IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 14>
Автор
Порака Обратен редослед
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 22:54
Погледнете ја најдеталната карта на Марс

Microsoft Research во соработка со НАСА објави дека нивната апликација за истражување на соларниот систем WorldWide Telescope сега ја има и најдеталната карта на Марс досега направена.

За да ја изработат оваа карта, научниците на НАСА за три години обработиле 13.000 гигапикселни фотографии од програмата HiRISTE. Toa e фотографија снимена со камерата на орбитерот на НАСА – Mars Reconnaissence Orbiter, кој веќе четири години орбитира околу Марс и ги собира податоците од „црвената планета“.

Microsoft WorldWide Telescope е достапен како посебна апликација (подржана од оперативните системи на Windows) и веб апликација за која ќе ви биде потребен Microsoft Silverlight.

Тука можете да ја погледнете картата.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2010 во 13:07
I sega kolku bila stara zemjata?  збунетост
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2010 во 11:45
Originally posted by емил емил напиша:

Земјата е помлада отколку што се верува

Извор: Бгнес
 

Земјата можеби е помлада и настанала  трипати подоцна  отколку што се сметаше досега, покажа новото истражување на научници од универзитетот Кембриџ.


  a be ajde!.....k'o shto trgnalo,...na kraj ke izleze deka stvarno nekoj ja napravil za  shest denaизненадување ,....i + eden ...koga se odmaral od mnogu rabota pri sozdavanjeto !да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2010 во 10:55

Земјата е помлада отколку што се верува

Извор: Бгнес
 

Земјата можеби е помлада и настанала  трипати подоцна  отколку што се сметаше досега, покажа новото истражување на научници од универзитетот Кембриџ.

Истражувачите пресметаа дека нашата планета најверојатно настанала по доста долго време од раѓањето на Сончевиот систем пред 4,567 милијарди години, отколку научниците веруваа досега, пренесе Бгнес.

Споредувајќи изотоп од земјената обвивка  со изотоп од метеорити, геолози од универзитет Кембриџ дошле до  заклучок дека Земјата ги достигнала сегашните димензии пред околу 4,467 милијарди години.

До сега научниците тврдеа дека процесот на создавање на нашата планета е траел 30 милиони години.

Според новата студија сепак, се верува дека Земјата настанала  100 милиони години подоцна, пренесе Бгнес.

Научниците, чие истражување е објавено во весникот "Nature Geoscience", велат дека додека Земјата, најверојатно 60% од сегашниот износ го  достигнала релативно брзо  но потоа процесот бил забавен.

Истражувачите го измериле нивото на изотопи формирани при создавањето на Земјата, правејќи нешто како геолошки часовник. Потоа нивоата  изотоп на Земјата  биле споредени со примероците земени од метеорити кои удриле во планетата во современата историја.

Овие метеорити се како временски капсули кои имаат ниво на изотопи, слични на оние од оригиналната материја кои  се формирале при создавањето на Сончевиот систем.

Разликите во изотопните вредности на волфрам во земјината кора и оние земени од метеоритите им овозможиле на научниците да откријат пред колку време е формирана Земјата.

Така научниците пресметаа дека Земјата достигнала две третини од овој својата големина пред  10 до 40 милијарди години.

Потоа процесот на создавањето бил забавен  и бил завршен по 70 милијарди години. Тоа значи дека нашата планета стара  4467 милијарди година, доста помлада од тоа што до сега го сметаа научниците, а тоа е 4,537 милијарди години

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 15:34
Тесла - ум кој ја виде иднината

Србија, САД, но и цела планета в сабота го слават роденденот на славниот научник. Никола Тесла од неодамна на местото на кое му припаѓа

Од Белата куќа преку Филаделфија се до Холивуд, Америка од петок до недела ќе биде во знакот на Никола Тесла. На 154-годишнината од раѓањето на српскиот генијалец - Тесла светот, кој толку го промени, го здогледал на 10 јули 1856 година во личкото село Смилјан крај Госпиќ. Во САД ќе биде организирана конференција, изложби, предавања, а сето тоа го даде претседателот Барак Обама.

Тој на предавањето на студентите на Американскиот универзитет во Вашингтон ја повика нацијата, но и целиот свет да го слават името и делото на големиот научник.

Обама го вброи Тесла меѓу луѓето кои помогнаа да се изгради Америка заедно со Ајнштајн, Ендрју Карнеги и сооснивачот „Гугл“ Сергеј Брин. А токму Брин и неговиот „колега“ Лери Пејџ се едни од најголемите почитувачи на нашиот пронаоѓач по кого и дадоа име на компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла моторс“...

- Изјавата на претседателот Барак Обама дојде во најубавиот момент, кога ние во Филаделфија се подготвуваме три дена од 9 до 11 јули да го славиме роденденот на Никола Тесла, рече Никола Лончар, роден Земунец и челник на Фондацијата „Никола Тесла“ во САД. „Ќе одржиме голема парада во центарот на градот, потоа меѓународна конференција посветена на „чистата енергија“ на која ќе присуствуваат иноватори од цела земја. Подготвена е и изложба за Тесла која ни доаѓа од Белград.

Градоначалникот на Филаделфија одлучи прославата за роденденот на Никола Тесла да се одржи и во градската библиотека во централното фоаје на градската куќа и на улиците на градот во која се наоѓа српската фондација.

Гениалецот од Смиљан, кој внесе револуција со своето откритие на полето на електромагнетизмот, електричната енергија, но и радиото и рендгенот, дури последните години во Америка го добива местото кое му припаѓа. Неговата слава ја пренесуваат познати научници, професори, но и „обични“ луѓе, компјутерски игри и холивудски хитови. Сега со право на Тесла му се препишуваат и „видеото“, мобилните телефони, безжичниот Интернет...

„Волстрит џурнал“ забележа дека младата генерација научници, Тесла го имаат поставено степен над лутиот ривал Томас Едисон, поради кој Србинот ја одби и Нобеловата награда.

А Никола, вистина беше далеку пред своето време. За себе зборуваше дека не е иноватор, туку дека само открива работи кои се во природата околу нас. Од неговите белешки се гледа дека го изучувал рендгенот и ласерот, една година пред официјално да се откриени. Предложувал пренос на електрицитетот низ повеќе слоеви на атмосферата.

Новиот филм кој ќе се занимава со Тесла (после остварувањето „Престиж“ во кој го глумеше Дејвид Боуви) „Ученикот на волшебникот“, ќе се појави на 14 јули, а главниот актер Никола Кејџ откри во едно интервју дека цел тим бил придвижуван од магијата на Никола Тесла.

- Филмот го завршивме минатата година, токму на роденденот на Тесла, а неговата премиера ќе биде некој ден после, објаснува „оскаровецот“. - Дознав дека сум роден истиот ден кога Тесла починал, па можеби и затоа отидов во хотелот „Њујоркер“ да преноќам во собата во која починал, не би ли го повикал неговиот дух... Тесла беше чудо.

Бесплатно во Музеј

Музејот на Никола Тесла соопшти дека по тој повод на одбележување на годишницата на раѓањето на истакнатиот научник ќе им приреди на посетителите во сабота на 10 јули бесплатен влез во таа единствена институција.

Разгледувањето постојаната поставка под слоганот „Секоја година е Тесла“ ќе биде овозможено во продолжен термин од 10 до 18 часот. Музејот, исто така, ќе биде отворен и во понеделник 12 јули (неработен ден) бидејќи во недела се завршува фестивалот „Егзит“ чии посетители претходните години во голем број ја посетувале таа институција.



Изменето од Sunny - 10.Јули.2010 во 15:36
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2010 во 10:55
Авион на соларна енергија успешно летал ден-ноќ!



Теоретски, авионов може да лета бесконечно, под услов на правилни временски растојаниа да има доволно сончева светлина. Ноќе лета на батериите кои ги наполнил дење. Што е најдобро, ич не загадува околина.

Изменето од Majkl - 10.Јули.2010 во 10:59
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2010 во 08:35
PS1 - нов ловец на астероиди


Од мај оваа година, ноќното небо е скенирано од страната на уште еден телескоп чија примарна задача е потрага по астероиди и комети. Се работи за првиот Pan-STARRS телескоп (Panoramic Survey Telescope & Rapid Response System), или скратено PS1. Телескопот е лоциран на островот Мауи, на Хаваи, беше стартуван во декември 2008 година, а започна да работи со полно работно време на 13 мај оваа година.

Телескопот Pan-STARRS 1

Pan-STARRS ќе претставува мрежа од 4 телескопи и целосна опрема за обработка на податоци со кои ќе се врши постојано набљудување на небото, како и целосна астрометрија и фотометрија на детектираните објекти. Примарна цел ќе бидат објекти кои се наоѓаат во близина на нашата планета и за кои постои можност од евентуален удар со Земјата. Освен тоа, системот ќе врши потрага и по комети, подалечни астероиди, супернови, променливи ѕвезди и други објекти. Се очекува со оваа мрежа да се направи детална база на податоци за сите вакви објекти со магнитуда до 24 кои се видливи од Хаваи (околу 3/4 од небото).

Секој од четирите телескопи, три од кои допрва треба да се завршат, ќе има огледало од 1,8 метри и CCD камера од 1,4 гигапиксели - најголемата дигитална камера во светот. Со неа, со само една експозиција, ќе може да се фотографира област од небото со големина на 36 полни Месечини. PS1 изработува по една ваква фотографија на секои 30 секунди.

Во финансирањето и раководењето на Pan-STARRS учествуваат повеќе институции од Германија, Тајван, Велика Британија и САД.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2010 во 08:34
Нови дати за лансирање на последните спејс шатл мисии


Полека, но сигурно, ерата на вселенските шатли завршува. Остануваат само уште две (или евентуално три) мисии, по што флотата заминува во пензија.

Неодамна НАСА ги соопшти и планираните дати за лансирање на последните мисии: STS-133 би требало да се лансира на 1 ноември 2010, а на 26 февруари 2011 ќе биде лансирана и мисијата STS-134. Евентуалната „бонус“ мисија, STS-135, би се лансирала во август следната година, но за тоа треба да се добие дополнително одобрение од американскиот Конгрес и од НАСА. Секако, сите дати се подложни на промена.

Мисијата STS-133 ќе биде 39-тиот и последен лет за спејс шатлот Дискавери. Задача на мисијата е до Меѓународната вселенска станица (МВС) да се транспортираат PM модулот (Pressurized Multipurpose Module) и четвртиот ExPRESS логистички носач. Во текот на мисијата, која ќе трае 11 дена, планирани се две вселенски прошетки за астронаутите.

Дискавери на лансирната рампа во Вселенскиот центар „Кенеди“

Мисијата STS-134 ќе се реализира со шатлот Ендевор, за кого ова ќе биде 25 лет во вселената. Со неа до МВС ќе се транспортираат третиот ExPRESS логистички носач, AMS-02 спектрометарот (Alpha Magnetic Spectrometer) и други компоненти и научни експерименти. Мисијата ќе трае 10 дена, а астронаутите ќе изведат три вселенски прошетки.

За сега, нема подетални информации за евентуалната мисија STS-135. Доколку биде одобрена, најголем дел од товарот што ќе го понесе ќе бидат резервни делови и намирници за екипажот на МВС. Повеќе информации ќе бидат соопштени штом се дефинира статусот на мисијата.

Првиот спејс шатл лет во орбита, STS-1, беше реализиран на 12 април 1981 година, со лансирањето на шатлот Колумбија. Флотата првично беше составена од 5 летала - Колумбија, Челинџер, Дискавери, Атлантис и Ендевор. Денес постојат само последните три, по трагичните несреќи на Колумбија во 2003 и Челинџер во 1986 година.

По приземјувањето на вселенските шатли, вакум просторот до стартот на следната програма за вселенските летови на НАСА ќе биде пополнет со комерцијални летови, изведувани од приватните компании SpaceX и Orbital Sciences Corporation со кои НАСА веќе потпиша договор. Тие ќе лансираат свои летала до МВС со кои ќе се транспортираат само неопходните намирници и делови за одржување на Станицата.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2010 во 08:33
Големината на Сонцето е непроменлива


Астрономите го мерат дијаметарот на Сонцето уште од 17-тиот век. Секако, со текот на времето, методите и инструментите кои се користат за мерење станувале сè пософистицирани и попрецизни. Но, и покрај модерните помагала, прецизно да се измери дијаметарот на Сонцето и денес не е лесна задача, особено доколку мерењата се вршат од површината на Земјата.

Фотографија на Сонцето направена од вселенската опсерваторија SOHO

Џеф Кун (Jeff Kuhn) заедно со група колеги од Универзитетот во Хаваи утврдил дека дијаметарот на Сонцето не претрпел промена поголема од 1 во 106 во последниве 12 години. За да го констатираат ова, научниците споредиле околу 500 000 фремови, направени со еден од инструментите на вселенската опсерваторија SOHO.

Предноста на SOHO е во тоа што опсерваторијата се наоѓа надвор од атмосферата на нашата планета и непрекинато го следи Сонцето уште од 1995 година, што значи дека има снимено еден комплетен циклус на Сончева активност, кој трае околу 11 години. Во текот на последниот таков циклус, Кун и колегите не успеале да забележат никакви позначителни варијации во дијаметарот на Сонцето.

Овие наоди наскоро ќе може да се проверат преку новата соларна опсерваторија, SDO (Solar Dynamics Observatory), која НАСА ја лансираше во февруари оваа година. SDO ќе го набљудува Сонцето и неговата активност во наредниве 5 години.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2010 во 17:28
Неверојатно затемнување на ѕвездите

Сите љубители и посматрачи на ѕвезденото небо во четврток вечер ќе имаат можност да се соочат со еден од ретките божествени настани над Европа во 21-от век. Имено, станува збор за астероид кој поминувајќи пред ѕвездите за момент ќе ја затскрие нивната светлина. Највозбудливиот дел од ова астероидско затемнување ќе биде можноста тој да се проследи со голо око.

Сличен ваков настан беше и сончевото затемнување при кое се забележуваа карпести и метални објекти останати уште од формирањето на сончевиот систем. Верувале или не, бројката на ваквите објекти изнесува околу 400.000, а од нив повеќе од 6.500 се наоѓаат во близина на земјената топка. Како последица од нив, а во зависност од нивната големина , може да настанат помали и поголеми штети на Земјината топка.

Иако овој астероид нема да биде толку голем за да го прикрие сонцето, сепак тој ќе затемни дел од ѕвездената светлина притоа создавајќи неверојатна ѕвездена таинственост.

Како што вели Европската Вселенска Агенција, станува збор за астероидот Рома кој со неговата должина од 50 км ќе ја затскрие ѕвездата Delta Ophiuchi- четвртата по големина во соѕвездието Ophiuchi. Ова значи дека затемнувањето ќе може да се проследи во должина од 50 км тргнувајќи од Централна Европа и Шпанија па се до Канарските острови.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2010 во 10:34
Откриен тајниот код на Платон

Универзитетот во Манчестер објави дека неодамна неговиот историчар на уметност, професор др. Џеј Кенеди ја открил тајната во делата на класичниот грчи филозоф Платон (428-ма или 427-ма година п.н.е. – 348-ма или 347-ма година п.н.е.), кој според обичаите од тоа време бил и математичар.

Со својот учител Сократ и ученик Аристотел тој го втемелил западно грчкиот начин на размислување и системот во науката.

Платон е познат како писател на т.н. Сократов дијалог. Неговата филозофија е позната по 36 дијалози и 13 писма кои му ги препишува традицијата.

Филозофските теми ги излагал во облик на разговор во често препознатливите групи ликови во некоја тема, цитирајќи го својот учител Сократ со неговите клучни изјави.

Проучувајќи ги дијалозите на старогрчки јазик, Кенеди дешифрирал некои традиционални тези – според кои Платон како вешт математичар и реторичар, во своите текстови под одреден клуч вметнувал прикриен текст.

Во магазинот за стара физиологија и природна наука „Apeiron“, по пет години студирање на Платоновиот труд, Кенеди докажува како на питагорејски начин, Платон во текстовите навистина го сокривал тврдењето, кое изречено јавно во негово време, можело да биде многу опасно.

Неговиот учител Сократ токму поради неприкладни испади во јавноста беше осуден на смрт.

Античката стихометрија е вистинско безбедно криење на дополнителната содржина. Тоа е многу чест начин за криење и откривање на тајните содржини од антиката па се до Данте.

Во својот труд Џеј Кенеди покажува на кој математички начин во текстовите може да се откријат скриените слоеви.

Клучевите претворени во математички алгоритми им овозможиле на компјутерите од изворните старогрчки текстови многу едноставно да ги извлечат Платоновите мисли, кои во негово време, биле добро скриени во тектот.

Во соопштението на Универзитетот во Манчестер цитирани се некои од Платоновите тајни зборови, кои биле прикриени.

- Биди љубезен, бидејќи со секој кој се среќаваш водиш тешка битка.

- Ако од жената се бара да ги работи истите работи како и мажот, тогаш мораме да ги подучиме.

- Незнаењето е коренот на сите зла.

- Само мртвите го доживеале крајот на војната.

- Цената која добрите луѓе ја плаќаат за незаинтересираноста за јавни работи е злобните да ја преземат власта.

- Мудреците говорат, бидејќи имаат што да кажат, будалите говорат, бидејќи нешто мораат да кажат.

Др. Џеј Кенеди го велича Платон како клучен мудрец кој воената култура успеал да ја преобрази во култура на мудроста и знаењето.

За западната цивилизација и неговото време тој е значаен како Исак Њутн или Алберт Ајнштајн. Да не бил тој, не би го славеле како генијален Вилијам Шекспир, смета Кенеди.


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 17:39
Пронајдени остатоци од морско чудовиште долго 17 метри

Научниците во Перу откриле фосилни остатоци од праисториски кит. Ова „морско чудовиште“ било долго 17 метри и имало огромни заби. Животното старо 12 милиони години научниците го нарекоа „Leviathan“, објави BBC.

Leviathan бил грабливец кој веројатно ловел други китови, наведуваат научниците во магазинот „Nature“.

Со својата големина и изглед тој потсетува на денешните китови, но тоа е единствената сличност. За разлика од китовите кои се пасивни животни и се хранат со лигните од морските длабочини, Leviathan ловел големи морски животни, делфини, фоки, па дури и други китови.

- Тоа било вистинско морско чудовиште. Интересно е дека во исто време во морињара живеело уште едно чудовиште, а тоа е ајкулата која била долга околу 15 метри. Постои можност овие две чудовишта да се бореле меѓусебно, изјави др. Де Музон.

Научниците шпекулираат дека Leviathan можел да изеде плен долг 8 метри кој би го уловил со огромната вилица и би го растргал со забите.

Три метри долгиот череп бил откриен од страна на научниците во 2008-ма година во Перу. Меѓу нив бил и др. Оливие Ламберт.

- Веднаш видовме дека се работи за огромен кит со големи заби, вели др. Ламберт.

Научниците не ја знаат причината за изумирањето на ова праисториско животно. Сè претпоставува дека дошло до промени на еколошкиот систем и животната средина па поради тоа ова животно го сменило начинот на својата исхрана.

Тоа веројатно довело до појава на денешните китови убијци.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 06:07
Прва фотографија на новата мистериозна планета

Научниците ја објавија првата фотографија на планетата наречена „1RXS 1609“ која кружи околу оддалеченото Сонце во групата на планети за кои се проценува дека настанале пред околу пет милиони години.

Планетата според изјавите на групата научници од Универзитетот во Монтреал, е снимена уште во септември 2008-ма година, а фотографијата и поединостите тогаш не биле објавени сè додека астрономите не се увериле дека навистина се работи за планета, а не за некој неидентификуван вселенски објект кој изгледа како планета.

Како на својата интернет страница пренесува National Geographic, снимката која што е фотографирана со помош на телескопот Gemini Nord на Хаваите, потврдила дека навистина станува збор за планета која кружи околу млади ѕвезди и која со нив е гравитациски поврзана.

Планетата која што е оддалечена околу 500 светлосни години, е дури осум пати поголема од Јупитер.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2010 во 11:30
Човечкиот род ќе изумре во следните 100 години?!

Френк Фанер. Угледен пензиониран професор по микробиологија од австралискиот Национален универзитет тврди дека човечкиот род ќе изумре во следните сто години. Имено, тој смета дека луѓето не се во состојба да го надживеат брзиот пораст на популацијата и неконтролираното трошење на природните добра.

- Човечкиот род ќе изумре во следните сто години, како и многу животински врски. Сега е прекасно за што било да се направи за да се спречи, изјави научникот Фенер за австралиските медиуми.

Имено, според податоците на OOН, на Земјата во моментов живеат 6,8 милијарди луѓе, но до 2011-та години овој број ќе ја прејде бројката од 7 милијарди.

- Човечката род ќе изумре како и многуте видови што изумреле или исчезнале, сигурен е научникот Фенер, кој освои многубројни награди за помагање во искоренувањето на вирусот вариола кој предизвикува сипаници.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,578 секунди.