|
ПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ |
Внеси реплика | страница <1 678910> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ев жалам брат ама мислам последниот пост повеке кажува од тој ти што мислиш. Патем каде во Библијата стои дека треба на брат сестра да се исповедаме!?
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свештениците се потребни во Стариот Завет,а во Новиот се технолошки вишок,директно преку Христос одат сите работи. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исповедувањето е многу важна дисциплина во животот на еден христијанин. Треба да создаваме навика тоа да биде дел од секоја наша молитва.
Исповедувањето е вклучено и во Христовата поука за тоа како треба да се молиме "... и прости ни ги долговите наши... ".
Една од задачите на Светиот Дух е да не поттикнува кон исповедување на нашите гревови. Мене често ми се случува кога се молам одеднаш да ми текне за некој сторен грев, кој воопшто не би ми дошол напамет доколку не би се молел. На тој начин јас дознавам дека Светиот Дух е Тој Кој ме потсетува на тие гревови, за да ги исповедам.
Исто така важно е Кому се исповедаме, дали на човек, или на Бог. Исповедувањето мора секогаш да е пред Бог, а секако дека е препорачано и да си ги споделуваме гревовите и со некој близок брат или сестра и да се молиме за нив. Но библиски погрешна е тезата дека исповедувањето мора да го праиме пред "свештено лице". Од стихот што ни го наведе blueprayer читаме дека гревовите треба да си ги исповедаме "еден на друг", а не нужно пред свештеник.
Многумина сведочат дека почуствувале големо ослободување од гревовите кога истите ги исповедале пред свештеник, но тоа е субјективно чувство, затоа што многумина го чувстуваат истото и кога ги исповедаат своите гревови пред некој близок брат или сестра. За жал има и такви кои не "чувствуваат" ништо кога ги исповедаат своите гревови дирекно пред Бог кога се сами во молитва, а пак "чувствуваат" харизматски ослободувања и простувања кога истото го прават пред некој свештеник. Ова е веќе проблем и индикатор за погрешна или слаба вера дека Бог ги слуша нашите молитви и дека е спремен во секое време да ни прости доколку искрено се покаеме.
Мора да разбереме дека верата не е чувство, туку дека верата е вера. Христијанинот живее живот воден од вера, а не од чувства. А Божјото Слово му претставува духовна светилка по патот по кој чекори.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свештеникот и не ни е битен во моментот на исповедта...тој е само „поштар“ што се вели...од друга страна да не сме малце оф топик!?
Мада пак си грешка.... 16:32 Покривањето на гревовите нека го изврши оној свештеник, кој е помазан и посветен за вршење на свештеничка служба место татка си. Нека се облече во ленени облеки - свети облеки. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со устата се исповедува верата.Инаку лошо се изразив, да потребно е исповедање во смисол признавање на гревовите пред Господ. А ако мислите на исповедање пред свештеник тоа не го бара Библијата. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исповедта прави човек трајно да се кае за гревовите притоа да не ги повтори истите. Затоа и постои таа. Често велам, ако нешто не ти е јасно кога си го кажуваш во себе, кажи си го на глас, појасно ке ти биде.
И уште нешто за другарот Изворен Римјаните: 10:10 Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение, |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема опростение на гревовите без препознавање на истите, исповедање - т.е. признавање, молење за прошка, простување и надокнадување на штетата, и што е најбитно откога ова ќе се направи: Не повторување на истите. Тоа се вика активна вера.
Во таа смисла Исус говореше: „Гревовите твои ти се простени, појди и не греши повеќе!„ Притоа е многу битно да знаеме дека треба да појдеме кај ближниот кому сме му згрешиле и него да го молиме за прошка(ако е починат, тогаш го молиме Христа) оти секој грев освен Бог, мора да ни го прости и оштетениот. Бог не би бил праведен кога би го избришал гревот на покајникот а да не го земе в предвид оштетениот. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жити се????
А зашто на едно место во Библијата се вели Јаков: 5:16 И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила. А пак на друго место ИСТО ТАКА ВЕЛИ 1 Јованово: 1:9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда. Матеј: 3:6 и тој ги крштаваше во реката Јордан, а тие ги исповедуваа своите гревови. Викаш не е битно, а брат?! Евреите: 3:1 Затоа, свети браќа, вие кои учествувате во небесното призвание, насочете ги вашите мисли кон Исуса, Апостолот и Првосвештеникот на нашето исповедување, Изменето од blueprayer - 28.Октомври.2008 во 21:41 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување,
Дела 3;19 Покајанието е многу важна работа.Не треба само да се каеме за направениот грев туку да го промениме умот. Исповедањето не е битно за спасението.Уште една измислица од т.н. свештенски ред. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епа нема баш да е копи-паст ко што рече пријателчево ама ке е за Покајание
Без исповед нема покајание, а без покајание не може да има спасение. Покајание-исповед Една од седумте свети тајни на светата Православна Црква. Победи го гревот, закрепни го духот, покај се и појди на Исповед! 2 Петрово: 3:9 Господ не го забавува тоа што го ветил, како што некои мислат за тоа бавење, туку го покажува Своето трпение кон вас, зашто не сака некој да пропадне, туку сите да дојдат до покајание. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Originally posted by EvAngelos
[QUOTE=Templarius] [QUOTE=EvAngelos] Ткн. "Свето православно Предание" е сосема различно од "католичкото свето предание", а пак и двете се различни од историјата. Секој си ја штимувал историјата согласно неговите сегашни црковни догми. Зарем е толку тешко тоа да се разбере? Дел од темата ПОКАЈАНИЕ е и тоа НЕКОЈ ДА РАЗБЕРЕ НЕКОИ РАБОТИ!!!
МОЛИМТЕ ОБЈАСНИ МИ ШО Е НАШТИМАНО ЗА СЕГАШНИТЕ ЦРКОВНИ ДОГМИ?!
ЗАРЕМ ПОСТОИ И ТАКВА РАБОТА?!
п.с.
абе ти велам ја упорно да пиеме кафе!!!
А И ТУКА ПОДОБРО КЕ ТИ СЕ ГЛЕДА
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како не кажувала историјата за постоењето на Исус ај сите историја за 6-то да земите да учите, историјата кажува дека Исус постоел од тука историјата почна да го брои времето по новата ера
|
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно така!!!
не е лошо и евангелос да ми одговори на тоа погоре!!!
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Историјата не дефинира точно кога се појавиле иконите, но тоа е друга тема... ако сакаш ќе дискутираме друг пат за тоа.
Но - ако тргнеш со идејата дека мора историчарите да потврдат за да биде точно... Тогаш одговори ми ти (на нешто што Евангелос не сакаше или не можеше да одговори) - каде има потврда од историчарите за постоењето на Исус - нешто што е напишано во периодот од 1-та до 33-тата година или покасно дури - можеш и до 40-тата или 60-тата од првиот век... Првите спомнувања за "Христијаните" се по 70-тата година, а и тие се доста спорни како автентичност. Ниеден од настаните во Евангелијата не е потврден од историчарите од тој период (а и од подоцнежниот нема потврди, а има само повикување на усно предание за настаните). Дали тоа значи дека не треба да веруваме на светоста на евангелието?! |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Внеси реплика | страница <1 678910> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |