|
ОВА Е ИСЛАМ ?????? |
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Автор | |
Noor
Нов член Регистриран: 07.Ноември.2015 Статус: Офлајн Поени: 16 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа не е случај со Коранот, бидејќи Коранот не е само книга во која или веруваш дека е Божја или не веруваш. Аллах во Коранот те предизвикува тебе да донесеш нешто слично на Коранот, ако мислиш дека е од некој друг освен од Аллах. Не само на тебе, не група на луѓе, не научници, туку сите луѓе од овој свет да се соберат на едно место нема да можат да напишат нешто слично на Коранот. Ел-Исра 17:88 „И кога сите луѓе и џинни би се здружиле да произведат ваков Коран, тие никогаш нe би го постигнале тоа, макар и помагајќи си еден на друг.“ Господ истотака во многу други места ти докажува дека Коранот е Аллахов Збор, и ти дава факти кои ти можеш самиот да истражуваш и самиот да се увериш во тоа, а не само да веруваш. Ен-Ниса 4:82 „Па зар оние (кои се двоумат) не размислуваат за Коранот? Да беше книгата од некој друг освен од Аллах, тие сигурно ќе најде многу противречности“. Ако не веруваш, истражи го Коранот самиот и види дали можеш да најдеш противречности во книгата, за разлика од Библијата која е полна со противречности. Изменето од Noor - 26.Јануари.2016 во 13:13 |
|
Noor
Нов член Регистриран: 07.Ноември.2015 Статус: Офлајн Поени: 16 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божји мир вам.
Ова е Божја милост што сеуште има луѓе кои се заинтересирани за вера, бидејќи во денешно модерно, секуларизирано, атеистичко и безбожно време, да се верува во нешто е вистинска реткост, и тие малку што веруваат се сметаат како луѓе од втор ред. Братот спирос не ги прочита материјалите за кои јас долго се измачив да ги подготвам, а ни тој не ми посочи никаква литература за, според него, вистинскиот Мухаммед (а притоа рече дека ги има многу). Сега јас сум човек и сакам да ја осознам вистинита со моите човечки можности. Јас или со читање ќе ја осознам, или со слушање, или да ми се појави Господ и лично да ми ја каже твојата приказна дека братот Мухамед што живеел во Дамаск е вистинскиот Мухамед, а тој што бил од Мека бил под влијание на шејтанот. Сега Господ не се појавува пред ниедно негово суштество (чак ниту пред пророците), не сум слушнал од никого за ова приказна која е багра, можам слободно да речам, но спирос ме просветлува дека постоел таков Мухамед. Јас барам од спирос докази. Тој вели дека имало многу литература, но не се потребни за да се осознае вистината. Јас брату те прашувам како поинаку ќе ја дознам вистина јас со моите човечки можности? Како јас како човек со моите ограничени пет сетила треба да го осознам вистинскиот Господ? Но јас знам дека овие се живи глупости и не постои таква литература, но што друго истотака знам е дека ти си многу близок со муслиманските верувања. Твоето обожавање во Единствениот Господ Отец (Аллах) е навистина да се земе за пример за тие муслимани кои е послаби во нивната вера. Во се’ се сложувам со тебе, освен до таа мера каде велиш дека Исус Христа е Божја Инкарнација и дека Коранот е антихристијански. Те молам брату, не ме терај само преку твојата Библија да ти докажам дека Исус не е Божја инкарнација (или отелотворение). Верувај, толку пати сум ја прочитал Библијата што самата објаснува дека Исус никогаш не проповедал дека е он Господ и дека него треба да го обожаваме. Што Исус Христа, единствениот носител на титулата Месија (хаМешиах) всушност проповедал е дека во Евангелие според Јован 16:12-13 „Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува сам од себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат.“ Тој духот на вистината брату, е никој друг освен последниот Божји пророк Мухамед (алејхи селам) кој зборувал она што го слушал (последната Божја Објава преку ангелот Гаврил, не како што кажуваш ти од шејтанот) и навестил за нештата што ќе дојдат по неговата смрт. Исламот брату е сета вистина, а не делумна во која ти се наоѓаш бидејќи ти се колнам во Аллах, со твоите верувања што ги кажуваш во овој форум мислам дека заслужуваш да ја осознаеш истата. Незнам како толку начитан и уверен човек во својата вера не упеал да ја осознае целата вистина која се наоѓа во Последниот Тестамент кој е потврда на сите претходни книги, и само бидејќи твојата верба во Единиот Господ е толку силна, затоа и ти пишувам и се трудам за и ти да ја дознаеш целата вистина во Последниот Тестамент, а тоа е Светиот Коран. Истотака, ако имаш факти, докажи ми дека Коранот е резултат на шејтанот, на К*рејшката (а не како велиш ти К*раишката) љубомора. Но нема да можеш брату. Зарем мирољубиовиот Аллах кој толку не сака нас би дозволил вера која е произлезена од шејтанот да биде втора по ред најголема вера во светот? Зарем Господ би дозволил најбрзо растечка вера во светот да е Исламот, ако е тоа од шејтанот? Над 1.7 милијарди муслимани на светот, сите скршнати во патот на шејтанот? Не брату, размисли за тоа. Господ, Семоќниот, никогаш не би го дозволил тоа. Изменето од Noor - 24.Јануари.2016 во 12:38 |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неговата Светлина Совршено чиста - за спасение на сите Отелотворена во Исуса Христа - е Единствениот Вистински и Совршен посредник! Таа БОЖЈА Светлина Совршено чиста е поголема од сите Свети Писма, дури и од Библијата која прекрасно сведочи за Неа! Таа Светлина Совршено чиста сведочи дека Вистинската и Суштинската Вера, Надеж и Љубов е безкрајно повеќе од секое просветление, осознавање, ... бидејќи без Таа Љубов БОЖЈА “просветленикот“ не би можел нити носот да го избрише, а камоли да зборува за Просветлението и Единството! Затоа, пред некој премногу да ја отвори устата и да се фали себеси дека се’ осознал, нека ја отвори истата и во понизност да Го Фали и Слави Единствениот Вистински и Совршен БОГ Творец (и Отец на Вечниот Живот), Кој е поголем од секој друг “бог“, ангел, пророк, посредни, праведник, просветленик, ... или било нешто друго во безкрајниот универзум! Поздрав и Љубов до сите, ма каде и да се наоѓате во духовниот раст! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Веруваш додека не дознаeш. Кога ќе дознаеш ќе знаеш - количина на нова информација. Да знаеш не значи дека си осознал. Си осознал кога дознаето и ти станале Едно. Тоа е еден чекор поблизу до просветлувањето. За просветлувањето некој друг пат… |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
веруваш, додека не осознаеш!
не! дознаеш.. нема што друго да кажам! Изменето од outlook123 - 20.Јануари.2016 во 21:30 |
|
едно е - не се две
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(2)
|
Да бевме сигурни немаше да има потреба од верување и тогаш верувањето ќе се викаше знаење.
Тоа важи за сите верувања, вклучувајќи го и Исламот. Проблемот е што луѓето читаат човечки писанија и за нив веруваат дека се Божји прогласи. Бог не пишува вери и религии и не комуницира со сите свои чеда преку поединечни посредници. Бог е безграничен и семоќен, нему не му требаат помошници, застапници и глaсноговорници. Ако верувате со спротивното тогаш верувате во некој помал и послаб бог. Изменето од Messenger - 19.Јануари.2016 во 05:06 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Верување коешто води во правиот правец, е безкрајно повеќе од сознанието коешто води во погрешниот! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Veruvanjeto e samo Veruvanje i nish drugo!
ps. mi se prijadoa pukanki.. |
|
едно е - не се две
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шаломот (Селамот) БОЖЈИ врз сите, па и врз нас, Noor! Мојата вера, ... не е моја, туку е милостив дар на Небесниот Отец и Цар, затоа: Слава и Фала Му припаѓа само на Единствениот Вистински и СОВРШЕН БОГ (евр. Ел, Елоах, Елохим, арб. Алах) Кој е Творец на Небата и земјата (и се’ што е во ними) и е Вечниот Отец на Вечниот Живот! Вечно да е Фалено и Славено Неговото СОВРШЕНО ИМЕ, Кое е посвето, поголемо и помоќно од сите 999 999 999 Негови Свети имиња, заедно! Најсреќниот од деновите во мојот живот, е денот кога ја слушнав, сфатив и прифатив Радосната Вест (Евангелието) за СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ на Првородената Мудрост БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа! Но, исто така, еден од најсреќните денови во мојот живот е денот на моето најголемо изненадување, кога од еден брат (на еден чудесен начин) ја слушнав вистината за животот на вистинското чедо БОЖЈЕ и духовен брат (вистинскиот) Мухамед. Дотогаш за него го знаев смо она што сунитската, шиитската, ... и друга “муслиманска верна“ маса го “знае“ и може да се дознае од исламските традиции и литератури (какви што ми прати и ти). СОВРШЕНАТА ВИСТИНА е најголемото ДУХОВНО Чедо и Чудо БОЖЈЕ, безкрајно повеќе од секој Ангел, Пророк, Книга, ... дури повеќе и од Светото Писмо (Кое прекрасно сведочи за Неа), а да не зборуваме колку повеќе од антихристот, антихристијанскиот мухамед, антихристијанскиот утман, антихристијанскиот кyран и нивниот духовен отец сатан (шејтан)! исламот, пророкот и кyранот кој што Го негира СОВРШЕНИОТ БОГ ТВОРЕЦ и ОТЕЦ на се’ што живее, потекнува од најлукавиот паднат ангел БОЖЈИ, кој се противи на БОГА и одби да се поклони на Адам (кој згреши и засмрде) во минатото, а денес одбива да се поклони на Совршено чистиот ДУХ и СЛОВО БОЖЈЕ, чие што Отелотворение е ИСУС! Кој Го негира ВЕЧНИОТ БОГ ОТЕЦ и Неговиот Вечен СИН, одбивајќи да се поклони пред и по Неговата Инкарнација (Исус), тој паднал во лажната и лукава вера сатанска (шејтанска), која иако покажува сличности со ВИСТИНАТА, сепак е само лукава имитација, направена од на евреите љубоморните кyраиши (со помош на лажниот “бог“)! Вистинскиот брат Мухамед, беше вистинско духовно чедо БОЖЈЕ, според Исламот и Примерот на Совршената Мудрост БОЖЈА (Христос)! Тој Совршен Ислам е Духовен, а во арабија е за првпат проповедан од Апостолот Павле (евреин), на неговото прво мисионерско патување, според директен налог на Мудроста БОЖЈА (Христос). Тој Апостол Павле е многу мразен во светот на книжниците (посебно кyраишките), бидејќи до своето духовно будење и прераѓање, тој исто така беше следбеник на буквата и строгиот закон (шаријата), слично како што денеска вие (но и други) сте! Кога прашуваш за писмена литература и “докази“ во врска со СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ за кого ти сведочам, не викам дека нема, но таквата нее воопшто неопходна за Неговото постоење и осознавање, коешто било а и (се’ до судниот ден) за неверниците и кривоверниците ќе остане сокриен! Одсрце ти посакувам тебе и на сите луѓе, на судниот ден да небидете вредени во редот на неверниците и кривоверниците, кои буква, книга, ангел, пророк, ... израмнуваат со Совршено *Светиот БОГ, *Светиот БОЖЈИ ДУХ и *Светото БОЖЈЕ СЛОВО, Кое за спасение на сите СОВРШЕНИОТ БОГ Го Отелотвори во Исус! АМИН Изменето од spiros - 16.Јануари.2016 во 22:44 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Суада
Сениор Регистриран: 25.Април.2015 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пуканки сега ќе си направам цел ЛЕГЕН ќе напунам, тој ќе го земам нозете на дедо ми шо му ги мијам... И у него, поише да собере... Каков лажен (јас прв пат слушам од Спирос за таков), имаше само еден вистински Мухаммед, лажниот тој си го измислил. за инат на муслиманите.
Башка Иса рекол дека че дојди Ахмед, јас не знам шо има нејасно тука и уше дискусија, Аллах го оставил крајно К*ранот и рекол дека таа е таа вера што тој ја признава, а за сите останати, ќе им се суди. Но не значи дека ќе одат у Џехеннем, секако има добри луѓе, не мора да значи ние сме муслимани и толку, си го обезбедивме Џеннетот. Како и да е, Спирос, ќе се молам за тебе да знаеш! |
|
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам Хехе |
|
Noor
Нов член Регистриран: 07.Ноември.2015 Статус: Офлајн Поени: 16 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мирот Божји нека е над вас, спирос.
Веќе некое време ги читам вашите пораки и морам да признам, запрепастен сум од вашата голема и цврста верба во единиот Господ, створителот на сето видливо и невидливо. Не сум сретнал досега ваков Христијанин како вас кој со таква љубов, верба, понизност кон Бога и толкава самодоверба го брани и го возвишува Господ. Тоа е нешто што навистина фали во денешно технолошки развиено и модерно време, време во кое верниците се подредуваат, се сметаат како граѓани од втор ред, како емоционално слаби и како луѓе со недоволно развиен интелект и/или логичко резонирање. Сигурен сум дека вие би биле добар пример за недоволно информираните и слабите (во верба) муслимани за тоа што значи верување во единствениот Бог (без разлика за верувањето во концептот на отелотворување на Словото Божјо во Исус). Несомнено е дека вистинските Христијани се најдобрите и најблиските во верба со муслиманите, а Коранот тоа го докажува во Ел-Маиде 5:82 "... И сигурно ќе најдеш дека на верниците најблиски пријатели им се оние кои велат ‘Ние сме Христијани!’ Тоа е затоа што меѓу нив има свештеници и монаси кои, навистина, не се арогантни." Овој стих (на арапски ајет), како и вашата силна верба мене ме натера да седнам и да ви дадам одговор со надеж дека ќе успеам да ве поттикнам да размислите за некои круцијални работи, со искрена молитва упатена кон Господ за вас да ве просветли кон единствениот и вистинскиот пат. Како што успеав да сфатам, вие сметате дека постоел вистинскиот Мухамед, кој бил крстен во неговите 40-те години во Дамаск, бил Христијанин и имал само една жена Хатиџе, а по нејзината смрт не се преженил, и лажниот пророк Мухамед, со сите негови лоши карактеристики кои ги наведувате. Иако јас од вас прв пат слушнав дека воопшто постоел тој (според вас) вистински Мухамед, решив да истражувам за тоа, но покрај големите усилби не можев ништо да најдам во однос на тоа. Ако би сакале да ми упатите некоја литература или линк во врска со тоа, би ви бил благодарен. Бидејќи се препознава дека сте начитан човек, и сигурно и човек што сака да ја знае вистината без разлика каква е таа (се додека е вистина), за вас подготвив две кратки содржини во врска со концептот на Исус (нека е Божјиот мир над него) како Бог, базиран исклучиво врз основа на Библијата, како и една друга содржина кое е превод кој посебно ќе ве заинтригира. Дали е Исус навистина Бог? Да се следи Исус или да се следи Павле? Откако ќе ги прочитате овие две содржини, како што побарав да ме упатите кон вашата верзија на вистинскиот Мухамед, така и имам обрвска да ве запознаам со вистинскиот Мухамед кој целиот свет го знае, преку оваа содржина: Пратеникот Мухамед (нека е Божјиот мир над него) Кога сите овие содржини што ги подготвив ќе ги прочитате, врз основа на цитати од вашите постови дадени во овој форум ќе се потрудам да одговорам на главните точки кои се изложени во оваа дискусија. До тогаш, нека е Божјиот мир и милост врз вас. Изменето од Noor - 04.Јануари.2016 во 22:04 |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Суада, сите Вистински Пророци имале само еден БОГ а Неговото Вечно Слово им било нивен Господ! Исус е Инкарнација на Вечното Слово БОЖЈЕ, а со тоа и Инкарнација Господова, за Слава на БОГА (Отецот)! Словото БОЖЈЕ (значи Господарот на Вистинските Пророци и верници) е Првородена Мудрост БОЖЈА! Тоа е неспоредливо повеќе од секој Ангел, Пророк, Книга, ... бидејќи БОГ преку Него световите (и се’ што е во ними) Ги создаде, создава и ќе ги создава, ... и преку Него мртвите од гробовите ги дига!!! Затоа те молам, Тој што првично е одозгора, не го споредувај и израмнувај со оние коишто првично се одоздола!!! Вистинскиот наш брат Мухамед, никогаш не се израмнуваше со Исус и Него Го почитуваше како свој Господ и најстар брат, со кого (како што викаше тој) не сум достоен никогаш да се споредам!!! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Суада
Сениор Регистриран: 25.Април.2015 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Негово сум Спирос, негово. Вистинско чедо Божјо .
И сите ние сме негови чеда, вистински. Верувам во Иса и јас, не го негирам неговото постоење, инкарнација... Само велам дека тој не е господ, еден е Аллах Џ.Ш. Иса е пророк исто што и Мухаммед. А и дека сите сме оставени како Муслимани, на овој дуњалук. То велам ја. |
|
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам Хехе |
|
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |