![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6869707172 138> |
Автор | |
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ништо не е убаво
како моментите со тебе. Дури и ноќта е грда без присуството твое. И мирисот на студот не е тоа што беше. Чекам да се појавиш да ме прегрнеш,а те нема. И се околу мене е еднолично,празно. Ништо не е убаво без присуството твое. И сама сум си грда на себе додека чекорам по улицата за да не ми смрзнат нозеве. И прстиве вкочанети со лакот твој омилен не се тоа што некогаш биле. Се е грдо,еднолично, кога тебе те нема да им дадеш сјај на нештата. Да ја оживееш природата со својата убавина. Да ја исполниш со смеа ноќта празна,глува. Да ме вратиш мене во светот на смеата, да ме ставиш на тронот веднаш до твојот. Да ме зачуваш до тебе во царството твое, каде смеата и среќата никогаш не згаснуваат. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
леа ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 10 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Патеката од мене до тебе
поплочена со желби ја следат гушнати птици во лет. Мојот здив ти е единствен патоказ следи го пред да го изгубам оти ова е љубов што треба да ме умре |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Уште ѕвони гласот
на насмевката твоја што пред малку ја остави тука, во главчево мало да ѕвони. Ја зтаворив вратата да ја чувам. Да ја слушам мелодијата од насмевката твоја. Да остане тука со мене до следното твое враќање. Уште ми горат образите црвенеат како јаболко во есен од сонот што го сонив за тебе. Насмевка ме заспа. Среќна потонав во сонот. Ме лулкаше во сон. Твојата ѕвонлива смеа ми беше музиката а ти беше мојата тема за сонот сладок, од кој не сакав да се разбудам денес. Изменето од butterflyM55 - 27.Февруари.2009 во 15:19 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() THE POWER OF WORD IS A WHEEL IT ROLLES YOU EVERYWHERE IT TAKES YOU UP AND DOWN IT MAKES YOU GO CRAZY IT FILLES YOU WHIT LOVE IT HEALS YOU WHIT LETTERS SMALL BUT POWERFULL BUT DONT FALL ON THAT SOMETIMES THEY CAN BE DANGEROUS THAY CAN KILL YOUR SOUL YOU SPIRIT CAN BLOW IN HUNDRED PISES IN THE SPACE WATCH OUT FROM WORDS.... |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Приближи се,не зборувај
оваа болка ја лечи само допирот твој. Дојди допри ме,не гледај овие усни ги смирува само бакнежот твој. Види,зар не гледаш па и слеп би видел колку горам за тебе. Не стој помрдни се стегни ме во прегратка нема да ме убиеш со неа само ќе се стопам од среќа. Не молчи,што не ти е јасно искажи го молкот што душа ти стега. Ќјути,не кажувај сега па и нем повеке ќе каже од изговорите празни што молкум ги кажуваш. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Влегов во вителот разнобоен
храбро чекорам напред иако тој ме влече по негова воља,кај тој сака Сепак сум храбра,или... барем сакам да сум, се правам дека сум храбра пред себе,пред тебе. А стравот врие внатре па сепак одам напред оти знам...сега е мигот. Тука е животот. Одам напред по патот, патот кој животот пред мене го отвара. Одам кон целта смело. Се приближувам гордо, иако длабоко во себе го чувствувам треперот на зборот кажан од усните слатки, што кожата ја горат. Иако знам дека ќе платам, оти сето ова има цена. Висока цена,која утре јас ќе ја плаќам за мигот сегашен што ме мами. Но не ми е гајле сега. Сега е убаво. А утре....ќе се снајдам, ќе смислам како да се одбранам од ова денес и сега. Утре ќе ја спасувам оваа трошка душа, која денес од среќа клика, а можеби утре.... ![]() ![]() Изменето од butterflyM55 - 27.Февруари.2009 во 06:48 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
fragola ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
![]() |
|
ПодВодно ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ѕвер Колекционер Моето мило мене ме сака ниедна друга а камо ли трета паметот брлив чат-пат му лета за на крај сепак на мене да слета. ![]() Моето мило сè живо знае главата му е полна со ука научник нему не му е рамен ме чита како кинески буквар. ![]() Моето мило е ретка ѕверка криволовци бројни пакосно го меркат му местат мамки по цел божји ден немат поим - тој е ловец а тие се плен. ![]() Изменето од filmadzijka - 03.Мај.2009 во 11:15 |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Знам ова ми е казна
враќаш мило за драго ама ако,не ти се лутам ќе издржам сега. Што не поминало па и ова сега. Не ми е мака оти си заслужив. А знам дека те копка и знам дека не ти е сеедно ама исто така знам дека ке истраеш и ти за да знам како е како изгледа. Ако ми е. Нека ми е. Си заслужив. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сакам да те сакам.
Да ти подарам љубов каква не си доживеал. Сакам да те направам среќен. Да ти подарам насмевка каква досега не си имал. Сакам да ме имаш. Засекогаш да сум твоја Како што никоја досега не била. Се што имам е твое. Ти го подарувам засекогаш. Чувај го,негувај го. Секогаш ќе ти биде мило што токму тебе ти припаѓа. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како ли само ти успева
да ме држиш на врвка и да се сладиш од страна на мојата мака. Како ли само знаеш да ме ставиш пред свршен чин да ме натераш да признаам се што не треба. Како ли само душа ти дава да ме оставаш вака и да гледаш како се кинам од желба за тебе. Или послатко е после кога ќе дојдеш одненадеж а јас те чекам ко водица слатка па неможам да се изнапијам од изворот твој сладок. Послатко е кога ме држиш гладна па после ко понадица ми идеш во ноќта глува и ми се нудиш а јас и не гледам што нудиш само знам дека си ти и со сласт те голтам. Помило ти е кога ме ладиш за да ме изгориш после со твоите допири врели и да ме жариш со тие усни слатки и да ме гледаш како се топам под рацете твои Како сладолед на сонце. Како лед на врело тело. Како јас во твоите раце. ![]() Изменето од butterflyM55 - 26.Февруари.2009 во 22:13 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве ти црвен килим
кралице моја кон мојот замок измислен само за мене и тебе види седмо небо а на него ѕвезди иако е ден разнобоен колку сум свечен гледаш ли насмеан и светкам за рака дур те водам ни ракоплескаат не се тие слуги можат и без нас но сакаат вака за да знаат какви кралевства да изградат кога ние ќе им ракоплескаме и со нив радуваме дека еднаш успеа и љубовта да победи. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Расположена доаѓаш предосеќам ќе дадеш. Изменето од zbunet - 26.Февруари.2009 во 20:52 |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога не знаев
за тебе и за мене не знаев колку никој не ме заслужува од оние за кои непотребно знаев за кои мислев дека не ги заслужувам. Смешни и далечни потонати во твоја сенка ми покажа колку многу не знаев за нив и за себе и колку многу има во тебе да се осознава не можам сеуште толку многу очи да отворам за да те опфатам. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6869707172 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |