран од конвекцијата на стопен никел и железо во надворешниот дел од кората (внатрешниот дел е цврст, односно се врти секундарно). Тука се поставува прашањето за фината структура, дали надворешната кора е еквивалентна со млазовите струења на Земјата. Неодамнешните истражувања на тим на геофизичари од Јапонија даваат одговор на некои од овие прашања. На сликата е претставено како замислени суспендирани честички во течното железо во надворешниот дел на земјината кора се насочуваат во зоните, иако условите во геодинамото варираат. Делот кој е обоен претставува состојба на „сума на ротација” на течниот дел, каде што црвениот дел претставува позитивен (исток-запад) тек, додека пак синиот дел го претставува негативниот (запад-исток) тек. Од лево на десно е прикажано како течниот дел реагира на зголемувањето на Рајлиовиот број, кој е поврзан со силата која го одржува пловењето на течноста. Од одозгора па надолу на сликата е претставено како течниот дел реагира на зголемувањето на брзината на целиот геодинамо систем. Млазното струење на ветровите кои кружат околу Земјата и оние во атмосферата на гасовитите џинови Јупиер и Сатурн се примери за зонско струење. „Заедничко за овие зонски струења е тоа што тие се создаваат спонтано во турбулентни системи, каква е и состојбата на надворешната кора на Земјата, и се претпоставува дека таму постои зонско струење во течното железо на надворешната кора”. Акира Кагејама (Akira Kageyama) и стручниот тим од Кобе Универзитетот истакнуваат дека пронашле обележја на секундарен тек, кога тие направиле модел на геодинамото на Земјата, се со цел да добијат подетална слика од конвекцијата на земјината надворешна кора. Секундарниот тек постои во внатрешниот дел како радијални линии, обиколени со цилиндрични зонски текови кои се вртат во правец исток-запад. Ова истражување беше спроведено преку симулација на суперкомпјутер кој се наоѓа во Јапонија и кој нуди податоци за проучување на овој секундарен ефект. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Земјата влезе во нова геолошка ера?!
Имајќи
в предвид на промените кои ги предизвикал човекот, дел од светските
научници сметаат дека Земјата влегла во нова геолошка ера. Поради загадената животна средина, неочекувано големиот раст на
жители, урбанизацијата, експлоатацијата на природните ресурси и
потрошувачката на големиот дел фосилни горива, човекот предизвикал такви
промени на Земјата кои ќе се чувствуваат во текот на повеќе милиони
години. Научниците ќе ги земат в предвид сите промени на планетата кои настанале поради луѓето, под влијание на загадената животна средина и експлоатацијата на минерали. Своите истражувања научниците ќе ги претстават за три години на Меѓународната унија на геолошки науки на која според најавите ќе се одлучи дали Земјата влегла во нова геолошка ера, објавено е во американското списание Environmental Science & Technology. |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Како се одредува датумот кога се паѓа Велигден?
* * * „Оче наш кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги на сите долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници. И не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.“ Ова е Господовата молитва, која е иста и во православниот и во католичкиот свет. Исти се и 10-те Господови заповеди, кои претежно содржат религиозни морални човекови обврски. Но, календарот кој го користат овие две христијански религии е различен. Поделбата во Христијанската црква се случува во 1054 година, кога црквата се дели на Источна (православна) и Западна (римокатоличка). Сите светци кои биле востановени до тој период постојат и во двете цркви, а од поделбата па до денес двете цркви посебно си одредуваат свои светци. Пример за тоа се светите Климент и Наум, кои како свети личности не постојат во католичкиот свет. Но, најголемиот празник кој го прославуваат и двете цркви е празникот Велигден. Велигден се прославува од најстаро време кај целиот христијански свет. Како религиозен празник не се прославуваше само за време на комунизмот во социјалистичките земји. Во тој период не се одредуваше неработен ден, но и самата држава не го попречуваше јавното собирање кај народот. Истото се однесуваше и за празникот на Христовото раѓање - Божиќ. Велигден различно се прославува во двете поделени цркви. Во Македонија, Србија и Црна Гора и Русија, овој празник се прославува по стариот Јулијански календар, додека останатите православни држави го прославуваат по новиот Грегоријански календар. За определување на датумот кога се прославува Велигден во православниот свет, се земаат предвид неколку работи. Прво, датумот треба да биде после пролетната рамноденица (21 март), после Еврејскиот празник Пасха (Paschal - 14 Нисан по Еврејскиот календар) и во првиот ден недела после полната Месечина. За главен меридијан се зема меридијанот што поминува низ Ерусалим, поточно низ гробот на Исус Христос (околу 35 степени и 15 минути источно од Гринич). На самиот празник се прославува Христовото воскреснување и празникот секогаш се прославува во недела. Според Евангелието на Матеј, Исус Христос е роден за време на владеењето на Јудејскиот цар Ирод, кој умрел во 4-та година п.н.е. Се претпоставува дека Исус Христос е роден некаде помеѓу 4-та и 7-та година п.н.е. Не е одреден датумот на неговото раѓање, но според некои документи се спомнува 23 октомври. Неговото распнување се случило на 13 Нисан според Еврејскиот календар, еден ден пред големиот Еврејски празник Пасха (празникот Пасха е најголем Еврејски празник, кога се прославува преминувањето на Мојсеј и Евреите преку Црвеното море; тоа се случило во 3761 година п.н.е; во Израел, празникот се прославува седум дена). Воскреснувањето се случило на 15 Нисан според Еврејскиот календар (повеќе за Еврејскиот календар ќе може да прочитате следниот петок). За долгорочно одредување на денот кога се прославува Велигден, во православната црква се користи Гаусовата формула. Неа ја има добиено Карл Фридрих Гаус (Carl Friedrich Gaus 1777-1855), еден од најголемите светски математичари. Докторирал на 22 години и бил директор и професор по астрономија во Готингем. Ја има одредено патеката на астероидот Церес, го пронашол магнометарот и извршил мерења на магнетното поле на Земјата. Мерката за магнетна индукција го носи неговото име. Неговиот лик беше на банкнотата од 10 германски марки. Формулата е формирана на следниот начин: R1
= година мод 19 За пример, ќе го земеме одредувањето на Велигден за 2005 година. R1 = 2005 / 19 =
105,526 - 105 = 0,526 x 19 = 9,999 = 10 RC = 41 или 1 мај по Грегоријанскиот календар (види ја горната табела) Празникот Велигден секогаш го менува датумот, но денот секогаш мора да се падне во недела. Затоа доаѓа до поместување и на други верски празници во текот на годината. На пример, постот за празникот Велигден започнува 7 седмици пред самиот празникот и за 2005 година почна на 14 март. Претходниот ден е празникот Прочка (простување на гревовите) и овој празник секогаш го менува датумот во сооднос со Велигден, но и тој секогаш се паѓа во ден недела. 40 дена по Велигден е празникот Спасовден, и овој празник секогаш се паѓа во четврток. Десет дена по овој празник, или 50 дена по Велигден е празникот Духови (Света Тројца) - ден на мртвите, и овој празник секогаш се паѓа во ден недела. Пред празникот Велигден се т.н. посни денови. Постот во православието е воздржување од мрсна и изобилна исхрана и од сите грешни задоволства, наслади и уживања. И самиот Исус Христос постел 40 дена пред да ја започне својата јавна проповед и да биде искушуван. Покајанието е врвен добродетел во животот на христијаните. Тоа е воскресение на душата и победа на гревот. Преку покајанието и исповеста душата се раѓа за нов и свет евангелиски живот. Останатите
поголеми верски православни празници се:
Посни денови во годината се секоја среда и петок (освен т.н. редовни седмици), водокрст 18 јануари, Свети Јован Крстител 11 септември, Крстовден 27 септември. Повеќедневни пости се:
Во среда и петок не се пости во следниве седмици:
Одредени празнични постови го поместуваат датумот во согласност со Велигденските пости. Во наредните години Велигден се паѓа во следните денови:
За другите години погледнете ја следнава табела. Напомена: Гаусовата формула важи за периодот од 28 февруари 1900 година до 1 март 2100 година. После тоа, наместо RC = (R4 + R5) + 13 Јулијански денови ќе се пресметува RC = (R4 + R5) + 14 Јулијански денови, поради тоа што 2100-та Јулијанска година ќе биде престапна година, а во Грегоријанскиот календар таа ќе биде проста година. Истото се однесува и за периодот пред 1900 година, кога разликата изнесувала 12 дена. Изменето од Sunny - 09.Април.2010 во 17:25 |
||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||
Внеси реплика | страница <1 678910 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |