|
Секс - како вие гледате на него? |
Внеси реплика | страница <1 56789 36> |
Автор | |||||||||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
<Ахмар, познаваш ли некој вакви сопружници “Други стапуват во брачна интима само во време на раѓање на деца,а останатото време живеаат како брат и сестра. “ за кои пишува старецот Пасјиј?>
Лично не,но мислам дека почест случај е кога ќе им се изродаат деца па сопружниците,по што продолжуваат да живеат како брат и сестра. Сега бидејќи тоа е интима над интимите никој не го кажува тоа,па уште и да го истакнува тоа. Инаку за вакви примери има дознаено од житијата на светителите и од разговори на старци и свештеници(не лично него преку книги) кои споменувале за такви случаи. поздрав и секое добро Изменето од ahmar1 - 09.Јануари.2009 во 12:31 |
|||||||||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||||||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
(ne)pravoslaven:<<
Знам зошто не цитирате од Божјите Зборови. Затоа што тие се противречни на вашите старечки зборови. Бог никаде во Неговиот Збор - Светото Писмо, не го нарекува сексот во рамките на бракот "нечиста работа", туку напротив го благословува, го препорачува (освен за време на пост). Еротската љубов е опеана во Библијата, а вие ја нарекувате "грев", "нечистота". >>
Е сега клеветиш! ништо од тоа не е став на православната црква.(незнам по кој пат ти го велам ова)прочитај ги внимателно сите постови на правоверните/православни христијани на форумов.и немој да мислиш дека има некаква противречност и не се фаќај за ајса ко аргумент зашто таа е посебен случај за дискусија(на која не е место на форумов да се дискутитра). Тоа со еротската љубов.. богати, кај си го прочитал тоа?! некоја поза да е наведена у светото писмо?! и пак немој да се занесуваш дека песната над песните е "Еротската љубов е опеана во Библијата",за правилното толкување на таа прекрасна книга од стариот завет потребна е права вера,смирение и послушност кон светото предание.. а што е светото предание?Правилно сватено Свето писмо!! Изменето од ahmar1 - 09.Јануари.2009 во 12:25 |
|||||||||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||||||||||||
THEPRINCESS
Сениор Регистриран: 29.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
seksot pretstavuva potreba, a so vika religijata bas me briga, decata nastanuat pri seks, ne ni gi praka gospod, nitu pak strkot ni gi nose,
|
|||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Ахмар, познаваш ли некој вакви сопружници “Други стапуват во брачна интима само во време на раѓање на деца,а останатото време живеаат како брат и сестра. “ за кои пишува старецот Пасјиј?
|
|||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
ahmar, зошто вие протестантите цитирате само од вашите старци? Зошто не цитирате нешто Господ што рекол? Зарем има некој постар од Вечниот Господ Бог? Знам зошто не цитирате од Божјите Зборови. Затоа што тие се противречни на вашите старечки зборови. Бог никаде во Неговиот Збор - Светото Писмо, не го нарекува сексот во рамките на бракот "нечиста работа", туку напротив го благословува, го препорачува (освен за време на пост). Еротската љубов е опеана во Библијата, а вие ја нарекувате "грев", "нечистота".
Сега ми е јасно зошто не цитирате од Старецот над старците
|
|||||||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||||||||||||||
becenevem
Сениор Регистриран: 27.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2108 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Sexot e sveta rabota,
ama za zal se najde na tezga. |
|||||||||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Од старец Пајсиј Светогорец(1924-1994)
Ме прашуваш за сопружничките односи на женетите свештеници и на христијаните во светот. Зошто светите оци не дават сосема одредени правила? Тоа значи дека постои нешто неодредливо,затоа што сите луѓе не можат да живееат по еден шаблон. Оците многу и препуштаат на нашата разробитост,на духовното чуство,на можностите и на трудот. за да бидам поразбирлив ќе наведам неколку примери. има луѓе што откако склопиле брак и изродиле деца ,продолжиле да живеаат во чистота. Други стапуват во брачна интима само во време на раѓање на деца,а останатото време живеаат како брат и сестра. Други се воздржуваат од брачни односи само во текот на постите а во останатото време имаат брачни односи.Некои не успеват ни тоа да го исполнат. Има такви кои што општат во средината на неделата за да бидат чисти 3 дена пред Евхаристијата и 3 дена потоа.Некои и овде се сопнуваат ,и со тој повод Христос отако им се јави на апостолите во воскресението им рече: 21 Исус повторно ги успокои, пренесувајќи им Го својот мир, а потоа им рече: „Како што Мене Ме прати небесниот Отец, така сега Јас ве праќам вас.“ 22 Откако го рече тоа, Тој им вдахна од Својот Дух, велејќи: „Примете Го Светиот Дух! 23 Ако на луѓето им ги простите гревовите - ќе им бидат простени, а ако не им ги простите - ќе им останат.“ целта е да се подизува секој со расудување и со грижливост, во согласност со своите духовни сили. Во почетокот, се разбира, младоста пречи. Но со време плотта слабе, а духот се осилува па и оженетите почнуваат по малку да предувкусуваат од божествените сладости. Тогаш луѓето, веќе по природен пат, се одвртуваат од телесните задоволства, кои што во нивните очи стануваат ништожни. Ете така се подвизуваат оженетите. Тие стигнуваат до рајот по зарамнет , заобиколен пат,а монасите истовремено,се искачуваат кон рајот , јазејќи се по карпи и искачувајчи се на врвови.... Бог го гледа трудот на секој христијанин, ја знае силата што Тој му ја дал и бара одговот во склад со тоа... Овде, старец Пајсиј ја опишува силата на воздржување на поединци и според тоа како Црквата снисходи кон секој. Тој ги набројува неколкуте варијанти на сопружнички живот во однос на телесните односи, но нагласува дека секој има право на избор според својата слободна волја (што не значи дека е Божја волја, туку само допуштение) и според своите можности. Во исто време, нагласува дека оние кои не се способни да се воздржуваат, треба да бараат прошка од Бог преку светата тајна Покајание и Исповед. Вели дека целта е секој да се подвизува со расудување, затоа што не секогаш брачните партнери се верници или пак се со исти духовни сили. Најдобрата варијанта е ако и двајцата сопружници се на исто духовно рамниште и со исти сили се воздржуваат. И на крајот кажува дека сепак телесните задоволства се последица на нашата падната природа со текот на стареењето слабеат, за на крај да бидат воочени во нивната вистинска смисла. Сепак, Бог е милостив+++ Изменето од ahmar1 - 05.Јануари.2009 во 11:45 |
|||||||||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||||||||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
опа, се појави новиот гуру, пророк и бог, кој ја поседува сета вистина и е критериум и авторитет на вистината. Сите ние незнаеме само тој ја поседува вистината. Ај ве молам, не изигравајте некакви самопрогласени богови и богчиња и да делете правда по форумот. |
|||||||||||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||||||||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Е брате, ова што го пишуван апсолутно нема врска. Ова е само желба за препирање и водење на инает. Мојата реплика не беше дали монасите имаа борба со блудните страсти, туку со безумната изјава на асја дека таквите мажи не неможеле да бидат монаси и демек таквите постануваат хомосексуалци. Кој ги дава тие правила? Навистина е безумно и крајно неосновано, ова да се тврди,па дури крајно навредливо. Жити се, кои примери ти ги имаш? А топли браќа верувам дека има многу во светот околу тебе, затоа внимавај. Светот му служи на страстите, а монасите се борат против нив. И те молам не ми ги испревртувај моите зборови. Да повторам. Мојта реплика беше дека тие мажи демек неможеле да бидат монаси, а не кој да ги паси овците. Паси си ги ако ги имаш, никој не ти го спори тоа. |
|||||||||||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
A ti da dades nekoj BIBLISKI primer za ona sto go velis?
Moram da gi pozdravam ovie izjavi na Asya so eden OGROMEN APLAUZ
Asya e malku ostra na zborovi, no, iako ne se slozuvam celosno so nejzinite ubeduvanja, sepak mozam da kazam deka ima najzdrava teologija od site drugi sto se narekuvaat pravoslavni na ovoj forum. Изменето од Pravoslaven - 28.Декември.2008 во 13:04 |
|||||||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||||||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Mozat, se razbira deka mozat, no site dobro znaeme primeri kako monasi se raspaluvale i se raspaluvaat eden na drug po toa manastirite i od "duhovni brakja" stanuvaat "topli brakja"
Zarem mora da se ide kontra Hristovite zapovedi (vo manastir) za da se ljubi Bog so celo srce i dusa?
Kakva e ovaa misticna i cudna bogoslovija?
Isus mu rece na apostol Petar: "ako me ljubis, pasi gi moite ovci", a ne da se zamonasi vo nekoj manastir. Ovcite se lugjeto, hristijanite, crkvata, tie se "pasat" vo svetot, a ne po manastiri usvet po planinite. Buvkalnite ovci se pasat po planini, a ovcite za koi sto zboruva Isus se pasat vo svetot. Taka sto pastirite od svetot go ljubat mnogu poveke Bog otkolku monasite.
|
|||||||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||||||||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Мене не ми е јасно што има да се толкува од она што го рекле Отците. Нивните зборови се кристално јасни и не се искажани во параболи. И зошто на пример, не изнесеш некое светоотечко толкување кое го поткрепува твоето мислење? И ако јас не ги разбирам зборовите, зошто барем не се обидеш да ми ги појасниш?
Паднатата природа на човекот не е неговата вистинска природа. Вистинската човекова природа е очистување од страстите и избавување од ропството на гревот. Крајна цел е обожението и станување бог по благодат. Токму за оваа природа како идеал зборуваат и сите Свети Отци, а кога зборуваат за паднатата природа, пред се ја кажуваат како неприродна состојба на човекот, и даваат совети како најлесно да се избавиме од тоа ропство, и да се стекнеме со потполна слобода на нашата личност.
Ова не само што не е православно учење, ова не е религиозно учење. Вака учат секуларните луѓе, со рационален ум.
Велиш дека не е правило, значи, се понадевав дека претходната реченица ќе ја разјасниш со втората, но понатаму велиш: СИГУРНО ќе има проблеми, и како последица на тоа однапред заклучуваш дека таквиот монах ќе направи противприроден блуд. Со тоа ти ја отфрлаш сета надеж во милоста Божја, а исто така забораваш на зборовите дека сето она што за луѓето не е можно - за Бога е можно. Можеби високиот тестостерон на некој монах е искушението кој Бог му го дал, преку кој ќе се стекне со спасение и благодат. Страстољубието ги подразбира сите телесни страсти, вклучително и страста на блудот, но нам, Светите Отци и апостолите ни велат дека треба да се бориме токму против истите: најпрвин да ги зауздаме, на тој начин што нема да стапиме во разговор со помислите, а потоа и да ги преобразиме (негативната и нечиста енергија која е насочена против нашето тело да ја преобразиме во љубовна енергија спрема Бога). Преобразбата доаѓа со преумувањето, т.е. покајанието, и бара многу солзи и молитви и надеж во Бог и Неговата преголема Милост. Јас досега не сум сретнал некој светител, апостол, маченик, јуродив, столпник, подвижник, девственик или преподобник да ги советувал луѓето дека острастен човек ќе падне во голема прелест или ќе стори уште поголем грев ако почне да се бори со своите страсти. Не сум сретнал да советуваат дека подобро да се оддадеме да не понесат страстите, умот да го пуштиме на пасење, и да се преправаме како ништо да не се случува. Ајде сега неколку светоотечки примери: На еден монах кој бил нападнат од демонот на блудот, Свети Пимен Велики му вели: „Ако монахот ги скроти утробата и јазикот, и се одврати од расеаност, тој нема да има душевна смрт, а таа го стига секој оној кој пребива во блуд.“ „Како што царскиот телохранител секогаш стои во приправност пред својот цар, така и душата секогаш треба да биде во приправност против демонот на блудот.“ Пребодобен Касијан Римјанин им велел на монасите секоја придојдена грешна мисла веднаш да ја исповедаат кај својот старец. Но никако не ги одвратувал од монашкиот подвиг, и не ги советувал да станат боксери или гладијатори. Свети Игнатиј Брајнчанинов вели дека монасите кои не се во можност секојдневно да ги исповедаат своите помисли пред својот старец (и додава дека ова не го кажува од себе, туку по преданието на отците), веднаш да ја отфрлат грешната помисла, никако да не влезат во беседа или во расправа со нејзе, затоа што од разговорот може да произлезе и страстно предавање на гревот (ова важи за неискусните; оние со доволен духовен опит стапуваат во разговор со помислите, им дозволуваат да влезат, но потоа се борат со нив, и ги победуваат со помош на Христос - а така вели авва Пимен Велики), а наместо во разговор со помислата, да се сконцентрираат во молитва. Како поткрепа за таков подвиг го посочува примерот со света Марија Египетска. Понатаму, дека блудниот грев може да се победи вели и свети Нил Сорски: „Ако некој, при секое искушение и при секоја помисла придојдена од непријателот, плаче и ја бара Божјата добрина за помош, тој набрзо ќе осети спокојство - под услов да се моли разумно.“ Свети Јован Лествичник вели: „Како што е својствено за огнот да проголта суви гранки, така е својствено за чистите солзи да согорат секаква нечистотија на телото и духот.“
Света Марија Египетска можеби е најубавиот пример (за мене лично), но не е единствениот. Луѓето кои пред да почнат да водат духовен живот, а живееле развратен, откако ќе се покајат, демонот ги напаѓа токму преку страстите со кои го владеел човекот (го држел во ропство). Ако некои биле блудници, демонот ќе продолжи да ги напаѓа со блудните помисли, затоа што знае дека ова му е слаба точка на поранешниот блудник. Таков е примерот со Свети Мојсеј Мурин. До, да не мислиш дека тоа е правило, со блудните страсти се бореле и девствениците какви што се Симеон Јуродиви и свети Јован Печерски (Многустрадален). После победата над блудот, се задобивале со огромни благодатни дарови. Други примери? Секако! Пребодобен авва Доротеј, после стапувањето во манастир, како искушеник го напаѓале телесните желби, и во борбата против блудот секогаш се советувал и поучувал во зборовите на преподобен Варсануфиј Велики. Авва Доротеј се борел со страста на блудот цели пет години. Авва Варсануфиј го советувал: „Битката која ја водиме со телото, се уништува со молитва проследена со плач.“ Преподобен Антониј Велики, особено засилено го напаѓале блудните помисли и мечти. Дури и кај оние кои достигнале блажено бестрастие, неочекувано бивале напаѓани од нечисти помисли, какви што се примерите со преподобните Макариј Александриски, Јоаникиј Велики и други. Но, сите овие отци со помош на молитвата успевале да го победат блудот. Светите Отци велат дека на своето тело може да му се верува единствено тогаш, кога ќе биде положено во гроб. И уште еднаш, Свети Игнатиј Брјанчанинов вели: „Ние стапуваме во манастир за да ги откриеме во себе скриените страсти и односот на нашата природа спрема духовите на злобата, која доброволно им се припоила. Ги раскинуваме оковите кои не` врзуваат за светот, оставаме се`, за да ги видиме нашите внатрешни окови и да ги раскинеме со десницата Господова. Второто не постои, ако претходно не се направи првото. До смирение на духот можеме да стигнеме само тогаш кога во себе ќе го согледаме падот на човечкиот род, неговото заробеништво, суровата власт на демоните и вечната смрт над нас - само тогаш можеме да заплачеме за Бога со молитва и плачот да биде од длабочината на срцето, од сета душа. Со таквиот плач, осознавањето на својата погибел и беспомошна немоќ, ја привлекуваме кон себе Божјата благодат. Затоа, битките кои се одвиваат во нас, ако се бориме храбро, и ако не потклекнеме малодушно, допринесуваат на нашето духовно напредување“ За крај, преподобен авва Доротеј вели: „Ученикот на некој голем Старец се изложил на телесната битка. Старецот го прашал: Сакаш ли да се помолам на Бога, да ти олесни во битката? Ученикот одговорил: Оче мој! Иако се трудам, и го гледам во себе плодот на трудот, подобро да му се помолиш на Бога да ми даде трпение во битката.“. Авва Доротеј додава: „Таквиот човек, вистински сака да се спаси.“
Не може да се вадиш на финтата дека умувам, затоа што цело време ги цитирам Отците на Црквата. Плотската љубов се преобразува во духовна љубов? Од која далекоисточна религија го ископа ова? Ти се молам, дај ми некој светоотечки пример кој го вели ова?
Законите на светот водат кон трулежност и духовна смрт. Ние христијаните се стремиме да ги исполнуваме Христовите закони.
Велиш:
Точно, не велиш дека е само за задоволство, ами велиш дека е И за задоволство.
Јас го искажувам моето мислење, и го проверувам дали е во склад со учењето на Црквата. Не велам дека сум најпаметен, а поради мојата огревовеност, сигурен сум се протнува и некоја глупост. Затоа служат духовниците, да се провериме до кај сме и што сме; затоа служи Светото Писмо, и Преданието. Од друга страна, ти за себе тврдиш дека АПСОЛУТНО се` што велиш е вистина, и секое друго поинакво толкување на нештата е „умување“, „искривување“, „самоволие“, „неразбирање“, „плод на раскол“, „потсмевање“, „контролирање и мешање на други луѓе“... Со тоа ти се поставуваш како гуру водач, а испаѓаш како лидер на политичка партија: слушајте ме јас што велам, баталете ги другите. Изменето од makarios - 28.Декември.2008 во 12:11 |
|||||||||||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Ова е крајна бесмислица! Читам и се чудам, како може некој кој вели дека го застапува „православното“ учење, да искаже вакво нешто. Мажите со висок тестестерон не можеле да бидат монаси? Бесмислено!!! Значи таквите мажи не може да Го љубат Бога со целото свое срце и со сета своја душа? Единствена пречка за некој да стане монах е ментално-психичка пореметеност и несвесност за донесување одлуки. Јасно ни е кој е таткото на блудот - ѓаволот. Треба да ни биде јасно дека монаштвото е победа над природата - како што вели св.Јован Лествичник. Монасите, а и секој Христијанин се бори против своите страсти во срцето, барем тоа требал да те научи духовникот (што сметам дека ти го кажал, ама кој има уши да слуша...) Хомосексуализам среде монасите? Бог да не чува и да не брани од вакви мисли и вакви изумители на тие мисли. Зарем ова ти беше кажано за православното монаштво???? Господ да му помага на твојот духовник - кој знае какви мисли и за него ти доаѓаат и им веруваш, штом се осмели вака јавно ова да го пишеш.
Света Марија Египетска се борела против демонот на блудот 17 години, а не 47. Таа своја состојба ја стекнала преку постојано повторување на гревот, кој и станал навика, нејзина втора природа и ропство, што е сосема различно од нимфоманијата. И таа оваа нејзина страст ја победила кога заминала во монаштво и оваа светителка е добар пример дека „зголеменото лачење на хормони“ немаат никаква врска со љубовта кон Бога. Или ова пак е уште едно од твоите квази толкувања и оправдувања на твојата немоќ да се воздржуваш? Овој коментар беше крајно докажување колку си далеку од православието и светоотечкото учење. Се молам на Господ да ти помогне! И те молам, за се што имаш мака, провери си со духовниот отец! Изменето од Опитен - 28.Декември.2008 во 11:02 |
|||||||||||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||
Za zhal, ti ne gi razbirash besedite na gorespomenatite vladici i Svetite Otci. Moite konkretni zborovi se odnesuvaat na chovekovata priroda, a ne na zavisnosta od shekjer (slatko) i sl., kako shto ti vo svojot um gi iskrivuvash. Ochebijno, taka gi razbirash i Svetite Otci! Obichno, mazhite so visok testosteron ne se opredeluvaat za monashtvo, tuku stanuvaat bokseri, pozharnikari i drugi fizichki rabotnici. Se razbira, toa ne e pravilo, no ako takov mazh stane monah, sigurno kje ima problemi, a pojavata na homosexualizam ne e novost srede monasite. Sv. Marija Egipetska se borela protiv ninfomanija chetirieset i sedum godini, sama vo pustinata, bez nikakvi udobstva, duri bez obleka i hrana, a jadela shto kje nashla. No, ti pogreshno mislish deka chovekot vo udobstvata na svremenata monashka obitel, mozhe da se izbori protiv svoite strasti vo eden den, za slednoto utro da se razbudi - isihast! Seto tvoe umuvanje, kako i poistovetuvanjeto na ljubovnite odnosi pomegju sprotivnite polovi na crkovnite brachni hristijani, so blud i sexualnata revolucija na raspushteniot svet, nema smisla, bidejki Hristos so Svoeto prisustvo go osveti brakot na svadbata vo Kana, kade shto ja preobrazi vodata vo vino, i kako shto vodata vo Negovo prisustvo se probrazi vo vino, taka i plotskata/dushevna ljubov pomegju mazhot i zhenata, vo Hrista se osvetuva i preobrazuva vo duhovna ljubov. Ispolnuvanjeto na svoite obvrski i pochituvanjeto na zakonite vo svetot, voopshto ne e sekularen pogled na zhivotot, bidejki Hristos povela da mu go poddademe carevoto na carot, a Bozhjeto na Boga. Jas nitu ednash ne rekov deka Bog go dal sexot vo brakot samo za zadovolstvo, tuku apostolot Pavle veli deka vo brakot, mazhot nema vlast vrz svoeto telo, bidejki toa pripagja na negovata zhena, i obratno. Ti gi iskrivuvash tugjite zborovi, kako shto tebe ti godi, i odbivash da svatish, deka vo svoeto samovolie mu se protivish na Hrista. Изменето од Asya - 28.Декември.2008 во 06:44 |
|||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 56789 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |