|
Уредување на помали станбени површини |
Внеси реплика | страница <1 5678> |
Автор | |||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Мебел за мал стан: волшебен плакарДенес, кога сè е во рецесија, дури и животниот простор е сведен на минимум. Дизајнерот Тил Конекер од Берн, Швајцарија, се досети како во мал стан да организирате удобен живот.Од
предната страна на „коцката“ се наоѓаат полици за плочи и за телевизор,
како и плакар за облека и за обувки. До идејата за коцката „сè во едно“
дошол кога се вселил во мало поткровје. Како човек што сака убав
ентериер, не можел да си дозволи малиот простор да го натрупа со мебел.
Поради недостигот од простор, направил скица за парче мебел во кој ќе
може да ја чува својата колекција плочи, телевизорот, облеката обувките…
Но во ова парче мебел има место за уште многу работи. Освен оставата,
тука е и креветот сместен на горната страна, до кој водат мали скалички
фиксирани покрај влезот на оставата.
Целата конструкција е широка два метра, долга четири и висока два метра. Ако и вие имате проблем со просторот, можете според големината на вашиот стан да си направите и ваша коцка. Младиот дизајнер добил пофалби од своите колеги, кои неговиот проект го сметаат за револуција во изработката на мебел. Дизајнерот Тил Конекер вели дека бил принуден да го осмисли проектот што го направи славен. „Livig cube“ е моментално меѓу најбараните парчиња мебел за мали станови. |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Икеа има неколку идеи како можете да ги дотерате малите простории низ домот и притоа да изгледаат барем малку поголеми од што се. Доколку не располагате со многу голем простор во дневната соба, едноставната идеја со мебел кој може лесно да се преместува е најсоодветно решение.
На овој начин остатокот од собата ќе остане слободен за креветот и уште неколку интересни детали.
Одберете и многу рафтови или кутии каде што ќе ги складирате детските играчки, за да го избегнете нередот.
|
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Ако сте на пат да го реновирате или уредувате вашиот дом, сигурни сме дека идеи ви се добредојдени. Денес одбравме уште еден стан од портфолиото на Биро Проект. Станува збор за двособен стан во Кисела Вода, уреден умерено елегантно, во комбинација со свежи и земјени бои. Мебелот во кујната и дневната соба е изработен од иверка во бела и графитна боја со текстура како текстилна обработка, а столбовите во просторот се потенцирани со тула во црна боја. Главниот ѕид во дневната соба е разигран со апликација на силуета на музичар. Ходникот е уреден со истиот избор на иверки, надополнет со полица од црвен фарбан медијапан која навлегува во делот на огледалото. Во спалната соба применет е контраст на темна и светла боја. Колоритноста на ѕидовите додава чувство на удобен и релаксирачки амбиент. Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 22:33 |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Паметни идеи за мали станови (ФОТО)Уредувањето на мал простор воопшто не е лесно. Потребно е да се најде решение за неочекувани и необични проблеми, а притоа да се внимава да не биде пренатрупан со мебел. Ви претставуваме 16 креативни идеи! Профеционалците ќе пронајдат решение за секој проблем. Во малите
простории е особено важно да се искористи секој агол, а да не биде
нападливо. Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 22:30 |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:55 |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:53 |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Прекрасно уредени и шарени 40 метри квадратни Станува збор за прилично мал стан, со оглед на
што истиот брои само 40 метри квадратни, но само еден поглед кон
фотографиите е доволен за да се заклучи дека иако е мал, станот
изобилува со многу стил.
При уредувањето на овој дом, ако се има во предвид фактот дека
станува збор за прилично мал апартман, сопствениците го ставиле фокусот
на постигнувањето на максимална функционалност, но истовремено се
потрудиле на својот дом да му дадат прекрасен карактер со комбинацијата
на силните бои. При преуредувањето на домот, добивањето на колку што е можно поголеми простории било постигнато со рушењето на поголемиот дел од преградните ѕидови, па токму тоа и ја создава отвореноста во станот. Кога е во прашање декорирањето, овој стан изобилува со динамични и весели украси, но истовремено се придржува кон едноставноста. Неутралната позадина служи како празно платно за сите шарени парчиња мебел и сите украси кои што даваат посебен карактер на овој дом. По реновирањето, станот бил поделен во две целини, па во првата се сместени дневната соба, кујната и ходникот, додека вториот ги содржи спалната соба и бањата. Мебелот искористен при уредувањето на домот е избиран така што да може целосно да се интегрира во просторот, па затоа, секој ќе се согласи дека станува збор за стан во кој секое парче е дел од совршената слика за еден дом во кој секој би посакал да живее. Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:52 |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Малите станови како овој се навистина специфични за уредување. Меѓутоа, со избор на правилни бои, мебел и детали може да се постигне ефект на неверојатна пространост. Таков е и овој стан од 40 метри квадратни кој изгледа интересно и несекојдневно заради мешавината на бои и стилови. Тапетите на едната страна од дневната соба совршено се совпаѓаат со темниот мебел и светлите декорации. Кујната е навистина мала, меѓутоа контрастот на црниот ѕид и белите елементи имаат улога овој простор визуелно да го зголемат. Во спалната соба се сместени исклучиво неопходните елементи, со мал интересен додаток – полица која не зафаќа никаков простор, а изгледа прилично оригинално. Последен интересен момент во целото уредување е малечката шарена тераса која е одлично место за неколку минутното утринско будење со јако кафе. Вака уредените 40 метри квадратни не изгледаат така малку, зар не? |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Еве уште некоја од палетата идеи за уредување на помали станови
Оригиналниот изглед на овој стан не е ништо друго освен мешање на модерниот стил со традиционални додатоци. Станот се протега на 66 m2 уредени во повеќе стилови, со употреба на различни материјали кои одлично се вклопуваат. Белите ѕидови и вградени плакари се првиот модерен, а воедно и безвременски детал кои ја дава главната свежина и светлина на овој стан. Во комбинација со дрвениот под се создава контраст и топлина. Комбинацијата на црно-белиот ентериер е секогаш прекраснa. Што се однесува до декорот во овој дом, тој е сегментот каде што традиционалните и класични парчиња доаѓаат до израз. Балансот на бои, текстури и стилови е причината што овој стан изгледа елегантно и шармантно. Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:53 |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Станот кој зафаќа само 35m2 сепак изгледа прилично големо, благодарение на внатрешната структура и дизајн. Тајната на прекрасниот изглед е минималистичкиот ентериер, исклучувајќи ги бескорисните и непотребни детали. Внатрешноста е поделена на 2 основни области. Дневната соба е одвоена од трпезаријата исклучиво со малку повеќе простор. Единствено кујната е одделена од останатиот дел од станот. Боите на мебелот се внимателно одбрани, сиви и кафени нијанси, во комбинација со шарени декорации и детали. Голем број на функционален мебел, вклучувајќи ги полиците и фиоките се најдобрите пријатели на малиот простор. Стилот на целосниот ентериер се наоѓа во средината помеѓу традиционалното и модерното. Големите прозорци и природната светлина се еден од најважните детали кога станува збор за зголемување на 35 m2. Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 21:54 |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Млада студентка по дизајн од Њујорк ја искористила својата креативност и од својот изнајмен стан од 30 метри квадратни направила навистина шармантна оаза со еклектичен стил. Малиот стан во Менхетен е опремен навистина одлично, земајќи го во предвид фактот дека се користени исклучиво стари парчиња мебел, купени од пазар. Дел од тајната на шармот кој овој стан го поседува е токму во тоа што сопственичката е секогаш доследна на својот стил и замисла. Ги отфрла триковите и советите за уредување на минијатурни станови и се држи до својата идеја. Според нејзиното признание, таа купува парчиња мебел и сувенири кои и се допаѓаат, внимателно одбирајќи многу контрастни и креативни нешта. Погледнете како изгледа овој прекрасен склоп на креативното и поволното. Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 15:48 |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Ако барате инспирација како да уредите мала спална соба, подгответе се да добиете многу идеи. Дизајнирани за мали домови, паметно дотерани за да изгледаат и пространо и свежо. Во прилог се 40 предлози на различно уредени ентериери на спални соби, веруваме дека некоја ќе ви фати окце. |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Кога станува збор за создавање на комфорно место за живеење, денес е возможно речиси сè! За пример земавме стан – гарсониера со површина од 32 м², која содржи дневна соба, кујна и бања, а со реновирање треба да се добие уште една соба - спална соба. Изведбата е на тимот на Биро Проект кој по извршениот увид, прифатените идејни скици и направениот проект за реновирање, се насочи кон грубите градежно-занаетчиски работи. По завршување на комплетните промени – рушење на постоечки скали, фасаден ѕид, промена на плочки и паркет и електрична инсталација во целиот стан, успешно се комплетираше замислата – да се добие функционална спална соба.
Повеќе информации за уредување на вашиот ентериер може да најдете на www.biroproekt.mk или на Фејсбук страната https://www.facebook.com/biroproekt Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 22:21 |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Становите со мали квадратури и тесни соби мора да се уредуваат со поголемо внимание ако сакате просторот да изгледа функционално. Затоа, ви откриваме неколку тајни како малите станови и соби може визуелно да ги зголемите. Најважно е да направите план. Не дозволувајте да ве понесе креативноста и несоодветно да го опремите просторот. Одлучете се за она што ви е неопходно, подгответе го просторот па дури тогаш купувајте мебел. За крај оставете ги деталите и сувенирите. Едноставни бои Премногу бои оставаат впечаток на несреденост. Користете основни, неутрални бои, а за да ја разбиете монотонијата внесете силни нијанси во мали дози. Кога ги боите ѕидовите, три страни обојте во неутрална боја, а четвртиот малку затемнете го. Облиците се важни Ако сакате хармоничен изглед, бирајте различни текстури и облици. Набавете тепих со дијагонални линии, пернички со точки и секакви детали кои многу едноставно ќе го разиграат просторот. Проѕирен мебел Ламбите од кристал или стакло, како и безбојните столчиња се неверојатно декоративни, но и корисни кога се борите со секој квадратен метар. Тие визуелно ќе го зголемат просторот, а ќе ја зголемат функционалноста. Задолжителни огледала Огледалата прават чуда во малите простории! Тие нека бидат извор на дупла сончева светлина или пак усмерете ги кон нешто што е вредно да се дуплира. Изберете рамка која стилски се вклопува со останатиот мебел и нема да погрешите. Светло во секој ќош Високите ламби се одлични за пријатно и интимно осветлување на просторот. Пригушеното светло кое доаѓа од малку повисоко позитивно влијае на пространоста. Троседот заменете го со двосед и фотелја Наместо голем тросед одберете двосед и фотелја. Бирајте модели без многу масивни држачи или потпирачи бидејќи визуелно оставаат негативен впечаток во малиот простор. Завесите закачете ги повисоко Ако сте љубители на завесите, секогаш закачувајте ги неколку сантиметри под плафонот. Тоа остава впечаток на повисок и поголем простор, а воедно е и одлична декорација на празните ѕидови. Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 22:21 |
|||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 5678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |