|
Фото... што? |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | |
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во суштина за да бидеш „фотограф“ во денешно време не ти треба ниту фотоапарат, ниту пак треба да излегуваш од дома. Оди на нет, симни 20 фотки, монтирај ги во фотошоп во една слика и ете ти „фотографија“. И што е најтрагично луѓето ќе те викаат „фотограф“ иако ниту имаш фотоапарат, ниту некогаш си имал, ниту си излегол од дома да фотографираш. Абе ај. Да не беше трагично ќе беше смешно.
|
|
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум, хм, хобист, хм аматер. Искрено кажано Смена 8 вади подобри слики од денешниве скапи дигиталци, поверни бои, почиста слика итн. Слики што сум ги сликал со Смена 8 уште кога бев копиљ се 10 пати подобри од овие сега што ги сликам со дигиталец кој вреди 100 пати повеќе од Смена 8. Друго нешто што сум научил е дека полу-профи апарат со филм (Канон А1 на пример) е 100 пати бољи од најдобриот дигиталец во светот. Трето нешто што сум научил е дека иако апарат со филм е подобар и сега може да се најде ефтино многу кошта понатаму. Ама затоа ако имате сопствена лабораторија тогаш апарат со филм е 1000 пати подобро решение. Е да, до душа неможе така да ги фотошопирате сликите ама фотошопирани слики за мене се чиста превара и тотално срање. Има еден куп програми со кои ќе станете подобар „фотограф“ што е самото по себе смешно затоа што фотограф фотографира, додека едитер, едитира. Така да новиве тренд фотографи се повеќе едитери, манипулатори од фотографи. Фотографијата како медиум отиде у к****. Сликам со дигиталец и видов дека има опција за да ги прикажам сликите дека се оригинал, онака како што се сликани и не се едитирани ама кога видов дека за тоа ми треба додаток кој чини 600 долари ми се снеарни затоа што дигиталец што го земав не кошта толку. Викам јас фотографијата отиде у к****. Има луѓе кои ги делат истиве мислења со мене, бујрум прочитајте http://www.sfmoma.org/about/research_projects/research_projects_photography_over
Што беше муабетов? А да. Објектив ваков, објектив онаков, ваков апарат, онаков. Све е отидено у к**** искрено кажано. Абе ај. За да направиш добра фотка не ти треба ништо повеќе од еден Смена 8 искрено кажано. Повеќето од најдобрите фотографи почнале со шит апарати. Се што треба е најобичен апарат, со најобичен објектив и фотограф кој го видел и сфатил светот и кој сака да го пренесе она што го видел и слушнал преку слика. Тоа е уметност. Барем тоа треба да биде уметност. Ама како и сите сфери од уметноста така и фотографијата е преплавена од шунд. Слики без приказна колку сакаш. Едитирани слики колку сакаш. Уметнички слики ретко. Роквел кажал дека фотографијата е хоби на богатите луѓе. Жими ташаков. Пола од најдобрите фотографи во светот потекнуваат од сиромаштија. А со новиве дигитални фотоапарати фотографијата може да биде хоби на буквално секого поради практично непостоечките трошоци кои ги донесе дигиталната фотографија (нема трошоци за филм, развивање, вадење слики). Објектив, ова она. Абе ајде. Никој не вика треба талент туку треба скап фотоапарат, скап објектив, скап блиц, скапо осветлување, скапо студио. Викам јас се отишло у к****. Абе ај, за добар фотограф во денешно време треба да знаеш да работиш у фотошоп. Абе ај. Преку глава од се. Секој што ви кажува дека за фотографија треба куп пари е ненормален затоа што за фотографија доволен е Смена 8 од 250 денари. Верувале или не... А еве и еден цитат од друг топик „Mozhda e premnogu modificirana, no originalot mi beshe nekako prazen i bez ideja“. Ете така. Празна и без идеја фотографија, значи слаб фотограф ама затоа после модификација излегува добар фотограф. Абе ај. Добар фотограф или добар модификатор? Очигледно е дека 90% од денешниве фотографи се добри модификатори а слаби фотографи. И така доаѓаме до една иронија а тоа е дека денес за да бидеш добар фотограф не треба да си добар фотограф туку добар модификатор. Туку што беше фотограф како термин? Да, терминот „фотограф“ денес има изгубено секакво значење. Викам јас, се отишло у к****. |
|
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |