|
Екстерно тестирање |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | |
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се сложувам со тебе. Генерализација на термините „ученик“ и „наставник“ не може да има!
Треба да се земе во обзир обемот на материјалот кој го имаат учениците денеска, за разлика од она што ние сме го имале некогаш. Обемната “папирологија“ која ја имаат за обврска наставниците бара многу време и труд, така да освен што се расправаат со деца во развој и илјадници карактери знам многу наставници и професори кои си ја сакаат својата професија и даваат се од себе да го мотивираат ученикот да прифати и научи нешто. Според мене малку се платени и треба да имаат и бенифициран стаж Бедните објаснувања на МОН за тоа како ќе се доведат “во ред“ наставниците а и учениците со екстерното тестирање се исто толку банални како и континуираното менување на одлуките кои ги донесуваат а се менуваат додека да трепнеш. Треба да посветат поголемо внимание на обемот на наставата, книгите кои се во хаос, да ги поправат грешките од веќе пропаднатите експерименти а не континуирано да прават нови оставајќи се поголеми дупки во образованието.
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тука лежи зајакот... не постои труд ниту од ученикот ниту од наставникот (во 90% од случаевите)... така што мора некој однадвор да ги ,,натера,, и учениците и наставниците да поработат малку.
Образованието денес се сведува на:
протекции, врски, закани, уцени, притисоци, омаловажувања, навреди, понижувања дури и физички пресметки (од двете страни).
Затоа велам не е лошо професорите и посебно учениците да осетат што е вистински притисок и дека не е се` фер во животот, ќе им користи за понатаму. Не е толку во екстерното тестирање колку до менталитетот на народот.
|
|
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
"Мојата чудесна земја Македонија"...животот ни го сведоа на казнувања и експериментирања, каде и да се свртиш-закани летаат,казни се пишуваат,по уши те маваат...
Не да сум против,најпротив да по против не може да биде во врска со новиов експеримент наречен ектерно тестирање... како прво,направија невидена каша - попара... Најпрво беше ставот дека ќе служи за проверка на објективноста на наставникот и дека нема да влијае врз успехот на ученикот..одеднаш промена на ставот-ќе се внесуваат во сведителства,ама само како показател за на крај (ако е воопшто крај ) ќе се внесуваат во сведителства и ќе се пресметуваат во просекот на ученикот. Понатака, многу сум против и за начинот на кој ќе се одвива тестирањето... прво,немаме саглам учебници,ако некој заборавил,да потсетам за фамата што се креваше за одредени учебници преполни со грешки и со содржини над кои не знаеш дали да се смееш или да си пукнеш од мака. Дали ќе се оценуваат според пишаното во нив или според она што наставникот им го кажувал на час(мимо содржината) во учебникот? Дали и колку ќе биде реална таа оценка имајќи во предвид дека наставникот е тој што е во континуирана интеракција со ученикот и ги оценува децата по еден предмет 4 пати во тек на училишната година(прво тромесечие,прво полугодие,трето и четврто тромесечие) и она најважното што или го забораваат или намерно не го спомнуваат како мошне важен фактор- психолошкиот момент кај детето... Секој од нас бил сведок или лично го доживеал стресот и неизвесноста од тестот(испитот)...колку пати се случувало,најдобриот во класот( а и мене лично ми се има случено) да направи слаб тест затоа што едноставно се блокира,затоа што грешиш на некоја ситница затоа што ти е тооолку лесна па брзаш да преминеш на следното(да не набрајам понатаму,примери мал милион)...Децата не се само бројче во дневникот или првата буква во презимето,дотичните требало да размислат и за тој аспект смислувајќи го и воведувајќи го феноменот екстерно тестирање.... Со вакви тестови, целата мотивација и заложувањата на наставниците во текот на годината се сведуваат на една бројка која ја добиваат со еден тест. И со тоа и наставниците ги ставаат во незгодна позиција оценката да ја пишуваат врз основа колку добро детето мислат дека ќе се изрази на еден тест. ... Зошто не воведат вакви тестови во текот на целата учебна година, нека се тестираат по секој предмет,но нека се тестираат континуирано,па на крај нека вадат вадат конечни оценки, а не вака,2 предмети на крај на година... Темава-нема крај на размислувањата...да скратам, го прочитав воведниот текст на yuiop и го подржувам од збор до збор... |
|
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Искрено Ли поголема глупост од екстерното тестирање досега не е измислено.
Еден тест не може реално да го оцени знаењето на еден ученик и тој тест може лесно да го избрише трудот вложен во целата учебна година. Да беше така и досега секој наставник/професор ќе правеше по еден тест на крајот на годината без да посветува внимание на секоја тема посебно, на активноста на часот, на домашните задачи ..... Екстерното тестирање го омаловажува и трудот на наставникот и трудот на ученикот во целата школска година.
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не може нешто да се укине што не се ни одржало (испробало).
Нека се даде шанса на тестирањево оваа година , па ако не го бива нека го укинат следната година.
Повеќе генерации на ученици биле лабораториски глувци, не се само овие.
Децата денот по екстерното тестирање ќе бидат живи и здрави.
Изменето од LiDivio - 22.Мај.2013 во 10:52 |
|
yuiop
Сениор Регистриран: 15.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 234 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
.
Изменето од yuiop - 02.Јуни.2013 во 00:51 |
|
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |