|
МРТВ присилно ќе ги наплаќа сметките |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | |
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vo germanija n.pr. nisto ne ti stiga, obvrska si e da si odis u banka, da si prijavis na formularot kolku aparaturi imas (tv, radio, budilnici so radio, avtoradio etc..) i si plakjas...
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ок де се плаќаат ама не на овој начин...
сметките кои ми стигаат на време јас си ги плаќам нормално е дека треба да се платат ама не можам и не сакам да платам нешто за пред две гдини и тоа во рок од 15 дена... така е на Запад? |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ako sakate vo EU, ke se naucite da si gi podmirete obvrskite, vo sekoja drzava se plakjat radio/tv taksi, dali gi gledas ili ne nema veze....
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
како некој бара да платам нешто за кое воопшто не сум добила побарување за наплата во текот на целата година?
на крај да платам за месеци од 2008 и цела 2009...па ова го нема ни во Занзибар!!! да не спомнувам што на споменатата телевизија нема ни што да се гледа освен некој филм од 1772 ,иселенички џубокс и гласот на народот кој патем и воопшто не е гласот на овој народ и саморакламирање на владата? нели треба да понудат нешто за возврат |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Morfeus
Нов член Регистриран: 21.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 34 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
После реакцијата на народниот правобранител за незаконитоста на сметките http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/spored-narodniot-pravobranitel-smetkite-od-mrtv-se-nezakonski МРТВ реши:
МРТВ ќе го послуша народниот правобранител Јавниот радиодифузен сервис целосно ќе ги почитува препораките на народниот правобранител за плаќањето на решенијата за радиодифузна такса. Според директорот на МРТВ, Ефтим Гаштов, граѓаните не мора да го платат целиот износ одеднаш, доволно е обврската да се исполнува редовно и месечно, и против ниедно физичко лице нема да бидат преземени мерки за присилна наплата. Народниот правобранител препорача, согласно законските одредби, обврската за плаќање на радиодифузната такса за 2009 година да почне да се исполнува месечно од јануари наредната година. Истовремено укажа дека радиодифузната такса треба да се наплаќа според регистарот на обврзници, односно да плаќаат само оние што имаат ТВ или радиоприемник, а не сите граѓани. Слепите и глувите, смета народниот правобранител, треба да бидат ослободени од обврската. - Согласно законските одредби, има параметри според кои слепи и глуви лица треба да бидат ослободени од радиодифузната такса. Ние апсолутно ќе се придржуваме до нив, но ако се случи да има какви било пропусти сите забелешки ќе бидат прифатени - вели Гаштов. Согласно препораката на народниот правобранител, наредната година граѓаните сепак ќе се најдат во ситуација да плаќаат одеднаш по две месечни рати за таксата. - МРТВ нема законска обврска решенијата да ги испорачува месечно. Поради високите трошоци, тоа ќе се прави квартално, но најверојатно ќе биде испратено едно решение за сите месеци за целата 2010 година - вели Гаштов. Тоа значи дека откако МРТВ ќе ги испрати решенијата, граѓаните ќе треба да платат една тековна рата од 130 денари за еден месец од 2009 и 130 денари за еден месец од 2010 година. Во МРТВ, сепак, оставаат простор граѓаните сами да одлучуваат дали ќе плаќаат само една, две или подоцна за три месеци одеднаш. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=260384C1F4CD6C45B4971BC50103289E Изменето од Morfeus - 11.Декември.2009 во 09:40 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a,mozebi ...ke ti dojdat pred vrata ..dva-trojca "snagatori"...i so oven ke ti ja razvalat vratata ako ne im otvorish milom...pa ke ti go ...ukradat tevelizorot?
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Morfeus
Нов член Регистриран: 21.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 34 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДРЖАВНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ПОЧНА НЕЗАКОНСКА АКЦИЈА
МРТВ присилно ќе ги наплаќа сметките Голема акција за присилна наплата на радиодифузната такса почна да спроведува Македонската радио-телевизија (МРТВ). Извршни решенија за сметки од октомври минатата година до минатиот месец од неодамна осамнаа на адресите на граѓаните и фирмите во земјава. Рокот за плаќање е 15 дена, а ако во тој временски период не ги платат заостанатите сметки, МРТВ присилно ќе си ги земе парите. Граѓаните и фирмите тврдат дека од лани досега не им стигнувале сметки за радиодифузна такса, со исклучок на неколку месеци во летото. Креаторите на Законот за радиодифузија се категорични дека ова е недозволиво зашто на граѓаните треба да им биде овозможено да ја плаќаат таксата за радио и за телевизија на 12 рати за решението да може да биде извршно. - Ако МРТВ им дистрибуирала сметки секој месец, решението е валидно и може да се изврши присилно наплаќање на долгот ако не го платат во предвидениот рок. Но, ако сметки не стигнувале, МРТВ ќе мора да докаже дека ги дистрибуирала, во спротивно решението не ги исполнува условите за да биде извршно - вели Роберто Беличанец, креатор на Законот за радиодифузија. Тој додава дека со неиспраќањето на месечните сметки, МРТВ го крши Законот и ги прави луѓето заложници. - МРТВ треба да наплатува однапред, а не наназад. Не можете да станете должник без да знаете и не може да ве задолжи годинава за лани. МРТВ игра на картата дека граѓаните нема да тужат зашто се работи за мали суми, а судските трошоци се четири пати повисоки. Единствено решение е тие да тужат здружено, на пример цела зграда да го тужи јавниот сервис и да бара враќање на парите земени со извршител и привремена забрана за наплата на таксата - вели Беличанец. Во сметководствените бироа во земјата велат дека кога ќе им стигне извршно решение, фирмите се принудени да го платат зашто во спротивно МРТВ ќе им ја блокира сметката за да ги земе пари. - Иако најголем дел од нив немаат телевизори, мора да платат зашто со блокирана сметка нема да можат да работат. Фирмите се жалат дека нема ред како пристигнуваат решенијата, некогаш за три, за пет, седум или за девет месеци. Се случи на фирма која била регистрирана во декември минатата година да и стигне решение за наплата на радиодифузна такса од октомври, кога таа и не постоела - велат во едно од сметководствените бироа. Од МРТВ велат дека од неодамна почнале да им испраќаат извршни решенија и на граѓаните, за разлика од порано кога тоа стигнувало само на адреса на фирмите. - Се работи за дистрибуирани решенија за сметки од октомври минатата година кога се донесе Законот за радиодифузна дејност, со кој месечната такса се намали на 130 денари. Ова е јавна давачка и обврска да плаќаат имаат сите физички и правни лица, без разлика дали поседуваат телевизор или не - велат од Секторот за наплата на МРТВ. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1875&ArticleID=127405 На фирмите ќе им ги блоќираат жиро сметките за да ја наплатат таксата... Но знае ли некој како ќе ја наплатуваат таксата од граѓаните? Може ли преку трансакциските сметки на граѓаните да наплатуваат? Изменето од Morfeus - 26.Ноември.2009 во 10:38 |
|
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |