Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
aladin
Сениор
Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 18:14 |
|
|
aladin
Сениор
Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 18:11 |
Македонската
Православна Црква му дава поддршка на секој демократски чин за
изразување на македонскиот национален и духовен идентитет. Македонскиот
народ има право на мирен и достоинствен начин да го искаже својот став
во одбрана на уставното име на Република Македонија, во духот на
развиените демократски принципи.
Националниот,
културниот и духовниот идентитет се исклучително важни, како за
зачувувањето на минатото и сегашноста, така и во градењето на иднината
на Македонија. Токму затоа упатуваме апел до сите учесници на
вечерашниов собир да ги потврдат нашите македонски особини:
мирољубието, човекољубието и богољубието и да не дозволат на ниту еден
начин да бидат вовлечени во несакани инциденти.
ОД КАБИНЕТОТ НА АРХИЕПИСКОПОТ
|
|
aladin
Сениор
Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 18:10 |
Христијанството
во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и проширува
Светиот апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат
и Делата Апостолски. На тие негови патувања го придружуваат и
апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од
Светиот апостол Павле работат на христијанизација на овие простори. Низ
Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој и го
поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Светиот
апостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија или
Адријакија (погранично место со Тракија). Што значи дека уште тогаш се
поставени темели на организирана Црква. Би спомнале тука и дека
апостолите Аристарх и Секунд биле Солунјани, Епафродит бил од Филипи, а
Гај од Добер (Дервија) кој се лоцира накаде меѓу Струмица и Валандово.
Во тоа време Македонија била под римска власт така што често биле
менувани нејзините граници. Како резултат на христијанизацијата
извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век Христијаните
на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна
ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и
вселенските Собори.
Во V век на просторот
низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии,
од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби. Во
тој пероиод и низ цела територија на Македонија никнуваат многу ранохристијански
базилики.
За време на владеењето
на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу
до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима,
во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат
на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ
на Архиепископијата Јустинијана Прима во тоа време трета по чест меѓу помесните Цркви, после Рим и Цариград. Имало и други архиепископи,
како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX,
кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.
Делото
на светиот апостол Павле и светиот цар Јустинијан I го продолжуваат
светите браќа Методиј и Кирил и нивните ученици светите Климент и Наум
Охридски. Во втората половина на X век, во рамките на Самуиловата
држава е организирана Охридската автокефална
Архиепископија, врз темели на Јустинијана Прима, во достоинство на патријаршија. Подоцна, по паѓањето
на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија
и како таква постои цели осум века, сè до 1767 година кога е укината од страна на турскиот султан
Мустафа III, а нејзините епархии се присоединети кон Цариградската
патријаршија. Од овој момент па натаму, македонскиот народ прави постојани
напори за нејзино обновување. Нејзините епархии смениле неколку јурисдикции
од соседните православни Цркви. Особено жестоки борби биле водени во
втората половина на XIX и првата половина на XX век, но поволни услови
за враќање на самостојноста се создаваат дури во текот на Втората светска
војна (1941-45 г.). Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото
Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската
Православна Црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан првиот
Црковно-народен собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на
Охридската Архиепископија, како Македонска Православна Црква. Оваа
одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на СПЦ, бидејќи пред војната
епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата
Православна Црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска
Православна Црква. Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифаќа оваа одлука,
заради што во своите понатамошни
барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо
како автокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. Но,
повторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид е одржан
Вториот македонски Црковно-народен
собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата
Охридска Архиепископија, олицетворена
во самостојната Македонска Православна Црква, а за нејзин прв епископ
е избран г. Доситеј.
Архиерејскиот собор на
СПЦ се согласи со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во
одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни
1959 година.
Одлуката за самостојност
на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска
Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата
на Свети Мина во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот
владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ ѝ дал самостојност
на Македонската Православна Црква, со тоа што таа и понатаму останува
во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот Патријарх. По неколку дена
во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката
епархија г. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ,
како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и
во епархиите.
Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи
на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј, придружуван
од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици
на Руската Православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј
во црквата на Пресвета
Богородица - Каменско во Охрид беше
одржана и архиерејска Литургија, на која што служел патријархот
Московски Алексиј, во сослужение со патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски
и Митрополит Македонски Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот
на МПЦ со поглавари на други автокефални Цркви.
Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите
недоразбирања и судири, Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година
во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор, и на свечената седница
во охридската црква на Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската
Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста
на Македонската Православна Црква е совршен на Светата Архиерејска
Литургија, отслужена во црквата на Свети Климент Охридски на 19 јули 1967
година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Точно 200 години
по нејзиното укинувањето од страна на турскиот султан.
Диецезата на Македонската Православна Црква не се протега само на
подрачјето на Македонската држава, туку и во црковните општини
надвор од границите
на Републиката.
Според точката 17 од Образложението на Одлуката за автокефалност,
Македонската Православна Црква како административен дел од едната,
Света, Соборна
и Апостолска Црква, ќе ги чува Светото Писмо, Светото Предание, апостолските
Правила и прописите на вселенските и помесните Собори и ќе се раководи
согласно со нив и со Уставот на Македонската Православна Црква.
Молејќи се смирено за другите, Македонската Православна Црква секогаш
ќе се потпира на молитвите, благословот и врз помошта на постарите
свети сестрински и помесни православни Цркви.
|
|
|
|
|
|
efendija
Сениор
Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 16:11 |
Поуките на "Св. Прохор ПЧињски"
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ
Со прославите на големите јубилеи и датуми, кои ги одредуваат меѓниците на нашата иднина, очигледно немаме среќа. Лани, на 100-годишнината од Илинденското востание, вратите на "Св. Прохор Пчињски" и беа затворени на македонската делегација, годинава ни се случи расколникот Јован во манастирот да го пречека првиот човек на македонската држава. Со знаење или не на Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, на големиот ден се случи човекот кој работи на разградување на македонската православна црква, по која ние Македонците се препознаваме и се идентификуваме, која е еден и од клучните фактори во нашето минато и нашето самопрепознавање, се најде таму за да му фрли дамка на празникот.
Тоа што се случи во "Св. Прохор Пчињски" беше многу непријатно за секој Македонец, кој на овој 2 Август се најде во манастирот. Македонските новинари беа вџашени кога заедно со двајцата српски владици, Иринеј и Пахомие, што го придружуваа српскиот премиер Воислав Коштуница, го забележаа и расколникот Јован како слегува кон новоизградената капела, каде што беше поставена старата плоча на АСНОМ и каде што требаше да се сретнат двете делегации. Знаеја дека првиот човек на македонската држава не ќе може да избегне да не се поздрави со човекот кој преку Црквата работи на разградување на таа иста држава и на македонскиот национален идентитет. И навистина се случи тоа, и Црвенковски и Јордановски и Бучковски, поздравувајќи се со домаќините, мораа да му подадат рака и на расколникот од својата Црква.
По скандалот, нормално, секој ќе ги постави неизбежните прашања. Дали мораше на 2 Август, на нашиот најсвет ден, да ни се случи расколникот Јован? Дали луѓето што ја договарале посетата знаеле и се согласиле за цело време додека македонскиот претседател престојуваше во манастирот над него и над празникот да виси сенката на човекот што е една од најнепосакуваните личности во Македонија. Дали тоа била една од отстапките спрема СПЦ за таа да дозволи македонската делгација да положи венец на местото каде што е одржано Првото заседание на АСНОМ? Или пак, можеби, тоа е уште една од низата провокации на српските владиците?
Ако навистина Црвенковски знаел дека во манастирот ќе го пречека таканаречениот српски егзарх во Македонија и со тоа се согласил, навистина е платена многу висока цена за да се најде на 2 Август во "Св. Прохор Пчињски". За да се реши секој меѓудржавен проблем се прават разни компромиси, се договараат отстапки, но во никој случај не може да се направи отстапка со нешто кое длабоко навлегува во достоинството на сопствената држава и Црква. Има работи со кои не може да се прави компромис, постои линија преку која не може да се помине, а тоа е достоинството на сопствениот народ и држава. Ако таа била цената што е платена, македонска врвна делегација да положи венец крај манастирот, таа е многу, многу висока.
Најверојатно е дека не постоел никаков договор Зоран Вранишкоски да ја пречека македонската делегација, зашто од неговата појава беше изненаден и самиот Црвенковски, а и луѓето што го придружуваа. Меѓутоа, тие што ја подготвувале посетата требало да претпостават дека тоа може да се случи и македонската делегација да се најде во таква непријатна ситуација. Бидејќи Вранишковски и минатата година беше во "Св. Прохор Пчињски" и на 2 Август имаше богослужба во црквата на манастирот. Во тој случај, требало да се направи сў да не дојде до инцидентот кој фрли сенка и на прославата и на средбата на македонскиот претседател со српскиот премиер.
Српските црковни великодостоинственици на "Прохор Пчињски" очигледно покажаа две лица: од една страна, пратеникот на поглаварот на СПЦ, митрополитот бачки Иринеј, испрати топли поздрави до македонскиот народ по повод Илинден, со желба идните прослави во манастирот да се одблежуваат во духот на братска љубов и разбирање, без поранешните недоразбирања, а од друга страна, на македонската делегација и го подметна расколникот Јован, со што знаеле дека ќе дојде до скандал. И уште нешто, со тоа што дозволија да се врати првобитната плоча на АСНОМ, сигурно направија гест на добра волја. Но, таа не е поставена таму каде што беше и каде што и е местото, на објектот каде што се одржало заседанието, туку надвор од манастирот во една капеличка подигната последните неколку дена, од која сў уште испаруваше влажниот бетон. Секој Македонец кога ќе дојде да го посети "Прохор Пчињски" за да им оддаде почит на луѓето што ја создавале македонската држава не ќе може да го избегне чуството дека српските владици, сепак, Македонија ја протерале од "Прохор Пчињски", со самиот факт што плочата ја поставиле надвор од манастирот. Сигурно во светот секоја црква би се гордеела ако во нејзино светилиште била создадена една држава и тоа би го истакнувала како голем настан, но тоа, очигледно, не може да го разбере сегашниот врв на СПЦ.
Сепак, посетата на македонскиот претседател на "Св. Прохор Пчињски" не треба да се мери само со тоа зошто се поздравил со расколникот Јован. Многу позначајно е тоа што тој се виде со српскиот премиер таму каде што се одржал АСНОМ. Воислав Коштуница дојде и во Пелинце за да ги почести домаќините со своето присуство. Црвенковски се сретна и со двајца српски владици, нешто што можеби и ќе помогне во разрешување на црковниот спор што долго време ги оптоварува односите на двете држави.
И по сето ова што се случи во "Св. Прохор Пчињски" со расколникот Јован, нормално е да се очекува опозицијата да започне да удира по сите барабани и да вика на сиот глас: "Тоа е големо предавство на Македонија", манифестирајќи некаков патриотизам. Меѓутоа, тие исти патриоти, кои секој ден се колнат во Македонија, кои организираат митинзи и протести по улици за да ја спасат, наводно, од распарчување, никој не ги забележа на прославите на големиот ден кога е создавана македонската држава. На 2 Август Пелинце беше полупразно, а Мечкин Камен уште попразен. Разбирливо е што на народот му е преку глава од политики и од прослави, па оди таму каде што најдобро се чувствува, далеку од политичарите и од нивните говоранции, но не е разбирливо зошто тие кои живеат од неговите пари, кои секојдневно се удираат в гради за Македонија, глумејќи загрижени патриоти и големи бранители на земјава, не изглумија уште еднаш и не отидоа до местата каде што крвавеле нивните предци за да им оддадат почит на тие што ја создаваа македонската држава.
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|
efendija
Сениор
Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 16:10 |
ПРАВОСЛАВНА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
До
Претседателот на Комисијата
за односи со верските заедници во Р.М.
Скопје
Протокол бр. 24 од 24.01.2004
Предмет: Барање за мислење за регистрирање на Православната Охридска Архиепископија
Почитуван г-дине Мојановски,
Задолжени со одлука бр. 16/2004 од Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија, како претседател на истиот, имаме чест да Ве известиме дека на 25/12 декември 2003г. се одржа конститутивната седница на САС на Православната Охридска Архиепископија која во рангот на автономните Цркви, како на пример: Финската, Естонската или Украинската, призната е од сите православни Цркви во светот. Значи, канонската јерархија на Православната Охридска Архиепископија, има литургиско и канонско единство со сите православни Цркви и призната е како дел од Едната Света Соборна и Апостолска Црква.
Таа е епископална Црква, како што се сите православни Цркви, а тоа значи дека ја има следнава структура: епископ, свештеник, ѓакон и народ Божји. За една помесна Црква да биде призната како автономна, потребно е да биде исполнет условот во својот Синод да има најмалку три епископи. Со конституирањето на Светиот Архијерејски Синод и тој услов е исполнет, па од 25 декември 2003г., Православната Охридска архиепископија функционира како автономна Црква. Епископатот е домороден, сите тројца се државјани на Р. Македонија.
Ова го нагласуваме бидејќи во неколку Ваши последни изјави, претпоставуваме заради политичка потреба, сосем неаргументирано, паушално и неспоиво со вашата академска титула, говорите и пишувате за опасноста од српскиот хегемонизам кој го ширела Српската Православна Црква. И покрај тоа што сте малку постара генерација која малку потешко се снаоѓа во информатичкото општество, сепак, заради позицијата на која сте, треба да биде информирани дека сите видови на националромантизми и националистички пропаганци веќе се демодирани. Никој во светот повеќе не сака да владее со територии, туку да владее со економијата. Но, затоа што од Вашите изјави се гледа дека тоа не Ви е многу јасно, потенцираме дека сиот епископат во Православната Охридска Архиепископија е со државјанство на Р. Макдонија и по потекло се Македонци.
Сакаме да веруваме дека не наседнувате на малограѓанските комбинаторики за тоа кои биле предавници, а кои биле патриоти од граѓаните на Р. Македонија, иако од Вашите изјави тоа баш и не се заклучува, освен ако се протолкува низ аспектот на дневнополитичките потреби на институцијата која Ве поставила.
Ви го пишуваме ова затоа што ставајќи се во одбрана на една религиозна заедница, во случајов расколничкиот епископат која себе си се нарекува Синод на МПЦ, Вие ги наврдувате религиозните чувства на оние кои не сакаат тој епископат да го прифатат за свој епископат и не сакаат нив да ги следат во крајната изолација и ерес во кои ги водат. Посматрајќи ги Вашите изјави, човек ќе помисли дека сте во едно крајно замешателство. Иако стоите на едно одговорно место каде пристигаат сите информации за природата и делувањето на верските заедници, Вие сеуште не сте сватиле дека расколот е суштинска потреба на некои епископи кои седат во т.н. Синод на МПЦ. Тие преку расколот ги штитат сопствените интереси, и второ сопствените канонски пречки да носат црковен чин. Не сакаме да веруваме дека Ве врбувале да бидете нивни адвокати.
Впрочем, Вие имате право да имате симпатии кон овој или оној, па дури и да го помагате расколничкиот Синод, но заради позицијата на која сте, да не го правите тоа на штета на другите граѓани кои имаат поинакви верски убедувања од Вашите. Иако, нека ни биде дозволено да ви речеме дека не сме многу убедени оти правите разлика што е тоа Црква, што е раскол, што е ерес, а што секта. Црква постои кога постои погореопишанта структура, но која е призната од другите Цркви во светот. Во колку не е призната, таквата структура е или раскол, или ерес. Меѓутоа, во случајов, во раскол кој постепено преминува во ерес е само високата јерархија на т.н. МПЦ. Не е во раскол народот, односно верниците, кои можат да се причестат со телото и крвта Христови и во храмовите и манастирите на Православната Охридска Архиепископија, и во било која друга Православна Црква во светот. Не може тоа да го прават само т.н. епископи на расколничкиот Синод, кои било каде и да отидат во други православни Цркви, нема да им се признае чинот кој го носат.
Значи Вие, а бидејќи Вие сте орган на Владата, тоа значи и Владата на Р.М., застанува во одбрана на седум непризнати епископи и ги штитит нивните интереси. Тоа не се интереси на МПЦ, бидејќи вистинската Македонска Православна Црква е Православната Охридската Архиепископија. Таа е легитимна Црква, призната од сите други Цркви во светот, па кој сака да биде православен нека повели, вратите се отворени, а кој сака да биде расколник нека оди со расколничкиот Синод. Православната Охридска Архиепископија нема ништо против државата да ги води во својот регистар расколниците како што води на својот список и многу секти, но има против во колку државниот апарат го оневозможува нејзиното духовно и пастирско делување на просторите на Р. Македонија.
Сево ова го велиме во контекст на најавуваните законски промени за делувањето на верските заедници. Веруваме дека на Вашата Ученост, не и е непознато дека Р. Македонија е потписник на меѓународните конвенции со кои се загарантирани верските права на граѓаните. Р. Македонија, како кандидат за Европската Унија не треба, а според нас и не смее да покаже дека е земја од типот на Сауди Арабија во која нема никакви верски права, иако до денес токму тоа го прави. Ние сè до денес го трпиме понижувањето и малтретирањето токму од државниот апарат во чија служба сте и Вие г-дине Мојановски. Но, бидејќи како епископ на Црквата Божја наследници сме на апостолското предание и поддржувачи на нивниот живот, го трпиме тоа со благодатта која Господ неизмерно ја излева, како некогаш на славните апостоли: Петар, Павле и останатите кои не го жалеа својот живот да го дадат за Христос кој е „пат вистина и живот”. Дури и Ви благодариме за тоа, бидејќи со сите гонења, малтретирања и понижувања кои ги презедоа „институциите на системот”, а кои нашата смиреност ги претрпи со силата Божја, ги направивте посилни оние кои се околу нас, ги привлековте монасите поодлучно да ни пристапат. Зашто, одамна е речено: „Крвта на мачениците е семе за нови христијани”. Додуша, Вие сеуште немате пролеано крв, меѓутоа правите крајно нецивилизирани малтретирања, упаѓајќи и вршејќи претрес по приватните станови на верниците, не регистрирајѓи им фирми и граѓански здруженија на оние кои се под сомнение дека се припадници на Православната Охридска Архиепископија и јавно застанувајќи на страна на еден расколнички Синод го унижувате и угледот на православието на овие ранохристијански територии, но и угледот на државата пред меѓународните институции кои ги следат човековите права.
Не е наше да Ве предупредуваме дека имате грешна политичка проценка. Овој народ кој мислите дека сега Ве подржува, утре, кога ќе ја дознае вистината ќе Ве проколнува. Заради ембаргото за јавен настап во средствата за информирање, народот не е неинформиран за природата на проблемот врзан околу Православната Охридска Архиепископија. Но, нема да ни биде непријатно за тоа да Ве обвиниме и Вас, кој во сојуз со претствниците на расколничкиот Синод на МПЦ излегувате на јавен настап, понижувајќи ги и навредувајќи ги верниците на Православната Охридската Архиепископија без да побарате во тој јавен настап да земе учество и нејзин претставник. Не само затоа што тоа не е демократски, по однос на верските права и слободи во Р. Македонија нема ништо дури и од она „Д”, туку затоа што тоа е малограѓански, да седиш со некого и да оговараш друг кој не е во твое присуство.
На крај, она за што во суштина го упатуваме ова писмо до Вас. Бараме во најкраток можен рок да нè информирате, дали Комисијата за односи со верските заедници во Р. Македонија има потреба да го регистрира во регистрарот на верските заедници постоењето на Православната Охридската Архиепископија? Веруваме дека познато Ви е оти тоа име е постаро од македонската држава. Дека во сите цивилизирани држави, една Црква која по својот континуитет е постара од државата, само се прифаќа од истата, без да има потреба да се поднесува барање за регистрација на истата. Меѓутоа, бидејќи иако како држава сме уште многу далеку и од демократија, па дури и од цивилизација, ако се суди според верските права и слободи кои ги имаат верниците на Православната Охридска Архиепископија, го поднесуваме ова барање за да ни дадете мислење, дали имате потреба да ја регистрирате Православната Охридска Архиепископија во регистарот на верските заедници?
Таа суштински постои, го има неопходниот број на членови кои би ги дале своите потписи за евентуална регистрација, со тоа што наместо неоходниот број од 50 лица, пропишан со Законот за верските заедници и религиозни групи, ние наредниот ден после добивањето на известувањето од Вас, ќе ви доставиме 500 потписи на наши членови, а за неколку дена и 5000, ако Ви се потребни. Ова Ви го пишуваме само за да не ја занемарите и политичката сила на членовите на Православната Охридска Архиепископија, бидејќи веќе погоре Ви рековме дека имате грешна проценка при фаќањето на страна. Но, тоа и не е важно, Вие сте должни само да го следите правниот аспект по однос на ова наше барање, а за другото потоа. Секако со длабока одговорност, за која веруваме дека ќе ја имате особено сега кога Р. Македонија треба да замоли за прием во Европската Унија.
За да не се одолговлечи одговорот на ова барање, под изговор дека не одговарате затоа што нема во судот регистрирано субјект со име Православна Охридска Архиепископија, оставаме можност да ни одговорите како на приватно лице кое го упатило горното барање и тоа на адреса:
Јован Вранишкоски
ул. Кочанска бр. 2/23
Битола 7000
Христос се роди!
Претседател на Светиот Архијерејски Синод
М И Т Р О П О Л И Т
+Јован велески и повардарски и егзарх охридски
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|
Pustinski-Lav
Сениор
Регистриран: 31.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 534
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 16:07 |
aladin напиша:
taka be efendi.......uci malku........ajde da razgovasrame i za ovaa tema.....nie ne se plasime.......slobodno ti davam poddrska za ovaa tema ......
| Podobro ti da uces mnogu. I neznam sto se pikas vo Hristijanstvoto. ce vidime kako ce reagiras za evreite koga ce ti bunam edna tema. Samo neka zeme ubav tek ovaa tema, ne sakam da mu se mesam na bratot efendija.
|
NEMOZETE DA GO NAUCITE NA DRUGI SO NISTO; MOZE SAMO DA MU POMOGNETE SOZNANIETO DA GO SPOZNAE VO SEBE
|
|
efendija
Сениор
Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 16:07 |
Ристо, не сакам да се играм са тоа трон. Ја сам егзарх трона и пази што ке зборуваш! (Хепи брздеј)
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|
efendija
Сениор
Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 16:05 |
Intervju za Politika
so Arhiepiskopot Ohridski i Makedosnski g.g. Stefan
1. Va{e Bla`enstvo, koi se kanonskite osnovi vrz koi se temeli avtokefalnosta na Makedonskata pravoslavna crkva?
Pravoslavnata Crkva e edna, sveta, soborna i apostolska. Nejzinata podelba na samostojni crkvi, avtokefalni ili avtonomni, ne mu protivre~i na edinstvoto na Crkvata, za{to, kako veli poznatiot kanonist Valsamon - "site crkvi Bo`ji se smetaat za edno telo", odnosno deka site pomesni crkvi se soedinuvaat vo Crkvata, ~ija glava e Hristos.
Vo prvite hristijanski vremiwa, sekoj grad ili provincija, koi imale episkop, bile na nekoj na~in samostojni crkvi. No duri podocna, od pettiot vek pa navamu, nekoi se imenuvaat kako avtokefalni, odnosno za crkvi koi {to imaat episkop kako svoja glava, so suverena i nezavisna vlast. Mo`no li e da ima Ruska crkva, bez voljata na ruskiot narod, ruskata erarhija i ruskata dr`ava? Taka e i so Srpskata, i so Bugarskata, i so Romanskata i so site pomesni pravoslavni crkvi! No, obi~no crkovnata ja sledi dr`avnata samostojnost. Taka bilo, eve, i so Ohridskata, taka i so Pe}kata Arhiepiskopija. ]e mo`e{e li taka lesno i sveti Sava vo 1219 da ja osamostoi crkvata, ako ja nemalo toga{nata srpska dr`ava, ili pak da ja obedini patrijarhot Dimitrij vo 1920 godina? Vpro~em, site samostojni crkvi se potpiraat vrz istite kanoni i vrz praktikata, odnosno tradicijata vo Pravoslavnata Crkva! Toga{, ako mo`ea da se vozobnovat ili organiziraat vrz istite kanoni i vrz istiot princip i Srpskata, i Bugarskata i Gr~kata, a pred nekolku godini i Albanskata, zo{to da ne mo`e i MPC? Taa ni{to ne bara pove}e od ona {to, vsu{nost, go imala kako avtokefalna crkva i od ona {to drugite go barale koga bile vo sli~na situacija.
2. Se tvrdi deka Makedonskata pravoslavna crkva e "komuwarski" proizvod i deka se vrzuva za "minlivi kategorii kako {to se nacija, dr`ava". Koi se argumentite koi govorat vo prilog na avtokefalniot duhoven i kanonski razvoj na MPC i nejzinoto pravno nasledstvo na drevnata Svetiklimentova crkva i na Ohridskata arhiepiskopija?
MPC ne e nov proizvod, tuku taa pretstavuva `iva vrska i aktivno prodol`enie na slavnata Ohridska Arhiepiskopija. Ovde, vo Makedonija, vo 1959 godina, a potoa vo 1967 god. ne se sozdade nova crkva, tuku se vozobnovi i za`ivea Svetiklimentovata crkva, ili, ako sakate, i Svetipavlovata crkva vo Makedonija. Toa zna~i deka vo Makedonija, hristijanstvoto i Crkvata Hristova e so apostolsko poteklo i so avtokefalno dostoinstvo. Taa vo vremeto na car Samoil bila izdignata i na stepen na Patrijar{ija, no so propa|aweto na negovoto carstvo, taa ne bila ukinata, tuku bila na rang na arhiepiskopija. Podocna, otkako se sozdale novi dr`avni sostojbi i crkovno-duhoven razvoj na severnite nejzini eparhii, pod rakovodstvo na srpskite knezovi od rodot na Nemawa, od Ohrid se oddelila Pe}skata Arhiepiskopija. Sveti Sava, prekr{uvaj}i go praviloto da pobara odvojuvawe od majkata crkva Ohridskata Arhiepiskopija, oti{ol vo Nikeja, kade {to toga{ se nao|al progonetiot Carigradski patrijarh i od nego pobaral tomos za priznavawe. Toa, Arhiepiskopot i Sinodot na Ohridskata Arhiepiskopija ne go premol~ile, tuku uka`ale deka se prekr{eni kanonskite postapki i deka e zaobikolena majkata crkva, pa zatoa Ohridskiot Arhiepiskop Dimitrij Homatijan go prekinal kanonskoto edinstvo so Pe}skata Arhiepiskopija i ne ja priznal nejzinata avtokefalnost. No, po izvesen period, sporot bil nadminat i Ohrid zapo~nal kanonsko i liturgisko op{tewe i zaedni~arewe so Pe}skata Arhiepiskopija.
Zatoa, ona {to nekoga{ go napravil Ohrid i na{ava za Srpskata crkva, projavuvaj}i qubov i razbirawe za svoite bra}a i sosedi, toa denes ne saka da go napravi SPC za nas, so {to bi ni vratila za dobroto so dobro. Ta od kade sega i vo eden vakov istoriski i realen kontekst na{ata MPC e komunisti~ki proizvod? Samo ~ovek koj {to ne gleda so crkovni o~i i so o~ite na vistinata mo`e slepo da se dr`i za nevistini i nemo`ni raboti! Zarem komunistite, koi se borea protiv crkvata - sozdadoa crkva?! Zarem nevernicite vo eden bezbo`ni~ki period posakuvaa vera?! Zarem ne gi zatvoraa crkvite i manastirite, proglasuvaj}i gi za kulturno nasledstvo i duhovno mrtvi muzei?! Zarem ne pla}avme vleznici mesto da palime sve}i vo makedonskite manastiri?! A i sve{tenici stanaa zarobenici, koi so godini ostanaa v zatvor, a nekoi tamu ma~eni~ki po~inaa... Seto ova go do`ivuvavme kako proizvod na toa antibo`e~ko vreme, a ne kako vreme na crkvoqubie. Pa, ne e damne{no toa vreme za da se zaboravat ovie vistini, za koi dobro znaat i bra}ata Srbi i Crnogorci, i site onie koi{to zlonamerno i zajadlivo ja etiketiraat na{ata sveta Crkva. Naprotiv, MPC e crkva ma~eni~ka a, eve, prodol`uvaat nejzinite stradawa i od onie koi se isti i spored verata i spored kanonite.
Od trite crkovni centri na Balkanot: Ohrid, Trnovo i Pe}, proizlegoa sovremenite tri avtokefalni crkvi - od Trnovo i Trnovskata Patrijar{ija ja imame Bugarskata crkva; od Pe} i Pe}skata arhiepiskopija e Srpskata crkva, a od Ohrid i Ohridskata arhiepiskopija e Makedonskata crkva. Mnogu jasno, mnogu to~no, istoriski potvrdeno e ova pravilno nasledstvo, bidej}i sekoja od ovie tri drevni crkvi be{e duhovno vrzana za svojot narod: Trnovskata za bugarskiot, Pe}skata za srpskiot, a Ohridskata za makedonskiot narod. Niz istorijata se menuvale arhiepiskopi i patrijarsi vo site tri centri, pa doa|ale i nesrbi na srpskiot patrijar{iski prestol i nebugarski na trnovskiot ili nemakedonski na ohridskiot, ama narodot ostanuval ist! Toj narod - taa pastva e na{eto duhovno bogatstvo i pravno nasledstvo na drevnata Svetiklimentova ohridska crkva. Sve{tenoslu`itelite dojdenci, koga im stanuvalo te{ko si zaminuvale od Makedonija, pa doa|ale dru|i tu|inci, no narodot ostanuval. Tie si odele, kako {to se veli vo svetoto Evangelie, bidej}i stadoto ne bilo nivno...
3. Koi se pri~inite za negatorskiot stav na SPC sprema MPC i {to vo toj kontekst zna~i Ni{kata nacrt-spogodba?
MPC e prirodno prodol`enie na Ohridskata arhiepiskopija, koja bila avtokefalna vo celiot period na svoeto postoewe, do nekanonskoto ukinuvawe od sultanot, vo 1767 godina. Edna godina pred toa, istiot sultan ja ukinal i Pe}skata arhiepiskopija, a mnogu porano i Trnovskata. Zna~i, posledna bila ukinata Ohridskata arhiepiskopija. Taa, pak, i posledna se vozobnovi! Imeno, kako {to se osloboduvale balkanskite narodi od ropstvo i sozdavale svoi dr`avi, taka i vo ramkite na tie dr`avi gi vozobnovuvale drevnite arhiepiskopii, koi prodol`ile da `iveat kako posebni avtokefalni pomesni crkvi. Taka napravile i Srbite, i Bugarite, pa najposle i nie Makedoncite. Duri i Albancite, kako i Grcite i Romancite, na toj na~in, po osloboduvaweto na dr`avite, formirale svoi pomesni pravoslavni crkvi. Nie sme posledni vo taa postapka pri vozobnovuvaweto na svojata drevna crkva, zatoa {to, od poznati pri~ini, makedonskiot narod posleden od balkanskite narodi se zdobi so svoja posebnost: i dr`avna, i jazi~na, i kulturna, pa i crkovna. Nie, vozobnovuvaj}i ja Ohridskata arhiepiskopija kako MPC, ne izmislivme ni{to novo tuku samo go sledevme primerot na na{ite sosedi, koi{to sega ne n# priznavaat. Tie istoto go napravija pred nas, spored istite kanoni, soodvetno na novosozdadenite dr`avni uslovi. Seto toa va`e{e i be{e dobro i ispravno koga go pravea za sebesi, a sega koga e za nas - ne va`i! Tie mo`ele toa da go baraat za sebe, a nam ni zabele`uvaat! Zatoa te{ko se nao|aat vistinski pri~ini za nivniot negatorski stav kon MPC. Pri~ini nema! Kanonite se zapazeni! Crkvata postoela i ovoj narod kako {to ja qubel svojata Ohridska arhiepiskopija ja saka i MPC, $ se raduva na nea i ja po~ituva. Zatoa i sega ja brani i ja ~uva!
Ni{kiot nacrt tekst pretstavuva rabotna verzija od dokumentot na koj se rabotelo od komisiite na dvete crkvi. Toj raboten dokument i go nosi epitetot “nacrt” - koj {to nema obvrzuva~ki karakter, bidej}i e proizvod samo na edna faza od razgovorite me|u komisiite. Za da bide so va`nost dokument od takov karakter treba da bide usvoen od Sinodot ili Soborot, a toa ne se slu~i. Toj nacrt tekst Svetiot arhierejski sinod na MPC ne go prifati i za na{ata crkva istiot ostana bez pravno dejstvo. So nego, MPC, se vra}a{e na poziciite od 1959 godina, koga e vozobnovena Ohridskata arhiepiskopija. Vo taa 1959 godina Svetiot arhierejski sobor na SPC donese odluka so koja ja prizna MPC so nejzinoto ime: Makedonska pravoslavna crkva, kako vozobnovena Ohridska arhiepiskopija, koja deluva na teritorijata na toga{nata “Narodna Republika Makedonija, kako samostojna crkva, koja }e se rakovodi so sopstven Ustav i Sinod, ta Ustavot na SPC pove}e ne va`i za MPC i nejzinata erarhija”. Seto ova {to toga{ go dala SPC e i pove}e od avtonomija, bidej}i go upotrebila terminot “samostojna”, a ne avtonomna, a ovoj izraz vo crkovnoto pravo soodvetstvuva na avtokefalna. Ako toa toga{ sme go dobile pred 45 godini, zo{to sega SPC treba da ni go dava istoto, duri i pomalku od toa, formulirano kako nekakva "naj{iroka avtonomija" - termin {to ne postoi vo niedno crkovno pravo i nema kanonska osnova. Nie, nivnata “naj{iroka avtonomija” vedna{ baravme da se zameni so “najtesna avtokefalija”.
Inaku, celi 45 godini, od 1958 do sega, SPC, i oficijalno i neoficijalo, i pismeno i usno, na{ata crkva ja imenuva{e Makedonska pravoslavna crkva, a denes saka da go negira toa ime.
4. Kako gledate na idninata na odnosite me|u MPC i SPC?
Najiskreno - sakam idninata da ja napravime podobra od minatoto i od sega{nosta! Samo taka }e se posvedo~ime kako vistinski duhovnici i Hristovi sledbenici. Sakam da gledame so Hristovite evangelski gledawa i da se rakovodime spored Negovata zapoved za qubovta. Kako }e Go sakame Boga, ako ne se sakame me|u sebe. Sveti apostol Jovan ja upatil slednava poraka: “... da se sakame eden so drug, oti qubovta e od Boga, i sekoj, koj saka, e roden od Boga i Go poznava Boga; koj ne saka, toj ne Go poznal Boga, oti Bog e qubov... Ako nekoj re~e, Go sakam Boga, a go mrazi svojot brat, la`ec e: oti, koj ne go saka svojot brat kogo go videl, kako mo`e da Go saka Boga kogo ne Go videl? I taa zapoved ja imame od Nego: koj Go saka Boga, da go saka i bratot svoj” (1Jovan 4,7-8 i 20-21).
Dokolku imame vistinska qubov Hristova, toga{ e vistinska i na{ata vera i }e najdeme vistinsko re{enie. Nema problem koj{to ne mo`e da go re{i qubovta! Po s# izgleda taa ovde otsustvuva i zatoa mesto primer na qubov i razbirawe kako pravoslavni crkvi, sosedi i bra}a, postanavme prezir za svetot! Mislam deka e stasano do dnoto na zloto i ima potreba od duhovno budewe i so evangelska qubov prio|awe na sporot! - [to }e izgubi SPC, a i ostanatite pomesni pravoslavni crkvi, ako imaat so sebe u{te edna vistinska sestra - avtokefalnata Makedonska pravoslavna crkva, koja `ivee i deluva, koja de facto i postoi, a de jure administrativno se osporuva?!
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|
efendija
Сениор
Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 16:03 |
Недолично, иако е од владици
Пишува:Емил Зафировски
Наместо да ги решава горливите проблеми што натежнале врз Македонската православна црква, црковниот врв деновиве се занимава со политикантство, кое не му служи никому освен на нечии лични интереси и на суетите на некои великодостојници. Како инаку да се протолкува жестоката реакција на владиката Тимотеј, митрополит на Кичевско – дебарската епархија, за идејата за време на празникот Богојавление - Водици на брегот на Охридско Езеро да богослужи архиепископот г. г. Стефан?
Станува збор за иницијатива на здружението „Богојавление“, кое смета дека Охрид треба да биде централно место каде што во иднина ќе се одржува главната манифестација по повод големиот верски празник. Здружението бара на празникот во Охрид да богослужи поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.
Што е тука толку лошо и неканонско за да реагира толку бурно владиката Тимотеј? Зарем навистина е нецрковно доколку архиепископот Охридски и македонски служи во градот, кој претставува колевка на Македонската православна црква?
Владиката Тимотеј се истрча да каже дека Охрид и Езерото биле дел од неговата епархија, небаре од Бога му е дадена за да може да му го забрани пристапот на поглаварот на МПЦ.
Се добива впечаток дека тука некој заборавил оти црквата е институција што треба да обединува и да им служи на верниците. Таа не е акционерско друштво поделено на парцели (во случајов епархии) и во сопственост на владиците. Приватни своини не се ниту крстот ниту празникот, а уште помалку езерските води.
Реакцијата на владиката Тимотеј, меѓутоа, наменува неколку прашања. Дали и од кого тој ги чува крстот, езерото и празникот Богојавление – Водици? И зарем е достојно највисокото свештенство со денови да се препукува во медиумите за вакви бесмислени прашања?
Македонската православна црква се соочува со многу посериозни проблеми. Недолично е кога членови на Синодот на МПЦ се расправаат, како мали деца за тоа кој ќе го фрла крстот и кој ќе богослужи на денот на големиот празник.
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|
aladin
Сениор
Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 15:17 |
taka be efendi.......uci malku........ajde da razgovasrame i za ovaa tema.....nie ne se plasime.......slobodno ti davam poddrska za ovaa tema ......
|
|
Templarka
Нов член
Регистриран: 06.Април.2008
Локација: Israel
Статус: Офлајн
Поени: 31
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 15:16 |
efendija напиша:
Ме интересира на оваа тема да продискутираме за некои внатрешни несогласувања во Христијанството.Имено,во Христијанството постојат огромен број на правци и фракции кои секоја за себе вели дека е НАЈИСПРАВНАТА и најдоследната на Христовото Учење,а другата ја омаловажува и дискредитира како таква.
Како пример ќе го посочам постоењето на следниве деноминации во рамките на Христијанството:
-Православни
-Католици
-Римо Католици
-Протестанти
-Јеховини Сведоци итн...
Се надевам дека ќе имаме плодна дискусија без меѓусебни препукувања. |
Samiot sebe se porekuvas bas ovaa ne se nesoglasuvanja tuku sloboden izbor koj nasata vera ni go dava za da veruvame vo onaa sto nie go smetame vredno ne vrzuvajci ne vo stegi i ne naveduvajci ne na edno ucenje i ne postavuvajci ni striktni pravila po koi site mora da se vodime i na kraj site sme pak hristijani.Znaci podelbata e rezultat na pravo na izbor a ne na nesoglasuvanja, a i ako ima nekoi nesoglasuvanja site se soglasuvame vo edno deka sme hristijani taka da efendija nema zbor za nesoglasuvanje ima samo pravo na izbor.
|
There is no soundness in my flesh because of thine anger; neither is there any rest in my bones because of my sin.
|
|
efendija
Сениор
Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 15:14 |
Во рамките на христијанството постојат разни групи со разни верувања кои прилично се разликуваат од култура до култура и од место до место. Од времето на реформацијата, Христијанството се дели на три главни гранки:
Католицизам: Римокатоличката црква, најголемата од сите — во која се вбројуваат неколку Источно Католички заедници — како и помали заедници (како на пр. Старокатолици), со повеќе од една милијарда крстени членови.
Источно Христијанство: Источно Православни цркви, Асирската црква и Православните цркви, со вкупно членство од 240 милиони крстени членови.
Протестантство: Разни називи и групи како Англиканци, Лутеранци, Реформисти, Евангелисти, Харизматици, Презвитеријанци, Баптисти, Методисти, Анабаптисти и Пентекостици. Најстарата од овие групи се одвоила од Римокатоличката црква во 16-тиот век со Протестантската Реформација. Подоцнежните групи се оформиле како одвојувања од постарите. Некои протестанти едноставно се декларираат како христијани или преродени христијани. Други, особено во англиканизмот и неолутеранизмот, се декларираат како „и католици и протестанти“. Вкупно во светот ги има 500 милиони.
Други цркви кои се самонарекуваат „христијански“, но се оддалечуваат од горенаведената класификација бројат 275 милиони членови. Овие се афричките домородечки цркви со 110 милиони членови (проценките прилично варираат), Мормони) со повеќе од 12 милиони членови, Јеховини Сведоци со 6.6 милиони членови и други групи. Основоположниците на овие групи сите првобитно биле протестанти.
Овие генерални поделби не подразбираат едногласност. Напротив, некои гранки се соочуваат со огромни внатрешни несогласувања, додека во други случаи постојат симпатии помеѓу две различни групи. И покрај тоа, ова е стандарден преглед на разликите, особено како што западниот свет ги гледа.
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|
KGB
Сениор
Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 349
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 15:13 |
Jehovini Svedoci se vistinskite hristijani se ostanato e pleva.
|
|
efendija
Сениор
Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2008 во 15:11 |
Ме интересира на оваа тема да продискутираме за некои внатрешни несогласувања во Христијанството.Имено,во Христијанството постојат огромен број на правци и фракции кои секоја за себе вели дека е НАЈИСПРАВНАТА и најдоследната на Христовото Учење,а другата ја омаловажува и дискредитира како таква.
Како пример ќе го посочам постоењето на следниве деноминации во рамките на Христијанството:
-Православни
-Католици
-Римо Католици
-Протестанти
-Јеховини Сведоци итн...
Се надевам дека ќе имаме плодна дискусија без меѓусебни препукувања.
|
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
|