|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика | страница <1 56789 68> |
Автор | |||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Свети Лав I, папа Римски
Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт и покрај неговото противење го возведоа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архиерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на Светиот човек толку го уплаши и визијата на Светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следственото одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на Светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на Св. Петар, а Св. Петар го исправи. Пред смртта четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва сѐ додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година. Свети Флавијан Патријарх Цариградски после Прокло. Современик на Св. папа Лав. Се бореше одлучно против Евтихиј и Диоскор, но не го дочека жив триумфот на Православието на Четвртиот Собор, зашто претходно на еден еретички собор го биеја и го газеа толку бездушно, што таму и умре. Верен војник Христов, храбар бранител и исповедник на православната вера. Се упокои во 449 година. |
|||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Православен календар за 24/01/2010Преподобен Теодосиј ВеликиПрв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Заради тоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта, и во слава Божја истовремено служеа и се пееја на грчки, ерменски, грузиски итн. Но во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква, во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господ кога имаше сто и шест години, во 529 година. Блажениот Михаил Јуродив заради Христа. Се правеше луд за да ја скрие од светот својата добродетел и за да не биде фален. Така си приготви себеси пофалба од Бога. Се упокои во 1453 година во Клопскиот манастир, близу Новгород, каде што му почиваат и моштите. |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Православен календар за 23/01/2010Свети Григориј, епископ Ниски Брат на Св. Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено наострено против него како кон страшен противник, па во времето на царот Валент, нивен едномисленик, успеаа да го симнат Свети Григориј од епископската столица и најнакрај да го протераат во прогонство. Во прогонство тој помина осум години трпејќи секакви беди и понижувања. Најпосле се упокои во длабока старост, на крајот од 4 век, и се пресели во Царството Божјо, останувајќи големо светило на Црквата низ вековите. Преподобен Амон Подвижник Мисирски. Четиринаесет години се трудеше и Го молеше Бога да го победи гневот во себе. Достигна толкаво совршенство во добрината што повеќе не беше ни свесен дека постои злото во светот. Извонреден познавач на Светото Писмо. Се упокои во почетокот на 5 век. Свети Маркијан Роден е во Рим, но како презвитер до крајот на својот век го проживеа животот во Цариград, поголемиот дел за време на царувањето на Маркијан и Пулхерија. Откако наследи големо богатство од родителите, тој целото го потроши за обновување и изградба на храмови и милостињи на сиромасите. Изгради две нови цркви во Цариград, прочуени по убавината и светоста: на Св. Анастасија и на Св. Ирина. Кога го прашаа зошто толку многу троши за црквите, одговори: „Кога би имал ќерка и би сакал да ја омажам за некој благородник, зарем не би потрошил многу злато за да ја украсам како достојна невеста? А овде ја украсувам Црквата, невестата Христова“. Колку пак овој прекрасен маж беше милостив кон црквите и кон сиромасите толку беше тврд и многу тврд кон самиот себеси, следејќи го советот апостолски: А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни (1 Тимотеј 6, 8). За него пишува: „Сиот беше во Бога и Бог беше во него и се престави кај Господа исполнет со години и добри дела“, во 471 година. |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Православен календар за 22/01/2010Светиот маченик Поливект Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со христијанска крв, како и целата земја Ерменска. Но првата крв за Христа во овој град беше на Свети Полиевкт, пролеана околу 259 година во времето на царувањето на Валеријан. Во тој град имаше двајца пријатели офицери: Неарх и Полиевкт. Неарх беше крстен, Полиевкт некрстен. Кога излезе царската заповед за гонењето на христијаните, Неарх се подготвуваше за смрт, но беше во голема тага што не успеа и својот другар Полиевкт да го обрати во христијанската вера. Кога Полиевкт дозна за тагата на Неарх, му вети дека ќе ја прими Христовата вера. Утредента тој му го раскажа на Неарх овој сон: дека Господ Христос му се јавил во светлина, ја симнал од него старата облека и го облекол во нова, пресјајна, и го поставил на седло од крилест коњ. По ова Полиевкт отиде в град, ја искина царската заповед за мачење на христијаните, ги искрши идолските статуи. Го мачеа и го осудија на смрт. Кога го изведоа на губилиштето, го здогледа Неарх сред толпата и радосно му викна: „Спасувај се, драг пријателу! Сети се на заветот на љубовта што се утврди меѓу нас“. И Свети Неарх подоцна заврши маченички за Христа запален во оган. Неговиот спомен е на 22 април. Преподобен Евстратиј Од Тарс. Голем испосник и молитвеник. Поминал во манастир седумдесет и пет години и ниеднаш не легнал на левата страна. Постојано ја говорел во себе молитвата: „Господи помилуј!“ Се упокоил во деведесет и петтата година од животот. Свети Филип, митрополит Московски Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш како млад стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат посебно нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши. Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на митрополитот Московски во 1566 година. Но овој свет човек не можеше рамнодушно да ги гледа стравотиите на грозниот цар, а го советуваше и неустрашливо го изобличуваше. Царот најде лажни сведоци против Филип, го симна и нареди да го облечат во просто искинато монашко расо, па го затвори во Твер, во 1569 година на 23 декември. Маљута Ск*ратов, еден царски довереник, дојде во келијата на Филип и го удави со перница. Но наскоро сите што беа против него завршија со зла смрт. А по неколку години телото на Светителот се најде цело и нетлено и благомирисно и го пренесоа во Соловецкиот манастир. |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Православен календар за 21/01/2010Свети Григориј, епископ Охридски Благочестив учител и пастир на Христовото стадо. Се упокои во 1012 година. Во натписот на црквата Света Софија во Охрид се нарекува Григориј премудриот. Светите маченици Јулијан и Василиса Обајцата од благородни и богати родители. Венчани во брак, се заветуваа да живеат девствено како брат и сестра. Им го раздадоа сиот свој имот на сиромашните, а самите стапија во монаштво. Јулијан основа машки, а Василиса женски манастир. Јулијан имаше десет илјади монаси, а Василиса илјада монахињи. Кога настана лутото мачење на христијаните под Диоклецијан, Василиса Го молеше Бога нидена од нејзините монахињи да не се исплаши од маките и да не отстапи од православната вера. Господ ја услиши молитвата на Својата достојна слугинка и за шест месеци ги зеде кај Себе сите монахињи редум, па најпосле и нивната игуманија Василиса. Пред смртта Василиса имаше видение за своите сестри на оној свет: сите ѝ се јавија светли и радосни како ангели Божји и ја повикуваа својата духовна мајка да им дојде што побргу. Манастирот на Јулијан беше изгорен од мачителите, а самиот Јулијан го мачеа нечовечно и го убија во најтешки маки. Во маките го крепеше и бодреше Самиот Господ, па сѐ издржа јуначки, ја одржа верата и го прослави името Господово. Заедно со Јулијан беа убиени: синот и жената на мачителот Маркијан; Келасиј и Марионил, кои кога го видоа трпењето на маченикот и самите се обратија во Христовата вера; дваесет римски војници; седуммина браќа од она место; презвитерот Антониј и некој Анастасиј, кого Јулијан за време на мачеништвото со молитва го воскресна од мртвите. Сите чесно пострадаа за Христа и станаа граѓани на небесното Царство околу 313 година. Преподобен Георгиј Хозевит Се подвизувал во 7 век во Хозевитската обител на патот од Ерусалим во Ерихон, каде што се подвизувал и Св. Јован Хозевит. Света Домника Во времето на царот Теодосиј дојде како некрстена од Картагена во Цариград со уште четири девојки незнабожки. Патријархот Макариј ги крсти и им благослови да живеат како монахињи. Света Домника се предаде на подвиг со голема ревност и во таа ревност остана до смртта. Се упокои во Господ во длабока старост, околу 474 година. Имаше дар на проѕирање на идните настани преку Светиот Дух и чудотоворна молитва. |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Православен календар за 20/01/2010Свети Јован Крстител Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна. Светиот маченик Атанасиј Овој Христов маченик беше прост и сиромашен човек, но богат со вера и мудар во Божјиот Дух. Еднаш не сакајќи стапи во препирка за верата со некој Турчин. Турчинот беше школуван и вешт на збор, но Атанасиј се трудеше со сите сили да ја истакне и утврди вистинитоста и предноста на христијанската вера пред мухамеданската. После се разделија. Следниот ден Атанасиј го повикаа на суд. Оној Турчин стоеше пред него како обвинител. Кога судијата го повика Атанасиј да се одрече од Христовата вера и да се потурчи, како што божем и му изјавил на својот сопатник ден порано, Атанасиј возвикна: „Попрво ќе примам илјада смрти одошто да се одречам од Христовата вера !“ За ова беше осуден на смрт и обезглавен во 1700 година во Смирна. Телото му е погребано во црквата на Света Параскева во истиот град. |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Православен календар за 18/01/2010Преподобната мајка Синклитикија По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа за брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините поуки за монахињите се секогаш сметани за вистински духовни бисери, бидејќи Света Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку книги, туку преку страдање, мака, низ деноноќно богомислие и духовно општење со Божествениот свет. Во тој возвишен свет со душата се пресели во 350 година. Меѓу другото, говореше преподобната Синклитикија: „Ако е време на пост не оставај го постот божем заради болест, зашто и оние што не постат запаѓаат во исти болести“. Уште велеше: „Како што изложеното богатство брзо го раграбуваат така и добродетелта, кога се разгласува, се помрачува и се губи“. Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона Кога Диоклецијан објави гонење на христијанинте, никомидискиот епископ Теопемт беше првиот кој пострада за Христа. Го изведоа пред царот и царот му се закани со смртна казна ако не се одрече од Христа. На оваа закана храбриот епископ одговори: „Напишано е: не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Ти цару, имаш власт над моето тело, прави со него што сакаш“. Многу го биеја, го мачеа со глад и го истизаваа на разни начини. Најпосле царот повика еден маѓепсник, Теона, да му доскокне на Божјиот човек со некои магии. Теона раствори во вода најјак отров и му го даде на Теопемт да го испие. Овој ја прекрсти чашата и го испи отровот. Кога виде Теона дека неговиот отров воопшто не му наштети на Теопемт, се заврте кон царот и возвикна: „И јас сум христијанин и Му се поклонувам на Распнатиот“. Обајцата ги осудија на смрт. Теопемт го убија со меч, а Теона жив во земја го закопаа, во 298 година. Чесно пострадаа и станаа граѓани на Царството Христово. Светиот пророк Михеј I Современик на Пророкот Илија. Му пророкуваше на царот Ахав за погибелта во војната со Асирците (1 Царства 22; 2 Летописи 18). Сѐ пророкуваше усно и не пишуваше ништо. Друг беше оној Михеј којшто го прорече раѓањето на Господ во Витлеем и напиша книга со пророштва. Преподобна Аполинарија Ќерка на Антимиј, намесникот на малолетниот цар Теодосиј Помладиот. Таа му беше постарата ќерка, а помладата беше луда. Аполинарија не сакаше да се мажи, туку во срцето стана Христова свршеница и замина во пустината Мисирска. Во машка облека и под машкото име Доротеј, стапи во машки манастир, каде се подвизуваше вознесувајќи го непрестајно својот дух кон Бога и горејќи од љубов кон Создателот. Некој му посоветува на царскиот намесник да ја испрати неговата луда ќерка кај пустинските монаси да ѝ прочитаат молитва. И по Божја Промисла се случи постарата сестра со својата силна молитва да ја исцели својата луда сестра. Дури кога Аполинарија се упокои, се објави тајната дека не беше машко туку женско. Мажествената храброст на оваа света девица остана за пример и поттик на многумина низ вековите. Се упокои во 470 година. |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Православен календар за 15/01/2010
Свети Силвестер, eпископ Римски Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се исползува со поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување за верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на христијаните. Така на пример го укина постот секоја сабота, како што дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на Велика Сабота, како и оние саботи што паѓаат во пости. Со своите молитви и чуда помогна да се обратат во вистинската вера и да се крстат царот Константин и неговата мајка Елена. Ѝ содејствуваше на царицата Елена да го пронајде Чесниот Крст. Со Црквата Божја управуваше дваесет години и животот го заврши чесно. Преподобен Серафим Саровски Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“. Света Теодота Мајка на Светите браќа Козма и Дамјан, бесребреници и чудотворци. Живееше богоугодно, па така ги воспита и своите синови. Преподобен Амон Голем подвижник на 5 век. Беше настојател на манастирот Тавенисиот во Горен Мисир. Под негово раководство се подвизуваа околу три илјади монаси. Имаше благодатен дар на чудотворство и проѕорливост. Кога еден монах го прашал за совет, преподобниот му одговорил: „Биди сличен на престапник во затвор и како што таквиот постојано прашува кога ќе дојде судијата и ти така прашувај се со страв“ |
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||
Justinijana
Нов член Регистриран: 13.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 32 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Светиот маченик Бонифациј
Мачеништвото за Христа од грешникот прави светител. Тоа го покажува примерот на Свети Бонифатиј. Тој најпрво ѝ беше слуга на некоја богата и развратна жена во Рим, Аглаида, со којашто имаше нечиста и незаконска врска. Обајцата беа незнабожци. Еднаш Аглаида посака да има во куќата маченички мошти и да ги чува како амајлија што штити од зло. Затоа го прати својот слуга во Азија, за да најде и да ѝ купи мошти. Бонифатиј зеде со себе неколкумина робови и доста богатство, а при разделбата ѝ рече на својата господарка: „А ако не можам да најдам никаков маченик и ако ти го донесат моето тело, госпоѓо, пострадано за Христа, ќе го примиш ли со чест?“ Аглаида се насмеа и го нарече пијаница и грешник. Така се разделија. Кога дојде во градот Тарс Бонифатиј виде мнозина христијани на маки: едни со отсечени нозе, други без раце, трети избодени, четврти на бесилки итн. Нему му се измени срцето, се покаја за својот грешен живот и заплака. И сред христијанските маченици возвикна: „И јас сум христијанин!“ Судијата го подложи на маки, нареди и грозно го биеја, потоа му истурија врело олово во устата и бидејќи тоа не го повреди - му ја отсекоа главата со меч. Робовите го зедоа неговото тело и го однесоа во Рим. Ангел Божји ѝ се јави на Аглаида и ѝ рече: „Прими го оној што некогаш ти беше слуга, а сега ни е брат и сослужител; тој ти е чувар на душата и заштитник на животот“. Ужасната, Аглаида излезе во пресрет, го прими телото на Бонифатиј, му изгради црква и во неа ги положи моштите на маченикот. Таа потоа се покаја, им го раздаде сиот свој имот на бедните, а самата се повлече од светот и поживеа уште петнаесет години во горко покајание. Свети Бонифатиј пострада во 290 година. Свети Григориј (Григентиј), епископ Омиритски Најпрво беше ѓакон на медиоланската Црква и имаше многубројни виденија. По Божја Промисла беше одведен во Александрија, каде што патријархот Протериј според едно небесно откровение го ракоположи за епископ на Омиритската земја, во јужна Арабија, којашто Св. Елезвој (под 24 октомври) штотуку ја беше ослободил од тиранинот Дунаан Евреинот. Свети Григориј се памти како добар пастир и голем чудотворец. Со помош на христољубивиот цар Аврамиј ја уреди омиритската Црква, подигна многу храмови и крсти голем број Евреи. Вршеше големи и страшни чуда со молитва; на неговата молитва пред неверните Евреи се јави и Самиот Господ Христос, а тоа беше пресудно за да се крстат. Управуваше со Црквата триесет години. Се упокои мирно во 552 година. Свети Бонифатиј Милостив, епископ Ферентиски Уште од детството беше необично милостив, а мајка му обично го прекоруваше за тоа. Од Господ преку молитвата за ова добиваше стократно. Се упокои мирно во 6 век во Италија. Преподобен Илија Муромец Монах киевопечерски. Се упокои во 1188 година. Неговите нетлени мошти се чудотворни. На десната рака досега му стојат трите прсти составени за молитва. Од ова се гледа дека умрел на молитва. |
|||
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
|
|||
Justinijana
Нов член Регистриран: 13.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 32 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил
Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, Св. Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема проѕорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“. Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив. Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата. Според Св. Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживејаа длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, А Мисаиловата Даниил. Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен. Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се смета меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Еремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа. Преподобен Даниил (Донале) Големец и гувернер на островот Ниверте кај Кадикс во Шпанија. Штом ја спозна суетата на овој свет ги напушти славата и богатството, па дојде во Рим, каде што се замонаши. Потоа отиде во Цариград и таму разговараше со царевите Константин и Роман Порфирородни, па потоа се упати во Ерусалим. Во Ерусалим прими Голема схима од патријархот Христодул, кој му го даде името Стефан. Мачен од Сарацените коишто го принудуваа да си ја избриче брадата, тој се оддалечи во Мисир, каде што за името Исусово претрпе многу маки и смрт. Во Царството Христово се пресели на крајот од 10 век. Преподобните новомаченици Пајсиј и Авакум Пајсиј беше игумен на манастирот Трнава кај Чачак, а Авакум му беше собрат и ѓакон. Обајцата како христијани Турците ги набија на колци во Белград на Калемегдан, на 17 декември 1814 година. Носејќи си го колецот низ белградските улици Авакум храбро пееше. Мајка му со солзи го молеше да се потурчи, но тој цврсто одолеа и прими маченичка слава од Господа Христа. |
|||
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
|
|||
Justinijana
Нов член Регистриран: 13.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 32 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Светиот пророк Агеј
Роден е во Вавилон за време на робувањето на Израилот од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Ерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на поранешниот, вели Господ над војските“ (Агеј 2, 9). Зашто во новиот храм ќе се јави Господ Спасителот. Овој пророк доживеа да види еден изграден дел од храмот, кое го изврши Зоровавел. Се упокои на старост. Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски Управуваше со Црквата од 980 до 995 година. Тој го ракоположи за свештеник големиот Симеон Нов Богослов кога овој духовен великан беше избран за настојател на манастирот на Светиот маченик Мамант во Цариград. Во неговото време во Кареја се случи чудесното јавување на Светиот архангел Гавриил, кога на монасите им беше предадено славословието кон Пресвета Богородица со песната „Достојно ест“. Оваа песна архангелот ја запиша со прст на камена плоча во една келија на црквата која оттогаш се нарекува Достојно (под 13 јуни). Овој значаен голем јерарх мирно се упокои и премина во Небесното Царство. Светата царица Теофанија Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и Ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Запоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во затвор. Тие две невини души трпеа затворени три години. Еднаш на празникот на Св. пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови. Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори. По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го броеше своето царско достоинство за нешто. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостиња, обновуваји многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета. Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога во 892 година. Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Света Троица (Педесетница). |
|||
BOGORODICE DJEVO RADUJ SJA
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
По молитвите на Свети Николај, Бог сите да не помилува и спаси.
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
II
III (од Премин-портал) |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Свети Сава Осветен Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (под 20 јануари) и Теоктист. Проѕорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека ќе основа лавра поголема од сите лаври на сите времиња. По смртта на Св. Ефтимиј Сава се оддалечи во пустина, каде што во една пештера, којашто му ја покажа ангел Божји, помина како отшелник пет години. Потоа, кога стана совршен монах, по Божја Промисла околу него почнаа да се собираат многумина ревнители за духовниот живот. Набрзо се собраа во толкав број, што Сава мораше да гради и црква и многубројни келии. Дојдоа и некои Ерменци, на коишто тој им одреди пештера за во неа да служат на ерменски јазик. Кога умре татко му, кај него дојде неговата остарена мајка Софија, којашто тој ја замонаши и ѝ даде келија подалеку од неговиот манастир, па во неа таа се подвизуваше до крајот на животот. Овој Свет отец претрпе многу напасти од ближните, од еретиците и од демоните. Но тој сите ги победуваше, и тоа: блиските со благост и попустливост, еретиците со непоколебливо православно исповедање, а демоните со крсниот знак и повикувајќи Го на помош Бога. Особено голема борба имаше со демоните на гората Кастела, каде што го основа својот втор манастир. Тој и неговиот сосед Теодосиј Велики се сметани за најголеми светила и столбови на Православието на Исток. Тие ги исправаа царевите и патријарсите во верата, а на сите им служеа како пример на светителско смирение и на чудесната Божја сила. После трудољубивиот и многуплоден живот Св. Сава се упокои во 532 година, во деведесет и четвртата година од својот живот. Меѓу другото, тој го устрои манастирскиот типик на богослужење, којшто подоцна се рашири по целото Православие и стана познат како Ерусалимски устав. |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Внеси реплика | страница <1 56789 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |