Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јуни.2015 во 08:14 |
Ви се јаде нешто благо, вкусно, а свежо. Не ви се пече торта и сакате набрзина да бидете готови. Нема посовршен летен десерт од колачот со ресана, плазма и овошен јогурт кој дава посебно освежителна нота на секое залче. Вистински летен десерт. Потребни состојки: - 2 кутии ресани
- 2 кутии плазма
- 3 кесички шлаг од ванила
- 1 kg слатка павлака
- 800 g овошен јогурт со овошје по ваш избор
Подготовка: Плазмата потопете ја во малку сок по можност од истото овошје кое го има во јогуртот, колку да омекне. Наредете ја на поголема тепсија или друга подлога. Изматете ја слатката павлака не премногу цврсто и додајте го овошниот јогурт, па продолжете да матите со лажица или со жица и половина од смесата нанесете врз плазмата. Врз неа наредете исто така потопена ресана во сок, па врз неа премачкајте ја останатата половина од слатка павлака и овошен јогурт. На крај, изматете ги трите шлагови од ванила со млеко и премачкајте го колачот целосно. Готови сте за 15 минути. Оставете го во фрижидер да се излади и стврдне, па може да го послужите со некоја лимонада.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Јуни.2015 во 15:24 |
НАЈБРЗА ЛЕТНА ТОРТА ОД ЈОГУРТ, БИСКВИТИ И МАЛИНИВо сезоната на малините вреди да се потсетиме на една од најлесните ( можеби и најлесна) тори кои можете да ни направите за миг, а притоа да уживате во еден освежителен вкус. Потребни ви се 10 минути и следниве состојки: 500 г. бисквити литар јогурт 200 грама шеќер во прав 500 грама овошје по желба (малини, јагоди, вишни, ананас, банани, киви) 200 грама крем – шлаг Подготовка: Искршете ги бисквитите, додадете јогурт, шеќер во прав и овошје, па сето тоа добро промешајте го со лажица. Сипете ја смесата во огромен сад и ставете го во ладилник. Изматете крем – шлаг и ставете го преку тортата. По желба украсувајте со овошје.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јуни.2015 во 17:45 |
ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ БЕЗ ПЕЧЕЊЕКремаста и чоколадна торта која ќе ја обожавате по првото залче. Се прави брзо и лесно, а се служи добро оладена после ручек или кафе. Потребни состојки: - Пакетче тенки кори за торта
- 1,5 l млеко
- 2 пудинзи од чоколадо
- 200g шеќер
- 4 лажици брашно
- 2 лажици густин
- 300g чоколадо за готвење
- 250g млечно Милка чоколадо
- 3 пакетчиња ванилин шеќер
- 200g путер или маргарин
За глазура: - 50g путер или маргарин
- 50g млечна Милка чоколадо
- 1dl слатка павлака
Подготовка: Загрејте литар млеко додека не зоврие, па во него помешајте го преостанатото млеко со пудинг, брашно, густин и шеќер. Кога кремот ќе биде готов тргнете од оган и додадете го чоколадото да се растопи. Прво мешајте со дрвена лажица, па потоа неколку минути со миксер. Измешајте го маргаринот или путерот со ванилин шеќер и додајте го во оладениот крем. Премачкувајте ги корите со по еден дебел слој крем се додека не го потрошите материјалот. На крај, стопете ги сите состојки за глазурата на пареа и прелијте ја целата торта. Сечете коцки или правоаголници и послужете ги оладени.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јуни.2015 во 07:18 |
Доколку сакате нешто брзо и вкусно за десерт, а немате многу време за подготовка, овие Нутела бомбици со кикирики ќе ги подготвите за само 15 минути. Можеби ќе ви одземат мал дел од денот, но ќе зборувате за нив цел ден, затоа веднаш фатете се за работа и набавете ги следните состојки со кои се подготвува овој брз десерт. - 400 грама Нутела еурокрем
- 300 грама лупени кикирики
- 200 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Најпрво кикирите малку се потпекуваат и се кршат или толчат на ситни парчиња. Потоа се топат кремот и чоколадото на пареа, па се додаваат половина од иситнетите кикирики. Жешката смеса се става во книжни корпи за колачиња и се наросува со преостанатата смеса од иситнетите кикири. На крај оставате да се стврднат во ладилникот околу еден час и потоа послужете со ладно кафе. Ќе излижете прсти!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Јуни.2015 во 15:20 |
БРЗА СЛАДОЛЕД ТОРТА СО БИСКВИТИ
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јуни.2015 во 16:43 |
Брз бисквит колач со капучино500 – 500 г. бисквити со путер 50 г. капучино во прав (од кесичка) 2, 5 дл. млеко 3 јајца 6 лажици шеќер 5 дл. слатка павлака лажица какао Подготовка: 1. Изматете добро јајца со шеќер и сипете слатка павлака и какао, па матете додека не се создаде цврст фил. Капучиното во прашак прелејте го со топло млеко. Секоја бисквита потопете ја ја во смесата и лепете ги една со друга. 2. Премачкајте со филот, па редете нов ред бисквити. Повторувајте ја постапката, се додека имате материјал. 3. Завршете со фил, и исфилувајте го целиот колач. По желба, во филмот можете да додадете и растопено чоколадо
Изменето од Valerija - 10.Јуни.2015 во 16:43
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јуни.2015 во 22:24 |
Милка торта без печење
Сите го обожаваме чоколадото Милка, а уште подобро би било кога би можеле и дома да си направиме нешто со ист вкус. Израдувајте ги вашите најмили со Милка торта, која ќе ја направите за 30-тина минути и тоа без печење. Состојки за подготовка:- 1л. млеко
- 10 лажици кафеав шеќер
- 3 пудинга од ванила
- 300гр. млечно Милка чоколадо
- 100гр. бело Милка чоколадо
- 500мл. слатка павлака
- 200гр. бисквити (по желба)
Начин на подготовка:
Направете го пудингот со целото млеко. Пудинг смесата поделете ја на два еднакви дела, па во едниот дел ставете млечно, а во другиот бело чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се стопи. Потоа, оставете ги смесите да се изладат.
Изматете ја слатката павлака, па ¼ од добиената смеса истурете ја во двете смеси. Во тркалезен калап ставете фолија на дното и од страните, па истурете ги црната и белата смета. Малку измешајте ги за да се формираат црно-бели шари. Потоа додавајте го остатокот на слатката павлака, па повторно чоколадото на ист начин со промешување.
Бисквитите натопете ги во млеко и редете ги врз смесата. Потоа преку колачот ставете фолија и ставете ја во фрижидер добро да стврдне. По неколку часа, извадете ја тортата од фрижидер, превртете ја на некоја тркалезна чинија, така што бисквитите да дојдат на дното и извадете го калапот.
Милка тортата можете да ја декорирате по ваша желба. Уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јуни.2015 во 08:49 |
ПРЕВРТЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕСостојкиза слојот со јатки- 1 шолја ореви
- 2/3 шолја бадеми
- 2/3 шолја лешници*
- 1/4 шолја кршени парчиња темно чоколадо со добар квалитет
*или други јатки по ваша желба солена карамела- 3/4 слатка павлака за готвење, на собна температура
- 2/3 шолја шеќер
- 2/3 шолја кафен шеќер
- 1/3 путер, на собна температура
- 3 лажици вода
- 1 лажица сол
чоколаден ганаж- 2 шолји кршено темно чоколадо со добар квалитет
- 1/2 шолја слатка павлака за готвење
Начин на подготовкаНајпрво направете го чоколадниот ганаж. Ставете ги чоколадните парчиња во голем сад. Загревајте ја слатката павлака во помал сад се додека не биде толку топла што на краеви од садот ќе почнат да се прават меуричиња. Додадете ја слатката павлака во чоколадото и мешајте се додека чоколадо не се растопи целосно и добиете кремава смеса. Оставете го ганажот да се лади околу два часа, а потоа измешајте го со миксер. Додека ганажот се лади, направете ја карамелата. Во мал сад со дно кое не се лепи ставете ги белиот шеќер и водата, и мешајте. Ставете ги на слаб оган и мешајте од време на време се додека смесата не почне да врие и не добие светла боја на карамела. Потоа тргнете со садот од оган и бргу додадете ги слатката павлака, путерот и кафениот шеќер и мешајте се додека не добиете еднаква смеса. Бидете внимателни смесата може да прска. Ако шеќерот почне да се згрудчува не грижете се, само продолжете да мешате и потоа ставете го садот повторно на среден оган за уште една да проврие. Кога смесата ќе биде единечна намалете ја јачината и оставете ја уште 15 минути да се крчка за да стане поцрвста. Мешајте на секои две минути. Кога ќе ја тргнете карамелата од оган додадете ја солта. Оставете ја карамелата да се лади на собна температура. Обложете округла тава за печење со дијаметар од 21 цм со пластична фолија. Бидете сигурни дека целата тава е обложена и дека има доволно фолија која излегува од страните. Еднакво распростренете ги јатките и 1/4 шолја кршено чоколадо. Потоа истурете ја карамелата врз јатките, еднакво растространувајќи ја. Кога ќе добиете еднаков слој на карамела, истурете го и ганажот еднакво растространувајќи го. Ставете ја тава непокриена во фрижидер околу 4 часа или преку ноќ за да се олади. Откако тортата ќе биде оладена извадете ја фрижидер и превртете ја површината за сервирање. Нежно извадете ја пластичната фолија и оставете ја тортата да одстои 20тина минути на собна температура пред сервирање. Останатата торта чувајте ја во фрижидер.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јуни.2015 во 08:30 |
Јаготки - почесни гости на секоја трпеза сè додека ги има, а бидејќи се одличен додаток во сите колачи и торти, во следна прилика ви предлагаме да послужите еден кремаст, летен деликатес. Рецептот е брз, евтин и не бара печење, ниту комплицирани постапки. Потребни состојки: - 1 пакување готови (тенки) кори за торта
- 1kg јагоди
- 2 кисели павлаки
- 500g шлаг пена
- 200g шеќер во прав
- 300ml кисела вода
Подготовка: Шлагот изматете го со ладна кисела вода. Додајте го шеќерот во прав, а потоа и киселата павлака. Мешајте со миксер додека не добиете крем. Јагодите исечкајте ги на кругови, а корите раздвојте ги. Ставете една кора во тава, а потоа ставете фил. Повторете ја постапката два пати, па наредете јагоди. Продолжете со овој редослед се додека имате материјал. Готовата торта оставете ја во фрижидер преку ноќ или во замрзнувач неколку часа пред да ја пресечете. Декорирајте со шлаг и цели јаготки, а одозгора може да прелиете чоколаден прелив.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Мај.2015 во 17:45 |
ПОВКУСНО ОД ОВА НЕМА: ПАРФЕ ТОРТАСостојки: Кора: 3 јајца 7 лажици шеќер 7 лажици брашно 2 лажици какао 5 лажици млеко со рум Темен крем: 10 лажици шеќер 300 мл вода 3 жолчки 2 јајца 200 гр чоколадо 250 мл слатка павлака 3 пакетчиња желатин Бел крем: 10 лажици шеќер 300 мл вода 3 жолчки 2 јајца 200 гр бела чоколада 250 мл слатка павлака 3 пакетчиња желатин Прелив: 50 гр чоколадо 2 лажици масло Подготовка: Кората ја добиваме така што од белките матиме со шеќер цврст снег, па ги додаваме жолчките, брашното и какао. Печеме во тркалезен калап околу 25 см пречник. Печената и оладена кора се попрскува со млекото со рум. Темен крем: Шеќерот и водата се варат, се матат 2 белки и посебно 5 жолчки. Сирупот од шеќер внимателно се додава во белките па потоа и жолчките се спојуваат со зашеќерените белки. Оваа смеса се меша со жица, не со миксер. Оставете да се олади па во ладното додадете ја слатката павлака и на крај желатин. Оваа смеса се префрла во тркалезен калап со исти димензии како оној за кората и се остава добро да се стегне и олади. Светол крем: Се се прави исто како и за темниот крем, само што чоколадата е бела. И овој крем мора да отстои во истиот калап како и темниот крем и кората. Двата крема кога ќе се стегнат ставете ги врз кората, прво темниот па светлиот. Стопете чоколадо со масло на пареа и со ова украсете ја тортата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Мај.2015 во 14:19 |
ЧОКОЛАДНА КЕКС ТОРТА: ОДЛИЧЕН ДЕСЕРТ БЕЗ МНОГУ МАКАСостојки: 500 гр петит бисквити 700 мл млеко 1 пакетче пудинг од чоколада 250 гр маргарин 150 гр шеќер во прав 100 гр црна чоколада Подготовка: Во топлото млеко со постојано мешање сварете го пудингот. Во пудингот додадете црна чоколада, мешајте додека не се стопи и оставете да се олади. Маргаринот и шеќерот во прав се матат со миксер и се додаваат во пудингот. Бисквитите се потопуваат во млеко и се подредуваат во калап. Се премачкуваат со чоколадниот фил, а постапката се повторува се додека не се употребат сите состојки. Со останатиот фил се декорира тортата, како и со рендана чоколада, па се остава да се олади во фрижидер. Ладната торта се сече и се сервира.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Мај.2015 во 14:11 |
БИСКВИТ ТОРТА СО ЕУРОКРЕМПотребни состојки: – половина литар млеко – 10 лажици шеќер – 8 лажици брашно – 250 гр еурокрем – 1 маргарин – 1 кг бисквити Подготовка: Сварете го млекото со шеќерот. Растопете 8 лажици брашно во малку млеко и додјте го во садот со свареното млеко со постојано мешање да не се направат грутки. Сварете го филот така што ќе добиете густа смеса како пудинг. Тргнете го тенџерето од оган и додадете еден маргарин и еурокрем. Мешајте додека состојките не се растопат. Секоја бисквита потопете ја во млеко и наредете ги на еден четвртаст плех. Потоапремачкајте со филот, и повторете ја постапката додека имате од состојките. На крајот завршете со кремот и посипете со мелени лешници, ореви или чоколадни мрвици.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Мај.2015 во 16:37 |
Посакувате нешто благо? Нема потреба да појдете до најблиската продавница ниту пак да трошите многу време за готвење. Ова е сладок рецепт кој ќе го зготвите за час. За овој рецепт потребни ќе ви бидат интегрални бисквити. Не е важно од кој бренд. Одлуката е ваша. Слатка павлака, бело чоколадо и кршени чоколадни парченца. Земете едно пакетче интегрални бисквити. Искршете ги на мали парчиња. Потоа земете едно пакување бело чоколадо и исецкајте го за побрзо да се стопи. Ставете го во тавче заедно со 2/3 пакување на слатка паблака и растопете го. Течната маса истурете ја во садот во кој се наоѓаат бисквитите. Оставете малку да се олади некој период за да можете да ја измешате смесата без да се изгорите. Откако ќе се олади добро промешајте ја смесата додека не стане една компактна целина и додадете чоколадни парчиња кои предходно сте ги искршиле. Во тава израмнете ја смесата и повторно оставете ја да отстои. Вашата работа тука завршува. Само на мали коцкички исецкајте ја смесата и имате брзи и вкусни колачиња за ова лето.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Мај.2015 во 13:54 |
КАКАО КОЛАЧ СО БАНАНАПотребни состојки: - Една голема и зрела банана
- 60g крупно сечкани ореви
- 30g какао
- 100g путер
- 3 лажички мед
- 2 лажички екстракт од ванила или бадем
- 1/2 лажичка цимет
- 1/4 лажичка сол
Блендирајте ги сите состојки заедно се додека не добиете густа и еднолична смеса. Потоа ставете ја во тепсија обложена со хартија за печење. Одозгора покријте ја тепсијата со алуминиумска фолија и оставете ја во замрзнувач половина час. По половина час извадете ја смесата и исечкајте ја на мали коцкички или вадете облици со калапи за колачи.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|