IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Венко Марковски- жртва на политиката или не?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Венко Марковски- жртва на политиката или не?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
Автор
Порака Обратен редослед
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 01:09
Ја знам куката , затоа и бил фан на Работнички , но ... истиот бил повеќе политичар отколку поет , писател , истиот изгубил во битката со Чашуле и тоа крило .

По сугестија на својата жена си го продал идеалот за добра вила , плата , привилегии во Софија .

Не е вреден за анализа и почитување , ни како поет ни како политичар .
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 00:58
Originally posted by eptendosadno eptendosadno напиша:

Имам разговарано со негов пријател , со негов соработник и он кажа дека Венко Марковски е жрва на амбициите и егоизмот на неговата жена , Фелимена Марковска .

Чинам дека и Коле Чашуле има искажано добра дефиниција за истиот .

Според искажувањата на Горгија ( бог да го прости ) , Чашуле го има избркано од Македонија :

Можно е ...



Сосед ни беше Венко, во маалото на баба ми живееше, точно е тоа кое го кажуваш за Фелимена, ама и нешто друго, кое го кажал самиот, а тоа е дека тоа за што се бореле партизаните не е остварено...само толку кажал пред соседите...потоа се случило тоа кое се случило со него. Ако можам ќе постирам нешто од писмата негови од Голи Оток, ама не ветувам дека ќе успеам.
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eptendosadno Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2009 во 00:13
Имам разговарано со негов пријател , со негов соработник и он кажа дека Венко Марковски е жрва на амбициите и егоизмот на неговата жена , Фелимена Марковска .

Чинам дека и Коле Чашуле има искажано добра дефиниција за истиот .

Според искажувањата на Горгија ( бог да го прости ) , Чашуле го има избркано од Македонија :

Можно е ...



Изменето од eptendosadno - 15.Декември.2009 во 00:14
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 23:48

Марковски е роден во Скопје на 15 март 1915 година. Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на заседанието.

Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата "Ъ" (ер-голем), за коjа тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.

Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилиjата му е интернирана во Кичево.

На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 син му Миле Марковски и неговата фамилиjа биле протерани од Македониjа во Бугариjа.

Во Бугариjа Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Бугарската акадeмиjа на науките. Има награди: „Херој на Бугариjа“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „Георги Димитров“ и др.

Заради творештвото на бугарски jазик Титова Jугославиjа го прогласува за предавник на македонскиот народ. По 1975 бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБ.


Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито, додека бил на македонска страна, и некои песни посветени на Бугарската Комунистичка Партија, откако преминал на бугарска страна.

Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и други. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва во 1981.


-----------------------------------------------------------------------------------------------

Интересно е да се спомене и дека Венко Марковски како член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ учествувал во создавањето на "Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ до народите што живеат во Македонија за целите и карактерот на Народно-Ослободителната борба" во октомври 1943 година.

Истотака  треба да се забележи дека осуден е дури по прифаќањето на Резолуцијата на Информбирото и покрај неговиот лош однос со власта по ослободувањето.


Во Бугарија често се шпекулира дека за неговото затворање е виновен Лазар Колишевски, меѓутоа од кажувањата на Лазар Колишевски, не може да се потврди истото, затоа што самиот Лазе и во СР Македонија не е против делата на Венко Марковски. Еве што кажал и самиот Колишевски:

 Лазар Колишевски се сврте кон Лазаров и кон Петровски, велејќи: ’Кога се пишува за една личност или за еден настан, треба да се пишува како што било тогаш, а не да се тргнува од денешно гледиште. На времето прва личност во македонската литература, култура и наука беше Венко Марковски, а Блаже Конески тек се појавуваше. Што станало подоцна да се каже кога ќе се пишува за подоцна, а Вие, ми се обрати мене, да ја објавите таа документација‘“, раскажува д-р Ристески.

На тоа Колишевски рекол: „И треба да се објави, зошто вербално Венко да се напаѓа или да се брани. Неговите дела најдобро зборуваат за него, па самиот читател нека оценува што е вистина“.

Извор: Утрински весник
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.