|
Новогодишно и Божиќно мени |
Внеси реплика | страница <1 56789 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишна блага елкаПразници се ближат....:) Состојки За тесто 1 кг. просеано бело брашно 1 коцка активиран пресен квасец 1 кафено лажиче сол 150 гр. шеќер 1 ванила 3 јајца 180 мл. масло по потреба топло млеко За полнеж околу 200гр. нутела или ваш омилен крем За премачкување 1 белка малку шербетче малку путер малку шеќер во правВо просеаното брашно се активира квасецот. Се додава солта, јајцата лесно изматени со вилушка и помешани со шеќерот и ванилата, маслото и топло млеко по потреба за да се добие средно меко тесто. Тестото убаво се изработува, се меси некои 10 мин., при што се удира неколку пати од работната површина. Нежно се премачкува со масло и се покрива со стреч фолија и памучна крпа. Се остава на топло три пати да го зголеми волуменот. Потоа брзо и енергично се премесува и се остава повторно да надојди. Надојденото тесто без премесување се дели на три еднакви дела. Од секој дел се отвора правоаголна кора. Се префрлува на хартија за печење која е ставена во намрсен плех за печење. Се премачкува со кремот. Се става и втората кора, па крем. Се става третата кора, без да се премачка. Се сечи облик на елка. Странично се рецка од двете страни и делчињата се виткаат спирално по три пати, а како што стеснува нагоре према врвот по два пати. Тестото надојдува додека се обликова и доволни се уште 5-10 мин., па се премачкува со благо разматена белка и се става да се пече во загреана рерна. Пред печење ја боцкам со чечкалица на неколку места. Печењето е околу 40-45 мин. на 180 степени. Пред крајот на печење, некои 5 мин. се премачкува со шербетче. После печење со путерче или маргарин. Кога ќе олади се наросува со шеќер во прав. На здравје! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мини столленСостојки Тесто 500 гр. брашно 30 гр. квасец 3 лажици млеко 120 гр. шеќер 2 јајца 80 мл. сок од портокал 125 гр. крем сирење 150 гр. омекнат на собна температура путер 1 ванила 3 лажици рум 1 портокал - ренданата кора од целиот портокал прстофат сол на врв на ножот кардамон, мускатно оревче, цимет, или 1 /4 лажичка ал - спице 100 гр. кандиран портокал 50 гр. кандиран ѓумбир 80 гр. суви кајсии 6 лажици сок од портокал по желба марципан - 100-200 гр. за премачкување 100 гр. стопен путер за посипување 80-100 гр. шеќер во правПодготовка - Прво исецкајте го на ситни коцки кандираното овошје, сувите кајсии полијте ги со 6 лажици сок од портокал и тргнете на страна да стојат. 1. Растопете го квасецот со млекото, додадете малку шеќер и брашно, да се активира. - Во друг сад ставете го брашното, шеќерот, јајцата, прстофат сол, сирењето, сокот од портокалот, румот, омекнатиот путер и со додатоците од миксерот кои се за месење тесто измесете го тестото. На крај додадете ја ренданата кора од портокал и зачинките и кратко само измиксирајте. Ако сакате да ви остане посветло на боја тестото тогаш зачинките ставете ги сосема на крај кога ќе го премесувате тестото. Измесеното тесто покријте и оставете на собна температура да стасува околу 2 часа. Повторно измиксирајте го и пак оставете да стасува околу 45 мин. 2. Стасаното тесто ставете го на лесно побрашнета работна површина. Со рацете развлечете го и по него расподелете го кандираното овошје. Поделете го тестото на толку дела колку што сакате да бидат мали овие вкусни ароматни овошни слатки пецива или сладок леб. Можете и само на два дела и ќе добиете веќе поголем Столлен. Размесете го секое топче и оставете да се одмори околу 10 мин. 3. Со сукало секое поделено тесто кое веќе одстојало десетина минути, само налегнете го на средината. Краевите треба да останат подебели. Доколку ставите марципан кој сте го оформиле во форма на колбас, овде поставете го и само лесно замотајте како кога се мота ролат, но не до крај. Мора едниот подебел крај од тестото да остане слободен. За да не ви се одлепат краевите со малку вода поминете на самиот крај кој се спојува со тестото и притиснете. Ако не ставате марципан, исто постапете, така што ќе го мотате без него. Ставете го во тава покриена со хартија за печење. Доколку немате мали модлички, тогаш секој приготвен Столлен со трака која ќе ја направите од алу-фолија, замотајте околу него, стиснете ги краевите и тоа ќе биде импровизирана модла која ќе овозможи да се задржи обликот на оформеното тесто. Оставете да стасува околу 30 мин. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени која веднаш ќе ја намалите на 180 степени откако ќе ставите да се пече. Фолијата ќе ја одмотате од секое парче Столлен откако до половина веќе се испекло, нека се допече до крај без неа. 4. Додека се пече вие растопете го путерот. - Печениот топол Столлен веднаш премачкајте со путерот, обилно посипете со прав шеќер и ставете на решетка да се лади. Вака со сите парчиња ќе направите. Нека се потполно олади, потоа спакувајте ги мотајки во прозирна фолија, убаво краевите од фолијата прилепете и ако не се изеде веднаш, дозволете да одстојат повеќе време како би можеле да дојдат до израз зачинките кои сме ги ставиле во тестото. Може вака да стои до 1 месец, колку повеќе стои, толку повкусен е. Немалку пати вака спакувани во мини форма, столлен, мене ми служеа за Божикни подароци... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Медени мафини со фил од марципанСостојки Мафини 80 гр путер 50 гр кафеав шеќер 200 гр мед 2 јајца 270 гр брашно 20 гр какао 1 лажичка сода бикарбона 1 лажичка цимет 1/2 лажичка мелен ѓумбир 1/4 лажичка каранфилче 50 гр толчени ореви 1 портокал сок и кора 1 лажичка ванила Фил 120 гр марципан 1 лажица мармалад од портокал 1 лажица коњак 1 лажица сок од портокал 2-3 лажици толчени ореви малку рендана кора од портокал Ганаш 250 гр бело чоколадо 150 мл слатка павлака1. Се ренда кората од портокалот и се цеди сокот. Од целата количина отприлика 1 лажица сок и малку од кората ќе во треба за полнењето, а остатокот оди во тестото. 2. Се загреваат медот, шеќерот и путерот да се растопат. Се трга садот од оган па се додава сокот од портокал, просеани сувите состојки, јајцата едно по едно и толчените ореви. 3. За полнењето се мешаат сите состојки и се формираат топченца со големина на орев. 4. Со тестото се полнат форми за мафини со хартиени корпици, се става едно топче со филот од марципан и се дополнува со тестото. 5. Мафините се печат 20-25 мин на 180Ц 6. Кога ќе се оладат се украсуваат со ганаш од бело чоколадо, шеќер во прав и со кандирани цреши. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни мињониСостојки Глазура 150 гр темно чоколадо 2 лажици масло Смеса за мињони 300 гр бисквити 1/2 лажичка ѓумбир 1/2 лажичка цимет 1/2 лажичка мешавина мускатно оревче и каранфилче 1 лажица арома рум 3 лажици какао 50 гр сецкани тостирани ореви 100 мл млеко (по потреба, зависно од бисквитите) 3 лажици шеќер 70 гр маргаринОвие превкусни мињони се доста декоративни и лесни за подготовка и се со неодолив мирис и вкус. Може да се подготват со бисквити и зачини, како во овој рецепт или пак да се користат спекулас бисквити кои веќе се зачинети. Нема да погрешите и во двете верзии. 1. Млекото се загрева заедно со шеќерот, за да се стопи. Поедноставната верзија е со шеќер во прав, за полесно да се стопи и да не крцка. 2. Бисквитите се мелат во сецко на ситно. Оревите се додаваат кон бисквитите, сите зачини и какаото и сето тоа се меша. 3. Потоа додате го млекото и аромата рум и исецканиот маргарин. Сетоа тоа убаво се замесува. Ако ви е сува смесата додадете уште млеко. 4. Стопете го чоколадото со маслото и оставете малце да се олади. 5. Во силиконски калапи за мињони, ставете го растопеното чоколадо. Наполнете ги 1/3 калапите. Оставете да се олади и стегне чоколадото на 10-15 мин, во замрзнувач. 6. Останатиот дел од калапите пополнете ги со смесата за мињони и повторно вратете во фрижидер, убаво да се оладат. Изладените мињони убаво се вадат од калапите, бидејќи се убаво стегнати и изгледаат доста декоративно за на празнична трпеза. Вкусот и аромата се неодоливи, бидејќи е одлична комбинацијата! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Австриски медењациСостојки 200 гр. мед 10 гр. шеќер 90 гр. фруктоза (овошен шеќер) 10 мл. вода 250 гр. меко брашно 1 лажичка пециво 250 гр. спелтино брашно 12 гр. сода бикарбона 1/2 лажичка цимет 2 лажички мешавина од зачинки - ѓумбир, мускатно оревче, каранфилче 1 јајце 70 мл. млеко 50 гр. омекнат путер Премаз 2-3 лажици млеко Глазура 1 белка 200 гр. просеан шеќер во прав 2 лажици сок од лимон- Во сад загрејте го медот со шеќерот, фруктозата и водата се додека не се стопи шеќерот. Оставете да олади. - Измешајте го брашното со пецивото и просејте го во садот за месење. - Измешајте ја содата бикарбона со спелтиното брашно и вака измешано додадете кај претходното брашно и пецивото. Додадете го јајцето, циметот, млекото, мешавината од зачинки за медењаци, путерот омекнат на собна температура, оладената смеса од стопениот шеќер. Со помош на миксерот со додатоците за месење на тесто целото тоа миксајте го. Ќе добиете убаво компактно тесто кое ќе го покриете и оставете на ладно да стои 2 часа. - Одстојаното тесто расукајте го тенко околу 5 мм. на побрашнета површина, со модли сечете ги фигурите и мотивите. Ставете ги во плех кој ќе го подмачкате лесно побрашнете. Премачкајте ги медењаците со млекото и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, печете ги околу 10 мин. со лесно подотворена врата на рерната (сосема малку да биде подотворена). Глазура - Во сад со миксер сматете ја белката додека е уште мека почнете да додавате лажица по лажица од шеќерот, додадете на крај и сокот од лимонот. Откако сте ја изработиле покријте го садот со глазурата со влажна крпа и нека одстои околу 20 мин, како би се глазурата опуштила. Потоа ставете во кеса или шприц пригоден со додатокот за шарање и вашата умешност околу украсувањето ќе биде на дело. Напомена - Овие медењаци за тие како мене што едвај ќе исцртаат некоја слатка, препорачувам и едноставо да ги прелиете со чоколадна глазура, па потоа шарајте по нив или лепете некои шеќерни фигурки, перли... Може да си ги направите и стаклени - при печењето искршете од тврдите бомбони во која боја сакате, пополнета ја празнината која е направена со сечењето на формите. Додека се печат ќе се стопи и еве ги декорирани. Медењаците веднаш се меки, ако можете да ги сокриете во ред...ако не... ќе има пак спремање. Овој рецепт од мојата драга Зо - имам овде постирано нејзин рецепт за фамозните и прекрасните Крешенти... таа ми кажа дека овој рецепт е од нејзината пријателка Хеиди со која таа несебично разменува рецепти. Благодарам Зо, Драги мои.... Среќни празници, |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќна торта (Жито торта)Состојки Кори (Состојки за 1 кора, потребни се 4 кори) 3 белки 3 лажици шеќер 3 лажици мелени ореви 2 лажици брашно Фил 650мл млеко 9 лажици шеќер 12 жолчки 4 лажици брашно 250гр путер 250гр шеќер во прав 300гр мелени оревиРерната загрејте ја на 200 степени. Модла со пречник од 24см премачкајте ја со малку зејтин и ставете на дното хартија за печење. Белките матете ги додека да побелат па додадете го постепено шеќерот. Откако смесата убаво ќе згусне, додадете ги оревите и брашното. Промешајте кратко и истурете ја смесата во модлата. Печете 12 мин. Проверете со чепкалка дали е тестото печено. На истиов начин испечете вкупно 4 кори. Фил Од вкупната количина на млеко одвојте 200 мл и измешајте го со жолчките и брашното. Во другото млеко додадете го шеќерот и ставете да се вари. Откако ќе зоврие, додадете ја смесата со жолчките и на средна темература варете го филот. За цело време мешајте енергично со жица за матење. Внимавајте да не ви загорат жолчките, по потреба намалете ја температурата. Откако се сварил и згуснал како пудинг, ставете стреч фолија врз површината на филот и оставете го потполно да се излади. Путерот и шеќерот во прав изматете ги пенасто, додадете го филот од жолчки и оревите. Измешајте убаво и оставете ја смесата половина час во фрижидер. Филувајте ја секоја кора и одозгора украсете по желба. Јас бидејќи украсував со фондан, филував три кори, последната ја премачкав со крем од путер, за кој рецепт имам поставено овде на странава. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грчки Божиќни медењаци (меломакарона)Состојки 500 г брашно 1 шоља масло 1 шоља шеќер 1/2 шоља цеден сок од портокал 1/2 шоља коњак 1 прашок за пециво 1/2 лажичка сода бикарбона 1 голема лажица мед 1 лажичка цимет 1/2 лажичка каранфилче 200 г ореви Шербет 3 шољи шеќер 3 шољи вода 1 голема лажица медОва е најубавиот рецепт за медењаци кој сум го пробала. Прекрасни колачи кои се топат в уста, со заносна арома на цимет, мед, портокал... Прво се прави шербетот и се остава да се олади. Се замесува тесто од сите состојки и се формираат медењаци во саканата форма. Се печат околу 30 мин на 180 степени и откако ќе се испечат, дур се жешки се прелеваат со ладниот шербет, се оставаат 1 минута и се префрлаат во друг сад и се наросуваат со толчени ореви. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусни црно-бели елкиВо продолжение ви го презентираме рецептот, а вие можете да си играте со декорацијата дополнително ако сакате, оставаме на вас. Состојки (за 15-тина бисквити): - 239 гр.путер - 3/4 шолја (до 250 мл) шеќер во прав - 1 шолја течен мед - 1 јајце - 5 шолји обично брашно (неколку лажици брашно можете да ги замените со неколку лажици какао) - 1 лажичка сода бикарбона - 2 ќесички зачини за бисквити (цимет, ѓумбир, афион... - може мешано или само еден) - малку сол За „снегот“: - 4 белки - 4 шолји шеќер во прав - 2 лажички екстракт од ванила Сите состојки треба да бидат на собна температура. Помешајте ги брашното, какаото (ако го користите), сода бикарбона, зачините и солта. Со миксер изматете го путерот и шеќерот во право. Матете додека не добиете изедначена смеса. Додадете и мед и повторно мешајте. Потоа, додадете и јајце и со мискерот продолжете да мешајте додека не се соедини. Миксот сувите состојки, додавајте ги постепено и мешајте, додека повторно сè не се соедини. Добиеното тесто ставете го на работна површина, на која претходно се наросиле малку брашно. Со сукало обликувајте го тестото во голем, мазен круг. Потоа, завиткајте го во фолија и оставете во ладилник 2 до 4 часа (може и 24 часа). Тестото од ладилник развлечете го во голем, тенок круг, па со модли правете бисквити во облик на цветови или ѕвезди. Внимавајте, потребни ви се и помали и поголеми модли за бисквити. Супер е ако имате 3 или 4 различни големини. Бисквитите наредете ги во подмачкан плек и печете околу 8 минути, во рерна загреана на 200 степени. На помалите бисквити можеби ќе им бидат доволни и 5 минути. Потоа извадете ги и оставете да се изладат. Додека се ладат, вие подгответе го „снегот“. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте шеќер во прав и ванила. Мешајте го тоа додека не добиете цврста смеса. Потоа, составете ја новогодишната елка. Најголемиот бисквит ставете го на дното на тацната. Преку него, на средина ставете 1 лажица „снег“, па покријте го тоа со помал бисквит и продолжете да редите по тој редослед, додека не добиете елка. Најмалиот бисквит нека ви биде ѕвездичка на врвот на елката. Изменето од Valerija - 25.Декември.2017 во 20:07 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки тесто 6 белки 4 лажици шеќер 6 жолчки 3 лажици шеќер 2 лажици брашно 150гр мелен орев 1/2 лажиче пециво бел фил 150гр слатка павлака 50гр путер 100гр мелен потпечен лешник црн фил 160гр црно чоколадо(70% какао маса) 200мл слатка павлака За кора на дрвото потребно е 200 гр црно чоколадо,4 лажици масло. За премачкување на ролатот потребно е 160 мл слатка павлака и 120 гр црно чоколадо. Сок од пола портокал за попрскување на кората Шеќер во прав за декорација ( снег) Пожелно е прво да се направи декорацијата од чоколадо, за да се стегне убаво. Над пареа ги растопуваме чоколадото со маслото. Сега земаме хартија за печење, со големина на плехот. Цело чоколадо го истураме врз хартијата, убаво на секаде. Одма покриваме со уште еден лист хартија и додека е топло виткаме ролна. Ја оставаме на рамна површина да се стегни убаво. Сега во една вангличка ги ставаме жолчките, го додаваме шеќерот и матиме до побелување. Во друга вангличка ги ставаме белките, матиме и постепено го додаваме шеќерот. Матиме се додека не добиеме цврста смеса. Во еден тајнир ги соединуваме брашното и оревите. Внимателно, со лесни движења во еден правец ги соединуваме белките, жолчките, оревите, пецивото и брашното,. Ја истураме смесата врз хартија за печење, во правоаголен плех од шпоретот и печиме некои 15 минути. Го вадиме од рерна и оставаме така да се излади. Не го виткаме во ролат. Сега го подготвуваме белиот фил. Во вангличка ја ставаме слатката павлака и ја матиме во не многу цврст крем Го додаваме мекиот путер и кратко соединуваме. Ги додаваме мелените, печени лешници. Соединуваме. Овој крем го нанесуваме врз испечената, изладена кора рамномерно размачкувајќи. Сега го спремаме црниот фил Во касерола ја налеваме слатката павлака да се загрее, но не и да проврие. Тргаме од оган и го додаваме искршеното чоколадо. Промешуваме да се изедначи. Го ставаме на ладно (на тараса идеално, со оглед на студот). Кога е изладена смесата ја матиме со миксер. Овој крем го нанесуваме врз белиот фил. Сега виткаме ролат. Го завиткуваме во фолија и го чуваме на ладно барем 3-4 часа. Го одвиткуваме од фолијата и одозгора го попрскуваме со сок од исцеден портокал. Во касерола ја ставаме слатката павлака да се загрее. Тргаме од оган, го додаваме чоколадото и промешуваме. Кога е изладена смесата ја матиме со миксер. Ја ставаме во готварски шприц и го декорираме одозгора ролатот. Сега ја одвиткуваме ролната со растопеното чоколадо. Врз филованиот ролат ја поставуваме кората на дрвото (добиените ленти чоколадо) Завршуваме по сопствена желба со малку шеќер во прав, шишарки....... Уживајте во ова убаво и декоративно Новогодишно дрво. Среќна Нова година . |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишна елка торта од ПандороСостојки 1 Пандоро 250гр. маскарпоне 100гр. шеќер во прав+ за наросување 150гр. ладно млеко 75гр, прашок за шлаг пенаЈас знам дека во МК Пандоро нама во продажба, но ако си го набавите или добиете на поклон пригответе си го на овој начин нема да се покаете превкусно е! Пандорото расечете го хоризонтално на 7 парчиња ( види дополнителни фотографии). Во сад за матење со миксер изматете го ладното млеко и прашокот за шлаг пена околу 5 -6 минути. Со лажица измешајте го шеќерот во прав и маскарпонето. Потоа соединете ги двете смеси и измешајте ги со шпатула. Филувајте го пандорото, пандишпаните редете ги секогаш спротивно со краевите за да може да ја формирате елката. На крај тортата елка наросте ја со шеќер во прав. Пслужете ја тортата ладна. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишна торта-Sterntaler торта со чоколаден кремСостојки Пандишпан 175 гр брашно 2 лажичиња пециво 100 гр. шеќер 75 гр. путер 4 јајца 2 лаж. млеко Фил 150 гр. мармалад 175 гр. путер 100 гр. шеќер во прав 2 пудинг од чоколадо 600 гр. млеко 100 гр. слатка павлака 2 лаж. рум 2 лаж. какао 1 шлаг крем од чоколадо 1 паковка МарципанПрекрасен новогодишен рецепт кој со мали измени годинава го подготвив. Ги матиме состојките за пандишпанот. Го истураме врз тава обложена со мрсна хартија. Со шпатула го распостиламе убаво рамномерно. Печеме на температура од 160 степени. Проверуваме со чепкалка колку е печено. Откако е печено и изладено ја вадиме хартијата за печење. Го сечеме на 5 ленти зависно од тавата. На пример јас го сечев на 12,10,8,5,и 3см.Вие сечете според вашата тава. Секоја лента се премачкува со мармалад. Јас употребив мармалад од малини. Најпрво ја редиме најшироката лента, па ја премачкуваме со фил. Така ги редиме една врз друга од најширока до најтесна кора.Премачкуваме со фил од сите страни. Шлаг кремот го матиме според упатството и го полниме во шприцот за декорирање.Украсуваме по своја желба. Марципанот го расукуваме и од негос вадиме фигури.Секоја фигура ја попрскуваме со светки и ги ставаме да се постврднат. Потоа ги редиме врз тортата која навидум е права елка со снег. Сега да кажам за филот. Путерот се мати со шеќерот во прав се додава претходно сварениот и изладен пудинг. Во пудингот се мешаат и двете лажици какао. Матиш и додаваш рум. Слатката павлака ја матиме и ја мешаме со филот. Пробајте го рецептот е преубав. Забелешка Ставете ја тортата во ладилник додека малку се стврдне филот потоа сечете. Во марципанот ако сакате ставете боја јас ги оставив оргиналот боја. На здравје Изменето од Valerija - 24.Декември.2017 во 14:53 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишна чоколадна тортаСостојки За ТЕСТО ќе ви треба: 115 гр. маргарин 340 гр. шеќер 2 јајца 225 мл. млеко 1 лажица растителна слатка павлака 1 пакување прехранбена црвена боја 1 пакување прашок за печиво 1 лажица јаболков оцет 230 гр. брашно 30 гр. какао 1 лажичка сол 1/2 лажичка сода бикарбона За ФИЛ ќе ви треба: 500 мл. слатка павлака 5 лажици шеќер 2 раце мелени лешници чоколадни трошки 4 лажици какао За ПРЕЛИВ ќе ви треба: 300 гр. темно чоколадо 1 лажица путерПодготовка Чекор 1: Во миксер ставете ги маргаринот и шеќерот и изматете ги. По неколку минути додадете ги јајцата едно по едно. Во друг сад измешајте ги млекото, павлаката, црвената боја и убаво измешајте да се соедини. Додадете го пецивото и јаболковиот оцет. Соединете ги двете течни смеси. Во друг сад соединете ги сувите состојки и измешајте ги убаво со течните. Тестото е готово. Од него испечете две кори, бидејќи тортата е на два спрата. Чекор 2: Во сад за матење ставете ја слатката павлака и шеќерот и матете додека не згусне, а потоа додадете го какаото. Додадете ги лешниците и чоколадните трошки. Во филот може да додадете и Маскарпоне, или Крем сирење, по желба. Филувајте како што тоа го прави Фичо во видеото. Чекор 3: Растопете го чоколадото и додадете го путерот. Убаво промешајте и преливот е готов. Прелејте ја тортата со чоколадото, декорирајте и сервирајте. СОВЕТ: Смесата за тестото е рецептот за популарната Ред Велвет торта. Бојата ќе зависи од тоа колку јака црвена боја ќе употребите... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишна чоколадна кокос торта (посно)Состојки Кора 300 гр брашно 100 гр кокос 200 гр шеќер 10 лажици масло 400 мл млеко од соја со вкус на ванила 1 прашак за пециво 1 ванилен шеќер 1 лажиче екстракт од ванила 50 гр чоколадни капки или рендана чоколада за готвење Фил 500 мл млеко од соја со вкус на ванила 200 гр шеќер 2 пудинзи од ванила 1 лажица мед 1 лажиче екстракт од ванила 130 гр маргарин на собна температура 100 гр чоколадо за готвење За декорација 100 гр чиколадо за готвење по потреба кокос по потреба прехранбени бои зелена и црвенаПодготовка на кората Тава за печење бр. 26 намачкајте ја со масло и посипете ја со брашно. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Во сад измешајте ги сите суви состојки па додајте ги маслото и млекото од соја. Убаво измешајте ја смесата со жица или голема лажица и турете ја во тавата. Ставете ја да се пече околу 35 минути. Печената кора покриена оставете ја да олади. Подготовка на филот Пудинзите растворете ги со дел од млекото и пола од шеќерот а останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Откако ќе зоврие додајте го растворниот пудинг и на намалена температура со постојано мешање варете го додека се згусти. Тргнете го од ринглата и одма додајте го медот и екстрактот и измешајте ги. Покриен оставете го да олади. Чоколадата стопете ја над пареа. Оладениот пудинг заедно изматете ги со маргаринот и потоа додајтеја стопената чоколада и повторно изматите да се изедначи филот. Пред да е филовате тортата ставете го фрижидер малку да се стегне. Печената кора поделете ја на пола. На подлога за торта ставете една кора попрскајте ја со малку млеко од соја па премачкајте ја со околу 1/3 од филот и ставете ја другата кора и попрскајте ја со млекото. Одозгора и од страна премачкајте ја целата торта со преостанатиот фил. За декорација на тортата , во малку кокос ставите зелена и црвена боја и мешајте да се изедначи целиот кокос. Чоколадата стопете ја над пареа. Над тортата со чоколадата направете елка а потоа нанесете од зелениот кокос, а околу елката бел кокс. Од црвениот кокос нанесите странично на тортата а одозгора на ивицата по тортата нанесите од чоколадата. За лампионите од елката, на хартија за печење ставите мали топчиња од чоколада и нанесите по малку од црвениот кокс. Оставете ги во фрижидер да се стегнат па ставете ги на елката. Тортата оставете ја фрижидер неколку сати или преку ноќ убаво да се стегне и спојат вкусовите и потоа послужете ја. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишна елка од тесто - посноСостојки Тесто 250 мл топла вода 100 мл масло 1/2 коцка квасец 1 лажиче сол 1 лажиче шеќер 500 - 550 гр брашно Фил 300 гр замрзнат спанаќ 1 парче (100 гр) праз 5 - 6 лажици масло 1 филџанче вода по вкус сол За декорација црвена пиперка маслинки, домат, ленено семе, сусам, семе од афион малку маргаринНајпрво подгответе го филот Празот ситно исецкајте го и заедно со спанаќот (претходно одмрзнат) ставете ги да се пржат во тава со маслото. Додајте ја водата и сол по вкус и оставете да се динстаат додека течноста испари. Тргнете ги на страна и оставете ги да оладат. Замесете го тестото. Во садот каде што ќе месите ставете го квасецот, водата и шеќерот и измешајте ги да се раствори квасецот. Додајте го и маслото и солта. Брашното постепено додавајте го и замесете средно меко тесто. Покриено оставете го да одмори 20 мин. Од тестото оставете едно мало топче за долниот (држач) и врвот (ѕвезда) на елката. Останатото тесто на набрашнета површина развлечете го во правоаголна кора со должина околу 30 см, нанесете го филот и порамнете го. Завиткајте ролат и крајот залепете го со притискање на прстите да не се одделува. На голем плех ставете хартија за печење и на средината најдолу ставете дел од оставеното тесто за држачот на елката. Ролатот сечете го на парчина со околу 2цм (треба да се добијат 15 парчина) и редете ги во плехот. Првиот ред 5 па 4 - 3 - 2 - 1 ролат. Ролатчината при сечењето се плескаат но при ставањето во плехот малку ќе ги дотерате за да не ја изгубат формата. Од мал дел од тестото направите топче или ѕвезда и ставете ја на врвот од елката. Најдолниот дел намачкајте го со малку топла вода и посипете го со ленено семе а врвот со сусам. Елката украсете ја со црвени пиперки и домати, маслинки исечени на коцки или според вашата креативнос. Одозгора наредете мали парченца маргарин. Кога елката е готова уклучете ја рерната да се загрее на 190 степени. Ставете ја да се пече околу 30 мин. Потоа покриена со фолија и крпа оставете ја малку да подолади и послужете се. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 56789 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |