|
ПОУКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | |
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го запраша ава Јосиф ава Сисој:
– Колку време му е потребно на човека за да ги отсече страстите? Старецот му рече: – Сакаш да знаш за времето? – Да. А ава Сисој му одговори: – Во оној час во кој ќе се појави страста, веднаш пресечи ја. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Му се исповеда некој монах на ава Пимен:
– Направив голем грев и сакам да поминам три години во покајание. Му рече старецот: – Многу е. А монахот го запраша: – А една година? Овој му одговори: – Многу е. А присутните прашаа: – А четириесет дена? Старецот повторно одговори: – Многу е. Па додаде: – Ви велам, ако човек се покае со сето срце и не продолжи да прави грев, за три дена Бог ќе го прифати. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еднаш ава Нистерој одеше низ пустина заедно со еден брат. Здогледаа некој ѕвер, та и двајцата побегнаа. Подоцна братот го запраша:
– Зарем и ти се плашиш? А старецот му одговори: – Не се плашам, чедо мое; но од полза ми е што побегнав, зашто во спротивно не би можел да избегам од духот на суетата. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОУКИ НА ПУСТИНСКИТЕ ОТЦИ
Во една пригода, рече ава Григориј: – Овие три работи Бог ги бара од секој човек што примил крштевање: од душата бара правилна вера, од устата вистина, од телото непорочност. Раскажуваше ава Касијан: Беше еден старец кого го служеше некоја света девица. Но луѓето озборуваа: – Тие не се чисти. Слушна старецот за ова. А кога требаше да умре, им рече на отците: – Кога ќе умрам, засадете го овој стап на гробот; па, ако пушти лисја и донесе плод, знајте дека сум чист спрема неа, а ако не пушти лисја, знајте дека згрешив со неа. Го засадија стапот, и на третиот ден тој пушти лисја и донесе плод. И сите го прославија Бога. Некој монах дојде при ава Макариј Египетски, и му рече: – Ава, кажи ми поука како да се спасам. А старецот му рече: – Појди на гробиште и почни да ги кудиш умрените. И отиде монахот на гробиштето и почна да ги куди умрените и да фрла камења по нив. Кога се врати, му раскажа на старецот. А овој му рече: – Ти кажаа ли нешто? Монахот одговори: – Не. Старецот му рече: – Појди повторно утре, и пофали ги. И, откако повторно отиде на гробиштето, монахот почна да ги фали, велејќи: – Апостоли свети и праведници. Па се врати при старецот и му рече: – Ги фалев. А ава Макариј го праша: – И ништо не ти одговорија? Монахот рече: – Не. Тогаш старецот му рече: – Гледаш ли, ги навредуваше и ништо не ти рекоа, и ги фалеше и пак ништо не ти одговорија; така и ти, ако сакаш да се спасиш, биди мртов: како и овие умрени, немој да ја имаш на ум ниту неправдата ниту славата човечка, и ќе можеш да се спасиш. Говорел Ава Макариј: „Ако е понижувањето за те*е e пофалба, сиромаштијата – богатство, а недостигот – изобилие, нема да умреш, зашто не може да се случи, оној што е правоверен и што се подвизува во благочестивоста да падне во нечистотијата на страстите и во демонска прелест.“ Изменето од sard - 14.Јуни.2006 во 17:28 |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |