|
Прилепски настани |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | |
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Незнам зошто чистењето на градската река кое започна пред околу еден месец е
стопирано, а работниците со машините работеа турбо, па дури и во недела, уште од 8 часот, без никакви обзири за населението кое живее во непосредната близина Сите улици низ градот се катастрофа, една асолна од почеток до крај нема, сето е дупки, длапки, а на местата кај што демек е ископан асфалтот за да се закрпи, дупките стојат и по неколку дена отворени ко кратери, без притоа да се стави ни еден знак за предупредување. Гледам се пресекле уште неколку дрва покрај градската река во делот од кај малото мовче (кај Стара Црква) према Табана, небаре авионска писта ќе градиме. Или финтата е демек ако е порастурено, повеќе се работи |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Манифестација „Изворен балкански фолклор 2015“ ќе се одржи вечер на плоштадот „Александрија“ во Прилеп во рамки на Прилепското културно лето.На оваа традиционална манифестација ќе настапат фолклорни групи од Македонија, Бугарија и Србија кои ќе го презентираат нивниот изворен фолклор. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со централна свеченост во прилепската касарна, денеска беше прославен Денот на Армијата на Република Македонија.
Градоначалникот Ристески го честита 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија и посака многу успех и лична безбедност во извршувањето на секојдневните обврски и задолженија на припадниците на АРМ. 18 Август е прогласен за Ден на АРМ со одлука на Владата на Република Македонија од 3 јуни 1993 година и првпат е одбележан таа година. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Петок, 07 Август 2015 13:46 Пред споменикот на десетте загинати воени резервисти на Карпалак во прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“ денеска се одбележа 14-годишнината од загинувањето на македонските бранители. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.
Од 27-29 aвгуст, на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп , се одржува интернационалниот џез фестивал Prilep Jazz Weekend 2015. Честа да го отвори фестивалот, ја има македонскиот артист Емин Џијан со своето трио. Покрај него, ќе настапат: Милан Петровиќ Квартет (Србија), триото на браќата Тавитјан, групата на Теодисиј Спасов (Бугарија), руската драмендбејз атракција Салто и алтер составот на Дарко Рундек – CUL DE SAC. Сите концерти ќе се одржат на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
izvor: www.republika.mk По вчерашните поројни дождови и поплави, во Прилеп ситуацијата е стабилизирана. Се чистат улиците и населбите од наноси, а комисиите за проценка на штетите веќе се на терен, соопшти денеска кризниот штаб на општина Прилеп.
Според Никола Димески, претседател на Штабот, Прилеп вчера беше зафатен од силно невреме со пороен дожд и до 40 литри во секунда за 30 минути, што направи проблеми и штети. – Уште во текот на невремето вчера, екипите веднаш излегоа на терен каде што имаше поплавени улици, канализациска мрежа, дворови и објекти. Вчера во 19 часот одржавме итна седница на која надлежните информираа за ситуацијата. Имаме пријави на граѓани за поплавени, најчесто подрумски простории, дел улици и канализација, истакна Димески. Стиганти се околу 50 пријави на граѓани од кои 25 за поплавени подруми. – Во сите случаи ноќеска до полноќ е интервенирано и денеска ситуацијата е стабилна. Преземени се сите мерки, а надлежните остануваат мобилни зашто се најавува во текот на денешниот ден и в четврток пак да има поројни дождови. Засега се справуваме сами како општина и немаме потреба од дополнителна помош, изјави Димески и апелира, граѓаните кои имаат штети од вчерашното невреме да поднесат барање. Екипите на „Водовод и канализација“ синоќа постапуваа за одведувањето на дождовните води по пријавите на граѓаните. – Синоќа екипите на „Водовод и канализација“ примија повеќе од 30 повици. За сите е излезено на терен и е реагирано. Денеска ќе се санираат дел проблематични точки кои не беа итни од вчера. Се интервенираше дури и до полноќ. Во поглед на еконструкцијата на канализационата мрежа што се врши во градот, тоа е проект за реконструкција на фекалната канализација и водите треба да бидат одведени до пречистителната таница што ќе се гради. Сега е при крај првата фаза од целиот проект во должина од 23 километри, следува втората фаза во должина од 44 километри. Ова е посебно со одведувањето на дождовните води, рече Ѓоко Јочкоски од ЈП „Водовор и канализација“. Како што информира Златко Ристески, директор на ЈП „Комуналец“, се расчистува во најзагрозените населби и така ќе биде наредните денови. – Според нашите согледувања, повеќе наноси имаме во населбите Тризла 1 и Тризла 2 и во населбата Бончејца. Денеска таму се работи на отстранување на наносите и работите ќе продолжат и утре. За два до три сена ќе се исчистат сите наноси од кал по поројните дождови – вели Ристески. Изменето од Zdravko81 - 04.Август.2015 во 15:29 |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лесно ви е вас, викаат во Прилеп немало жртви затоа што знаеле да одат по гранки Мала шала.. Испратија механизација во Прилеп?!
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите ние заедно, да го изградиме храмот Св.Петка во населбата ТочилаСо љубов, вера и поддршка да го изградиме храмот „Св. Петка“ во населбата - Точила Жиро сметка: 300020000340408 Банка: Комерцијална банка Назив на примачот: Црква Св.Благовештение - Прилеп Цел на дознака: Донација за изградба на нова црква Св.Петка |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Венеција во Прилеп. Така денеска се шегуваат прилепчани по поплавата што го зафати градот ппладнево. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ОД ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТУРА ИЛИНДЕН 2015 ПРИСТИГНАА ВО ПРИЛЕПАгенцијата за млади и спорт во соработка со Велосипедската федерација по трети пат ја организираат велосипедската тура Илинден 2015. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секојдневни настани во Прилеп, проекти, реализации,критики СЕКАКО, и секако предлози ЗА ПОУБАВ ПРИЛЕП ( БЕЗ ПОЛИТИКА, БЕЗ ПОЛИТИЧКИ ПОЗАДИНИ И НАВРЕДИ)
|
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |