IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Секс занимливости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секс занимливости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 49>
Автор
Порака Обратен редослед
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2012 во 00:20
Најглупавите секс закони во светот...

Во Облонг, Илиноис, казниво е со закон водење љубов за време на лов или риболов на денот на вашата венчавка.

Во Александрија, Минесота, ниту еден човек не смее да води љубов со жената ако здивот му смрди на лук, кромид или сардина. Ако жената побара, законот налага дека мажот мора да ги измие забите.

Во Амес, Ајова, мажот по сексот со својата жена, не смее да испие повеќе од три голтки, првата додека сеуште лежи во кревет со неа или додека ја држи во раце.

Во Боземан, Монтана, постои закон кој ја забранува секоја сексуална активност помеѓу лицата од спротивен пол во дворот од куќата, по зајдисонцето – ако се голи. Очигледно е дека луѓето кои носат чорапи за време на сексот и педерите се заштитени од овој закон.

Во Сиукс Фалс, Јужна Дакота, секоја хотелска соба мора да има два кревети. Ако двојка изнајмува соба за една ноќ, помеѓу креветите мора да има барем пола метар простор, а секс на подот помеѓу креветите е забранет.

Во Хестингс, Небраска, секој гостин во хотел мора да добие чиста и испеглана кошула за спиење. Ниту една двојка не смеат да спијат заедно голи, ниту смејат да водат љубов доколку не ја носат оваа кошула која ја добиле на рецепција.

Во Њукасл, Вајоминг, постои специјална наредба која експлицитно забранува секс во големите фрижидери за месо, кои ги има во секој ресторан.

Во Илиноис, државниот закон им порачува на сите ергени за време на разговорот со немажени жени мораат да се претстават како “master”, а не како “mister”.

Во Норфолк Вирџинија, ниту една жена не смее да се појави на улица, а да не носи корсет.

Во Меривил, Мисури, од друга страна пак, корсетот е забранет за носење.

Во Coeur d’Alene, Ајдахо, со закон се заштитени паровите кои водат љубов во автомобил. Полицаецот не смее едноставно да пријде и да им тропне на прозорецот.

Во Монтана, жената не смее да танцува на столица или шанк во бар, доколку на себе нема барем 500 грама облека.

Во Либерти Корнер, Њу Џерси, забрането е љубовниците да свират додека водат љубов во автомобилот кој е паркиран.

Во Карлсбад, Мексико забрането е двојките да водат љубов во парикран автомобил за време на паузите за ручек од работа.

На Флорида пак, доколку сте немажена жена, разведена или пак вдовица, не смеете да летате со падобран во сабота попладне.

Во Термонт, Јута, на жените им е забрането да водат љубов со мажи додека се возат со болничи коли. Доколку фатат некоја жена, истата ќе биде обвинета за сексуално злоупотребување и нејзиното име ќе биде објавено во локалните весници. Ништо од ова не важи за мажите.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2012 во 23:16

Утрински секс за добар почеток на денот


Секс игрите најдобро е да ги темпирате во 7 и 30 наутро. Нивото на хормонот на стрес е на мнгу ниско ниво, а во ова време телото лачи огромна количина на сексуални хормони и адреналин. Луѓето кои тоа време го користат „активно“ се поопуштени и поенергични во текот на денот, тврдат британските научници.

За да го„разбудите“ партнерот, ставете ги дланките на неговите бедра, така што палците ќе ги насочите нагоре. Со бавни, со цврсти движена кружете со палците по неговата кожа. Тоа ќе го поттикне крвотокот кон „клучните делови“ и ќе го „припреми теренот за акција“ – тврди стручњакот за акупунктура Алексис Арвидсон.

„Заспаната партнерка може да ја загреете најбрзо со нежни допири и сензуално шепотење, како и галење на нејзиниот грб“, додава Ардвисон.

Не се само мажите визуелни типови – и жените може да се „запалат“ додека го гледаат партнерот како се тушира, и тоа за само 30 секунди. Затоа, дозволете си себеси малку воајеризам и изненадете го во бањата.

За време на сексот се лачи „хормонот на љубовта“ – окситоцин, кој делува на пробудување на блискоста помеѓу партнерот. По оргазмот се зголемува нивото на естроген кој е одговорен за функционирање на женското тело, особено на нежниот женствен изглед.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 20:35


Најпродаваниот американски автор Стивен Ландсбург истакнува дека сексуално активните луѓе, всушност го спречуваат ширењето на сексуално преносливите болести.

ne500

Стивен Ландсбург, професор по економија на американскиот универзитет „Рочестер“ и автор на неколку книги, научно докажал дека колку имате повеќе секс – толку е подобро за вас. Покрај тоа професорот истакнува дека мажите треба да бидат многу поактивни сексуално за да можат да ги заштитат жените.

„Кога луѓето, кои се делумно неактивни ќе станат активни им овозможуваат многу поголеми шанси на оние кои се во потрага по партнер, да пронајдат некој кој е здрав. Сексуално неактивните кои само во ретки прилики имаат партнери и доколку во тие случаи се заразат со некој вирус исто така претставуваат спас за човештвото. Зошто? Бидејќи се неактивни и неможат да ги шират овие болести. Како и да е и во двата случаи зголемената активност ги прави луѓето се посигурни“, ја објаснува својата теорија Ландсбург, пишува „Тпортал“.

Ако мажите се премногу активни, истакнува американскиот професор, ќе пренесуваат повеќе болести: „Меѓутоа, ако спијат со личности кои се уште поактивни од нив, во тој случај делуваат како заштита. Значи процесот оди во два правци – дополнителниот секс на двата партнери понекогаш може да делува заштитно, а понекогаш заразно.“

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 15:09

Редовен секс клуч за вечна младост!

Некои научници тврдат дека редовните сексуални односи се клуч на вечната младост и добрата телесна и духовна состојба на секој поединец. Докажано е дека сексот има лековито дејство, посебно кај болести од психоматски извори, а ублажува и многу други здравствени проблеми.

Сексот го јакне срцето

За време на сексот дишењето се забрзува со што се зголемува нивото на кислород во крвта и го јакне срцевиот мускул. За време на сексуалниот однос се зголемува нивото на женски хормон естроген, кој е познат по неговото благотворно дејство на срцето.

Сексот го намалува нивото на холестерол

Кај мажите за време на сексот се зголемува нивото на тестостерон кој помага за јакнење на коските и мускулите, а истовремено го снижува нивото на холестерол.

Сексот ги ублажува симптомите на артритис

Со секс може да се излечи главоболка и болки од артритис. Доколку сте под стрес, не постои подобра терапија од секс. Одличен е за здравјето на простатата.

Со секс против вишок на килограми

Стручните лица тврдат дека доколку имате сексуални односи еднаш неделно во текот на една година ќе потрошите 7500 калории, исто како да сте истрчале 120 километри.

Секс против ПМС

Едно истражување потврдило дека со секс се олеснуваат менструалните тегоби. Во истражувањето учествувале 1000 жени. Жените кои редовно имале секс поретко се жалеле на предменструални и менструални болки.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 17:46

Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе ви ги интензивираат возбудата и желбата за уште поголема интимност:

1

Левата страна на клиторисот е најжешкото место

Многу експерти тврдат дека има одредена област од клиторисот којашто е почувствителна и предизвикува поинтензивни пријатни сензации. Експертите велат дека горниот лев „дел“ на клиторисот е најжешката точка. Па, не чекајте, насочете ја раката на вашиот сакан малку налево.

2

Поплитко проникнување = поголемо задоволство

Прескокнете го длабокото проникнување за да извлечете максимално задоволство од сексот. Секс гуруата тврдат дека надворешната третина од вагината е најчувствителна, па не е неопходно да се обидувате да пронајдете пози за подлабока пенетрација за да имате незаборавен секс. И многу мажи екстремно уживаат во првите моменти од пенетрацијата, што значи дека плитката игра ќе ви ги оствари желбите и на двајцата.

3

Црвено за експлозивна возбуда

Боите со кои сме опкружени имаат неверојатно влијание врз нашето расположение и емоции. Најсекси боја дефинитивно е црвената. Но, ако избирате нови чаршафи или специјална долна облека, нема да погрешите ако се во виолетова или темно сина боја, како ноќното небо. Најмалку секси е сивата боја.

4

Долга предигра = натрупување на сексуална возбуда

Колку повеќе го одложувате главниот сексуален акт, толку повеќе ќе го посакувате и толку повеќе ќе уживате во него.

Предлог предигра: еротска приказна од двајца автори. Земете лист хартија и пенкало. Започнете да пишувате еротска приказна. Напишете вие една реченица, па прочитајте ја наглас. Дајте му на вашиот партнер да продолжи и нека прочита и тој наглас. Одолејте му на искушението да ја прекинете приказната за да продолжите со страсни бакнежи, сè додека не напишете имагинативен возбудлив крај.

5

Нозе преку неговите рамена за тој да се почувствува помоќен

Додека сте во мисионерска поза, ставете ги нозете над неговите рамена. Ваквата положба го стеснува вагиналниот канал и тој веднаш ќе се почувствува поголем и помоќен внатре во вас.

6

Лубрикантот може да ја елиминира болката и да го зголеми уживањето

Лубрикантот не е само за возрасните жени кои влегле во менопауза. Ако пенетрацијата ви предизвикува болка, тогаш не се двоумете дали да употребите лубрикант, затоа што тој ја зголемува влажноста на вагината и создава сензуално искуство и за вас, и за партнерот.

7

Желбата за секс зависи од фазата од менструалниот циклус во која се наоѓате

Најголем дел од жените доживуваат зголемување на желбата за секс во периодот околу фазата на овулација (околу 14-тиот ден по започнувањето на менструалното крварење). Природата со тоа нè поттикнува да посакуваме повеќе секс во периодот кога е најголема веројатноста да забремениме. Не заборавајте да користите заштита ако не сте подготвени да станете мајка.

8

Кратко, а слатко: вообичаено сексот трае помалку од десет минути

Во реалноста сексот не е целовечерен маратон, како што понекогаш сакаат да ни прикажат филмовите. Не треба да негувате идеи дека нешто не е во ред со вашиот љубовен живот ако вашиот партнер не успева секогаш да ве истошти. Всушност, истражувањата покажуваат дека најпосакуваниот секс трае 7-13 минути.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 12:50

Кои се четирите застарени митови за сексот?


Сексот е подрачје во кое постојано се оценуваме мислејќи дека не сме доволно добри љубовници. Притоа често се поклопуваат митовите и легендите за сексот кои ни наметнуваат дополнителни очекувања од сексуалната вештина. Проверете кои 4 митови можете да ги заборавите. 
МИТ: Мажите имаат повеќе партнерки од жените

ВИСТИНА: После сексуалната револуција во склоп на која жените земале дел од моќта, урнати се и некои предрасуди. Жените воопшто не заостануваат зад мажите по бројот на партнери со кои воделе љубов.

МИТ: Мажите сакаат да имаат почесто секс од жените

ВИСТИНА: И жените сакаат секс, меѓутоа често се спречувани од многуте обврски. Покрај работата, жените имаат многу обврски поврзани со домот и семејството, а тоа многу ги изнемоштува. Покрај тоа, хормонските промени може да предизвикаат најразлични емоции. Поради тоа жените не ги молат мажите за да имаат секс, како што мажите знаат тоа да го прават.

МИТ: Среќните парови секогаш уживаат во добар секс

ВИСТИНА: Паровите кои се долго во врска често запаѓаат во рутина. Тоа е нормална појава, па затоа е добро да се испробаат и некои нови работи. Препуштете и се на фантазијата.

МИТ: Најдобриот секс е спонтан

ВИСТИНА: Во спонтаниот секс има многу возбудувања, но и планираниот секс носи големо исклуство. Кога планирате да имате секс, постојано мислите на него, а тоа креира сексуална атмосфера. Колку повеќе го одложувате, толку уживањето ќе биде поголемо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2012 во 13:32

Тој што заспива веднаш после секс навистина е заљубен!

Заспивањето после секс обично се толкува како незаинтересираност и неромантичност на партнерот, меѓутоа тој факт всушност отркива дека тој е навистина заљубен, тврдат научниците од Универзитетот во Мичиген. Тие откриле дека луѓето кои веднаш после секс “потонуваат во длабок сон“, имаат поголема желба за блискост со партнерот, пренесува Дејли Меил.

Научниците потврдиле дека колку побрзо партнерот после секс заспие, толку поопуштен и сака длабока врска. 

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 09:12
Дознајте какви се во кревет вашите сакани/посакувани во кревет според нивните имињанамигнување




Само треба да соберете „два плус два“ и ќе дознаете кого имате покрај вас...Затоа фрлете се веднаш на сметање...

На секој вокал( А,Е,И,О,У)му доделувате одреден број и собирате. На тој начин уште со самото запознавање ќе знаете со кого си имате работа...Најпрвин сите запишете ги сите вокали во името на вашиот партнер/ка. Потоа на секој вокал доделете му одреден број и соберете ги. Доколку на крајот добиете двоцифрен број, соберети ги цифрите и ќе добиете едноцифрен.
А-1; Е-5; И-9; О-6; У-3

Пример: Дијана: 9 + 1 + 1 =11; 1 + 1 =2

1. Тие се прилично среќни во креветот-но само кога се расположени и кога навистина сакаат секс. За жал тоа не се случува често. Околу нив ќе мора навистина да се потрудите, се додека конечно не се согласат на секс. А кога конечно тоа ќе се случи тие ќе бидат нежни и страствени љубовници.

2. Овие љубовници се досадни, тие се само бледа сенка на она што секоја жена или секој маж би сакале да го имаат покрај себе. Сакаат да се фалат, посебно жените иако се се тоа само обични лаги. Ако повеќе време би си посветиле себе си тогаш можеби и ќе дознаат што е страст и желба. Затоа помогнете им да се пронајдат.

3. Овие личности обожаваат секс и тоа жесток. Но притоа нема да обрнат внимание на вас и вашите желби. Без гајле за романтиката, но сепак по неколку недели ќе видите дека ова однесување воопшто не е спонтано туку дека се е доброо испланирано и нормално набрзо тоа ќе ви се здосади. Затоа препорачуваме тактика: изненадете ја / го и сторете се за здодевноста да не се вовлече во вашиот живот.

4. Со овие претставници, посебно со оние од понежниот пол можете да доживеете прекрасен секс- но само ако имате исти интереси како нив. Тие никогаш не се откажуваат, спремни се дури и да одглумат дека се е во ред иако тоа не е така.
5. Исклучително шармантни личности. Таа/ Тој ги знаат сите важи потајни желби и знаат да ве доведат до лудило само со еден допир. Понекогаш и нивниот поглед е доволен да ве усреќи.

6. Под овој број се крие следнава порака: тие сакаат секс, но во себе носат нешто животинско. Бројот шест е ѓаволски број. Кога ќе се отпуштат можете да ги скротите, но можеби и баш тоа ќе ви се допадне кај нив.
7. Ниедна друга личност на светот нема да ви покаже нежност од среќната 7-ка Тие умеат да ве сослушаат, многу се внимателни и многу нежни љубовници. Сакаат да слушаат нежна и романтична музика и да уживаат со сите сетила.

8. Осум е број на бесконечност, сте фатиле девојка/ дечко кои не знаат за крај. Тие сакаат секс и тоа интензивен. Навистина ќе ви биде преубаво доколку сте и вие такви. Во спротивно ќе ве истоштат. Сон на многу луѓе е да имаат вакви неуморни љубовници.

9. Бројот 9 ја симболизира разузданоста и дивината. Кога тие ја демонстрираат својата страст имате чувство дека сте стигнале во некој друг свет.  На нив сексот им е во крвта, а уметноста на заведувањето е нивното второ име. Единствен проблем е што на ништо друго не мислат.





Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 21:15

Тоа е поправено Ли, касно гледамнамигнување

А еве нешто интереснпголема насмевка
 

Што „работат“ нашите манекенки во Арапскиот свет?

Конечно некој се одлучи да зборува јавно за “работата“ на нашите манекенки, мисици и модели во Арапскиот свет. Многу наши девојки во последните неколку години заминаа на работа во Дубаи, Абу Даби, Катар, а по телевизиите по нивното враќање во Македонија зборуваат за нивните ангажмани што ги имале таму, но ниедна од нив конкретно не кажува што правела таму.

Ниедна не кажала дали била на „раскалашените“ забави во резиденциите на богатите шеици, ниту за нивните неделни “манекенски“ хонорари, кои на неделно ниво се движат од 1000 до 5000 долари.

Дознајте од соговорници за непристојните понуди кои ги имале манекенките и што требале да прават за тие пари во скутовите на мултимилијардерите. Дознајте како ги заработуваат скапите Луј Витон, Ерме чанти и од каде пари за Лубутин чевли.

------------
 
Денес во Тротоар шоу имало повеќе за тоа....јас не гледав поради обврски. Ај ако некој знае подетално да раскаже што се кажале на Тротоарголема насмевка
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2012 во 14:22

До модераторот: има грешка во насловот на темава:

Не треба заминливости туку занимливости со мала буква (ако може да се поправи, како до сега не ви текнало) збунетостголема насмевка
 
ПС: сега видов дека нема модератор подфорумов... замисленост


Изменето од LiDivio - 20.Јануари.2012 во 14:25
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2012 во 14:15

Зашто е поубав сексот со пријател?

seks-so=prijatel.jpg

Дури 63% од девојките би го направиле тоа со некој пријател, отколку со некој непознат. Новото истрастражување открива дека дури 60% од испитаниците барем еднаш во својот живот имале пријател со бенефиции, односно некој со кој имале секс без сериозна емотивна врска.

Девојките велат дека пријателите подразбираат почитување, па дури и емотивна идентичност поради кое девојките му даваат предност на ваквиот секс, наместо на оној со потполно непознати личности. 80% од девојките не очекуваат дека оваа врска би можела да се развие во нешто посериозно.

Тие објаснуваат дека сексот со пријател им одговара, бидејќи се чувствуваат сигурно и опуштено, а имаат и повеќе доверба во пријателот, отколку во некој непознат.

Најголемиот проблем во ваквите врски е ризикот од расипување на пријателството или опасноста од заљубување на еден од двајцата партнер

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2012 во 19:34

Редовен секс клуч за вечна младост!

Некои научници тврдат дека редовните сексуални односи се клуч на вечната младост и добрата телесна и духовна состојба на секој поединец. Докажано е дека сексот има лековито дејство, посебно кај болести од психоматски извори, а ублажува и многу други здравствени проблеми.

Сексот го јакне срцето

За време на сексот дишењето се забрзува со што се зголемува нивото на кислород во крвта и го јакне срцевиот мускул. За време на сексуалниот однос се зголемува нивото на женски хормон естроген, кој е познат по неговото благотворно дејство на срцето.

Сексот го намалува нивото на холестерол

Кај мажите за време на сексот се зголемува нивото на тестостерон кој помага за јакнење на коските и мускулите, а истовремено го снижува нивото на холестерол.

Сексот ги ублажува симптомите на артритис

Со секс може да се излечи главоболка и болки од артритис. Доколку сте под стрес, не постои подобра терапија од секс. Одличен е за здравјето на простатата.

Со секс против вишок на килограми

Стручните лица тврдат дека доколку имате сексуални односи еднаш неделно во текот на една година ќе потрошите 7500 калории, исто како да сте истрчале 120 километри.

Секс против ПМС

Едно истражување потврдило дека со секс се олеснуваат менструалните тегоби. Во истражувањето учествувале 1000 жени. Жените кои редовно имале секс поретко се жалеле на предменструални и менструални болки.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2011 во 18:42
Отсекогаш се знаеше дека храната е цврсто поврзана со сексот. Со нејзина помош не само што се зголемува сексуалната издржливост, туку и го зајакнува либидото.

 

Целерот, авокадото, јајцата, медот се само некои од намирниците кои ќе ве вратат во секс игрите.

БАДЕМИ

Бадемите содржат здрави масти кои на мозокот му помагаат подобро да функционира. Тие здрави масти се одговорни за произведување на машките хормони. Исто така, истражувањата покажаа дека мирисот на бадемите кај жената буди сексуално возбудување.

  

 

АВОКАДО

Ацтеките авокадовото дрво го нарекувале „ahuacatil“ што во превод значи „дрво на тестисите“.Научно тој назив е потполно оправдан. Впрочем, авокадото го буди либидото и кај мажите и кај жените. Некои се колнат дека нема подобар афродизијак.

 

 

 

ЦЕЛЕР

Овој зеленчук сигурно не ве асоцира воопшто на секс, но целерот може да биде одличен извор на сексуално возбудување. Тој содржи андростерон, машки хормон кој се ослободува по пат на потење и кој наводно ги возбудува жените за време на сексот.

 

 

 

 


 

 

БЕЛ ЛУК

Да, дури и белиот лук спаѓа во листата на супер намирници кои го подобруваат сексуалниот живот. Лукот содржи алцин, хемикалија која го зголемува протокот на крв во половиот орган.

  

 


 

СМОКВИ

Ова рајско овошје богато е со аминокиселини кои го зајакнуваат либидото. Смоквите наводно ја зголемуваат сексуалната издржливост. Свежите смокви отсекогаш се доживувале како „сензуални“.

 

 


 

ЈАЈЦА

Јајцата се богати со витамин B6 и B5 кои помагаат во одржување на стабилно ниво на хормони, кои се задолжени за стрес и за борба. Се работи за хормони кои се клучни за функционирање на либидото. Некои пијат и „живи“ јајца за да го зајакнат либидото и да го зголемат нивото на енергија во телото.

 

 

 

БАНАНИ

Ова популарно овошје содржи ензим bromelain кој го зголемува машкото либидо. Богати се и со calium и riboflavin кој ја одржува енергијата. Бананите наводно помагаат и со проблемите со импотенција.

 

 


 

ЧОКОЛАДА

Најомилената намирница содржи големо количество на alkaloid teobromin кој е сличен на кофеинот и finiletilamin. Впрочем, тој алкалоид е одговорен за цувството на заљубеност. Чоколадата се смета и за намирница која потсеќа на секс.

 

 

 


МЕД

Оваа слатка намирница содржи boron кој помага во подигнувањето на женски хормон естроген. Исто така, медот докажано го подигнува и нивото на тестестерони кај мажите. Медот често се користи и за време на сексуалните игри.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2011 во 12:47
Најпогодни места за брз секс
 
Кому не би му дошла силна желба за секс по прошетка низ Париз со шведски супермодел? Се согласуваме, многу малку луѓе биле во таква ситуација, но сексот понекогаш знае да се појави како опција во сосема неочекувани моменти. А со оглед на тоа колку поговорки постојат за пропуштени прилики, подобро е во секој момент да бидете подготвени
 
Од Камасутра, најважниот текст напишан за сексот кога и да е, избравме некои класични сексуални положби и ги прилагодивме за употреба на места каде што најчесто го минуваме поголемиот дел од времето – во канцеларија, во бања, во автомобил...
Овој древен индиски прирачник пред речиси две илјади години го напишал Маланага Ватсјајана. Им се обраќа на мажите и ги советува правилно да ја изберат жената, а потоа ги воведува во сексуалните вештини низ описите на многубројните љубовни положби. Во нашиов случај стручни совети побаравме од акупунктурист и физиотерапевт, кои анализираа колкава издржливост е потребна за секоја положба и колкави се разликите во уживањето во сексот во тие положби.

Автомобил
Положба на кобила
Во оваа положба, што е незначително променета од онаа во Камасутра (во оригиналната положба тој седи, а таа седи врз него), и вие и девојката лежите за да не си ги удирате главите од кровот на автомобилот. Не заборавајте да ја кренете рачната и да пуштите фина музика. Спуштете ги седиштата. Положбата е многу забавна, а единствен услов за уживање, нека ни простат дебелките девојки, е виткоста. „Тежината на девојката може да ви направи проблеми со половината“, вели нашиот стручњак. Девојката мора да биде свесна за важноста на љубењето, зашто многу повеќе ќе го возбуди партнерот ако го опсипе со бакнежи.

 


Канцеларија

Положба на рак
Оваа положба е коњак-положба за порно филм и сигурно би ја примениле ако некој ви понуди сценарио за таков филм. Секс на биро е омилената фантазија на девет од десет вработени во нашата канцеларија, а ќе му беше и на на десеттиот ако не апстинираше од секс. Ако веќе сте ја испробале модерната верзија на оваа положба – мажот стои, девојката лежи на бирото – можете без проблем да му се препуштите на лудото уживање со колешката од соседната канцеларија, да ги испорасфрлате документите на сите страни и да ги смкнете панталоните. Оваа едноставна и практична положба овозможува и релативно брзо враќање во работна положба ако на вратата се појави некој неповикан. И во никој случај нема да имате непријатна болка во грбот ако користите доволно големо биро. Така велат стручњаците со коишто се консултиравме.



Сауна

Обратна положба
Од сите положби опишани во Камасутра оваа бара најмало мрдање на телата на љубовниците, па затоа е идеална за топли простории како сауната, во коишто играчите се и бездруго доволно мокри. Се работи за една од најосновните и наједноставите положби, што сигурно ви била опишана во прирачникот Камасутра за почетници. По ова никој нема да може да тврди дека Камасутра е комплицирана. Девојката би можела да почувствува болка во колената, но положбата изгледа многу грациозно. Мажот би можел да почувствува болка во лактите, зашто ќе мора да се потпира на рацете. Само по себе положбата е сосема безопасна, но предолгото задржување во сауна може да предизвика артериска хипертензија поради губењето течности и дехидрација. Затоа сексот во сауна треба да биде брз секс, а потоа треба да се консумира поголемо количество течности.



Базен

Положба за дебелки
Во вода буквално сѐ е полесно , па дури и партнерката. Оваа положба е измислена за сите вас што успешно ги тешите своите дебели девојки со фразата: „Сакаш да ослабиш?! Па зошто, јас и ваква те сакам!“ Сѐ што ви треба е базен без други капачи и пријатна температура на водата. Поптпрете се со грбот на работ од базенот, изберете ни премногу плиток ни премногу длабок дел и забавувајте се. Според мислењето на нашите стручњаци мускулите на партнерите мораат да бидат подготвени на предизвик и таа би требало да може да издржи држење со рацете и качување на неговото тело. „И покрај помошта што ја нуди водата можно е да се јави болка во долниот дел од половината“, вели нашиот физиотерапевт.



Лифт

Фелацио
За дудлање, пушење и уште како сѐ не се вика (и се практикува), де со пофалби де со критики. откако постои светов и веков, па не е ни чудно што си нашло свое место и во најпознатиот прирачник за секс во историјата. Крајно поетично, Камасутра сугерира дека жената треба да работи со јазикот, лесен и мек како пеперутка, но со мера. Во книгата е детелно опшиано: „Предочете ѝ на партнерката дека сте на свршување, зашто не ѝ е на секоја пријатна средбата со вашата течност“. Битедете разумни, особено ако сте во лифт! Сопрете го и уживајте сѐ додека не слушнете нечие нервозно тропање на вратата. „Од сите сексуални положби оваа е најсигурна“, велат стручњаците. Единствениот совет е за жените: внимателно со забите!



Плажа

Положба на крава
Што им е заеднижно на плажа и на крава? Ништо. Оваа положба им ја препорачуваме на сите еластични и атлетски типови кои не сакаат да се наполнат со песок таму кај што не треба. Запомнете го и советот на нашиот стручњак и масер – внимавајте на тетивите! Жените мораат да внимаваат на правилното држење на телото, особено на задникот, зашто со погрешно држење би можеле да си ги истегнат тетивите. И мажите се изложени на опасност, зашто може да ги фати грч во половината. Сето тоа може да се спречи со правилно држење на телото и со редовно вежбање и истегнување.



Тоалет во авион

Положба за надарени
Авионските тоалети се помали од оние во хотелите и во рестораните. Меѓу оние кои би кренале два прста дека се сексале во авион најмногубројни се ниските и слабите. Не се препорачува соблекување, зашто нема стујардеса што нема да забележи дека ѝ недостасуваат двајца на седиштата. „Оваа положба им ја препорачуваме само на надарените. Пенетрацијата е тешка и двајцата партнери можат да почувстуваат грчеви во колената, па затоа е потребно да се физички подготвени“, вели нашиот стручњак.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.