|
Веронауката падна на Уставен Суд |
Внеси реплика | страница <1 56789 19> |
Автор | |||||
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Веронауката беше укината во училиштата во Берлин во 2006 година, по „убиството поради чест“ на една млада муслиманка
Градот на атеизмот, како што го нарекуваат Берлин, во неделата негативно одговори на референдумот за враќање на веронаука во училиштата и ги задржа како обврзувачки часовите по етика. Со тоа, градот Берлин и уште две други сојузни германски држави остануваат исклучок каде на учениците не им е дозволена можноста за бирање меѓу етика или веронаука, за разлика од остатокот на Германија. (од денешен Утрински) Изменето од chuchuliga - 28.Април.2009 во 09:20 |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Откако ќе го изгледате клипчето кое погоре го постираше Zlatnik, ви предлагам да го прочитате следниов артикл каде што се разобличени лагите, измамите и погрешните заклучоци во тоа клипче.
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
За овие членови (и посетители) на форумов кои сакаат да се учи веронаука во световните училишта и, кои се чудат зошто тоа не е дозволено од страна на Уставниoт суд, ќе им препорачам да гo видат следниов видео клип. Незнам, можеби има 5-6 месеци како прв пат го ставив во некоја тема во „вероиспвед“, но не се сеќавам каде и кога беше. Во секој случај, еве го истиот видео клип, за да тие (но, секако и другите) видат што всушност претставува религијата. http://video.google.com/videoplay?docid=-594683847743189197
Пред да почнете со гледањето на клипот, сакам да напоменам дека ќе се соочите со 3 проблеми: 1. Трае малку подолго * 2. Треба да знаете англиски ** 3. Тешко ќе им биде на вернците ова да го прфатат *** * - Целиот клип е составен од вовед и 3 дела. - воведот во кој се даваат докази за човечката и божјата љубов трае 13’ и 27’’ (13:27). Во првите минути (до 04:00) се слуша само гласот на спикерот и нема слика (за да не помислите дека е некаква грешка). - првиот дел е за споредбеното астрономско и историско гледање на христијанството. Тоа трае околу 27 минути (до 40:21) Значи, само за 40-тина минути ќе дознаете многу интересни работи. - вториот и третиот дел не се за темава, но не е лошо, доколку сакате, да се погледнат. ** - ако добро знаете англиски, би било супер. Тогаш ќе разберете се за што се зборува, а што е од пресудна важност за историските и астрономските факти. Но, и доколку послабо го знаете, иако потешко, сепак ќе разберете за што се работи. Дури и тие што воопшто не разбираат, само од сликите и податоците во текстовите би можеле (доколку имаат некакво познавање од наведените области) да разберат за што станува збор. *** - за жал, тука и јас сум беспомошен! Немам решение за евентуалните трауматски промени! |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Веронаука и имало и ќе има АМА во верските објекти во УЧИЛИШТАТА не
|
|||||
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
|
|||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ај сега ...!
Во претходниот пост ми наведе активности на Светскиот македонски конгрес, на разните верски заедници ... кои реагираале на Одлуката на Уставниот суд. На тоа јас дадов коментар, но наместо да го потврдиш или отфрлиш мојот одговор, ти сега ми кажуваш за некои нови организатори (а не наведуваш кои), потоа ја спомнуваш и унијата на жени на Социјалистичката партија. Што треба сега да направам? И за организаторот(!) и за Унијата да дадам коментар?! Демек, е добро штом и тие бараат, тоа е во ред. Која е таа Социјалистичка партија? Каква е таа унија? Па плус и на жени! Онаа на Ѕинго? И тој „окорели“ комунист кој до вчера (зависно од потребите) напаѓаше се што е верско, сега, затоа што и понатаму сака да остане во власта, ќе се крсти? И велиш за „само“ неколку часа се потпишале 1000 души, а?! Ех, тоа ти е. Штом е организирано (читај: „по директива“), така е - сите наеднаш. А, да останале барем уште еден ден или два, уште колку ќе се потпишеле? Ма не 1000 души, нека се и 100.000, па нека се и милион, тоа не значи дека ако се побројни па затоа се во право. Да, ако се суди според аргументите на сила, моќ испаѓа по нивно, но ако судиме според аргументите на здравиот разум ... не ќе да е така!
Има, има! Само, или навистина не ги согледувате (иако за тоа и јас, покрај другите, се отепав од пишување на форумов) или не сакате да ги прифатите фактите, реалноста, па од инает (или гордост ...) не сакате да признаете дека не сте во право.
Многу убаво кажано. Верувам дека во жарот на искажување на сопствената мудрст преку овие зборови, и самата не си свесна за значењето на истите! Малку да појаснам. Ако нема народ тогаш ќе нема вера, така? Значи, верата (со сите нејзини атрибути: бог, ангели, ѓавол, демони, рај, пекол ...) сама по себе не постои. Таа е производ на човекот (народот)! Р.Ѕ. Знам, можеби на ова некој ќе даде одговор: „ ако нема народ и вера, не значи дека нема бог ...“ но, тоа ќе биде за во други теми. |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Море бре - религиозни ПОЛИТИЧАТИ И ПАСТОРИ!!!
ПА ОВО НЕМА НИ У БЕОГРАДУ!!! п.с. позз ЕВ - ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! САКАЛЕ ИЛИ НЕ - ВЕРОНАУКА КЕ ИМА!!! Изменето од Tetratka - 27.Април.2009 во 01:33 |
|||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
" ako dade gospod " ...... insallah .... sakas da kazes , deka idejata na " genijalecot " e od nekoja vizija stignata od boga a adresirana do nego pa sto i da se sluci crkvata kje se izgradi poradi voljata na boga ? ..... znaes , ima edna interesna pogovorka .......... SILA BOGA NE MOLI ..... a uste pointeresno e mislenjeto na isus vo vrska so hramovite .... tuku , kakva e namenata na crkvite
Изменето од miroslav_g8 - 26.Април.2009 во 22:05 |
|||||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Драги Евангелос, ќе ми преведеш ли што значи зборот ,,иншаллах,, се разбира ако сакаш.... однапред благодарам... |
|||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
a koja e funkcijata na crkvite
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
mammad, јас пак сакам да предаваат образовани и објективни вероучители кои чесно ќе ги подучат децата дека палењето свеќа (за живи, мртви, здравје, бериќет) е пагански обичај и нема никакви допорни точки со христијанството, а не некои што ќе ги замајуваат дека "нема молитвен чин без свеќа" и дека таа свеќа мора исклучиво да е купена од МПЦ ДООЕЛ, инаку во спротивно ќе си добијат анатема т.е. епитимија од МПЦ затоа што им го рушат доходовниот бизнис. (види линк).
Е сега, гледам дека ти си можеби емотивно врзана кон свеќите, кон нивното смирувачко дејство додека догоруваат и можеби ова погоре нема да ти се допадне, но ете, тука се разиденуваме. Затоа сметам дека факултативната веронаука е најдоброто решение за дацата, а не наметнатата. На тој начин децата ќе бида ослободени од индоктринација и ќе можат самите (со помош на нивните родители) да си одберат на која пропаганда ќе бидат изложени, затоа што тоа е демократија, тоа е секуларност, тоа е верска слобода.
Се е тоа политика мило, политика. Нека се воведе, иншаллах, веронауката како факултативен/изборен предмет, па дури тогаш ќе видиме колку младите се за изучување на ткн. веронаука. Изменето од EvAngelos - 26.Април.2009 во 21:50 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
interesno .... samo i sekogas koalicionite partneri na twentyfourseven davaat potpisi .......... vo zastita na negovite " genijalni " idei i zamisli .........i toa ne bilo kako ...... masovno bre
|
|||||
pcelka
Сениор Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Златен... еве уште една вест за една ненајавена акција за враќање
на веронауката во образованието, од која и самите организатори се
изненадени од масовноста....
За само неколку часа над 1.000 Штипјани го дадоа својот потпис на пунктот во центарот на градот.
И унијата на жени на Социјалистичката партија на Македонија со петиција се вклучува во акцијата за враќање на веронауката во образованието...
На големо разочарување на ,,малкумина,, многу луѓе се заинтересирани, а посебно младите за изучување на веронауката,
што е за пофалба без ...пардон....!!!
Нема ништо лошо во запознавањето на младите со основните принципи на верата, зошто не постои ниту народ без вера, ниту пак вера без народ...!!! |
|||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Daleku bilo, nikakvo negiranje. Јас не читам многу книги со верско/црковна содржина, во манастир и црква не одам (кога попови пеат) туку одам да барам мир и спокојство кога црквите се релативно празни., палам свеќа и чекам да догори до крај бидејки ако само свртам грб оној во син работнички мантил (клисар ли е како ли му е титулата) веднаш ги гаси запалените свеки што мене ужасно ме лути. Очиглдедно дека верското знаење кое го добив од баба ми е малку по конзервативно од она што ќе ми го предадеше образован теолог бидејки тој искрено ќе ме научеше дека црквата мора да штеди и на восок и на песок кој се полни со стопен восок па на вработените во црквата им отвора многу работа. Баба ми покојна кога ја прашував каде одат парите кои ние ги ставаме на иконата пред Св. Петка ми велеше дека со нив ќе се направат нови цркви, ќе се средува црквата и дека н етреба да сум циција и дека не треба да жалам кога ги ставам парите на иконата. Искрено иако ми беше жал за парите (некоја монетичка од незнам колку динарчиња) не и се спротивставував на баба ми бидејки кога ќе погледнев во крстот на нејзиното чело знаев дека таа е верник. Сега кога ставам пари на иконата погледот несакајки ми оди на луксузната кола на попот и си ги враќам парите во новчаник. По малку се плашам од баба ми да не ме гледа од некаде горе ама и таа мора да свати дека во времето кога таа мене ми предаваше веронаука работите беа поинакви. Затоа јас лично мислам дека поубаво е да предаваат вероучители бидејки тие сепак имаат по либерални ставови од мојата покојна баба и тоа во училиште. |
|||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ако покојниот претседател Борис Трајковски не беше припадник на оваа црква, дали некој во МК ќе знаеше дека таа постои?
Меѓуетнички или меѓуверски?
Ако се паметни и информиСани, тие од СМК треба да знаат дека одлука на Уставен суд не се преиспитува. Порано (пред промените на Уставот), тоа беше регулирано со член 112, а сега можеби е променет членот, но сепак стои таа одредба. Ова „преиспитување“ на одлука на Уставен суд бараше и Љубомир Фрчковски, како поранешен министер за внатрешни работи (1994 г.), кога по моја иницијатива Уставниот суд донесе одлука со која се укина чл. 25 од „Правилникот за регистерски таблички...“ па цела МК мораше да ги смени регистерските таблички на автомобилите. Нај просто прашање, кој ќе ја преиспита одлуката на Уставен суд, кога оваа институција е највисока правна инстанца? Самиот Уставен суд ќе се преиспитува?
И што со тоа? Пак (по трет пат) да се укине? Или овојпат претходно ќе ги сменат судиите? Или ќе го сменат Уставот? Да, можат сето тоа да го направат, но со тоа ќе се направи упад во уставноста на државата.
А каде е тука моето право на слободен избор да не учам Тој кој сака веронаука, нека си учи во верските објекти. Имаат просторни можности, имаат кадри, имаат литература имаат заинтересирани луѓе кои сакаат да учат и ... што чекаат? Зошто упорно се пикаат во световните училишта, каде не им е местото? Изменето од Zlatnik - 26.Април.2009 во 17:41 |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 56789 19> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |