|
Што се случува со СДСМ??? |
Внеси реплика | страница <1 56789 11> |
Автор | |
Nee*amAnderskor
Сениор Регистриран: 11.Ноември.2005 Локација: Canada Статус: Офлајн Поени: 291 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
К Р Е Т Е Н !
|
|
No Reason to Lie: обичам БЪЛГАРКИ!
|
|
PAVLIN
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Локација: Saint Helena Статус: Офлајн Поени: 889 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
videte ja kolumnava na Bucko vo VREME.... abe ne mozam da si prostam kako ovakov idiot ni bil premier
Си замина нашиот цар Проф. д-р Владо Бучковски Си замина Тоше, останавме без нашиот некрунисан Цар. Си замина во легендите... Секоја негова песна, секој негов настап бликаше со неверојатна сила, енергија и верба во животот... Македонија достоинствено се прости од него. Требаше да се има голема доблест и разум да не се злоупотреби Тоше во политички цели... Најдоброто од Македонија... да остане наш, на сите нас! Тоше си замина, ние ќе продолжиме да живееме со нашите проблеми, со нашата реалност... Во оваа наша реалност посебно место има улогата на нашето МВР. Тоа работи „во согласност со Уставот и законите“, што би рекла министерката Јанкуловска, односно работи „според духот на правото што не го разбира СДСМ“. Жална е Македонија кога има вакви министри. Министри што не признаваат дека нивните подредени тепаат деца, дипломати, новинари... Министри што се партиски војници. Да видиме како тоа МВР работи „во согласност со Уставот и законите“. Партизацијата на МВР и отсуството на демократска (цивилна) контрола на полицијата се најголемите манифестирани слабости во овој сектор во изминатите 16 месеци на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тепањето дипломати (случајот „Тренд“), тепањето деца (случајот „Процес“), тепањето новинари-сниматели (случајот „Алсат“) за кои пишував неодамна, се најконтроверзните случаи во овој период, каде што до израз дојде партизацијата на МВР. Од друга страна, пак, најкарактеристичните случаи на отсуство на демократска контрола на полицијата беа неуспешната полициска операција во Ваксинце, кога загина командирот на полициската станица во Матејче а беа убиени и ранети уште неколку цивили и полицајци и појавата на десетици „тешко“ вооружени припадници на МВР пред парламентот во цивил на 25 септември оваа година по немилите настани во Собранието. Официјално, таму биле припадниците на „алфите“. Морам да констатирам дека ним таму не им беше местото. „Алфите“, кои се формираа во 2005 година, требаше да бидат „флуктирачка“ или „ад хок“-единица, која повремено и привремено ќе се регрутира од редовните полицајци за справување со уличниот криминал. Таков барем беше концептот на министерот Љубомир Михајловски-Џанго, кој ја промовира оваа „ад хок“-единица. Сето она што во меѓувреме се случува со оваа единица, а особено со регрутацијата на постојани а не повремени припадници, и дава белег на формација што се злоупотребува за политички цели. Третиот крупен белег на функционирањето на МВР во изминатите 16 месеци е однесувањето на нејзиниот портпарол. Најголемите бисери беа неговите коментари за моето задржување на граничниот премин Богородица на 1 август оваа година и обидот за мое спектакуларно апсење, како и серијата закани упатени кон колегата-пратеник Јани Макрадули за отворањето на скандалот за хотелската „Окта“. Јас се обидов да реагирам легалистички и упатив две претставки до МВР, т.е. Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди; едната за обидот за противправно лишување од слобода на граничниот премин Богородица на 1 август оваа година и, втората, за изјавата на портпаролот на МВР на 9 август оваа година. Епилогот за првата претставка и е познат на македонската јавност. Според Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди, на 1 август оваа година јас сум бил задржан на граничниот премин Богородица за да бидам „почестен со кафе и сок“, а не за да бидам уапсен. Незадоволен од одговорот, по препорака на народниот правобранител, поднесов кривична пријава против командирот на полициската станица во Богородица за противправно лишување од слобода. Се надевам, кога тогаш, ќе се докаже кој ја издал наредбата. Втората претставка има уште почуден епилог. Во неа јас реагирав на одговорот на портпаролот на МВР даден на прес-конференција, каде што на прашање на новинар да го коментира моето задржување на граничниот премин, портпаролот одговори дека „МВР не сака и нема намера да навлегува во полемика со лица што се појавуваат во крим-евиденцијата како сторители на тешки кривични дела и против кои се води судска постапка“. Јас реагирав на повредата на уставното начело на пресумпцијата на невиност - „секој е невин се додека не се докаже спротивното со правосилна судска одлука“. Реагирав затоа што со вакви изјави се влијае врз судските органи во текот на постапката. Го добив следниот официјален одговор од Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди: „Ве известуваме дека се уште не се извршени потребните проверки и разговори со Котевски по Вашата претставка, поради негова отсутност од МВР. За исходот од Вашата претставка ќе бидете благовремено известени“. Претставката ја упатив на 8 август, одговорот го добив на 10 септември... до ден-денес се уште чекам портпаролот да биде „присутен“ во МВР... Вака работи нашето МВР „во согласност со Уставот и законите“. За жал, тоа е нашата реалност... П.С. Јас имав привилегија да другарувам со Тоше... му помагав секогаш кога можев... и тогаш кога му беше најтешко, кога разочаран од неговиот статус во Македонија сакаше да си замине во Англија... Којзнае дали ќе ја избегнеше судбината доколку беше на островот... Или од пишаното не се бега. Почивај во мир Тошка и вечна ти слава. |
|
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слабо ти е организирана информативната служба, и во постот за Здружението Херои на Македонија спомнуваш претседателка, а таа од 22.09.2007 година веќе не е тоа што беше. Сега има вршител на должност без овластувања. Сите работи ќе ги решава Собранието на Здружението се до 30.03.2008 година, кога ќе се избере легитимен претседател. Што да правам, профењсионална деформација. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ima prinova Ne znaev, ne me vikna na mekici. A gledam ti dobro si informiran
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога ќе чести за приновата??? или славјето е строго конспиративно? |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
borec
Сениор Регистриран: 22.Септември.2007 Локација: Australia Статус: Офлајн Поени: 1294 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Potsetuvanjeto deka na toj den SDSM (idiotite) slavat nekoe si nivno postoenje samo bi mi go rasipalo raspolozenieto na toj za mene (familijaren) znacaen den - zatoa ke bide najdobro za narednata godina da ne otvaram vakvi nekoi stranici sto bi me potsetile na "nivniot praznik".
|
|
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не бе 12 октомври, веројатно ќе продолжиме на 23 октомври,...упс грашка!
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kaj se letas pa ti na 12 Oktomvri
|
|
intel
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 25.Април.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 94 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Lav..ovaa ..Novace de....., do koga be ? 15 septemvri i 11 oktomvri se datumi pobratimi Proslavata na 5 juli 2006 e edna cetvrtina od onaa na 15 septemvri 2002. Kje gi ima uste....pobratimi neli ???
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa ne moze da vidi vrska, ubavo ti kazuva covekot, koga ja baral vrskata bese 11 Oktomvri, a temata e za istoriskiot 15 Septemvri
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За да не се прашуваш повеќе и сега..кога ќе дојде 2010 година ..пак ќе мора да направиш споредба кој и колку лажел но и кој и што исполнил од кажаното..
пс
Тоа што не си видел врска..таа е иста како и заглавието на темава...15 Септември..и се што е околу и со него врзано..а има подоста работи за кажување..нели?
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„опишан од еден негов партиски колега и пријател..Љупчо Палевски..“
Не видов ништо заедничко помеѓу 15 септември и текстов, меѓутоа авторот на текстот добро ги поврзал работите помеѓу политиката, економијата, бившиот комунизам, политичките партии и сегашната состојба во која се наоѓа Македонија, кругот добро го заворил. Што се однесува до изборите од 15-ти септември, нормално е во изборна кампања сите политички партии да обеќаат се и сешто (да лажат) за да ги добијат изборите, а граѓаните се тие што даваат власт, но само за време на изборите,.....само се прашувам дали по 2009-та пак ќе се прашуваме како ли се излажавме? |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штета што е (најверојатно) ваков ТАТКО....опишан од еден негов партиски колега и пријател..Љупчо Палевски..
Проблемот е што Груевски не е свесен дека бришка со владин автомобил „составен„ од Црвенковски. Децениското владеење на Црвенковски произведе организиран криминал кој ги контролира дури и кафе готвачите во Владата, па затоа е многу опасно кога од тој организиран криминал во државниот апарат се бара самиот од себе да се уништи или самораспушти. Токму намерата по секоја цена да се направи економски резултат и реформа, го прави Груевски политички ранлив. Ако внимателно ги следите настаните излегува дека неговите проблеми не потекнуваат од килавиот и распаднат СДСМ, туку од огромното количество „комунисти“ со разни политички дресови што ја делат власта со него. Проблемите на Груевски произлегуваат од неговите „комунисти“ во Владата кои, пак, сите до последен, пред да си легнат, даваат извештаи на Папата, прекар со кој му се обраќаат на Црвенковски. Како најилустративен пример за тоа ќе ја посочам чудната кривична обработка на криминалот во Тутунскиот комбинат во Прилеп во рамките на која не се истражува кипарската фирма која има линкови во кабинетот на претседателот на државата. Сето тоа, за жал, навестува нов, но овој пат фатален, политички договор по иднината на Македонија."
"Како и колку самите партии од власта се замешани во организираниот криминал? Како тој систем функционира? - Веќе цела деценија слушаме бајки за октоподи. Октопод во Македонија нема. Државниот апарат, агенциите како онаа за приватизација, јавните претпријатија или, ако сакате, државниот буџет и даноците од граѓаните, се ставени во функција на организираниот криминал! Трошењето на државните пари е ставено во нивна функција. Тука пред се мислам на неколкуте банкари и крупни пост-комунистички директори што ги „приватизираа„ монополите. Кај нас организираниот криминал не соработува со државата, туку тој ја поседува државата. Досега ниту еднаш не се составила Влада без за неа да нема „консензус“ меѓу познатите десетина директори. Кај нас мал по број бандити, што се претставуваат за успешни менаџери, ја контролираат целата држава, вклучувајќи ги и лидерите на партиите. Токму затоа тврдам дека октоподот е песок фрлен во очите на граѓаните за да се скријат поразителните димензии на организираниот криминал. ТАТ тежеше околу 50 милиони евра. Денес само Тутунски комбинат Прилеп е задолжен за најмалку 50 милиони евра по домашни и странски (претежно грчки) банки и милиони евра неплатени акцизи. Цигарите се наплатени, а обврските кон доверителите остануваат на комбинатот, а комбинатот е државата. Значи пак буџетските пари ќе ги користиме за санација и покривање на дупките кои државата сама ги направила, а парите се одлеале по приватни сметки. Ако објективно се анализираат актуелните економски движења во државата и крупните капитални прегрупирања, се гледа како едни исти луѓе се кријат зад разноразни титулари и успешни брендови. " |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sdsm e mrtov...mozeme slobodno da im zaigrame na grobot...daj po edna..hik !...
|
|
Внеси реплика | страница <1 56789 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |