|
Света Троица |
Внеси реплика | страница <1 56789 26> |
Автор | ||
trebo.r.a
Сениор Регистриран: 24.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Катастрофално објаснување.Ај подоцна ќе видиш зошто е тоа така. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mislam deka najednostavnoto objasnuvanje bi bilo ova:
Vodata e edna, no se manifestira vo tri formi - techna, cvrsta (zamrznata) i parea. Toa e objasnuvanje za pretshkolksa vozrast. Objasnuvanjeto za osnovno uchilishte i sredno shkolo bi bilo: Koreatorot se manifestira preku se shto e vidlivo i nevidlivo. Se e sozdadeno od Nego i i Toj e vo seto toa. Objasnuvanje za fakultet: Isus e Kreatorovo delo, kako i site drugi, materijaliziran vo nashiov svet od majka kako i site nas, no so svest koja go krenala na nivo na Kreatorot, se pretochila vo bezrezervna Ljubov i se tranfsormirala vo edno edinstveno sebstvo to Tvorecot. Na takvo svesno nivo ischeznuvaat razlikite megju Kreatorot i kreacijata bidejki kreacijata se vozdiga na Negovoto nivo. Zatoa za Isus se veli deka e sin chovekov i sin Bozhji. Pojasno e sega? Изменето од Messenger - 12.Мај.2008 во 19:06 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
trebo.r.a
Сениор Регистриран: 24.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
trebo.r.a
Сениор Регистриран: 24.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќе побарам и ако најдам ќе ти го копирам одговорот. Но - има одговорено и тоа сосема наскоро... (од Зидарски) МНОГУ ВРЕМЕ ТИ ТРЕБА ЗА ДА ГО НАЈДЕШ ОДГОВОРОТ. |
||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mnogu prasanja sepak nemoze da dobijat dobar odgovor no kako i da e toa e vashe pravo. Nie znaeme za toa, za razlikata pomegu muslimanite i hristijanite i znaeme deka temelite se isti no sepka nesto ne e jasno i sekogash ke bide golema precka pomegu nas. Kade svetoto trojstvo se spomnuva vo stariot zavet, dali tamu pisuvalo deka bog ke dojde kako pratenik na zemjava, dali vo tekot na ziveenjeto na Isus toj zboruval za svetoto trojstvo, koi se negovite zborovi za toa. So seta pocit kon vaseto veruvanje, nemozam a da ne gi postavam ovie prashanja i za istite mora da dobijam konkretni odgovori.
Kako i da e mislam deka nema potreba poveke da pisuvam na ovaa tema zatoa sto sepak vie imate svoi gledista, a ke cekam uste eden odgovor iako mozebi do sega nekoj go ima dadeno istiot. p.s. A zosto bas tri lica zosto bog nemoze da ima 1000 lica? |
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Разликата е во тоа што ние веруваме во еден бог со три лица Бог Отец Бог син Ии Бог Свет Дух во мојот пост тоа е убаво објаснето ти се исти меѓу себе по битие но се разликууваат по лицата и по личните својства |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ova e dosta nerazbirlivo za nas musllimanite a veruvam deka i za nekoi od vas no sepak ako taka sakate taka terajte. Sepak ne mi e jasno zosto nekoj sebesi bi se narekuval sin bozji a potoa bi se obracal sam na sebe i bi se narekuval tatko samiot sebesi. vo biblijata ima i eden del koj kazuva deka isus na neboto stoi do svojot tatko. Neli toj e bog kako moze bog da stoi do svojot tatko ili kako moze bog da stoi do samiot sebesi? Zosto da ima tri lica edno isto nesto? Koga isus sebesi se narekol bog. Koga toj kon boga se obratil kako kon sebesi t.e na kogo gi upatuval zborovite? Si zboruval sam so sebe?? Kako toa Isus koj spored vas e bog bil iskushuvan od strana na satanata. Pa zar bog moze da bide iskusuvan za da premine na drugata strana? Zarem satanata ne znael deka isus e bog i zasto se resil da go iskusuva boga?
Jas kako musliman nemozam da gi razberam ovie raboti koi vie mu gi prepisuvate na Isus a za toa nemate potkrepa ni vo svetite knigi. Sepak vie si imate pravo da si mislite taka.... |
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па да вистинските Православни Христијани слепо веруваат затоа што тоа е догма и е се докажува ние за Бога знаеме онолку колку што тој самиот за себе ни кажал на нас луѓето
Изменето од чаир - 11.Мај.2008 во 13:16 |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
trebo.r.a
Сениор Регистриран: 24.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МИСЛИШ ДЕКА ТЕ РАЗБРА НЕКОЈ ШТО СИ НАПИШАЛ?
НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА НИ ХРИСТИЈАНИН ЌЕ ТЕ РАЗБЕРЕ,ОСВЕН АКО ВЕРУВА СЛЕПО,БЕЗ ПРАШАЊА,БЕЗ ЗОШТО,КАКО ИТН.... Ај да те видам како ќе ми ги протолкуваш овие цитати: “ А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исуса како стои од десната страна на Бога. “ Делата Апостолски 7. 55 “ А Он, принесувајќи само една жртва за гревовите,засекогаш седна оддесно на Бога“ до Евреите 10. 12 “Имајќи го пред очи Началникот и Завршителот на верата - Исуса, кој поради неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји“ до Евреите 12. 2 “ И така ако сте воскреснале заедно со Христа, барајте го она што е горе, каде Христос седи оддесно на Бога“ до Колосјаните 3. 1 “Кој е, што ќе суди? Христос ли Исус? кој умре, но уште и воскресна,Кој е од десната страна на Бога и кој се застапува за нас“ до Римјаните 8. 34 А ова ми е посебно интересно.... али сигурно е нешто многу просто и едноставно и кристално ќе го разјасниш: “Откровение на Исуса Христа, кое Му го даде Бог, за да го покаже на слугите свои“ Откровение 1. 1 По ова јас наивно разбирам дека Бог има нешто што Исус го нема значи имателот му дава на примателот, Бог го има Откровението и му го дава на оној кој го нема на Исуса. Молам за коментар! |
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Света Троица Дали тајната на Света Троица доаѓа со Новиот завет или ја има и во Стариот завет? Света Троица може да ја препознаеме
уште на првата страница во првата
глава на Библијата кога се зборува за создавањето на светот. С¢ друго е создадено во стилот - и рече Бог, и би, заповеда
и се создаде. Кога дојде на ред човекот, кој е круна на целото создание, се менува текот на расказот. Овој стих (26)
вели: .Потоа рече Бог: Да создадеме
човек според нашиот образ и подобие..... Употребата на множина (да создадеме) укажува на советување меѓу повеќе лица, а светите отци на
Црквата тоа
го именуваат:
Совет на Света Троица. Овде употребената множина не е од к*ртоазија, туку укажува на постоење на повеќе лица, при што не е определен
бројот, но се борува
во множина (НАШ - НИЕ). Оние што не веруваат во Света Троица ова место го толкуваат
во смисла дека Бог се
советувал со ангелите, што е бесмислица, бидејќи Бог нема потреба да бара совет од
свои созданија. Изразувањето
на Бога во множина го среќаваме и при описот на Вавилонската кула (11 глава, стих 7), каде што се вели: .Ајде да слеземе и да
им го збркаме јазикот нивни
за да не се разбираат еден со друг..... Дали има и други примери, или овие се единствени? Да, има уште неколку делови од Стариот
завет кои укажуваат на тоа дека
Троица беше во најава. При една средба на Авраам со тројца патници, тој ги пречекува и ги угостува тројцата, но се поклонува
како на еден. Авраам
вели: .Господи, ако сум нашол милост пред тебе, немој да го одминеш својот слуга.
(18,3), а по заминувањето на тројцата патници, рекол: .Господ си замина. (стих 33). Значи, тој виде тројца патници,
но се поклони на еден. Ова е
првото место во Стариот завет каде што се определува бројот три. Средбата на Авраам е мотив
за иконата
насликана од
Рубљов, каде што се претставени тројцата патници, односно Света Троица. Во Стариот завет има и други места
каде што се
спомнува бројот
три. На пример, пророкот Исаија видел во визија како серафимите летаат околу престолот Божји и ја пеат песната: .Свет, свет, свет
е Господ Саваот. (6,3)! Секое свет се однесува на едно од лицата на Света Троица. Има места во Стариот завет
кои поблиску ги определуваат
лицата на Света Троица, како на пример она од вториот псалм, стих 7, во кое Отецот
(Господ) Му се обраќа
на Синот, велејќи: .Ти си мој Син, јас денес те родив.. Или во псалм 109 стих 1:
.Му рече Господ на мојот Господ (Отецот му вели на Синот): Седи од мојата десна страна додека ги ставам непријателите
Твои во подножјето на нозете Твои..
Најјасното, пак, место во Стариот завет во кое се спомнуваат дури и трите лица на Света Троица се наоѓа во Книгата Мудрост
Соломонова
(9,17), каде
што се вели: .Волјата твоја Боже (Оче) кој бија познал да не си ни ја дал Премудроста
и да не си ни Го испратил
твојот Свет дух одозгора.. Премудроста овде е синоним на Синот. Во Стариот завет Бог намерно не се
открива целосно како Троица, бидејќи
во тоа време луѓето тешко
можеле да ја задржат верата во еден Бог, а камоли во Троица. Во тој период тоа
ќе беше повод за паѓање
во кривобоштво или многубоштво. Само да се потсетиме дека додека Мојсеј беше
на Синај за да ги прими
Десетте Божји заповеди, народот кој стоеше во подножјето на планината изгради кип
(идол - златнотеле) и му се поклонуваше. Целосното откривање или објавување на Света Троица стана можно
дури по воплотувањето на Синот Божји. Што е Отецот? Отецот е првото лице на Света Троица. Но, не е прво затоа што е поголемо или постаро
од другите две лица
- Синот и Светиот дух - туку затоа што Отецот е начелото или изворот од кој вечно
се раѓа Синот и вечно
исходи Светиот дух. Отецот не може да се замисли без Синот и без Светиот дух. Синот Божји или Синот човечки... Синот Божји е второто лице на Света Троица, кој вечно се раѓа од Отецот. Истиот
тој Син, или Логос, или Слово,
од љубов кон нас луѓето и заради нашето спасение, се воплоти од Светиот дух и од Пречистата девојка Марија (Марија Дева) и стана
човек пред 2.000 години.
Тоа е историскиот Господ Исус Христос, кој е истовремено и вистинскиот Бог и вистински
човек, односно Богочовек, сличен
нам во с¢, освен во гревот. Синот Божји и по овоплотувањео остана второто лице на Света Троица и, како вистински
Бог, не претрпе никаква
промена. Терминот воплотување доаѓа од зборот плот - што значи тело, значи вотеловување или вочовечување. Значи, Христос се воплоти
од Светиот
дух и од Марија
Дева и се вочовечи, односно стана човек. Раѓајќи се од девојка, Синот не го наруши редотво Света
Троица, ниту, пак, го нарушува своето лично својство на раѓање, туку раѓајќи се како Човек
ни ја открива тајната
на Света Троица. Синот дојде да го открие вистинското име на Бога, а тоа е името Отец. Во
таканаечената Молитва
Господова, Господ Исус Му се обраќа на Отецот: .Оче, да се свети името Твое..... Прва јавна манифестација на Света Троица имаме во чинот на крштанието на Господ Исус
Христос, што го славиме
на празникот Богојавление. Христос, второто лице, овоплотениот Син Божји, стана
Човек и, иако немаше
потреба да се крштава, тој го стори тоа за да ни даде пример и нам. Во тој миг се слушна
глас од Небото - .Ова
е мојот возљубен Син кој е по мојата волја, него послушајте го. (Матеј 3,17 ). Тоа
беше гласот на Отецот. Светиот
ух, во вид на гулаб, ги потврди зборовите на Отецот. Истите зборови се слушнаа
и при Преобразувањето на Христа
на планината Тавор, настан што нашата Црква го слави на празникот Преображение Господово. Христос на Тавор, пред
тројцата ученици, Јаков,
Петар и Јован, се преобрази и ја покажа славата на своето Божество. Во тој миг се слушнаа
зборовите на Отецот
- .Ова е мојот возљубен Син кој е по моја волја, него послушајте го. (Марко 9,7), а
Светиот дух овој пат се покажа
во светлината. Каде
Новиот завет ја претставува Света Троица? Целиот Нов завет, всушност, е во знакот на Света Троица, завет или сојуз со Бога, кој
е склучен со Бога преку
пролевањето на скапоцената крв на Богочовекот Христос, кој е еден од Троица - второто
лице на Света Троица.
Во Новиот завет Господ Исус Христос спасението го става во зависност од Света Троица.
По Воскресението, Господ
Исус ги испраќа своите ученици - апостолите во светот со заповед: .Одете и научете
ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат с¢ што сум
ви заповедал. (Матеј 28,
19-20). На друго место вели: .Кој верува и се крсти (во името на Отецот, и Синот, и Светиот
дух), ќе биде спасен Значи,
пораката е јасна - член на Црквата се станува со вера и со крштание во името на Света
Троица. Едно од клучните
места во Новиот завет и извор за нашето знаење за Света Троица е почетокот на Евангелието
според Јован, како и неговото Прво
послание: Евангелието започнува:
.Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Бог беше словото.. Овде
Отцот е наречен Бог, а и Словото
(Синот) е наречен Бог, кој е различен од Отецот. Овде зборот .почеток. нема временски, ами онтолош ки карактер. Создавањето на светот
станало преку Словото, Зборот, или Логосот. Логос значи збор, нозначи и смисла. Тоа значи
дека с¢ што е создадено носи печат на логосност, на осмисленост, односно с¢ има својасмисла.
Ништо не е случајно. Свети
Јован Богослов, најмладиот Исусов ученик, во своето Прво соборно послание го дообјаснува она што го рече во почетокот од Евангелието,
кога вели: .Троица се кои
сведочат на Небото - Отецот, Синот и Светиот Дух, и Троица се едно. (5,7). Доаѓаме до
Светиот дух. Каде е неговото место? Светиот дух е третото лице на Света Троица, кој исто така е присутен отсекогаш, односно
од самиот почеток на создавањето
на светот. Во Библијата тоа е илустрирано вака: .Во почетокот Бог ги создаде Небото и Земјата, а Земјата беше безоблична и празна и
Духот Божји лебдеше над водата..
Светиот дух бил тој фактор кој ја загревал атмосферата, кој создавал услови за
да се појави животот на Земјата.
Светиот дух го споредуваат со птица која лежи над своите јајца за да ги изведе своите
младенчиња. За Светиот дух се
зборува и на други места во Стариот завет, особено кај пророците, кои говореле под вдахновение
на Духот Божји или Господов. Да приведеме
само еден пример од пророк
Исаија (61,1): .Духот Господов е на мене, кој ме помаза да им благовестам на бедните..... Новиот завет започнува со благовеста на архангел Гаврил дека Марија ќе роди Син Исус,
а кога таа го праша како
ќе биде тоа кога таа не знае за маж, тогаш Гаврил £ одговорил: .Силата на Светиот дух
ќе слегне на Тебе и силата
на Севишниот ќе те осени, па затоа и роденото од тебе ќе се нарече Син Божји. (Лука
1,35). По крштанието на Исус,
Светиот дух го изведе во пустината да биде искушан. Како што гледате, има едно постојано
претходење
и последување
- Светиот дух му претходи на Христа, а непосредно пред вознесувањето, Христос на апостолите им рече: .Јас ќе го помолам Отецот, и
он ќе ви даде друг Утешител...,
а Утешителот, пак, Духот Свети, кого Отецот ќе го испрати во мое име, он ќе ве
научи на с¢ и ќе ви напомни
за с¢ што сум ви зборувал. (Јован 14, 16. 26). Во наредната глава (15,26) евангелистот
Јован го посочува личното
својство на Светиот дух - излегувањето од Отецот, па вели: .А кога ќе дојде Утешителот,
кого ќе ви го испратам
јас од Отецот, Духот на вистината, кој излегува од Отецот, он ќе сведочи за мене.. Светиот
Дух, по слегувањето врз апостолите
во денот на Педесетницата - кај нас тој настан го славиме на празникот Духовден - го продолжува делото што Исус го изврши, иако Исус
е постојано присутен во светот
и по своето воскресение и вознесение. Христос е постојано присутен во својата Црква,
особено преку Светата
причест, која е негово тело и крв. Но, мора да се напомене и тоа дека во Црквата ништо
не се случува без Светиот
дух, бидејќи претворањето на лебот и виното во тело и крв на Христа се извршува преку
призивот на
Светиот дух.
Поинаку речено, Синот и Светиот дух се секогаш заедно, но во делото на Спасението
на човекот и на светот некогаш
претходи Синот, а некогаш Светиот дух. Така, на пример, Светиот дух го подготвува
воплотувањето на Синот,
а Синот - испраќањето на Светиот дух во светот во функција на Црквата. Што значи происходење? Тоа е излегување како од извор, тоа
е еден чин што не завршува.
Постои разлика меѓу раѓањето на Синот од Отецот и исходењето на Светиот дух од Отецот, но во природата на таа разлика човекот не
може да проникне. Огревовениот
ум човеков, кој резонира во границите на материјалистичките категории, ќе се сопне веднаш на Света Троица. Нашата логика вели дека еден
не може да биде рамен
на три, ниту, пак, три да бидат едно. А, сепак, Божјото откровение учи дека Бог е
единица во Троица и Троица
во единица
За да си ја доближиме
малку тајната на СветаТроица, добро е да се потсетиме дека Откровението Божјо - Библијата н¢ учи дека Бог е љубов,
а љубовта е релациска: тоа значи дека за да може љубовта да се манифестира, потребни се најмалку две личности. Личноста не може да
се препознае ако нема друга личност, што значи дека Бог е љубов од вечност. Отецот од
вечност го љуби Синот и Светиот дух,
Синот го љуби Отецот и Светиот дух, а Светиот дух го љуби Отецот и Синот и, ако не е таа вечна,
совршена љубов Божја, ние во овој свет
не би ни знаеле што е тоа љубов. Треба да знаеме уште една работа - вечното постоење на Бог - Троица е независно од постоењето
на светот. Светот можел и да не постане, а Бог, сепак, би бил отсекогаш Отец, Син, и Свети
Дух - Троица едносушна и неразделна.
Бог го создал светот и нас луѓето од љубов и затоа што е добар, за да има и други учесници во Неговото блаженство и добрина. Се поставува прашањето ако е Синот
слика на Отецот, а Светиот
дух е слика на Синот, тогаш која е сликата на Светиот дух? Икона или слика на Светиот дух ќе
бидат множеството обожени
личности преку Духот Свети, зашто крајната цел на секој човек е да го запознае Бога. Но, не
само да го запознае Бога, туку и да биде во заедница, единство со Него, односно да биде обожен, отроичен. На прво место се светителите
и сите оние кои се на патот на тоа обожување. Човекот е создаден заради таа заедница со
Бога, но таа беше прекината со првородениот
грев, при што се постави една преграда меѓу Бога и луѓето. Во желбата да се урне преградата, Бог го испрати својот Син, кој се
роди и пострада од љубов кон нас луѓето, за на крстот да го победи гревот и, преку Своето воскресение, да го победи најголемиот непријател
на човекот - смртта. Затоа Христос рече: .Јас сум Воскресение и живот, кој верува во
мене и ако
умре, ќе живее.. Во православните храмови гулабот е сместен над олтарните икони. Дали тој претставува симбол
на Светиот дух? Да. Гулабот
го симболизира Светиот дух,
кој слегува и останува врз Христа - Месијата или Помазаникот, а помазанието е Светиот дух. Веќе спомнавме дека светите отци Светиот дух го споредуват со
птица. На
педесеттиот ден
по Христовото воскресение, Светиот дух им се јави на апостолите во вид на огнени јазици. Симболиката е во
тоа што апостолите со примањето на
Светиот дух ја добија
Божјата сила и дарот на јазици за да можат да ја пренесат радосната вест за Христовото воскресение на сите народи. Околу иконите и претставувањето на Света Троица. На некои икони може
да се види возрасен лик со бела
брада, до него младмаж со црна брада и гулаб. Тоа ли е канонскиот пристап кон Света Троица? Синот можеме да го претставиме, бидејќи тој беше историска личност. Бог стана тело,
човек, па затоа ние имаме право да го претставуваме Богочовекот Христос. Тоа е догматската основа на иконата, која не е идол,
ами документ кој постојано
н¢ потсетува на фактот на Богооплотувањето. Светиот дух го претставуваме онака
како што за првпат се појавил
- во вид на гулаб, а на Педесетица во вид на огнени јазици. Но, Отецот никогаш не се појавил,
никогаш не се манифестирал во видлива форма и затоа Црквата забранува какво било претставување на Отецот. Иконите
на кои Отецот е претставен како старец со бела брада - не се канонски икони. Единствената правилна икона на Света
Троица е претставувањето на средбата на Авраам со трите патници, кога Авраам кај дабот мавриски ја угости Света
Троица во ликот на тие патници. Иконата е насликана од Рубљов. Колку се упатени православните верници
по прашањето на Света Троица,
односно дали догмата им е блиска или далечна? Денешните .православни верници., за жал, не се доволно упатени во учењето на првославната
вера, а уште помалку - за Света
Троица. Порано, не била извршувана светата тајна Крштение, ако кандидатот не ја исповедал
правилно верата во Света
Троица. Кандидатите за крштавање, наречени катихумени или огласени, за крштавање се подготвувале
и по три години. Пред самиот чин на
крштавање, кандидатот задолжително
го изговарал напамет Сиволот на верата во кој во куси црти е изложена верата во
Света Троица. Без правилно исповедање и вера во Отецот, Синот и Светиот Дух нема христијанство, особено не првославно. Крајно време
е повторно да ги откриеме
овие вредности и критериуми, зашто вака, како што е денес, работите не одат на добро.
Поради тоа има толку многу
суеверие, празноверие и кривоверие... Во текот на овој разговор Вие постојано го употребувате терминот Света Троица. Други го користат
терминот Свето Тројство. Што е правилно? Православниот христијанин никогаш
нема да го
употреби терминот
Свето Тројство. Терминот Тројство е повеќе филозофски термин и обично е застапен во западната сфера, како филозофска, така и религиозна.
Православниот христијанин
секогаш треба да го употребува терминот Света Троица. |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
nedopirliviot
Сениор Регистриран: 26.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 220 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Isus, e bog, otecot i svetiot sin. |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ќе побарам и ако најдам ќе ти го копирам одговорот. Но - има одговорено и тоа сосема наскоро...
|
||
Omer El Faruk
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 997 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ете,некако ми лежи ефендијата братот мој.Никој не одговорил на ова прашање ни ЕвАнгелос ни ти,и тој,а и ти сега го одбегнувате прашањето и одговорот. Ајде пастирај ми каде одговорил ЕвАнгелос на ова прашање. |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Омер - што е работава... немаме одговор во некои теми, па ќе ги отвораме сите стари кои му беа интересни на Ефендијата?
Имаш одговор на ова прашање од ЕвАнгелос. |
||
Внеси реплика | страница <1 56789 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |