![]() |
|
Пилешки специјалитети |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 56789 12> |
Автор | ||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Пиле на мексикански начин1. Огноотпорно тавче се намастува и се редат парчиња од пиле предходно зачинети со вегета и црвен пипер. Се додаваат пиперките исечени на траки, доматите на коцкички и пченката. |
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Замотан стек1. Компирот излупен сварете го во млеко во кое ке |
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Пилешко Cordon BleuСостојки: 4 парчиња пилешко филе, 3 лажици вегета, 200мл вода, лебни трошки, 2 лажици стопен путер, лук по желба, 1/2 лажица оригано, 100г шунка, 2 лажици мелен црвен пипер, 2 лажици рендан пармезан, кашкавал или сирење Подготовка: Истолчете го месото на тенки парчиња. Одозгора зачинете го со вегета. Течна смеса: Во сад ставете ја водата, 2 лажици вегета, путерот, лукот и ориганото. Загрејте додека водата не почне да врие и гответе неколку минути. Смеса за поховање: Измешајте ги лебните трошки, црвениот мелен пипер и пармезанот. На секое парче месо ставете парче шунка, преку него сирење или кашкавал, свиткајте и зацврстете со чепкалки. Подготвеното месо извалкајте го во течната смеса, па во смесата за поховање. Похованите шницли наредете ги во тепсија, одозгора налејте ги со остатокот од течната смеса и печете во рерна на 200 степени околу 40 минути. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:47 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Најпрво пилешкиот стек го подваруваме малку. Потоа го сецкаме на мали парченца, а истото го правиме и со печурките
и киселите краставички. На загреано масло го пржиме стекот, па ги додаваме печурките и киселите краставички, и се така заедно пржиме уште некоја минута. Најпосле ги додаваме павлаката и кари зачинот, и на крај се така измешано добива специфична жолто-зелена боја и прекрасен вкус! |
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:46 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:44 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:59 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Пилешко во слатко-кисел сосИсечкајте го пилешкиот стек на мали коцки и зачинете го. Најдобро е да го ставите од претходниот ден да отстои во фрижидер. Потоа, извалкајте ги коцките во брашно (за да бидат крцкави и сочни внатре)и пржете ги барем 3,4 минути во тенџере со загреано масло (или во фритеза). Штом се готови, пилешките парченца ставете ги на хартиена салфетка која од нив ќе го упие вишокот масло. Исечкајте ги кромидот, морковот, бабурите на поситни коцки (1 см.), а јаболкото (излупено) на уште поситни. Загрејте ја вок тавата, потоа додадете малку масло и оставете го убаво да се загрее. Прв додадете го кромидот, пржете 2 минути (постојано промешувајте со дрвена лажица), па додадете го морковот, пржете 2 минути, па додадете ги бабурите, пржете 3 минути, па додадете го јаболкото, пржете минута, па додадете оцет, шеќер и кечап. Убаво промешајте и додадете ги пилешките коцки. Пропржете уште 3 минути и готово! Послужете со ориз или зеленчук на кинески начин...ќе ги напишам и тие рецепто! Пријатно! :) |
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Слатко кисело пилешкопрв чекор : го сецкате пилешкото на еднакви коцки, го мешате со 64 грама пченкарно брашно |
||||||||
![]() |
||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Пилешки стек во таваПилешкиот стек го чукаме од двете страни.Врз парчињата месо ставаме мешан зачин и босилек.Потоа ги пржиме во загреано масло.Стекот го пржиме од двете страни додека не зарумени.Пржените парчиња ги редиме во тава за печење.Во меѓувреме,во загреан путер додаваме брашно.Со постојано мешање додаваме вода.Кога смесата ќе се изедначи,ги додаваме печурките и сечканите маслинки.Динстаме околу 5 мин.Со оваа смеса го полеваме стекот.Одозгора ставаме кашкавал и павлака.Печеме во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути. Добар апетит :) |
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Пилешко со јогуртИако можеби звучи како необична комбинација, спојот на пилешкото и јогуртот е вистински празник за стомакот. Прочитајте како да подготвите вкусно јадење од овие продукти Состојки:4 парчиња пилешки батак-карабатак, 500мл јогурт, 70г кашкавал, 2 лажици бело вино, 2 лажици соја сос, една лажичка кари, зејтин, сол, бибер Подготовка: Сипете го јогуртот во поширок сад, додајде ги виното, зачините и соја сосот. Пилешкото посолете го и ставете го во јогуртот, поклопете и оставете да отстои во фрижидер цела ноќ. Месото ставете го во плех за печење, одозгора сипете го преливот од јогурт, прекријте со фолија и печете 60 минути на 180 степени. Потоа тргнете ја фолијата, врз месото изрендајте го кашкавалот, вратете во рерна и печете уште 10 минути. Сервирајте со печени компири и свеж зеленчук. Добар апетит! Изменето од Valerija - 14.Март.2018 во 08:22 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Пилешко во сос од крем сирењеСостојки:500г пилешки шницли Подготовка:Во кеса за замрзнување ставете ги крекерите и скршете ги на ситни парчиња. Измештајте со пармезанот. Пилешкото посолете го, наросете бибер, па извалкајте го во крекерите и пармезанот. Испржете ги во мешавина од зејтин и путер, извадете ги и држете ги на топло. Во истата маснотија додајте ја супата, крем сирењето, истолчениот лук и магдоносот, гответе неколку минути додека сосот згусне, а потоа со него прелијте го месото. Совет:Може да користите и готово крем сирење со разни зачини. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:54 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Кој е најдобриот начин за приготвување пилешко?За пилешкото не е потребен некој посебен вовед. Еден од најупотребуваните продукти и сигурно еден од најпопуларните поради цената, но и нутритивната вредност. Се консумира на сите континенти, а во светот во 2003-тата година имало дури 24 милијарди пилиња. Најупотребувано е од домашните животни, што поради месото, но и поради јајцата. Приказната за пилешкото почнува многу, многу чудно. На почетокот се одгледувале индијски видови, и тоа исклучиво заради борба со петли. Малку внимание се обрнувало на месото и јајцата, речиси воопшто. Тие живееле од пет до десет години, во зависност од видот. Најстарата кокошка која умрела имала 16 години, и тоа од срцев удар. Интересно е тоа што имаат т.н. „ред на петлите“, многу јасна хиерархиска поделба во внатрешноста на заедницата. КуК*рикањето на петлите е територијален знак за другиот петел, а кокошките се гласни кога лежат јајца, ги повикуваат пилињата, но и кога чувствуваат опасност. Денеска има се помалку кокошки од органско производство, а се повеќе се одгледуваат во фабрички услови, и вакумирани се праќаат на полиците во супермаркетите. Постојат се помалку кокошки кои се исхранувани со пченка, а органско одгледнуваната живина се подготвува различно од неорганската за да биде сочна. Со пилешко се комбинира речиси се – печурки, зеленчук, тестенини, ориз, безброј видови на билки, сосови, зачини, па дури и, во Турција, слатко пилешко. Пилешкото може да се полни, пече, вари, да се динстува, похова. Експериментирајте, обидете се со соја сос и мед, со коријандер, кокосово млеко во црвен сос од кари. Истражувајте, со пилешкото можете се! Рецепт за вкусно и едноставно пилешкоПотребни состојки:
Пилето го подврзувате со коноп, така што крилцата ќе се завртат на внатрешната страна и батаците ќе се приближат до градите. Потоа оставете го на собна температура, посолете го, и по неколку минути ставете го да се пече на 200 степени без масло. Доколку имате мајчина душица, наросете малку одозгора. Пропржете го кромидот со сланината, додајте малку ловоров лист и зачинете. На крајот додадете малку путер за вкус и густина. Во сад ставете го медот, сенфот и сокот од портокал, зачинете со сол и бибер и посипете го врз испеченото пиле со гарнир од кромид и сланина. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:51 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
||||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Пилешко со мед и бадемиРецепт за неделен ручек, кој не одзема многу време за подготовка. Овој рецепт за пилешко месо, маринирано во сок од портокал и мед и бадеми, е пример како со едноставни продукти, можете да бидете креативни во приготвувањето на неделниот ручек.
За да го приготвите овој рецепт ќе ви бидат потребни: 300 гр. пилешко филе Начин на подготовка: Се мешаат медот,сокот од портокал, маслото и црвениот пипер и во оваа смеса ги потопувате убаво пилешките филеа. Дотурете го сосот што ќе ви остане, и додадете ги бадемите сечени на
покрупни парчиња. Покрите ја тавата со алуминиумска фолија. Пилешкото
се пече 30-40 минути на 200°C. После тоа горната фолија се отстранува и
печете уште 10 минути, додека бадемите заруменеат. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:50 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 56789 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |