|
Германски накратко (к у р с) |
Внеси реплика | страница <1 5678> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vielen Dank, dass Sie Lehrer
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ja |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nein. I ne se ni obiduvam
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sprichst du Deutsch ?
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште една вежба за читање на германскиот јазик, но овој пат низ песна. Го ставам линкот кон Германската химна со мелодија напишана од Јозеф Хајдан 1797, врз која August Heinrich Hoffmann von Fallersleben го напиша текстот во 1841 година.
Das Lied der Deutschen (Песната на Германците) химна на Р. Германија Во видеото најпрвин оди химната испеана во хор во придружба на оркестар а потоа следат слики од современа Германија во придружба на инструменталната верзија на химната. Целта на линкот е да ви овозможи на забавен начин да вежбате читање на германски текст. Подоцна ќе научиме да се претставиме на германски, поставиме неколку прашања и да броиме. |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
z.B.=на пример(кратенка од Zum bei spiel /читај во едно: цумбајшпил/)
Fisch(риба); Vögel(птица); Bank(клупа); Tisch(маса)... Но доколку зборот е кованица од две или повеќе именки, само првата именка се пишува со голема буква. На пр. Schulbank(шулбанк)=школска клупа Изменето од Majkl - 07.Јануари.2009 во 14:46 |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Genau herr Златник , das ist richtig. genau=точно Herr=господин richtig=правилно |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чекај, и општите се пишуваат со голема буква? На пример риба, птица клупа ...?
|
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кратка реченица за вежба:
Heute im Mazedonien ist Weinacht. Frohe Weinacht wünsche ich dir! (Хојте им Mацедониен ист Вајнахт. Фрое Вајнахт вüнше их дир!)= (дословен превод)Денес во Македонија е Божиќ. Радосен Божиќ посакувам јас тебе! Забележете дека зборот ist(=е) го читаме нормално „ист„(не ишт, или изт). Обрнете внимание на уште едно правило во германскиот правопис. Именките(лични и општи) секогаш се пишуваат со голема буква, независно каде стојат во реченицата. На пр. Weinacht(Божиќ), Quelle(извор), Vater(татко), Leben(живот) и тн. Изменето од Majkl - 07.Јануари.2009 во 14:28 |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja, ja! Dankeschen!
Ај, па јас во некоја следна прилика ќе ве учам арапски! ОК? Изменето од Zlatnik - 07.Јануари.2009 во 14:28 |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е грешка. Најчесто се чита како З. На пр. sieben се чита зиибен и значи седум (бројот седум).
Одлично за почеток Златник! Изменето од Majkl - 07.Јануари.2009 во 14:11 |
|
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ova ti e greska! germanskoto S e najobicno nase C |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи Чачак би му дошло вака = Tschatschak
По се изгледа ова „tsch“ е пример за глас кој се пишува со најмногу букви. |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Читањето и пишувањето во германскиот е многу полесно од францускиот или англискиот, но сепак има некои мали правила кои е добро да се знаат.
На пр. некои букви или нивни комбинации се читаат поинаку. Како на пр.: Z = ц - на пр. Zitat(цитат)=цитат; или Zeit(цајт)=време V = ф - vier(фиир)=четри /бројот 4/; или Vater(Фатер)=татко W = најобично в (како македонскиот збор: вода); на пр. Wald(Валд)=шума; или Wohnung(Воонунг)=стан S = з, под услов да стои пред самогласка(a,e,i,o,u,ö,ä,ü) - на пр. See(Зее)=езеро. Во другите случаи е обично С. SS = с SCH = ш - на пр. Schneeman(Шнииман)=снешко TSCH = ч - на пр. Tschechisch(Чехиш)= Чешки ST = шт - на пр. Strasse(Штрасе)=улица; или Stein(Штајн)=камен SP = шп - на пр. Spiegel(Шпигл)=огледало; или Spiele(Шпиле)=игра CH = нечисто х, но нема да згрешите ако го изговорите какообично македонско х (како во зборот: храна). На пр.: sechs(зехс)= шест /бројот 6/ EI = ај - на пр. ein(ајн)=еден; Schweiz(Швајц) Швајцарија EU = ој - на пр. eurethalben(ојретхалбен)=заради вас; или euro(ојро)=евро /парична единица на Евроспката Унија/ исто така во германскиот јазик постојат тнр. умлаути, кои во македонскиот јазик ги нема. Тоа се гласовите кои се бележат со следните букви: Ä = е долго (како во македонскиот зборови: сее, жнее, вее), но при изговорот на многу зборови не секогаш се слуша како долго. Истата буква ќе ја сретнете и во шведскиот, финскиот но и во словачкиот јазик, таму, додуша мошне ретко. Пример: ähnlichkeit(еенлихкајт)=сличност; die Ägäis(ди Егеис)=егејско море Ö = за да го изговорите овој глас, направете ги усните за да кажете О но изговорете Е. Внимавајте, ова не е гласот О, туку засебен глас. Овој глас и буква ќе го сретнете и во шведскиот, финскиот, унгарскиот и некои други јазици. пример: Östereich=Австрија(буквално значи: Источно царство) или Schönn=убав. Ü = направете усни како да сакате да кажете У а изговорете И. Внимавајте, ова не е буквата У, туку представува посебен глас. Оваа буква ја има и во унгарскиот, естонскиот и турскиот јазик и се изговара кај сите нив исто. пример: überwinden=надминува; fünf=пет /5/ ß = една необична буква(не спаѓа во умлаутите) која личи на старогрчката буква β (бета), но ако ѕирнете поблиску ќе видите дека не е иста ниту по изглед, ниту во изговорот. Имено германската ß носи име „ес-цет„ а се чита едноставно како нашата с(во македонскиот збор: среќа). Постојат правописни правила каде се пишува наместо ss но со тоа нема да се занимаваме, бидејќи тука целта ни е да научиме само да читаме. Следната лекција е на стр. 3 од темава, а на стр.2 ја имате германската химна со мелодија акосакате да вежбате читање(и пеење) Изменето од Majkl - 25.Јануари.2009 во 01:41 |
|
Внеси реплика | страница <1 5678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |