|
Целта на Масонството |
Внеси реплика | страница <1 56789 62> |
Автор | |||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сосема е во ред, дури и да си против масонеријата, се додека нивото на дискусија може да се задржи на едно цивилизирано ниво и да дебатираме тука со взаимна почит.
Никој не рече дека тие масони се презентирале како масони на јавен медиум - туку се претставиле како масони на одредени свои пријатели, познаници, или одредени личности. Единствен кој може да ти каже кои се тие луѓе, се оние на кои им се претставиле. Уште нешто само да допрецизирам во врска со претходното прашање... Масонот може да се претстави пред некого дека е масон, потоа, тој ако е заинтересиран, може да го праша, па дури потоа масонот да го покани за членство во ложата. Тоа е процесот. Вториот чекор кој го спомнав, не смее да биде прескокнат. Тоа и го пишува во текстот кој го копираш од ГЛМ, но на доста посуптилен начин, додека она третото е презентирано (според мене) не баш адекватно и остава простор за двосмислено толкување. Но, тоа е мое мислење...
Не знам кога Леонардо станал член на организацијата - пред или после славата... но... вакви обвинувања е интересно што одат во два правци. Од една страна, едната логика вели - луѓе што се славни влегуваат во братството, од друга се вели - за да станеш славен, мора да си дел од братството... Параграф 22, нели? Ни едното, ни другото не е точно. Се примаат луѓе од секакви социјални класи, и отсекогаш било така (се додека човекот може да си го издржува семејството, односно, неговото членство и активности не се на сметка на благосостојбата на домот). Уште повеќе, 90% од членовите се од средната класа. Средната класа отсекогаш била столб на масонеријата. Да, има членови кралеви, богати бизнисмени, познати уметници, спортисти... Но - погрешно е да се мисли дека само такви членуваат. Напротив - тоа се 10-тина посто од членството. Зошто слушаме за нив? Затоа што можеме да ги распознаеме. Ако ти кажам дека Бил Пауел бил масон, дали нешто ќе ти значи?! Апсолутно ништо... но, на нас, во ложата Викторија многу ни значи, затоа што долги години беше секретар на ложата, организираше многу настани, донации, водеше неколку фондации, помагаше многу на средината во која живееше, се додека Големиот Архитект не го викна кај себе... Нека да направам една аналогија - кога зборуваме за битката на Мечкин Камен, се спомнува Питу Гули, и евентуално уште еден, двајца... стотици комити загинале таму, ја направиле потполно истата жртва која ја направил Питу - го дале својот живот - но сепак, денес не ги ни знаеме по име, не ги ни спомнуваме, туку само како бројка се вели дека заедно со Питу загинале толку и толку луѓе. Тоа е сосема нормално - затоа што човечката психологија работи така - во состојба е да сфати некои работи само ако може да ги идентификува со нешто/некого. Така што - не станува збор за некаков заговор, за некакво ограничување или некакви преференции, напротив - како што реков - повеќето членови воопшто не се познати или работат професии во кои не може да се стане познат (колку пати си слушнал за некој МНОГУ познат сметководител?!). А колку до идејата за "најмоќна" организација - зависи што подразбираш под најмоќна... би те советувал да ја подразгледаш темава, имам пишувано за тоа доста. Со почит, Зидарски |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
anagram
Нов член Регистриран: 13.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пред се благодарам на одговорот. Најпрво сакам да се изјаснам дека не сум масон но и не сум против оваа организација. Не сметам дека организацијата се противи со религијата, политиката, основните човекови правила и слично како што досега на опширно беше дебатирано на претходните страни. Но имам уште неколку нејаснотии.
Ако овие масони кои разговарале со увидни бизнисмени од Македонија ( како што пишува во горенаведениот текст ) јасно се презентирале дека се масони ќе сакаш ли да ми ги објавиш нивните имиња па на целата јавност да и биде јасно кои се или тие се презентираат како масони само пред одредени личности од кои подоцна ќе имаат корист во својата организација ? Никаде во основните барања на Големите Ложи не стои која класа на луѓе имаат право на членство во масонеријата со што би заклучил дека право на членство има секој нормален и чесен граѓанин кои нема криминално досие, има духовни вредности и е заинтересиран за оваа организација, но ни од далеку не е така? Зошто ? Факт е дека најголемиот дел од научниците, политичарите, писателите, музичарите и.т.н. во последните 300 години се членови на оваа организација. Ова ме наведува на размислување дека пример еден Леонардо Да Винчи станал член на организацијата дури откатко се стекнал со моќ и углед. Прашањево ми е, дали организацијата ТРАГА или БАРА луѓе со веќе стекната моќ, углед и капитал за да издигне како организација и да опстои до ден денес како, без дилеми, најмоќна организација на светот ? Барам искрен одговор на ова прашање ! |
|||
somoteitbe
Група Регистриран: 23.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 83 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Znaci veke rekovme deka covek sam po sopstvena volja bara da pristapi v masonerijata i toa e edinstveno pravilo univerzalno vo cel svet.E sega masonot sam resava dali ke se prezentira javno deka e mason ili ke si go zadrzi toa za sebe a dokolku se prezentira i pretstavi kako mason ne e sporno da razgovara so lugeto koi ne se masoni za opstite raboti sto e i kako e masonerijata tokmu kako sto nie tuka razgovarame i debatirame i dokolku po primanjeto na takvite informacii od strana na profanite nekoi od niv se zainteresiraat i pobaraat da stanat clenovi togas zapocnuva procedurata za niven priem.Dokolku nekoj mason ubeduva da ne recam moli nekoj da aplicira toa e kontra od zakonite t.e pravilata vo masonerijata.
|
|||
anagram
Нов член Регистриран: 13.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За zidarski и somoteitbe.....
Едно од правилата за членство во Голема Ложа е всушност ( како што тврдите вие ), истото да не е потикнато или препорачано од масон, туку избор на поединецот, односно ( како што тврдите вие ) сам да го најде патот до светлината. Епа драги мои, еве ви извадок од страницата на Големата Ложа на Македонија... " МАСОНЕРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА: МИТОЛОГИЈА И ИСТОРИСКИ ЗАСНОВАНА ХРОНОЛОГИЈА Како и да е, тоа око, во 1995 година, решило да ги побара прекинатите конци на македонската масонерија, продолжувајќи ја (од којзнае кои причини прекинатата масонска традиција на овој терен). ИСПРАТИЛО тоа око ПРАТЕНИК до неколкумина видни браќа во сегашната македонска масонска хиерархија: таа година, на сегашните видни македонски масони, а тогаш само чесни, работливи и угледни граѓани на Република Македонија, им пристапиле масони од Белград, поточно од Големата ложа на Југославија (ГЛЈ), чиј Голем мајстор во тоа време бил З. Ненезиќ, и им било ПРЕДЛОЖЕНО да станат масони. Крајната цел на таква лична одлука за пристапување кон ова древно братство, се разбира, било основањето на Национална Голема Ложа на Македонија! " |
|||
thugaveli
Нов член Регистриран: 27.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
fakt e deka postajat i ke postojat
ima masoni i anti masoni t.e dobroto i losoto kako sto i samiot kaza ne e tajno bratstvoto no fakt e deka postoi i se razbira deka ima tajni kako sto ima i sekoe semejstvo fakt e deka tie go vodat svetot ... se nadevame na podobro FIAT LUX (neka bide svetlina) zidarski gi citav site tvoi komentari, pobivas so fakti i mnogu nauciv vo vrska so masonerijata pozz do tebe i prasanje : dali vo filmot Oci siroko zatvoreni ima slicnosti so nekoi od ceremoniite sto gi pravat masonite ? Изменето од thugaveli - 27.Јули.2010 во 04:19 |
|||
somoteitbe
Група Регистриран: 23.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 83 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Za da te demantiram i za zal razocaram jas licno a i nekoi drugi clenovi -aktivni tuka na forumot poznavam-e mason od 32 stepen i voopsto nema nikakva vrska so tvoite pogore izneseni stavovi.Znaci ova ne ti e nagagjanje tuku cista izvorna informacija.Prijatele svetot ne e crn ili bel ima nesto i pomegju toa.Ako sakas da doznaes prasaj veli edna stara pogovorka i ako sakas da gledas moras da gi otvoris ocite mizejki ne se gleda. |
|||
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ДОБРЕ ДОЈДЕ НА ФОРУМОТ ... |
|||
PARADISE MACEDONIA
|
|||
VITRIOL
Нов член Регистриран: 08.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Поздрав до сите,
многу интересна и информативна тема. |
|||
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
РАЗГОВАРАВ СО ЕДЕН КОЛЕГА, КОЈ ШТО ВЕЛИ ДЕКА ОНА ШТО МИСЛИ И ГО КАЖУВА ... КОГА ГО ПРАШАВ ЗОШТО, МИ ОДГОВОРИ ДЕКА ТОА БИЛО ВИСТИНА ... КАКО ОДРЕДИ ДЕКА Е ТОА ВИСТИНА, И ДЕКА ТОЈ Е ВО ПРАВО... СВЕТОТ Е ОНАКОВ КАКОВ ШТО САКАМЕ ДА ГО ВИДИМЕ... МОЖЕМЕ ДА ГЛЕДАМЕ ВО ЗГРАДИТЕ ... И ДА СЕ ВООДУШЕВУВАМЕ ... А МОЖЕ ДА ГЛЕДАМЕ И ВО КАНТИТЕ ЗА ЃУБРЕ, ПА ДА ВИКАМЕ ДЕКА СМЕ ВО ПРАВО ... ДОБРО Е ШТО ПОСТОИ ОВАА ТЕМА ... ДА ДОБИЕМЕ ИНФОРМАЦИИ ... А КОЈ КАКО ТОА ЌЕ ГО ТУМАЧИ ... ШТО Е И КАКО Е ВО ПРАВО ... СЕКОЈ ЗА СЕБЕ ... ИМА ЕДНА ПРИКАЗНА ... ДВАЈЦА СЕ КАРААТ ... ЕДНИОТ ВИКА - ЗНАМЕТО СЕ ВЕЕ ... ДРУГИОТ - НЕЕЕ ... ВЕТРОТ СЕ ВЕЕ , ПА ЗНАМЕТО СЕ ВЕЕ ... ДОАЃА ТРЕТ ... И МУ КАЖУВААТ ЗОШТО СЕ РАСПРАВААТ... А ТОЈ ИМ ОДГОВОРИЛ - НЕ Е ТОЧНО НИ ВЕТРОТ ДЕКА СЕ ВЕЕ, НИТУ ЗНАМЕТО ДЕКА СЕ ВЕЕ ... ТУКУ УМОТ ВИ СЕ ВЕЕ !!! |
|||
PARADISE MACEDONIA
|
|||
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
НИЕ ЛУЃЕТО СМЕ ВО ДУАЛЕН СВЕТ НА: ТОЧНО - ЛАЖНО ВИСОКО - НИСКО ГОЛЕМО - МАЛО ТЕШКО - ЛЕСНО ДЕЊЕ - НОЌЕ УБАВО - ГРДО НА СЕКОЈ ПОИМ ИМАМЕ ДРУГ ЗА РАМНОТЕЖА ... РЕЛИГИИТЕ ... И КОЛКУ ДА СЕ ТРУДАТ ... САМО ГИ ОДДАЛЕЧУВААТ ВЕРНИЦИТЕ ... ПОВЕЌЕ Е БИТНО ШТО Е РАЗЛИЧНО ... А НЕ ВО ШТО СЕ ИСТО ... СЛОБОДНИТЕ ЗИДАРИ ... ГО НАДМИНУВААТ ТОА ... ВЕРУВААТ ВО ВРХОВНИОТ АРХИТЕКТ ... ВРВНИОТ АРХИТЕКТ ... НЕМА ДУАЛНОСТ ... КАЈ НЕГО СЕ Е ГОЛЕМО ... СЕ Е ВИСОКО ... СЕГДЕПРИСУТНОСТ ... СЕЗНАЈНОСТ ... НЕСТВОРЕНОСТ ... ПРЕДВРЕМЕН ... НЕОГРАНИЧЕНА СВЕСТНОСТ ... БескОнечна-интелиГенција ... ИЛИ КРАТКО БОГ ! ИМА ТРИ ЗАКОНИ НА УНИВЕРЗУМОТ (МУЛТИВЕРЗУМОТ) 1. НЕОГРАНИЧЕНИОТ ДА СЕ ОСЕТИ ОГРАНИЧЕН 2. ОГРАНИЧЕНИТЕ ДА СЕ ОСЕТАТ НЕОГРАНИЧЕНИ 3. НЕОГРАНИЧЕНИОТ ПАК ДА СИ БИДИ НЕОГРАНИЧЕН ТОА Е АЛФА И ОМЕГА ... ПОЧЕТОК - КРАЈ - И ПАК ПОЧЕТОК !!! ПРВИОТ ЗАКОН ... НЕОГРАНИЧЕНИОТ ДА СЕ ОСЕТИ ОГРАНИЧЕН ... ВЕЌЕ СЕ СЛУЧИЛО ... ВТОРИОТ ЗАКОН ... ТОА Е КОГА НИЕ ... И КОЛКУ ДА СЕ ПРЕПРАВАМЕ ... ТРЕБА ДА ПРИЗНАЕМЕ ДЕКА НЕ ЗНАЕМЕ СЕ ... ЗА ДА СЕ ОСЕТИМЕ НЕОГРАНИЧЕНИ СЕ ПРОБУВАЛО НА РАЗНИ НАЧИНИ ... СО МНОГУ ВЛАСТ ... ДЏАБЕ ... СО МНОГУ ПАРИ ... ДЏАБЕ ... ДЕНЕС ЗНАЕМЕ ДЕКА ТОА НЕ Е БАШ ТОА ШТО НИ ТРЕБА ... ТРЕТИОТ ЗАКОН ... НЕОГРАНИЧЕНИОТ ПАК ДА БИДИ НЕОГРАНИЧЕН ... СЕ ЧЕКА НИЕ ВО ВТОРИОТ ЗАКОН ... ДА КАЖЕМЕ ... СИТЕ ВО ИСТ МОМЕНТ ... - ДА ТАКА Е !!! ТЕК ТОГАШ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ОСТВАРИ ТРЕТИОТ ЗАКОН ... АЛФА И ОМЕГА ... И ПАК АЛФА ... ТОА МОЖЕ ЌЕ БИДЕ УТРЕ ... А МОЖЕ ПО МИЛИОНИ ГОДИНИ ... ВАЖНО ЌЕ БИДИ ... ЗАТОА ШТО ЗА ВРХОВНИОТ АРХИТЕКТ ... НЕ ПОСТОИ ВРЕМЕТО ... ЦЕЛТА НА МАСОНСТВОТО БИ БИЛА ВО ВТОРИОТ ЗАКОН ... ОД ДУАЛНОСТ ... ТАКА Е - НЕ Е ТАКА !!! ДА СЕ КАЖИ ТАКА Е !!! |
|||
PARADISE MACEDONIA
|
|||
mmomirovski
Сениор Регистриран: 15.Септември.2008 Локација: Tuvalu Статус: Офлајн Поени: 1219 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Викаш, secret societes, масонството е токму тоа. Значи, на нивната веб страна нема ни адреса кај се наоѓаат. Имаат поштенски фах и толку. Нивните "церемноии" се затворени, не се отворени за јавноста. Мислам дека ги исполнува сите услови што се потребни за да бидат secret societеs. Мојот антагонизам спрема масоните е онолку колку што е мојот антагонизам спрема Американците, апсолутно никаков. Не ми се свиѓа американската политика, онолку колку што не ми се свиѓа политиката на масоните. Значи книгата горе се вика Регуларната масонерија и современите општества. Пак книгата погрешно наведува, книгата е напишана супер, за да обичниот читател мисли дека масоните се некое безопасно друштво кое нема никави цели. Ќе ти препорачам од слободниот зидар H.G.Wells, The open Conspiracy или New World Order (Книгите не се фикција или нешто слично туку од позиција на масон ги пишува истите). Веќе ако сакаш во вид на фикција што сака да ти каже или прочитај ја The shape of things oto come или гледај го филмот, барем филмот исгледај го. Значи да не испадне нешто антимасонски кажувам, сето тоа си го кажува како слободен зидар што навистина е нивната цел јасно и гласно си кажува. Значи имам едно обично прашање. Зошто толку тајновитост? Зошто цела таа мистика? За пример ќе ти ги дадам англиските масони, погледни ја шаховската табла на подимуот на ложите и шаховската табла на капите на полицајците што ги носат во Англија. Можеш да го видиш влијанието. И значи ќе повторам не се сите масони лоши, напротив повеќето искрено сакаат да помогнат, и за жал тие се само користат како во некои нечии цели. но проблемот е што не ми се свиѓа врвот нивни, не верувам во нивните искрени цели. Имаш една вистина за тие што се прв втор или трет степен и има сосема различна вистина што значи масонството за тие што се 31, 32 или 33 степен. Значи повеќе вистини не постојат, постои само една вистина.Постои само едно знаење постои само една просветенолост или илуминација како што викаат они. Што се однесува дали верувам јас во Господ, да верувам. Но не знам што е тоа толку важно, јас верувам дека патот кон спасението на секој ни е различен.
Поздрав! |
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Gi vidov linkovite sto mi gi posoci i site se so naslovi " Secret Societies" i slicno. Ne bi rekol deka se toa objektivni informacii. Inaku, ti vo sto veruvas? Dali si pobozen? I zosto tolku antigonizam protiv masonite? Se nadevam deka ke mi odgovoris na prasanjata. Pozdrav do tebe ! |
|||
mmomirovski
Сениор Регистриран: 15.Септември.2008 Локација: Tuvalu Статус: Офлајн Поени: 1219 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кралу Давиде, нема потреба од формално обраќање.
1. Не е само Алберт Пајк туку и многу други високи масони од 32 степен во денешено време истото го кажуваат(како за пример ти напишав линк да видиш и да слушнеш) 2. Ме интересира кој се тие антимасонски книги што ти ги кажав. Можеби, Троцки е анти-масонски настроен, од кога тоа? Или можеби веб страницата на Големата Ложа на Македонија е анти-масонска или нивната книга е анти-масонска? Сварно би сакал да ми кажеш. 3. Никој не рече дека сите масони имаат задни намери, напротив, јас би рекол дека можеби 70% имаат добри намери, но проблемот е што тие никогаш не стигнуваат повеќе од 3ти степен во својот живот. 4. Како за пример за "многу, многу добар масон" ќе ти го дадам Џон Дуи, бидејќи тој е тој што е креатор на она што се вика сега модерно американско образование. А гледаме колку тоа образование всушност ефикасно, или можеби и он е масон кој е антимасонски настороен? Дури во 80% од случаевите во врвот на војната со ирак, не не ни знаат каде се наоѓа Ирака на карта, а да не почнам за сопствената нивна држава??? Последиците од тоа, колку за референца ќе ти препорачам да ја прочиташ the deliberate dumbing down of america од Charlotte Thomson Iserbyt - (Учесничка во 80-тите во креариањето на политиката за образование)Постара советинчика на пандан што би било кај нив она што е кај нас министерство за образование -"Department of Education" Изменето од mmomirovski - 23.Јуни.2010 во 16:26 |
|||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Kako prvo, jas ne sum sloboden zidar gospodine mmomirovski. No, jas ja sakam vistinata pred se, pa zatoa ke kazam nekoi raboti sto jas gi znam. Kako vtoro, znam za citatite za Lucifer koi protivnicite na masonite gi vadat od kontekst , toa se odnesuva posebno za knigata na Albert Pajk,Moral i Dogma, vo koja licno jas go vidov citatot kade sto Pajk se izrazuva za Lucifer vo negativna smisla, a protivnicite na masonite go izvrtuvaat demek toj go velica Gavolot, ne citajki do kraj sto saka da kaze pisatelot. Kako treto, sakav da kazam vo mojot prethoden post deka tvoite izvori se antimasonski i ne moze da ocekuvas realno glediste i pozitivna ocenka od lugje sto baraat senzacii i sakaat da zarabotat golemi pari pisuvajki na temi kako sto se svetski zagovori, alternativni istorii , vonzemjani ... Vidi ja listata na poznati masoni, pa ke vidis kolku tie lugje pridonele vo naukata, umetnosta, medicinata, obrazovanieto itn. Povekjeto vodecki iminja vo ovie oblasti bile masoni. Ima edna lista od zidarski vo prethodnite strani na poznati masoni. Znaci, dobro e da se informiras izvorno od masonski knigi , da ja slusnes i drugata strana, pa posle da doneses zaklucok. Pozdrav ! |
|||
Внеси реплика | страница <1 56789 62> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |