|
Дали верувате во Митарства? |
Внеси реплика | страница <1 678910 18> |
Автор | ||||||||
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 16:50 | |||||||
vo najstarite prevodi od stariot i noviot zavet koji se pisuvani na grcki jazik nemalo nitu zapirki pa nitu zborovite bile oddeleni.
koga Isus Hristos mu se obratil na razbojnikot mu rekol? vistinativelamdeneskebidessomenevorajot vakastoji vo najstariot prevod A kako e prevedeno vo novite verziji koji sodrzat zapirki i zborovite se oddeleni, vo eden vaka- vistina ti velam denes, kebides so mene vo rajot i vo drug- vistina ti velam, denes ke bides so mene vo rajot |
||||||||
----------osana--------
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 15:39 | |||||||
Ок, баш ме интересира што мислење имаш, па ќе те почекам. Се надевам дека тоа нема да одземе месеци, како што е случајот со некои други форумџии кога ќе им поставам одредено прашање. |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 15:37 | |||||||
Е овде се поставува клучно прашање: Дали има разлика меѓу Царство Небесно и Рај? п.с. Само да додадам: Исто така, се поставува и прашањето каква природа има Христос? Дали Тој е само Бог, или само Човек, или БогоЧовек? (ова е најбитната поента во целата оваа случка со разбојникот и Марија Магдалина).
Или таквото менување на преводот и ставање на сопствено толкување што треба да значи таа реченица е само токување на твојата Елена, но не и на Вистината. Убаво е преведено од оригиналот: Luke 23:43 Greek Study Bible (Apostolic / Interlinear) καὶ εἶπεν αὐτῷ• ἀμήν σοι λέγω, σήμερον μετ’ ἐμοῦ ἔσῃ ἐν τῷ παραδείσῳ. King James Bible And Jesus said unto him, Verily I say unto thee, To day shalt thou be with me in paradise. Гледаш, после „И му рече: Вистина ти велам“ има запирка, па продолжува со “денеска ќе бидеш со Мене во Рајот“. Немој да ми речеш дека цел свет има грешен превод, само Елена вас ви го дала точниот?!
Заборави да пишеш во кој стих го пишува ова. Сакав да ти одговорам и на останатите небулози, ама на крај се решив само да ти постирам неколку цитати во кои јасно се говори дека душата после смртта не заспива и не ја снемува, туку продолжува да постои, па да видам што филозофија ќе извадиш за истите. 1 Петар 3: 18-20 Бидејќи и Христос, за да не доведе кај Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вистина, умре по тело, но оживеа со духот. Во него откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа в затвор, кои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги очекуваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се спасија од водата. Ako човек кога ќе умре душата заспива и не може да мисли, слуша, гледа итн, како што велиш ти, тогаш на кои ДУХОВИ Христос им проповедал и каде Тој слегол? Туку, понатаму се вели дека тоа било духовите на оние кои не се покориле на Бог за времето на Ное. Како тоа одеднаш тие духови можат да ја слушаат Христовата проповед, кога ти велиш дека душата заспива? Самиот го спомна св. Апостол Јован Богослов, ама изгледа не си го прочитал како што треба, затоа што тој во Откровението го вели следново: Откровение 6:9-11 А кога го симна петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите заклани заради словото Божјо и за сведоштвото, што го имаа. “До кога, Севишен, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние што живеат на земјата?” И на секого од нив им се дадоа бели облеки, и им се рече да починат уште малку време, додека не се дополни бројот на нивните сотрудници и браќа, што ќе бидат убиени, како и тие. Чудно, до пред малку ти тврдеше дека св. Апостол Јован верувал дека душата заспива и дека таа нема никакви чувства после смртта, но сега изгледа дека, според тебе, апостолот се предомислил во своето верување, па ни соопштува дека душите на праведниците разговараат со Бога... Изменето од Maran Ata - 04.Мај.2010 во 02:47 |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 14:48 | |||||||
Маран Ата,
не е офф топик, ги наведов изворите кои ги сметам за релевантни за да се одговори прашањето на форумов. Ќе напишам нешто подоцна, сега сум на трчање. Поздрав, |
||||||||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 14:07 | |||||||
Всушност, ајде, ќе почнам од најпростото што погоре го споменав. Велиш дека душата после смртта оди во земјата, заспива. Тогаш, кажи ми, зошто Господ му рекол на разбојникот дека уште истиот ден ќе биде со Него во рајот? Или Господ, според тебе, халуционирал? Таа ваша теологија за заспивање на душата е апла куќа изградена на песок! [/QUOTE] Isus na razbojnikot na krstot: “Denes ke bides so mene vo rajot!? Zastapnicite na idejata za pekol so uzivanje go istaknuvaat vetuvanjeto sto mu go dal Isus na razbojnikot na krstot kako siguren dokaz deka postoi raj i pekol. Tie toj stih taka go konstruiraat i taka go preveduvaat, za da izmolzat od nego poraka sto najmnogu odgovara na nivnata nebibliska teologija za sostojbata na mrtvite. Najcesto go preveduvaat vaka: “Isus mu rece: ‘Ti vetuvam deka denes ke bides so mene vo rajot!’” Ili: “Vistina ti velam: denes ke bides so mene vo rajot!” (Luka 23,43). - Ete, velat tie, Hristos istiot den ja primil besmrtnata dusa na razbojnikot vo rajot. Soodvetno na toa, i besmrtnite dusi na gresnite vednas zaminuvaat vo pekolot. Dali navistina razbojnikot istiot den bil so Isusa vo rajot? Dali i Hristos voopsto bil toj den vo rajot? Da mu dademe moznost nemu da ni kaze: “Isus rece (na Marija): ‘Ostavi me, zasto uste ne sum pojden gore kaj Otecot!’” (Jovan 20,17). Ova Isus go kazal na Marija po svoeto voskresenie. Uste nesto! Istiot avtor, apostol Jovan, vo svoeto evangelie go belezi Hristovoto vetuvawe: “Odam da vi prigotvam mesto. I OTKAKO KE OTIDAM I KE VI PRIGOTVAM MESTO (TOGAS) PAK KE DOJDAM I KE VE ZEMAM KAJ SEBE, za da bidete i vie tamu kade sto sum jas” (Jovan 14,1-3). Spored toa, sredbata i zaednicata so svoite ucenici, odnosno rajot, Hristos go najavuva za dalecna idnina, povrzuvajk i go so svoeto vtoro doaganje, a ne so migot na nivnata smrt. Mnogu jasno, zar ne! Isus im veli na ucenicite: Jas “pak ke dojdam”, i togas, ne sega, ne koga ke umrete, togas, koga “jas pak ke dojdam, ke ve zemam kaj sebe, za da bidete i vie tamu kade sto sum jas”, vo rajot. Jovan toa taka go sfatil, taka veruval i taka gi zapisal Hristovite zborovi. Ako Hristos na razbojnikot mu kazal poinaku i ako mu dal vetuvanje deka nego istiot den ke go primi vo rajot, togas Jovan so pravo bi se prasuval: Kakov e ovoj Spasitel? Toa e susta nepravda! Mene, i drugive ucenici, koi ostavivme se i trgnavme po nego, verno i predano mu sluzime i se zrtvu vame za nego (Jovana go frlale vo kotel so vrieno maslo) - nas ke ne zeme kaj sebe duri koga povtorno ke dojde na zemjava, po dolgi godini i vekovi, a ovoj razbojnik, kriminalec, ubiec, denes ke go primi vo rajot! Nepravda e toa, golema nepravda! - Ja sfakame sustinata na problemot, neli? Stihot nema nitu teoloska, nitu kakva i da e druga smisla ako se tolkuva taka kako sto se tolkuva, so cel da se dokaze deka razbojnikot istiot den bil so Hrista vo rajot. Zatoa, vo kontekstot na ova sto go kazavme, predmetniot stih treba da se prevede vaka: “Isus mu rece (na razbojnikot): ‘Ti vetuvam denes (sega, vo ovoj mig) deka ke bides so mene vo rajot!’” - Koga ke se vratam na zemjava, i tebe, zaedno so apostol Jovan, i so drugite, ke te zemam kaj sebe. Hristos direktno ovaa vistina ja potvrduva na uste tri mesta: “Ete, doagam skoro, i NAGRADATA MOJA E SO MENE, za da mu dadam sekomu spored negovoto delo.” “Sinot covecki ke dojde vo slavata na svojot Otec, so svoite angeli, I TOGAS sekomu ke mu plati spored negovite dela.” Pravednikot svojata nagrada ke ja dobie “PRI VOSKRESENIETO NA PRAVEDNITE” - ne porano. Istoto go kazuva i prorok Daniel: “TOGAS ke se razbudat mnozina koi spijat vo zemniot prav: edni za vecen zivot, a drugi za sram i vecen prezir” (Otkrovenie 22,12; Matej 16,27; Luka 14,14; Daniel 12,2). Kako i Jovan, i apostol Pavle svojata nagrada ja ocekuva “vo onoj den”, koga Hristos povtorno ke dojde (2. Timotej 4,6-8). Togas, pocituvani, koga Hristos ke dojde, ne porano, ne vo migot na smrtta, togas Toj ke mu dade sekomu spored delata. Изменето од Blagoj_s - 03.Мај.2010 во 14:17 |
||||||||
www.myspace.com/sblagoj
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 13:48 | |||||||
Niko777, видов дека си пишал, па си реков ај да прочитам што вели човекот, надевајќи се дека ќе видам твој став во однос на душата после смртта, ама наместо тоа, како и вообичаено, ти повторно одиш офф топик.
И? Зарем немаш свој став (или став на твојата црква) по однос на душата после смртта? |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 13:38 | |||||||
Мaria_magdalena,
само замени "царски дворци" со денешната соодветна терминологија "владини кабинети", "министерски канцеларии", "премиерски канцеларии"... итн, и уклучи телевизор па види кој каде "си припаѓа", и кој со кого се дружи, и јасно ти е кој на чија страна е, и кој кому му служи. 7 Кога тие си отидоа, Исус почна да му зборува на народот за Јована: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли што ветерот ја лулее? 8 Но што излеговте да видите? Човек ли облечен во меки облеки? Ете, тие кои носат меки облеки се во царските дворци. (Матеј 11:7-8) Поздрав, ------------------------------------------------- 1 Тогаш Исус му рече на народот и на Своите ученици; ... 8 А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа. 9 И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко. 10 Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос. 11 А поголемиот меѓу вас нека ви биде слуга. 12 Кој се воздига себеси - ќе биде понизен; а кој се понизува себеси - ќе биде возвишен.” 13 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои го затворате Небесното царство пред луѓето; зашто самите не влегувате, ниту ги пуштате внатре оние, кои сакаат да влезат.” (Матеј 22:8-13) ------------------------------------------------- |
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 13:24 | |||||||
Добро го почна воведот, го поддржа тоа што велам дека и пред блажена Теодора има многу други Свети Отци, кои се авторитет во Христовата Црква и кои зборуваат за митарствата. Но, не ти требаше понатаму да одиш, затоа што само докажа колку „ти оди“ историјата на Црквата и теологијата на истата.
Благој, Благој, каква утка. Ти брат да не си направил некаква мешаница? Блажена Теодора НЕ Е истата личност co царица Теодора!!! Блажена Теодора е упокоена на 30 декември 940 година, а царица Теодора на 11 февруари 867 година. Човеку, утка за цел век! Па барем кога си решил веќе нешто да зборуваш од историјата на Црквата, потруди се малку да прочиташ некоја историска книга, а не вака од ракав да тресеш само колку да се оцрни Православната Христова Црква! Ама што се чудам. Докажан симптом на протестантите... плукни, ама не е важно што, важно е да биде против Вистината.
А како разбојникот на крстот со толку натоварени гревови (кражби, убиства и секакви останати гревови), не се препна на тие митарства? Или да не забораваш дека за човек да стане свет и да појде во Царството Небесно потребно е да се покае и да си го поправи својот живот? И ајде да ти дадам уште неколку информации: не само тие царици и цареви кои ги спомна си го осветиле својот живот, туку има и многу други прељубници, блудници, скотоложници, мажеложници, убијци, разбојници итн. кои го направиле тоа и денеска се почитувани од Христијаните како пример за Христијански живот. Изненаден?
Всушност, ајде, ќе почнам од најпростото што погоре го споменав. Велиш дека душата после смртта оди во земјата, заспива. Тогаш, кажи ми, зошто Господ му рекол на разбојникот дека уште истиот ден ќе биде со Него во рајот? Или Господ, според тебе, халуционирал? Таа ваша теологија за заспивање на душата е апла куќа изградена на песок! Изменето од Maran Ata - 03.Мај.2010 во 13:25 |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 13:01 | |||||||
Не разбирам како тоа што реков за ѓакон Андреј к*раев дека не е некој јак „фактор“ во Црквата за ние да се темелиме на неговото учење го поврза со смирението и служењето итн. Јас колку што знам, сите кои се наречени СВЕТИИ за да стигнат до таа титула, се понизувале себе си и се смирувале, служеле на Бога и на луѓето и затоа Господ им дал дар на обожение, т.е. да станат богови по благодат, да го осветат својот живот. Никаде во историјата на Црквата не е речено дека светител може да стане само интелектуалец или учен човек. Вистински теолог, како што неколку пати на овој форум е објаснето, не е оној којшто завршил теолошки факултет. Со оглед на тоа што теологијата е наука за Господ, за некој да зборува за Него, треба опитно да Го спознае. Такви биле Светите Отци. Тие имале непосреден опит со Бога и поради тоа нивните мислења се фактор на кој се обрнува внимание. Мојот коментар беше во однос на тоа што ѓакон Андреј к*раев е само еден од стотиците илјадници ѓакони на Црквата во денешно време. Гледам дека имаш сфатено дека велам дека ѓакон е мала работа, но не, ѓакон, служител на Бога, не е мала работа. Јас воопшто не зборувам за неговата титула и неговата служба која му е дадена (а тоа дали ја исполнува достојно или недостојно, е друга работа и не навлегувам), туку сакам да кажам дека тој можеби не го поддржува учењето за митарствата, но има илјадници други ѓакони кои го поддржуваат. Всушност, како што реков, кога Светите Отци, по дареното им откровение од Бога, говорат дека митарствата постојат, тогаш кој може да им се спротивстави на нивниот просветлен ум? Зарем ѓакон Андреј к*раев е посвет и од св. Макариј Велики кој важи за еден од најголемите пустиножителни Свети Отци? Секое добро! |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 11:59 | |||||||
Maran Ata, велиш дека ѓаконот Андреј к*раев не е некој фактор во Црквата, но нели Бог им го даде Откровението токму на “најмалите“ (ова не е откровение туку Евангелска вистина, но немам посоодветен збор).
Кој е тој што одредува авторитети? Зар Апостолите беа учени владици, теолози, филозофи? Не, беа рибари, но ним им беше дадено Знаењето за царството. Исус ги мразеше оние кои во убави облеки седеа во првите редови. Андреј к*раев е обичен ѓакон (служител), но зар Исус не ни рече да си бидеме слуги еден на друг? Зар не се понизи и не ги изми нозете на апостолите за да не научи на понизност? Ако овој ѓакон не е фактор, каков фактор била Блажена Теодора (со огромна почит кон неа)но само се служам со истиотв термин “фактор“. Зар зборот “светии“ не се однесуваше на Црквата? Кој во Царството е најголем? П.С. Подоцна ќе го читнам линкот и ќе дадм свое мислење, благодарам на одговорот |
||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 11:51 | |||||||
Eve ja prikaznata za pravoslavnite mitarstva: Tretiot den otkako ke go napusti teloto, dusata pominuva niz legion od zli duhovi kade sto demonite ja obvinuvaat za razni grevovi sto gi napravila dodeka bila na ovoj svet. Postojat okolu dvaeset takvi prepreki, nareceni mitarstva, na koi se ispituvaat razlicni grevovi. Otkako ke pomine niz edno mitarstvo, dusata pominuva niz slednoto, i taka se do poslednoto. Mnozina ja opisuvale taa sredba kade sto dusata so golem strav se obiduva da se oslobodi od napadite na demonite koi ja macat so razni grevovi sto gi napravila i sakaat da ja prigrabat za sebe, iznesuvajki dokazi koi potvrduvaat deka dusata e gresna i deka poradi toa taa im pripaga nim, i site se soglasuvaat vo edno - deka toa e mesto (nekade vo vozduhot) na silno macenje i neizvesnost za dusata vo vrska so nejzinata konecna sudbina. Ako dusata uspee da pomine niz site mitarstva, togas zaminuva vo raj, kade sto ke zivee vecno; a ako tezinata na grevot pretegne, togas taa ne uspeala da pomine, se zaprela na nekoe od niv, i sudbinata na taa dusa e vecno macenje vo pekolen ogan. Jovan Zlatoust uci deka na dusata se potrebni mnogu molitvi, dobri dela, angeli cuvari i drugi pomagaci dodeka “pominuva niz vozdusnoto prostranstvo... pokraj nevidlivite vlasti i silite sto gospodarat vo vozduhot, a koi uste se narekuvaat progonuvaci, mitari, danocnici, carinici”. Makarie Veliki pisuva: “Koga ke cues deka pod nebesata se naogaat reki od zmeovi, lavovski celusti, sili na temninata i jarosten ogan sto proniknuva vo sekoj del na teloto, zar ne znaes deka tie... ke ja zemat tvojata dusa koga ke izleze od teloto i ke te sprecat da vlezes na nebesata. ” Kiril Aleksandriski za mitarstvata: “Kakov strav i trepet te ceka tebe, o duso, vo migot na smrtta! Ke vidis uzasni, divi, svirepi, nemilosrdni i bezocni demoni kade sto kako crni Etiopjani stojat pred tebe. I samiot nivni izgled e postrasen od sekoe macenje... Na sekoe mitarstvo se ispituva odreden grev; za sekoj grev, za sekoja strast, postojat odredeni carinici i istrazuvaci.”Skeletot na pravoslavnite mitarstva ne e bibliski nitu Bozji zasto, kako sto citavme, e sozdaden ne spored Biblijata, tuku “spored predanieto na Pravoslavnata crkva”, “spored svedostvata na svetite otci”, “spored zborovite na sveti Andrej”; spored ona “taka velat svetite otci”; “taka kazuva eden svetitel”; “taka kazuvaat sveti Jefrem Sirin”, “sveti Simeon Novi Bogoslov”, “sveti Kozma”; “taka rekla sveta Teodora”; “taka uci Jovan Zlatoust”; “taka pisuvaat Makarie Veliki”, “Kiril Aleksandriski”; “otecot Jevtimie videl kako angelite se borat so gavolite za dusata”, taka videl i taka kazuva ovoj ili onoj “sveti svetec” ili ovaa ili onaa “sveta svetica”, itn. i itn., vo beskraj. Nitu eden od ovie, nitu koj i da e drug od onaa silna plejada drugi uvaceni velikani na Pravoslavnata i na Katolic kata crkva, ne e bibliska licnost so pravo da sozdava nova teologija ili “drugo evangelie”, nadvor od dimenziite na Biblijata, da ja dopolnuva i preprava izvornata prorocka i apostolska bibliska teologija, kalemejki i prekalemuvajki na nea svoi sfakanja, idei i zamisli. Celokupnata nivna teologija, vrz koja pociva predanieto i tradicijata, vo ovoj slucaj teologijata za mitarstvata, e samo nivna, covecka i crkovna imaginacija, i nisto poveke, zasto taa e daleku od kanonskata izvorna bibliska teologija. Ako demonite postavile megu neboto i zemjata dvaeset carini, rampi, strasni vozdusni mitarstva, i ako na sekoe od niv se ispituva nekoj grev za da gi frlat vo pekol onie sto umiraat nepokajani za teski grevovi, togas nie so pravo se prasuvame kako blazena Teodora (carica Teodora), kojasto istorijata ja narekuva “krvava Teodora”, obvinuvajki ja za prolevanje na toni nevina covecka krv, vinovna za smrt ta na sto iljadi pavlikijanci, i slavocednata i krvozedna carica Irina (sveta Irina), koja zadusuvala buntovi i zagovori vo krv, oslepuvala luge i iskopala oci na svoj roden sin, kako i carot Konstantin (sveti Konstantin), isto taka povekekraten ubiec, uspeaja da se proturkaat niz site carini, niz tie “reki od zmeovi, lavovski celusti, uzasni, divi, svirepi, nemilosrdni i bezocni demoni, niz jarostniot ogan sto proniknuva vo sekoj del na teloto”, i se dobraa do rajot. Kako tie, natovareni so tolkav tovar na zlodela, ne se prepnaa na nekoja od dvaesetinata carinski rampi, ne se liznaa i ne se urnaa vo pekolot, tuku obremeneti so toni grevovi se provlekoa niz iglenite usi na pravoslavnite mitarstva i zaminaa vo vecni blazenstva i, zgora na toa, se narekoa sveti? Zar Teodora ne ja prasaa gavolite za iljadnicite ubistva sto gi napravi, i ne se otimaa li za nejzinata dusa da ja pratat vo pekolot koga taa pominuvase niz mitarstvata, tuku postavuvaa samo marginalni prasanja za toa kade piela i sto piela? Dali taa, zaedno so Irina i so Konstantina, sami gi platija site mozni carini koga pominuvaa niz carinskite rampi, ili pak carinite im gi plati Crkvata kako protivusluga za nivnite zaslugi za nea? Dali tie navistina se pokajaa za svoite zlostorstva i pominaa niz mitarstvata kako i sekoj drug pokajan gresnik, ili pak tie imaa poseben tretman i crkoven popust i privilegija kako zaslucni borci za pravoslavieto? Dali za niv Crkvata odrza posebni liturgii, molitvi i pomeni i so silata na svojot avtoritet im pomogna da se provlecat niz site “scili i haribdi” na mitarstvata i da zazemat pocesno mesto vo rajot kako svetci? Ima uste mnogu drugi prasanja vo vrska so mitarstvata na koi nasite ceneti pravoslavni braka tesko ke odgovorat i tesko ke gi odbranat. No postoi samo eden edinstven vistinski, bibliski odgovor: Mitarstva ne postojat! Toa se kuli vo vozduh i, kako sto rekovme, bolna covecka imaginacija, covecka tvorba. Biblijata e kategoricna: “Zivite barem znaat deka ke umrat, a mrtvite ne znaat nisto... Odamna gi snema: nivnata ljubov i nivnata omraza i zavist, i veke nemaat ucestvo vo nisto sto se slucuva pod sonceto...” “Koga ke izleze duhot od nego (od covekot), toj se vraka vo svojata zemja, i vo toj den propa- gaat site negovi misli” (Propovednik 9,5.6.10; Psalm 146,4). Ne postoi nikakva besmrtna dusa koi, nadvor od teloto, patuvaat niz nekakvi prostranstva ili mitarstva. Hristos prosti na gresnicata fatena vo prequba koga rece: “I jas ne te osuduvam, odi i ne gresi veke!” Nejze grevot i e prosten i iscisten. Hristos ne ja prati nejzinata dusa, nitu pak dusata na koj i da e drug pokajnik sto baral milost i proska od nego vo nekakvo katolicko cistiliste na dopolnitelno precistuvanje, nitu pak rece da pominuva niz igleni usi na nekakvi pravoslavni mitarstva, pred carinici i danocnici, megu strasni cudovista, srede “uzasni, divi, svirepi, nemilosrdni i bezocni demoni, crni kako Etiopjani”, da se grabaat za nea. Gresnikot sto se kae i go ostava grevot Hristos go prifak a negovoto pokajanie, mu prostava i go cisti od site necistotii i od nego sozdava novo sozdanie, od gresnik sozdava pravednik pred kogo e otvoren patot za Bozjeto carstvo, bez nikavi precki i rampi, nitu kakvi i da e lavirinti. Koga covekot umira, toj integralno zaminuva vo grob, samo vo grob, i nikade na drugo mesto. Toj vo grobot ceka voskresenie i konecna nagrada. Toa e bibliska nauka za mrtvite. |
||||||||
www.myspace.com/sblagoj
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 04:21 | |||||||
Па дек си бе братче? Те снема откако ти беа поставени неколку прашања на кои не можеше да дадеш одговор. Ама штом се врати на темава, се надвам дека барем на овие прашања ќе ме удостоиш со одговор:
И ептен ме интересира, кажи ми, според тебе, откако човекот ќе се упокои, што станува со душата? Каде таа оди? Заспива, се враќа кај Бога, оди во земја...? Што мислиш? |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 04:10 | |||||||
Марија, ѓакон Андреј к*раев не е некој фактор во Црквата за ние, православните христијани, да се сомневаме во она што го велат Светите Отци. Kako што неколку пати до сега е повторено, Црквата во обзир ги зема мислењата на Светите Отци, бидејќи тие се со просветлен ум, причесници со благодатта Божја и добиваат откровенија од Самиот Бог, додека сите останати (вклучувајќи ги и свештениците, ѓаконите, епископите, монасите итн) со сеуште непросветлен ум и неосветен живот, може да се читаат, но со големо внимание, а ако имаат грешки во учењето, тогаш тоа и не се прифаќа. Затоа претходно реков:
Доколку внимателно ја следеше дискусијата на оваа тема, ќе ја забележеше и утката што ја направи ЕвАнгелос кога го спомнав св. Нифонт, кој живеел во 4-ти век и зборува за митарствата и немаше да ме прашуваш дали ќе ми се смени мислењето дека и други христијани (јас би додала Свети Отци) знаеле за митарствата пред блажена Теодора.
А св. Кирил Александриски вели: ... Но, на каков страв и трепет ќе се изложи душата, каква борба и’ претстои, и што би морала да стекне како попатнина за оној неодминлив час кога ќе се оддели од телото – на ова, леле, не ги застанував своите мисли, ниту со тоа на време се занимавав. При исходот на душата од телото не’ опкружуваат од една страна војските и силите небесни, а од другата – поглаварите на темнината, непријателските сили што под своја власт го држат светот на злобата поднебесна, старешините на воздушните митарства... Прочитај повеќе: БЕСЕДА О ИСХОДУ ДУШЕ И О СТРАШНОМ СУДУ И сега, што да правиме? Да му веруваме на ѓаконот или на сите наведени Свети Отци? |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 03.Мај.2010 во 00:03 | |||||||
Pravoslavie, ашкол сум за твојот коментар против митарствата Се надевам дека многу православни верници ќе ја прифатат оваа реформа околу митарствата. Реформите полесно се случуваат кога доаѓаат одвнатре. Очекувај силна опозиција од мнозинството православни верници, но не се обесхрабрувај, бидејќи се движиш во вистинска насока. Ѓаволот се противи на секоја реформа на црквата бидејќи тој сака верниците да живеат во заблуди. Но Христос е посилен од него, а од нас се бара само послушност, трпеливост и верност.
Уште еднаш го поздравувам твојот коментар и ти честитам на храброста што го постираше тука. |
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
Внеси реплика | страница <1 678910 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |