|
ВЕРСКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 7071727374 86> |
Автор | ||||||||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
поентата ти е позната, не би сега за тоа!!!! собор може да се свика само меѓу православната и католичката црква ако за почеток се признае грешноста на папата! со секакви секти и еретици или ,,реформатори,, нема да се договара нити преговара се додека не се вратат на учењето на усточните отци од првите векови!!!! |
||||||||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
||||||||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
А која ти беше поентата ????? ти кажуваш за копање очи /???? прашај некој католик за редот на Језуитите па јасно ќе ти бите!!!! |
||||||||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
јас не коментирав дали си исправната струја на православието, оти за мене нема голема разлика кај и да си...
поентата ми беше сосема друга... Си ги ископавте очите со МПЦ, а тука не залажуваш со некакво единство! |
||||||||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ПОДОБРО СО ЕДНА НОГА ВО ПЕКОЛ НЕГО СО ДВЕТЕ ПОДОБРО СО РАСКОЛНИК НЕГО СО ЕРЕТИК И СЕКТАШ |
||||||||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
||||||||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ne kvari tema
barem ti taka me ubeduvas de
a i tvoeto.
|
||||||||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
абе C.B. ти со „расколникот“, и уште тука не убедуваш во ЕДНАТА света апостолска црква???
да не беше смешно, ќе плачев... најискрено... |
||||||||
C.B.
Сениор Регистриран: 12.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ПАСХАЛНА ПОРАКАдо чесното свештенство, преподобното монаштво и побожниот народ на нашата најсвештена АрхиепископијаЗракот од светлината на воскресението што незапирливо продира насекаде, посакуваме да ве осветли, и просветли сите вас, љубени чеда во воскреснатиот Христос. Оваа пасхална порака иако ви ја испраќаме од затвор, од место значи, што според сè потсетува на темнина, страв и несигурност, се молиме да ви донесе воскресенски блесок, бодрост, радост и сила. Не затоа што зборот што ќе го чуете од оваа порака сам по себе е моќен да преобразува. Дури и да беше испратен од многу поугледно место отколку што е тоа затворот, дури и да е напишан од многу поголем уметник на говорот отколку што е тоа нашата смиреност, без оглед значи на неговиот естетски и материјален облик, тој нема трајна вредност, и вистинска смисла ако истиот не е причасник на воскресението. Само оној логос кој и самиот е учесник во воскреснатиот Христос, само зборот значи, што учествува во вечниот Божји живот, може да ги просветли, да ги поттикне, да ги преобрази и да ги восоврши оние кон кои е упатен. Но, и тоа е неможно без вера. Без вера, зборот за воскресението е обесилен. Без вера, дури да сме на местото на стражарите кои го чуваа гробот Христов, дури и први да сме виделе дека после воскресението тој гроб е празен и го нема внатре веќе мртвото тело Господово, пак ќе останеме далеку од благовестието. Верата е одговорот на повикот Божји во нас. Бог нè повикува на личносен начин да го познаеме, да влеземе во трајна заедница со Него за да се осветиме и обожиме. Имајќи вера ние стануваме способни да го чуеме тој глас, и да му одговориме, да речеме: Амин, да речеме: Нека биде волјата Твоја Господи. Обратно, без вера ние сме глуви, и слепи, и целосно духовно бесчувствени. Ниту можеме да го чуеме повикот Божји, а уште помалку можеме да одговориме на тој повик. Затоа оваа порака е до верните, а да се покажеш верен нема друг начин освен да веруваш во Воскреснатиот, во Оној Кој ја сотре смртта заради нас, за ние, верните во Него да наследиме живот вечен, и живот во изобилие. Воскреснатиот е меѓник на епохите. Тој го подели времето, цивилизацијата и постоењето на време до Него, цивилизација до Него, постоење до Него, и време од Него, цивилизација од Него, постоење од Него. Тоа го направи затоа што донесе нешто ново под сонцето, нешто што не само човекот, туку ниту Ангелите, ниту ѓаволите до тогаш не го виделе. А тоа е воскресението. Истото воскресение кое и денес го славиме зашто Христос воскресна еднаш за секогаш, и ние денес, после многу векови од историското Негово воскресение учествуваме токму во истиот настан, настан преку кој вечноста продре во времето и преку кој времето стана вечност. Животот, без вера во воскресението е крајно обесмислен. Најчесто таквиот живот е исполнет со лутања и барања, со незадоволство од понуденото и потрага по нешто посуштинско. Но, ако се открие дека нема ништо посуштинско од вечниот живот, ако човек се увери дека било која животна цел која би ја одбрал е минлива, а вредно е само она што ќе го помине судот на вечноста, тогаш нема животот да се троши несмасно и неодговорно. Добиваме живот од Бога не за да го истрошиме необновливо и неповратно, туку за да се прилагодиме на вечноста, за да се извежбаме во совршенството. А, почетокот, но и крајот, алфа, но и омега секогаш е воскреснатиот Христос. Верата дека Тој воскресна од мртвите, дека ја сотре смртта и дека ни ја отвори вратата на Царството Небесно, всушност е блажениот почеток без кој сè друго би било промашување. Остварувањето пак, на нашето воскресение кое е производ на заедницата што за време на животот ќе ја воспоставиме со Воскреснатиот, е крајот. Но, и на почетокот, и на крајот образецот е Богочовекот Кој воскресна од мртвите. Ако тој образец стане образец на нашиот живот, ако светлината на воскресението која излезе од гробот Христов ја осветлува нашата секојдневица, тогаш нема несреќа што може да нè доведе до очај, нема затвор што духовно ќе нè пороби, нема болест што ќе нè погуби. Насочувајќи го животот кон заедница со Воскреснатиот, секоја замка и секое искушение станува совладливо, секое затворање и телесно ропство издржливо, секоја болест и страдање стануваат работилница за вечноста. Затоа, возљубени во Господа, „ведрата проповед за воскресението“ денес да ја научиме како што Господовите ученички ја научија од Ангелите, и да се пофалиме пред светот, као што тие им се пофалија на Апостолите. На благочестивиот не му приличи да се фали со ништо друго, освен со воскресението и Воскреснатиот. Така и ние да се пофалиме, покрај со нашите слабости како што тоа го правеше Апостолот, и со воскресението Христово. Единствено тоа е излез од сите безизлези со кои сме опкружени, единствено тоа е смисла во сите бесмисли со кои сме оградени, единствено тоа е радост во сите очајанија кои нè притеснуваат. Христос воскресна за да се надминат сите поделби, воскресна за да се соедини небото и земјата, Бог и човекот. Не воскресна за да подели, за да растури и за да погуби. Ете зошто секоја схизма, секој раскол е против Христа, против единството на створениот свет во Него, а со тоа и против воскресението. Расколот е разделување, разлагање и конечно смрт и пропаст. Воскресението е соединување, единство и конечно вечен живот. Да се насочиме кон ова второво, љубени чеда во Воскреснатиот, да работиме на единството на Црквата за да наследиме воскресение и живот вечен, и заедно со цела Црква во еден глас да речеме: Христос воскресе. На Пасха 2007 Изменето од C.B. - 11.Април.2007 во 13:48 |
||||||||
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
|
||||||||
C.B.
Сениор Регистриран: 12.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ослободителна пресуда за Вранишковски
Вранишковски не е виновен за злоупотреба на црковни пари, вака реши денеска Велешкиот суд. Експресно, по само едно рочиште, судијата Валентин Зафиров донесе идентична пресуда како и лани. Делото за кое се товари расчинетиот владика не е дело според кривичниот законик, е образложението за ослободителната пресуда. Вранишковски беше осуден дека злоупотребил 325.000 евра, за кои тој еднаш веќе беше прогласен за невин, но Апелација побара повторно судење. Сепак, единственото рочиште помина без нови докази и со исти искази на сведоците. ps. kazi koj moze da im cepna na pastorite vo novcanicite i dali im cepka? Изменето од C.B. - 11.Април.2007 во 13:48 |
||||||||
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
|
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ДЕДО СТЕФАН СИ ГО БАРА СО БОРИНЧЕ
Во врска со хотелот "Изгрев", владиката Стефан изјави дека тој е имот на МПЦ, и нема ништо спорно. Но, ВЕЧЕР, црно на бело, објави документ дека хотелот "Изгрев" е под хипотека, дека е заведен во Катастар на име на браќата Миладинови, а не на МПЦ. Значи, без согласнот на Синодот некој дозволил имот вреден неколку милиони евра да се загуби од сопственост на МПЦ и да се заведе како имот на други, приватни лица. За тоа во секоја институција се одговара. Најпосле, фирмата Миладинов ДОО Струга, во која МПЦ е содружник, не како што изјави Стефан 51, туку само 33 проценти, е правно лице, компанија како и секоја друга и Државата треба да ја третира како редовен случај, без оглед дали косопственик е МПЦ или некоја друга верска институција. На пазарот и пред законот, сите се еднакви. Кога еден поглавар на Црква, во случајов владиката Стефан, поглавар на МПЦ, ќе нарече повеќе новинари непријатели на Црквата во која и самите се крстени, дека тенденциозно, за сметка на други, работат со цел да се руши цела една Црква, такво обвинување не се заборава, ниту премолчува. Една страна е во право: или Владиката Стефан, или новинарите кои пишувале. Новинарите, со документи ги изнесоа своите аргументи. Владиката Стефан, до ден-денес, не покажа ниту еден аргумент. Само квалификации и клевети. Ако на досегашните прашања Владиката Стефан нема одговор, да
додадеме уште едно. Можеби на ова прашање за растурање на црковниот
имот од заедничката фирма Миладинов, ќе има одговор: Парите се уплатени на компанија во која МПЦ е содружник. Оттаму се и извадени. Дали содружникот МПЦ дал согласност заедничките 700.000 евра од сметка да излезат, а потоа да се загубат употребени за корист на една страна, по што МПЦ останува и без парите и без имот купен, по се изгледа, од тие заеднички пари. Фирма е фирма. Дали во неа содружува МПЦ, или не, нема разлика. Па, господине Стефан, каде се и овие пари?! Финале на се е изјавата на г.г. Стефан во врска со измените во законот за верски заедници со кој се овозможува заинтересирани граѓани да формираат црковни здруженија, институции... кој, помеѓу другото, е еден од обврзувачките закони за примена на европските стандарди и предуслови за членство во ЕУ за сите, не само за нас. Ако на Македонија и зависи влезот во Европската унија од законот за верски заедници, подобро и нека не влезе! - изјавува поглаварот на МПЦ владиката Стефан во велигденското интервју за "Дневник". Ваква изјава не даваат ни најрадикалните исламски претставници во Турција која, исто така, е земја заинтересирана за влез во ЕУ. Дали на Светиот синод расправале за ваквиот став или поглаварот Стефан овој верски радикализам го изградил самостојно. За интерсите на г.г. Стефан цела една нација од два милиони луѓе треба да биде негов заложник. Во тие два милони има и верници и атеисти, и православни, и католици и муслимани... Сите нека дремат во мракот на балканската визба, за г.г. Стефан да нема конк*ренција. Децата нека ни бидат надвор од светот и западната култура и демократија, ама нека нема никој друг да ги крсти освен владиката Стефан. Кој кому му служи? Црквата на народот, или народот на црквата?! |
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Mnogu mi e interesna odbranata na Vraniskovski... Ne veli deka ne gi zloupotrebil, tuku deka crkvata e odvoena od drzavata i so drugi zborovi, nema sto oni nego da go prasuvaat dali gi zlopotrebil ili ne...
Vidi vidi... znaci vladicite, ne smee nikoj da im cepne u novcanikot... |
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ослободителна пресуда за Вранишковски
Вранишковски не е виновен за злоупотреба на црковни пари, вака реши денеска Велешкиот суд. Експресно, по само едно рочиште, судијата Валентин Зафиров донесе идентична пресуда како и лани. Делото за кое се товари расчинетиот владика не е дело според кривичниот законик, е образложението за ослободителната пресуда. Вранишковски беше осуден дека злоупотребил 325.000 евра, за кои тој еднаш веќе беше прогласен за невин, но Апелација побара повторно судење. Сепак, единственото рочиште помина без нови докази и со исти искази на сведоците. Во завршните зборови Јован се бранеше, дека трошењето пари во црквата не е предмет на работа на обвинителството и судот, дека црквата не води книговодство и дека таа е одвоена од државата. Оваа ослободителна пресуда го затече поранешниот владика во затвор. За проневера на пари од донација издржува едногодишна казна, која поради добро однесување му беше скратена за три месеци. На први мај Јован излегува од Идризово. |
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Црногорската црква ги презема храмовите од Српската по Велигден Подгорица /06/04/ 17:09 Црногорската
православна црква (ЦПЦ) објави денеска дека ќе почне со преземање на храмовите за
кои смета дека се нејзини, по Велигден. |
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
C.B.
Сениор Регистриран: 12.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Вистината за МПЦ на официјалниот сајт на Руската Православна ЦркваДодека расколничката организација МПЦ вложува напори да ја промовира својата „вистина“, Руската Православна Црква ја знае вистината за МПЦ. На неодамнешната средба со претставниците на самопрогласената „Македонска Црква“ Патријархот Вартоломеј во потполност ја поддржал позицијата на Српскиот ПатријархатКако што веќе беше соопштено, на 21 Февруари Патријархот Константинополски Вартоломеј прими делегација на самопрогласената „Македонска Црква“. На средбата, одржана по барање на македонската страна, Предстојателот на Константинополската Црква во потполност ја поддржал позицијата на Српскиот Патријархат, пренесува агенцијата RNN. Тој особено нагласил дека таканаречената „Автокефална Црква“ на бившата југословенска република Македонија не може да биде прифатена како канонска Православна Црква, а исто така, укажал и на невозможноста за прифаќање на називот „Македонска“ во врска со спомнатата јуриздикција. Овие проблеми веќе добро се познати, кажал Вартоломеј, обраќајќи се кон членовите на делегацијата. Како што е соопштено, Патријархот со суров тон ги прашал македонските претставници дали се тие ополномоштени да истапат со какви било нови предлози. Непризнатата во Православниот свет „Македонска Црква“ ја претставувале митрополитот Тимотеј, епископот Наум и архимандритот Порфириј. http://www.patriarchia.ru/db/text/205103.html Расколничката МПЦ ќе го суди Архиепископот г. г. Јован на Велики четвртокДали постои некаква символика во тоа што судењето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован за кривично дело „затајување“, за кое беше ослободен од Основниот суд во Велес, а Апелациониот суд во Скопје го врати на повторно судење, е закажано за 05-ти Април 2007 год., односно на Велики четврток? По барање на расколничката организација, која се самонарекува МПЦ, почнувајќи од 2003 год., па се досега, власта прави политички прогони врз Архиепископот г. г. Јован. Како резултат на тие политички прогони тој е веќе двапати затворан. На последното судење, на кое беше обвинет дека затаил цели црковни буџети во период од четири години, беше ослободен од судот во Велес, но по жалба на Јавниот обвинител, Апелациониот суд во Скопје го врати делото на повторно судење. Судот во Велес го закажа судењето токму на Велики четврток. Со какво лице ќе дојдат тужителите, расколничката МПЦ, да го судат Архиепископот г. г. Јован на Велики четврток? Во продолжение го поставуваме Завршниот збор што Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован го даде пред судот во Велес минатата година по истото обвинение. ЗАВРШЕН ЗБОР
|
||||||||
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
|
||||||||
Внеси реплика | страница <1 7071727374 86> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |