|
Змии |
Внеси реплика | страница <1 6789> |
Автор | |||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
najmalite zmii vo svetot....od barbados.
Изменето од brza - 07.Ноември.2009 во 21:01 |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Старица живее со 45 змии.........
За многумина и една змија е премногу, но не и за незаситната љубителка на влекачи, Сју Колман, која била задоволна дури откако собрала 45 змии во својот дом во Лондон. Шеесетгодишната Колман сака да го минува времето со своите мазни пријатели, наместо да плете или да игра бинго како што тоа го прават британските дами на нејзина возраст. Сју, позната како Змијоликата Сју, вели дека и змиите можат да бидат добар домашни миленици, „се додека луѓето се грижат за нив на вистински начин“. Во претходните 17 години, Колман својот дом го претвори во зоолошка градина, а друштво и прават разни видови змии, кои често мора да ги спасува бидејќи луѓето не водат сметка за нив. - Пред 12 години ја купив првата змија, Тогаш се фасцинирав од нив и побарав уште. И пред да се свртам беа 10, па 20....... признава старицата која не крие дека би сакала да има по уште некоја.Неделно троши вистинско богатство за да ги нахрани си мртви глувци. - Сметките за струја ми се огромни, признава и додава дека своите миленици ги користи и кога игра стомачен танц. Иако многумина змиите ги сметаат за страшни, таа одлучи да им помогне и да ги совлада стравовите. ........ |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Змија како празник..... Орманци
веруваат дека змијата има моќ да ги разбива лошите магии. Иако станува
збор за прастара паганска традиција, жителите на малото село се уште ја
негуваат. Секоја година на 22 март, кога се слави христијанскиот
празник Младенци, селаните од Орман го одбележуваат и денот на првата
змија или змијарник, како што го нарекуваат. Досега не се случило да не
се појави змија на овој ден. И на снег сме ја наоѓале. Прва се појавува
отровницата шарка, но интересно е тоа што досега не се случило на
змијарник некој да биде каснат. На овој ден со години сите се собираат
во дворот на селската црква. Тогаш неколкумина селани, рано в зори
одат на блискиот рид Краставец да најдат змија, со жива шарка околу
вратот влегувале во црквениот двор меѓу соселаните, кои со нетрпение ги
чекаат. Мештаните потоа на земја ставаат разни делови од облека и ја
пуштаат змијата да помине.Се
верува дека низ оние алишта низ кои ќе мине змијата ќе ги растури
лошите магии, а сопствениците ќе ги следи среќа. Во црквата цел ден
ечат тапани и зурли, а орманци играат до доцна попладне. Црковниот
одбор за прославата на Младенци обезбедува музика и посна храна за сите
гости, а свештениците држат света литургија. Во селото Орман-скопско се изведува
следниов обичај за змиите. Во тоа село длабоко се верува дека на тој ден змиите излегуваат од дупките, за прв пат во пролетта и стојат надвор на припек цел ден и пак се прибираат за да дочекаат уште потопли денови. Се смета дека тие излегуваат дури и ако времето не е добро. „Утре да тражиш змија не ке намериш, денеска само оскачат навонка“. „Овој ден е ден на змиите!“ - раскажуваат во своите објасненија селаните. Уште се верува дека тој ден змиите не касаат, па и да каснат не се отровни. Затоа и можат да бидат фаќани. Освен тоа народот верува дека ако на тој ден змијата се допре до облека на човек тој човек ќе биде среќен преку годината и тоа токму во однос на тоа за што се сметал за несреќен. И затоа некои лица бараат по камењата на тој ден пред ручек да фатат змии и да ги пуштат преку крпите, шамиите, скутниците, или други облеки на таквите луѓе. Главно жените држат до тоа гатање и особено бездетните или оние кои што сакаат да имаат уште деца и тоа што побргу. За таа цел кај селото Орман, на околу 300 метри југозападно од него по патот кон селото Вучидол при каменестото ритче крај патот каде што според населението имало многу змии или како што кажуваат е „цел змијарник“ Откако некои мажи ќе фатат утрината една или неколку змии, се собираат млади и стари, моми, момци и женети, та кој сака или има потреба постила некаква крпа или облека на патот и мажите кои што фатиле змија ја пуштаат во насока на постелената облека. Сите гледаат дали змијата ќе мине преку облеката. Ако мине добро е. Ако не мине луѓето ги преместуваат облеките пред неа и тоа го прават дотогаш додека змијата најпосле мине. Тоа е можно зашто змиите во тие рани пролетни денови се движат бавно и тромо.На тоа место кај селото Орман уште рано доаѓаат моми, момци, жени и мажи и од соседните села: Вучидол, Ново Село, Бардовци, Кучково, Жостово, Чучер, Бразда, и други села од Црногоријата. Тие не идат само за да го задоволат љубопуитството. Идат исто такви луѓе што веруваат од Скопје.На тоа место, по тој случај има вистински собор. Кон 10 часот предпладне пристигнуваат и месните музиканти - зурли и тапани, па дури и „банди“ и покрај оние што се занимаваат со змииното лазање, се развива кршното оро. Сите пристигнуваат празнично променети. Веселбата трае до ручек т.е. до кај 1 - 2 часот попладне, кога се растура.Во минатото пред дваесетина години обичајот содржел и песни од страна на девојките и невестите пред дупките во кои живеат змиите. Кога жените не пееле, момците свиреле со кавали или шупелки. И во едните и другите случаи верувале дека змиите биле привлекувани или од свирките или од песните и излегувале надвор та ги фаќале.Сега веќе тоа не го прават.Фатените змии, обично пепелашки откако ќе заврши обичајот ги пуштаат во блиските грамади и шумки. „На денот на змиите, на Младенци змија не се убива, греота е!“ Така направија и денеска и никако не се согласија да ја убијат кога им предложив. „На друг ден може, ама денеска не!“ - ми рекоа. На друго место во Скопско овој обичај не се прави........... Изменето од bijonse1 - 03.Ноември.2009 во 16:21 |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ЗМИЈА КАКО ЛЕКПриказната започнува кога еден лекар во Малезија во шеесетите години од минатиот век, забележал дека крвта кај оние луѓе кои биле каснати од отровна змија тешко се згуснува.....Меѓутоа, студиите не покажале добри резултати и лекот не е пуштен на пазарот. Сега, едно германско фармацевтско претпријатие се обидува да произведе лек од отровни змии и токму поради таа цел ги одгледува во специјална фарма.Змиите се хранат со глувци. Секој 21 ден змиите добиваат по еден жив глушец.
Ролф Кројц е господар на 200 отровни змии Ролф Кројц е раководител на фармата на змии која му припаѓа на Нордмарк, фармацевтско претпријатие во близина на Хамбург. Се работи за специјален вид на отровни малезиски змии,со црно-кафеава шара и должина од 50 до 70 сантиметри. Змиите се сместени во пластични кутии во кои мрзливо го поминуваат својот живот произведувајќи многу силен отров- хемотоксин. Отровот прво го уништува ткивото и крвните садови, така што тоа може да доведе до закржлавување на екстремитетите. Тој што ќе го касне ваква змија, ќе има трајни последици„.Меѓутоа, овој отров има и лековито дејство, барем така веруваат во фирмата Нордмарк и то како лек за итни случаи, најчесто за видови на мозочен удар, кога згрутчената крв го спречува доводот на крв во некои делови на мозокот. Клетките во погодениот дел на мозокот, потоа многу брзо изумираат. Анкорд е лековита супстанца која се добива од отровот на змии така може да се раствори и згрудчената крв. Крвта која по мозочниот удар е густа како сируп, повторно станува потечна и може да допре до деловите на мозокот кои по мозочниот удар не биле снабдувани со крв.Надежта е во тоа, доколку му се даде лековитата супстанца на пациентот во рок најдоцна од 6 часа после мозочниот удар,се спречуваат трајните последици на мозокот. Оваа супстанца Анкорд е испитувана во клиниките уште во 80-тите години, во САД и во Европа. Делотворноста на супстанцата не можела статистички да се докаже. Токму поради тоа, препаратот не е пуштен на пазарот. Сепак, во Нордмаркт веруваат во овој лек образложувајќи го својот став со тоа дека на времето европската студија уклучила пациенти со висок степен на ризик, од кои резултатот испаднал таков каков што е„. Лековитата супстанца се произведува во Утерсен во близина на Хамбург Нортмаркт со своите партнери во САД покренал нова студија ширум светот во која се вклучени 1.700 пациенти. Лековитата супстанца се произведува во Утерсен во близина на Хамбург, каде што оваа фирма отворила фарма за отровни змии.Во моментов овде живеат 118 пораснати змии од Малезија. Кројч вели дека нив не им е потребна голема нега, доволна им е пластична кутија нешто поголема од кутија за кондури. Освен тоа идеална температура за нив е 28 степени и 80 насто влажност на воздухот и многу,многу мир.Досега на фармата се одгледани 100 нови змии. Женките пред парење добиваат по еден глушец, затоа што доколку таа огладне после парењето веројатно би го изела мажјакот, кој е многу помал од неа.Отровот на змии се молзи секои три неделиПритоа, со прсти мора да се масира отровната жлезда која се наоѓа меѓу очите и носот. Тој момент е опасен затоа што тука не се работи за предвидлив ризик туку за едно непредвидливо животно кое може 90 пати исто да се однесува но, 91 пат може да направи нешто потполно неочекувано. За среќа до сега ништо не се случило. Наредната година овие студии би требало да бидат завршени, а Нордмарк се надева дека во 2009 година ќе добие дозвола овој препарат да се пушти на пазарот, на почетокот на американскиот„, вели Кројц................... |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Значењето на змијата во сонот на човекот.............. Голема: имаш голем непријател, загуба. Мала: ќе се лутиш на некого. Да бидеш каснат: ќе бидеш наклеветен, болест. Да убиеш змија: ќе ги победиш противниците, успех на сите полиња, па и во љубовта. Повеќе змии: кратка непријатност. Да нападнеш змии: опасност, болест, понекогаш и смрт. Изменето од bijonse1 - 03.Ноември.2009 во 15:48 |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На што мислиш дека се базирани повеќето народни обичаи... зар не на фактите? А замисли па да се верувало дека во уста ако ја ставиш плунка да немаш, ензимите да бегат во мочоводот... а тоа за ѓурѓовден не ми се верува дека може цела година да не ти се потат хаха, мислам дека ако човек фати змија малку време нема да му се потат рацете, кој знае... |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Каде го прочита тој факт? можеби во македонски народни обичаи........... како на пример ....... Како период кога се затоплуваат воздухот и земјата во некои краишта се верува дека на овој ден излегуваат змиите од дупките. Интересни обичаи поврзани со култот кон змиите, и со верувањето во нивната исцелителна моќ сеуште се изведуваат во с. Орман кај Скопје. Според записите на повеќемина истражуважи, во минатото Миленко Филиповиќ, во наше време Лепа Спировска и др. во местото Змијарник, кај црквата што го носи името „Свети четириесет маченици” во близината на селото на овој ден се собира многу народ не само од ова и соседните села туку од цела скопска котлина. Особено доаѓаат лица на кои им се потребни лек и друга магиска помош: болни, жени што немаат деца, девојки што не можат да се омажат или момчиња што не можат да се оженат и сл. Тие, пред дупките од каде што се очкува излегувањето на змиите, ставаат разни нишани, најчесто облека (кошули, џемпери и сл.) и со нетрпение очекуваат змиите да излезат и да поминат преку нишаните. Некои луѓе дури без страв со гола рака ги фаќаат змиите што се обидуваат да ги заобиколат нишаните и ги ставаат врз нив. Се верува дека ако змијата мине преку нишанот и болниот ќе оздрави, жената без деца ќе роди, девојката ќе се омажи, момчето ќе се ожени и тн. Во врска со култот кон змиите во ова и соседните села има и други верувања. Така на пр. неженети момчиња и немажени девојки носат во себе зрно грав проврено низ устата на пресечена змиска глава и веруваат дека со тоа побрзо ќе се оженат и омажат. Исто така, момче што ќе најдело змиска кошула и ќе ја ставело врз своето тело ќе се оженело со девојката што ја сакало. На Ѓурѓовден ловат живи змии со рацете за да не им се потат рацете преку годината........................ |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
фала на одговорот ама не мислев ова за потта така... факт е кога фатиме змија на тоа место не се потиме... сваќаш, па прашувам зошто е тоа така... поздрав
|
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
A be Darkicu kako chovekot ne ispushta pot?? pa zs uchis za potni zlezdi?? Ne ti se sluchilo ich koga odish vo teretana celiot da se ispotish..chelo , race ??? aaa??? A ova sho me prashuvash za smrdeata vo Pretor za vodata mislam najdobro da ti objasni nekoj ovde koj e od tamu od Resen ke ti dade tochen odgovor.... ama poshto mene me prasha , a jas takva sum moram da odgovoram ke ti kazam moja prepostavka.... Kaza deka zmijata ne mirisashe tuku vodata... e pa vaka .... prvo tamu vodnata flora e mnogu razviena , mislam sve e obrasnato neli so treva , trski , algi ..... e sega, tamu se formira neli povrshinski svet od plakton vodata e plitka i mozno od toplina neli da dojde do takva sostojba.. i znajs tamu vo toj region se odgleduvaat jabolka neli... e sega lugjeto skapanite jabolka ne znaat kaj da gi frlat...i znajs sho pravat?? gi frlat vo ezeroto..... e sega , pod dejstvo na tie uslovi tamu sho ti gi kazav.. svetlinata tie jabolka fermetiraat i najverovatno vkupen rezultat od seto toa e taa mirizba .... i ne samo toa najverovatno ima prisustvo na mnogu mushichki i drugi insekti koi idat po mirizbata.... NO toa e veke drugo prashanje na ekoloshka nesovesnost na naselenieto i negriza na drzavata za zachuvuvanje na prirodata vo toj del.... ete toa bi ti rekla jas Изменето од bijonse1 - 22.Октомври.2009 во 09:17 |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
зошто бе за моја возраст, не му се секирај ти, мојта глава секакви информации прибира... туку батали тоа, пред некое лето кога бев на одмор во Претор таму има водни змии Белоушки ама многу смрдеа? зошто е тоа така? мислам не смрдеа тие туку рацете после смрдеа... до човековата кожа ли е што не испушта пот или до нив ќе да е? |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
eeeeeeee ti rekov jas pratime mnogu raboti ke nauchis........... ama samo do tamu kade treba za tvoja vozrast neli ....... ete da procitashe ke si dobieshe petka..... |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Бијонсе за тоа што змиите не можат да произведат топлина т.е што немаат телесна топлина хемија преска ќе ставеше во дневник нешто што не треба. Како ли не прочитав порано?
|
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
kakva zmija za domasno milenice ...ni pod razno....
kolku slucki ima koga zmiite otkazale poslusnost kon gazdata sto ja rani i cuva....te razbira, mozes da ja izdresiras?!?!? uf...se ezam od samata pomisla....
na zmiite mestoto im e vo divinata, a ne doma kako domasno milenice...
i neka ostanat tamu!
|
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
Внеси реплика | страница <1 6789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |