IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7071727374 138>
Автор
Порака Обратен редослед
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 02:43
Насмевка........
Што беше тоа?
Дали е тоа она
кога лицето ке ти се згрчи
како да сакаш да се насмевнеш
а само глупава гримаса излегува
и кисела насмевка ти лебди
развлечени усни во грч
кои заборавиле каде е патот
по кој треба да одат
развлечени мускули
кои ја изгубиле патеката
по која некогаш чекореле
а сега само сеќавање останало
на некоја патека
на некој пат
одамна заборавен.



Изменето од butterflyM55 - 23.Февруари.2009 во 02:44
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 02:35
Каде и да погледнеше
каде и да појдеше
само тага гледаше.
Што и да направеше
што и да помислеше
само тага се остваруваше.
Кого и да посакаше
кого и да допреше
во тага го претвараше.
А свесна беше,знаеше
не е до другите,до неа е.
Кога ќе се погледнеше
во огледало знаеше
го знаеше тој поглед
тие очи свенати и кажуваа се
таа самата беше ТАГА.

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 02:10


Гола вистина пред тебе стои
нема веќе што да скрие
се е отворено пред тебе.
Гола вистина,голо тело
се нуди бесрамно,безобразно
а ти не гледаш,не приметуваш
или можеби си веке сит
некоја друга трпеза те нагостила.
Гола вистина,гола душа
пред тебе стои,трепери
само на допирот твој чека
и ке се стопи од допирот твој.
Гола вистина,гола желба
ја кажувам гласно,да слушнеш
и пак ништо,нема одговор
само ехо се одбива
од голи ѕидови
од празни одаи
од празен простор.


Изменето од butterflyM55 - 23.Февруари.2009 во 02:12
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 02:04
Не се мисли,не се премислувај
се е веке измислено
уште многу пред нас
нам само ни останува
да прифатиме или да оставиме.
Не се мисли,не се премислувај
нема да украдеш ништо
ќе добиеш само тоа
што тебе ти припаѓа.
Не се мисли,не се премислувај
и без тоа ова е твое
уште не видено,недопрено
тебе ти припаѓа.
Не се мисли,не се премислувај
бремето е мое,јас си го носам
нема ни да осетиш товар
ни мака од мојот товар.
Не се мисли,не се премислувај
сега е пред тебе
сега е твое,а утре...
може нема да е веќе тука.


Изменето од butterflyM55 - 23.Февруари.2009 во 02:15
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 12:36

Na malom andjelskom srcu dve rupice male,

Ko da su sve zvezde sa neba pale

Ko li mu to napravi ranu,

Da mi je znati  ,da mu scuvam "nanu"!

Glavu gore , andjele nebeski

I poçni sharati po çarobnoj svesci,

Evo olovke svih rajskih boja

A nek slika bude kako nacrta dusa tvoja

Samo nemoj crtati bol i rane,

Nacrtaj…..nacrtaj igru pahulje male, kako igra na zimskome vetru

Ajde probaj , doçiçe osmeh na posletku

Zarshçe ranica tvoja, ko da nikad nije bila,

Slushaj sta ti kaze tvoja dobra vila

A sad me lepo poslushaj i poçni malu avanturu,

Ako me  poslusati neçes

Isprashiçu te po turu!



Изменето од marija1000 - 22.Февруари.2009 во 12:52
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 01:55
      

Podaj mi raka, nemozam da te gledam taka

Ne si ti toa, ne si ti sega ,

Ne ti prilega nasmevkata bleda

Krilja skrseni, pogledi tazni

Tvoite vedri nasmevki mi se tolku vazni

Dal zborovi frleni kako olovo tezat

I poleka kon dnoto te vleçat

Zborovi ostri kako zilet seçat

Luzni napravile, luzni sto peçat

Podaj mi raka,za tebe ke rasiram krila,

Lekot da go najdam

Ke pojdam kade sto nikokas ne sum bila,

Samo  zveztite vo oçite da ti gi vrtam

A posle ke si zaminam ako sakas!

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 16:44
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 13:15
Дијаманти
на врв од планина тешка
осакатен човек
по стрмнини се лизга
тука штаки не вредат
не може ни горе
ни доле
 - Што се кезиш бе ти најгоре ?!
Вимиња со пелин
попат се нудат
прашина густа
очи бараат да затворат
зрнца тврди
меѓу заби се дробат
ракавици
од стаклена волна
и облека од трња
купени на старо
некој одозгора
не престанува да се смее.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 12:40
Хаваи се далеку
дур до другиот живот
а може и третиот
малечка мува
со малечки крила
брзо се заморува
знам кој сум
и зошто сум
радувај се
нема да ме биде
ни денес ни утре
невидлив сум
никој сум
тоа и беше целта
нели ?
Не те слушав
не сакав да сватам
но само мува сум
тие мозок немаат.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 01:40
Тишина ноќна
чекори закаснети
се одалечуваат
ние сме еден
од триста милиони
на крцкави кревети
што умираат
ние останавме
се спасивме
од сапун и вода
и контролиран одвод
за да убиваме
триста милиони
што нема  да се спасат
на крцкави кревети
и од скоравена крпа
задишани да триумфираме
со сапун и туш
насмеани
бар на кратко.
Кон врв
sunshine_baby Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 256
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sunshine_baby Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 00:02
Пресликување     

Моќта во која никогаш не се посомнева,ниту ја остави на цедило беше онаа која се содржеше од бескрајната моќ на сенчање на работите со цел да се збогатат и предизвикаат воодушевување.Знaете,сенчањето не се содрижи само од моментот каде што делото треба да добие елемент на убавина,само онаа површинска и длабоко незбогатена,туку напротив...и онаа која тоне под површините на она стерилно царство со убава руба на себе...Малку со инструментите по лицето,по вратот,очните клепки,суптилен допир по косата...можеби е се на своето место,а можеби не...никогаш не беше сигурна во тоа,а знаеше дека ако во овој момент е таму каде што треба, не значи дека ќе биде и во наредниот момент,па за да секогаш биде целосно сигурна го носеше во џеб(замислете џебот е доволно длабок за да собере цел еден свет),целосна рефлексија на самата себе...
Наполни ги градите со воздух пред да излезеш и испуштај го пополека и смирено...
     Мислам дека тука згрешив и одново ќе ја започнам проклетава приказна затоа што не ми се допаѓа поставеноста на работите,а морам да признаам дека ми недостасува и трошка инспирација чисто за да го бутнам возот со полна пареа.Се чувствувам како лебарка која се дави во чаша сок и си ги гледа јадовите во отсјајот на чашата,се огледува кутрата,прета...алчност и дрчност драги мои.Ги чувствувам и сакам работите припиени и свои,а не нечии,туѓи особено кога се работи за ваква сензибилна тема,а не дисперзирани,на километри оддалечени чувства,па да треба да ги присвојувам,соживувам,разжарувам...сакам само да констатирам.Нема да ви продавам морал,ниту високо поставени цели,а морам да признаам дека не гарантирам за ова,а можам да гарантирам дека ќе се изгубам и ќе го направам истото.Ете тоа е мое.
     Ајде да ги затвориме очите,ајде да размислуваме за убави работи...и?!Што гледате?!Посакуваната дестинација,љубов која бутка од нозе,совршено работно место,со уште посовршена егзистенција,аргументирани приказни за лично афирмирање,а реално тука пред нас,теоретски и фактички се неподносливо ужасни и не точни,но само затоа што е ваш сонот имате ексклузивно право да го отсонувате онака како што вие сакате,насмевки кои пленат,воодушевувања,пристоен живот?!Не би рекла.Во вашите соништа имате право да отсонувате онака како што сакате,можете и да повредите,можеби дури и да убиете...погубно е кога тежнеете да ги остварите...Не,не зборувам за оние обичните,оние нормалните,оние кои навистина се безопасни и се во согласност со законот на џунглата кои верувале или не знае и да прости и отстапи и не е толку животински,туку вештачки наметнат за да суштеството наречено човек се оправдува и сврстува со животно,па да,тоа е само животно кое има право да се бори за да добие,да се бори без да помисли дали некого го боли,дали некаде попатно згазил...зборувам за оние кои навистина,навистина се поинакви од сјајот кој го презентирате пред себе,себе самите,единствена (за среќа) публика.Во нив го имате апсолутното право да правите што сакате,но животот не е сон,а ужасот започнува онаму каде што сеуште не завршил сонот и продолжува да биде сонуван и живеен без модификации и распределби,без личен суд,без совест.Дали сте размислиле можеби за тоа што ќе го оставите зад себе?!Дали се во согласност со животот,желбите и пред се чувствата на останатите?!Жалам,но повторно ќе кажам,не би рекла.Љубиме да живееме небулозно...така ни е полесно,а најтажно е што сме свесни,ние интелектуалците,авантгардата полна ум доволен за три поколенија.О,да и ќе бидат три,ви потврдувам.Најважни сме ние,секој современ Нерон,а не сме свесни како полека,но сигурно се туркаме во самост,разделувајќи не самите од себе си,а уште повеќе од чистите соништа и лесна кармичка енергија,но истовремено силна за да наполни срца за векови..Полни сме црни блата и длабочини кои вријат,а бараме мекост,бараме искрени дланики.Осакатени суштества,трупови кои одат,сиромашни души и безимени личности кои тежнеат на именост,по можност и семеен грб.Види дрскост...ги сакам таквите крцкави.
     Трудејќи се да го издлабам делово онака по сечиј вкус и желба без да навредам,не ми оди.Некому му оди тешко признанието.Икршено его,фрагменти пред себе,толку пати згазено,толчено,одломки на сите страни и токму онаа која што се сокрила некаде под тепихот и останала таква,еднаш скршена,најмногу ќе боли и ќе се жали.Како слепиот или глувиот ќе добијат природно подобар слух или вид.О,колку сме бедни.Одеднаш тоа бедно парчуле толку боли заради остриот раб кој притиска на душата,а останатото е собрано и фрлено некаде или во жар-жарот кој тупка во градите,нема сила ни да се избори,а ова плаче ли плаче,обесправено е,пак.Одеднаш стануваме деликатни и фрагилни за баналности,хистерија која ништи...соништата стануваат поголеми,бесот и очајот распослани по целиот свет....заслужувам повеќе,вие глупи и ништожни луѓе.Ти!Ти кучко не ме заслужуваш,за мене си мивка...разговор после машка шлаканица по женски образ заради пресолен ручек.Знаеш ти си предобра за мене...разговор по спакуван куфер,немарно сокриен зад машкиот грб тргнат во похот за освојување на светот небаре само него го чека,машки грб со преголеми амбиции заради преценетост...или можеби безобразна женска,промискуитетна заради сервилни изговори дека е згодна и способна.Секој со своја дијагноза,огромен сенаториум,лудачки кошули,а и по некој прозак во џебот,а за полесните случаи лексилиум.Се по личните желби и потреби,туѓите постојат декларативно и само можеби некаде,некогаш напишани,но никако во ова време.
     Време е да ја продолжиме приказната...
     Тенок струк,исклучително скапа и убава тантела го стега,од кој не остава никого рамнодушен,погледни се уште еднаш да провериш дали си иста како пред да излезеш...чекори бодро и гордо.Впива погледи,гази скршени суети,заради личната скршена...а тој секако дека ќе пријде...Секогаш кога е сам,проклето сам или можеби вразумен ја бара,секако заради тоа што се проектира врз неа со своите желби и потреби,се идентификува и тоне,а знае дека ќе биде одбиен.А таа,таа прави огледало од целиот свет,убаво огледало,каде што може да се види само таа,огледало создадено лично за неа,за нејзина самопотврда,да се огледа со некој човечки додаток кој ќе ја разубави и додаде вредност каква што не поседувала,ќе се погледне за миг,ќе се увери во сликата и ќе го фрли по пат,во некој ендек полн со мрши поставен токму крај патот кон нејзиниот дом.Нејзиниот дом,змиино дувло,развратна убавина,дрзки елементи,жестоки и вулгарни бои.А не знае дека душата и е пустеник и пропастува жално.Но,огледалото на светот е само нејзино,во нејзините соништа и илузии...не разбудена оди,спие,а не знае.Тажно кукло.Прорекни си казна додека сме тука,животот ти е јалов,овој пат страшно се прелажа.Претсмртен задиш и покајнички извик,недоволен да прозвучи како збор,доцна е.Може да се спуштат завесите.
     Дали е некој доволно возрасен или доволно мал,можеби,не е доволна потврда и изговор дека е способен и не те ослободува од твојот впечаток таму...не сакам ни да помислам на врамени изговори кои толку време ги поставуваш,барем дебелиот слој од прашина да го избришеше.Кукавицо дигни се,заради твоите стравови други разјадуваш,на други солзите им станале секојдневие.Зарем тебе сонот ти е лесен?!Зарем не разговараш со себе?!Чистата амбиција е привилегија на чистото срце,чистата душа,исполирани за да го примат и истовремено рефлектираат целиот сјај на реалното,мирисот на јоргован,костанливите коси,љубовта без предрасуди и жртви,есенцијалните емоции за кои треба да си универзален човек,безвременски пацифист,семожен татко.Тргни се од огледалото наречено свет,за да се огледаме сите,а исчисти ги своите наречени срце и душа.
Ливингстон не беше ниту злобен,ниту алчен,ами добар и само амбициозен.Го леташе својот лет до пред самото совршенство.Замисли,приказната да добиеше поинаков тек,па галебот да не беше галеб туку гавран,замисли го озарен и црн,со крвав клун и крвави канџи,пие ли,пие од нечие срце,зарем мислиш пеколот,рај ќе ми стане...сврти го огледалото,синоним за вистина и правда.Пушти ги стравовите да се задават,чуј им ги лелеците кои заслужуваат и искрено насмевни се.Разграни се себе си каде ти било страв да пријдеш,никни онаму каде што те немало,биди дрво,биди среќа,биди сенка за почивка,биди пролетно сонце кое топли стари коски,биди дожд по голема жега,биди светот.
А каде одиме ние сега?!

П.С.Уште еден од низата последователни и поврзани раскази...со два главни лика и еден спореден.Ливингстон е сеприсутен,секако и реален.

Изменето од sunshine_baby - 21.Февруари.2009 во 00:09
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2009 во 21:15
Никогаш не сум зборлест
по галама во моја чест
во награда секогаш боцки барам
таков сум
и ќе бидам
не е до мене
ме тера нешто
к'д ме светци мучеју
није д'н ондак.
К'д ми се смешу сви
осеќавам се сам
није то
оно за што знам.
Капка од река сум
во око што прска
тоа риби претат
ме фрлаат
не им требам
има други
нека не ме лажат
и себе и тебе.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2009 во 20:20
Originally posted by marija1000 marija1000 напиша:

.........pepeголемо%20гушкањебакнеж
........maestroголемо%20гушкањеаплауз

Мацо
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2009 во 20:19

Од каде ли се пјави само
Кој тебе те прати ваму
Во бој ли си тргнал страшен
Или само се правиш бестрашен
Или само мир во себе носиш
Па сакаш мене да ми го подариш
Војните остави ги
Не доаѓај со нив тука
Само мирот со себе понеси го
и тука на полево мое посеј го
Да се роди од неговот семе
Среќата....


Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7071727374 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.