|
Реинкарнација, карма и живот по смртта |
Внеси реплика | страница <1 56789 16> |
Автор | |||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Пријателе, ако реинкарнацијата меѓу Христијаните била општо прифатена, св.Апостол Павле за тоа ќе ни кажеше, или пак делата на раните Отци. Но, никаде не може да се најде такво нешто во рамките на ортодоксното Христијанство. Апостолите биле Евреи, а Евреите не верувале во такви нешта. Конкретниот стих и нејаснотијата на Апостолите произлегува од овој стих од Стариот Завет: Втора Книга Мојсеева 20,5: 5 Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение Бидејќи Апостолите го знаеле тој стих, затоа и го прашале Христос дали тој е виновен за сопствениот грев, или е казнет поради вината на предците. Има многу стихови во Новиот Завет, за Стариот Завет и да не говориме, кои говорат против реинкарнацијата. Еве еден конкретен: Свето Евангелие според Лука Глава 16 22 И сиромавиот умре, и ангелите го однесоа во Авраамовото крило; 23 умре и богатиот и го погребаа. А во пеколот, во маката, ги поткрена своите очи и го виде оддалеку Авраама и Лазара во неговото крило, 24 и извика: ‘Татко, Аврааме, смили ми се и испрати го Лазара да го накваси врвот на својот прст во вода, за да ми го разлади јазикот, зашто се измачувам многу во овој пламен!’ 25 Авраам му рече: ‘Синко, сети се дека ти ги прими своите блага додека беше жив, а Лазар - злото! Сега тој се утешува тука, а ти се измачуваш. На едниот душата му била в рајот, на другиот во пеколот. Ниту еден од нив не доживеал втор живот, туку душите им заминале, како што вели народот, на "оној свет". Има уште многу,многу стихови, но засега ова чинам е доволно. Реинкарнацијата, иако не според концептот на далекуиосточните религии, туку концептот на Платон, за првпат се вметнува во Христијанството преку влијанието на оригенизмот. Тогаш и започнало да се вметнува тоа учење. Бидејќи учењето на Ориген инспирирало многу ереси, меѓу кои и реинкарнацијата, Црквата реагирала и ги осудила таквите еретички учења. Доколку било толку раширено таквото учење, за него ќе се расправало уште на Никејскиот Собор, заедно со најважните теми, но, такво нешто тогаш не се расправало, ниту било поставено како тема за расправа. Изменето од Македон - 10.Август.2011 во 12:19 |
|||||
sk
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 515 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
1+1=2
Изменето од sk - 12.Август.2011 во 15:41 |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ushte da beshe taka ednostavno prijatele... Ednash ti rekov deka megju hristijanite reinkarancijata bila opshto prifatena. Ne mi se baraat sega citati po Knigata, no prv shto mi pagja na um e sledniov: 1 И кога заминуваше виде човек слеп од раѓање. 2 И Неговите ученици Го прашаа: „Рави, кој згрешил, тој или неговите родители, та се родил слеп?” ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 9 Apostolite go prashuvaat Isusa dali chovekot e roden slep poradi grevovite na negovite roditeli ili poradi karmata od svoite grevovi vo minatiot zhivot ("shto kje seete toa kje zhneete")? Sosema e jasno deka shtom se rodil slep moral da zhivee prethodno za da napravi grevovi za koi e kaznet vo segashniot zhivot. Ne mozhe neroden chovak ili fetus da pravi grevovi. Dokolku Isus smetal oti apostolite se vo zabluda so istaknuvanje na posledicite od minatiot zhivot, a so toa i so reinkarnacijata, togash toj, kako i sekogash, kje gi iskritikuval i kje gi pouchel oti toa e pogreshno veruvanje i mislenje. No, kako shto mozhe da se vidi ponatamu vo tekstot toj toa ne go pravi tuku ja prifakja nivnata diskusija i im odgovara oti vo konkretniot sluchaj ne pogreshile nitu roditelite, nitu pak chovekot, tuku toa e Bozhja volja. Ako hristijanite ne veruvale vo reinkarnacija togash nemalo da ima potreba taa da bide anatemisana stotici godini posle Isusovoto raspetie. Tvrdenjeto deka toa ne bilo prisutno vo pochetokot, no se razvila podocna kako nekakva devijacija e samo prikrivanje na vistinata i dograduvanje na Hristijanskata institiucija. Tuku ajde da ne begame od temata. P.S. Patem, nema vechno da bidesh so segashnoto ubeduvanje. Eden den kje se uverish vo vistinata koga samiot kje pobarash da se vraish nazad. Se nadevam deka toj mig kje go zapomnish kako shto uspeeja nekolkumina drugi. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Сето Свето Писмо говори против реинкарнацијата, не само Јовановата проповед. Во Стариот Завет и во Новиот Завет има премногу стихови кои јасно говорат против тоа. Ниту Евреите не верувале во тоа, ниту пророците говореле за тоа, ниту Христос го проповедал тоа, ниту Апостолите. Црквата зазела сосема правилен став, поткрепен со многу јасни стихови, во однос на тоа прашање. |
|||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Шега на страна, би било мудро да си ја искористиме правилно оваа сегашна инкарнација, бидејќи процесот на повторно раѓање нема да трае бесконечно. Шансата на престој во земната животна школа е скапоцена шанса. Се ближи време кога нема да можат сите души да се реинкарнираат, само духовно посветлите. |
|||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ako ima reinkarnacija, i pak bidam roden kako covek, paaaaaaaaaaaa toaaaaa ce e premnoguuuu bre.
|
|||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Сакам да верувам во реинкарнација, но не сакам
во некој следен живот да бидам, некое животинче ...!
|
|||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Те читав мајкл,но морам да признам дека не сум воопшто убеден така да за мене лично не постои реинкарнација.
Ако си ти среќен со тоа ,тоа е твое право мада според мене тоа е верска заблуда. поздрав! |
|||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Дозволи една забелешка: Ти сега коментираш од своето незнаење за моето верување. Но и така е во ред, бидејќи истовремено постави интересни прашања кои водат кон разјаснување
Тргнуваш од погрешна претпоставка. Таа погрешна претпоставка вели: на пр. 5 милијарди души = 5 милијарди луѓе. Зошто тогаш има денес 6 милијарди луѓе? 1 милијарда фали. Но: Никој не рече дека има само 5 милијарди души. Теоретски може да ги има 10 или 15 или 100 и тн... Души има мнооогу. Тоа што населението се зголемува е само показател дека тркалото на повторното раѓање се врти забрзано. Имено сè повеќе души забележуваат дека планетата Земја постепено ја менува својата вибрација, таа станува (за нас луѓето незабележливо) посветла и посветла. Според духовниот закон: сличностите се привлекуваат, во иднина Земјата ќе може да привлече само посветли души. Значи на останатите пристапот ќе им биде оневзоможен. Поради тоа многумина од нив тендираат кон инкарнирање во сè пократки временски интервали, било за да ги отплатат своите гревови во краткотијата на земските години, било за да наново ги изживеат своите представи, зависности, желби, некому се осветат и тн...(што за последица има нови гревови) Разни души разни судбини. Но резултат на сето тоа е: пораст нма населението.
Еднаш човек, секогаш човек(додека трае процесот на реинкарнација). Ако има натамошни прашања, радо ќе ги одговорам. Без разлика дали ќе се прифатат одговорите, сметам добро е да си бидеме на чисто кој во што верува. Изменето од Majkl - 28.Февруари.2010 во 23:01 |
|||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Мајкл бре, таман мислев ќе разјасниш некои работи, а ти се измеша...
Библијата јасно вели: Евреите: 9:27 И како што на човекот му е определено да умре еднаш, а потоа суд, Како може да прифаќаш две дијаметрално различни доктрини не можам да сфатам. Плус има прирас на населението. Како би можело тоа да биде, ако едни исти души постојано се раинкарнираат, и тоа не секогаш во луѓе, туку и во полжави, коњи... Али фала на објаснувањето. |
|||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
RitaMD одлични прашања! За многу работи Божјиот Дух денес преку својата пророчица даде објаснувања, па и за реинкранацијата, но треба да се обрне внимание и да се има трпение да се сослуша или прочита - па дури ако за некого тоа верување е неприфатливо. Така работите ќе бидат појасни.
Да. Некој првата ја имал пред неколку, друг пред десетици, трет пред стотици животи на планетава, а можеби има и такви рекордери од илјада
Точно дека секој имал прва инкарнација, но тој постоел дааалеку пред својата прва инкарнација и имал разновидни активности. Ние сме постоеле далеку пред настанокот на млечниот пат камо ли на планетата земја, диносаурусите и тн. Да не заборавиме на трагедијата од космички димензии наречена: падот на ангелите. Кога дел од ангелите од водството на Луцифер го напуштија Небесното Царство, тие не почнаа веднаш да се инкарнираат. Едноставно немаа потреба од такво нешто, ниту пак го планираа. Тие дејствуваа доволно долго да си набијат таква карма што без Христовата милост тешко дека некогаш би можела да се отплати или благовремено разгради.
Оние кои нема да се прочистат доволно, ќе мораат низ многу потешки и подолги начини тоа да го поминат во астралните подрачја(царството на бестелесните души кои се наоѓаат вон Царството Небесно). Но таму важат други правила на „игра„ и не е возможно натамошно оптеретување со грев како што било на Земјата. Тие во еден момент самите ќе се доведат таму во ситуација да не можат ниту напред ниту назад освен да се преобратат. Но до тој момент може да потрае мнооогу долго, па затоа во старите списи се вели симболично дека ќе бидат изгубени за една цела вечност или за век векој и сл... оти тоа е многу во однос на човековиот живот кој во најдобар случај оди до околу 100-ка.
Сметам дека вака кажано е појасно, но ако не, можам да дообјаснам. Низ еден пост не може се да се каже. Изменето од Majkl - 28.Февруари.2010 во 18:34 |
|||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ако нема реинкарнација и закон на причина и последица ни останува или вечното проклетство, или втората смрт, или сметката на веројатност која никако да ги усреќи сите подеднакво. Но ако јас ја имам правилната информација за реинкарнацијата во контекст на Христовото учење, тогаш можам да бидам посвесен за сопствената одговорност и кон себе си и кон околината. За мене тоа е голем бенефит. Изменето од Majkl - 28.Февруари.2010 во 18:22 |
|||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Хахахаа Што би рекол Поаро: малите сиви клетки. |
|||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Верувам дека кога навистина би постоела реинкарнација и карми, на некои луѓе ни 100 реинкарнации не би им биле доволни да научат некои лекции.
Наравоучение: не е до кармата, до вијугите ќе да е. |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 56789 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |