|
Македонската емиграција |
Внеси реплика | страница <1 678910 17> |
Автор | |
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Остави ме мене, погледни ги имињата. А и само ќе те потсетам дека имињата на некои се грчки затоа што во грчка Црква се крштевани. Мојот прадедо запишан е истотака со грчко име, ама македонско презиме. Други се запишани и со грчко презиме. Истотака имало и исламизирани Македонци, не знам зошто те чуди тоа што некој Абдул се запишал како Македонец. Тие и денес постојат. |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македоне, знам дека сакаш да се етнички, но ако објективно ги прочиташ имињата ќе видиш дека има и од други етноси.
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знам дека сакаш да не се етнички Македонци, ама што да правиме што вистината е различна и не е во согласност со желбите. Џејмс Петров, Милан Змејко, Ник Танов, Еван Тодоров ниту се грчки, ниту влашки, а најмалку албански имиња. |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонските јанки? Види го првиот -Абдул, како него има уште неколку, има Власи, Грци.... Овие се од Македонија, а не се етнички Македонци. Тоа го имам проучено. По вториот пост е интересно, само да не испадне дека се од Македонците на Г1 (член на форумов) и Адвајзор (каде се изгуби?) Ајде да ги проучиме. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум детално запознаен, а тоа што го видов, искрено, не можев многу и да го разберам, но ова кое ти го тврдиш, треба да се испита детално, односно да се види кој преправил, кога го сторил тоа, а и зошто. Се друго е само претпоставка без докази за нејзиното потврдување. П.С. Оние кои се напишале Македонци ( не се однесува за случајот ), секако си се Македонци, нема зошто да се коментира. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Американци од кралството Македонија
Пишува: Душан Синадиноски, Детроит Американската документација за пасоши и патни исправи открива многу интересни и важни податоци за македонските емигранти во Америка, кои имале намера да патуваат во Македонија пред почетокот на балканските војни. Имајќи предвид колку малку се знае за животот на првите Македонци во САД, таа документација, иако е со ограничен обем, сепак, содржи доволно податоци за да добиеме појасна претстава за нивното потекло, но и за тоа како се претставувале кога пристигнувале во Америка. Исто така, нивните кратки биографии ни помагаат да се здобиеме со една нова слика за првите македонски иселеници во Америка и која темелно се разликува од догматското мислење за нашето иселеништво. Во споредба со македонските масовни иселувања во Америка по Илиденското востание, па сѐ до седумдесеттите години од дваесеттиот век, податоците за првите македонски доселеници во Америка недвосмислено укажуваат дека тие Македонци претежно биле писмени и професионалци. АРХИВА Како што покажува американската пасошка архива за периодот од 1795 до 1925 година, првиот Македонец што побарал и добил американски пасош е Томас Кинеденко. Томас го добил пасошот на 24 август 1866 година, во четириесеттата година од својот живот. Пасошот му бил издаден во државата Њујорк. Во пасошот е забележано дека Томас бил роден во Македонија во 1826 година и дека бил натурализиран американски државјанин. Тој бил висок 176 см, имал високо чело, црни очи и темна комплекција, црна коса, средно широка уста, римски нос и долго бледо лице. За него сведочел дека бил честит и примерен Американец некој си Деметрио Георгиади. Малку збунува тоа што името Томас Кинеденко не звучи македонски и тоа можеби остава сомневање кај некои читатели дека Томас не бил Македонец. Но, ваквите сомневања се продукт на бирократската стандардизација на балканските "државни" имиња и презимиња, како показатели на граѓанската национална припадност. Во случајот со Томас се работи за Македонец кој отпатувал во Америка кога во балканските држави употребата на презимињата била уште реткост. Затоа, речиси како по правило, имигрантите од балканските земји како презиме го пријавувале татковото име. Згора на тоа, американската нетолеранција на странските имиња и презимиња, особено до пред Втората светска војна, ги принудила милионите емигранти кои се доселиле во Америка веднаш по доаѓањето да ги заменат со слични англиски имиња и презимиња. Важно е да се напомене и тоа дека американските државни службеници фонетички ги запишувале имињата, онака како што тие ги чуле и ги претолкувале. Сепак, сите овие сомњевања дека Томас можеби не бил Македонец, отпаѓаат кога ќе ги споредиме со податоците за неговиот брат Георгио Кинеденко. Овој Македонец дал изјава во Бирото за пасоши во Њујорк дека е роден во Кралството Македонија, империјата на султанот од Турција. Зошто и по која причина Георгио го нагласил "Кралството Македонија" останува тајна. Сепак, неговата изјава останува овековечена и тоа на Георгио никој повеќе не може да му го избрише. Георгио бил роден на 27 август 1821 година, бил со средна височина од 173 см, со високо чело, кафеави очи, со голем нос и голема уста, со крупно и тркалезно лице, како и со црна коса и тркалезна брада. Томас и Георгио биле трговци, но не пишува со што тргувале. Се дознава дека двајцата браќа извесно време живееле во Австро-Унгарија од каде што и допатувале во Америка, по сѐ изгледа од некои од јадранските пристаништа. ЖЕНАЧКА Биографијата на Трајко Константин е многу интересна и карактеристична. Овој Македонец двапати се враќал назад во Македонија. Првпат се вратил во 1884 година. Во неговата пасошка апликација е заведено дека Трајко бил роден во 1848 година во градот Штип, Македонија, Турција, во Европа. Тој тогаш имал 37 години и бил со низок раст од 165 см. Имал високо чело, сиви очи, мала уста и широка брада, тркалезно и бело лице, со широк нос и темна коса. Живеел во Ст. Пол, Минесота. Трајко повторно патувал во Македонија во 1901 година. Од ова патување се дознава дека Трајко бил женет за Дора. Нивниот најмал син Рој им се родил во Минесота, додека ќерката Хелен и синовите Ерл и Виктор биле родени во Варна, Бугарија. Трајко би свештеник и неколку години се занимавал со мисионерство во градот Рустчук, денешно Русе. Пред неговото враќање во Америка, тој патувал во Цариград каде што пополнил апликација за патна исправа. Иако тој долго време живеел и работел во Бугарија, тој, пак, го лоцирал Штип во Македонија, а не во Бугарија. Овој пат, Трајко изоставил да наведе дека Македонија се наоѓа во Турција. Биографијата на Станислав Ј. Шумков претставува своевидна сензација. Тој на 5 август 1903 година, само три дена по почетокот на Илинденското востание, во американската амбасада во Виена побарал пасош за да патува во балканските земји. Тој бил роден во Крушево, Македонија на 25 февруари 1868 година. Емигрирал во Америка 1885 година преку Хамбург и непрекинато живеел во Филаделфија, Пенсилванија. Таму се здобил со американско државјанство во 1892 година. Се дознава дека Станислав бил трговец. Инаку, тој бил од среден раст, со црна коса и црни очи. Имал широко чело, средна уста и овално лице со четвртеста брада. Битолчанката Агнес Баирд е можеби една од првите Американки која е родена во Македонија. Во нејзиното барање за патна виза пишува дека е родена во Манастир, во Македонија, од татко Американец кој бил мисионер во Битола. Девојката не знаела колку долго нејзиниот татко имал намера да живее во Македонија. Се дознава дека татко ѝ ја напуштил Америка во 1873 година, а Агнес се родила на 9 септември 1876 година, по три години од неговото доаѓање во Македонија. ЕЛЕКТРИЧАР Тетовецот Џејмс Димитре напишал во пасошот дека по професија бил електричар, а тоа сигурно го вбројува како еден од првите македонски електричари. Тој навел дека бил роден во Калканделен (Тетово) во 1890 година. Татко му се викал Микаел Митруш и бил роден во Романија. Џејмс нагласил дека сака да патува во Тетово, за да ја види неговата свршеничка и со неа заедно да се вратат назад во Портланд, Орегон. Тој не кажува каков накит донел за неа и што ѝ подарил на стројничката, како што се вика чинот на барање за жена, но, можеби, некојси од постарите тетовци слушнале за таа љубов и ќе се потсетат на убавото минато. Списокот на Македонците со американски пасоши не завршува тука. Константин Стефанов кажува дека бил роден во Македонија, Турција, во Европа на 25 април 1876 година. Дошол во Америка во јули 1894 година и сѐ до 1905 година живеел во Њу Хевен, Конектикат. Тој бил студент. Џон Лазар бил роден во Монастир, Македонија на 5 март 1878 година. Емигрирал во Америка во 1900 година и живеел во Филаделфија, Пенсилванија. Таму тој работел како шеширџија. Македонецот Аристедес Димокидис изјавил дека бил роден во Мелник, Македонија на 2 мај 1826 година, а емигрирал во Америка во септември 1843 година. Во пасошот му пишува дека бил рударски инженер. Некојси А. Г. Вилијамс запишал дека бил роден во 1852 година во Света Катерина, во Македонија, односно во Турција, а во Америка отворил слаткарница. Во Македонија патувал во 1909 година. Овие неколкумина Македонци се само еден краток дел од низата на првите иселеници кои ја напуштиле Македонија и се доселиле во Америка уште во деветнаесеттиот век. Но, затоа тие ни се еден вид сведоштво кој недвосмислено укажува дека ја чувствувале Македонија како цела и единствена татковина. Бидејќи овие пионери на американската почва успеале да ја избегнат жестоката индоктринација за нивната национална припадност од страна на балканските шовинистички држави, тие "к*ртуриле" од таа наезда и останале да се она што биле отсекогаш - Македонци. (Глобус) КОЈ Е ДУШАН СИНАДИНОВСКИ? Активен пропагатор на вистината за Македонија Душан Синадиновски е еден од поактивните поединци од македонската заедница во САД, а секако и еден од пообразованите. Роден е во тетовска Вратница, а живее во САД од 1969 година. Во Америка завршил факултет за политички науки и поседува магистериум по филозафија. Неговата тема била од областа на моралната и политичката теорија а ја бранел Аристотеловата етичка тематика. Синадиновски е еден од првите организатори на МПЦ во Детроит и нејзин втор председател. Неуморно работи за македонската кауза во Америка веќе неколку децении. Неговата статија за Македонците во Америка во 1980 г. во "Michigen ethnic directory" е меѓу првите што прави сепарација меѓу Македонците и околните нации. Ја натерал школската администрација во Детроит да го признае македонскиот јазик и на учениците да им помага на македонски јазик (а не како дотогаш - на српски). Со помош на Матицата успеал да оснива Македонска библиотека на Универзитетот во Мичиген уште во 1982 година. Историјата мене отсекогаш ми беше хоби и или ја читам или пак нешто истражувам - ни кажува Синадиновски. - Почнав со истражување за македонските доселеници во Америка, бидејќи, во тоа време никој во Америка не ја знаеше нашата историја и не знаеа дека ние постојиме. Така маката ме натера да ја ширам вистината за нас Македонците во Америка, да пишувам писма до политичарите и многу други активности. Што се однесува за податоците изнесени во овие написи, бидите уверени дека се точни. Јас ги имам фотокопиите од документите и истите ги приложувам со текстот. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mungose, јас не тврдам дека се Бугари. Јас тврдам дека биле во минатото.
Ете ти уште 5 од 1907 Да ти барам ли уште? |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Птицо имаш страна па повели докажи им дека се бугари,а во америка оди број |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има и денес во Цапари шо се велат бугари, такво е селото.
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас не реков дека не се Македонци, не реков и дека мојот текст-документ од Елис Ајланд е од 1906.
Ако сакаш да ги преброиме Цапарците на американскиот сајт? |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ptico kako prvo spisokot e od 1906 a tvojot od 1908 a druga rabota http://capari.blogspot.com/2007/11/blog-post.html eve ti go sajtot i na selanite objasni im deka ne se Makedonci. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Ne se site od Capari, ima i od Patele i od mn. drugi.
2. Ushte od prviot obid ti najdov 6mina od Capari koi se deklarirale kako Bugari. A tvoite stari lu]e kolku i da se stari, ne veruvam da se stoletnici. |
|
Внеси реплика | страница <1 678910 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |