|
ХРИСТИЈАНСКО РОДОЉУБИЕ??? |
Внеси реплика | страница <1 56789> |
Автор | ||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дешад - без лични расправии со членови на форумот!
Многу ми е јасно каква е ситуацијата, но во конкретниот пост не се обрати кон никого конкретно. Има веќе две опомени, кај да е, ќе заработи бан. Не се вмешувај ти во непотребни лични квалификации. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нека е мир и над тебе чедо Божје, ама морам да признаам дека многу тешко ги разбирам твоите излагања.
Да, се согласувам по однос на Исусовите збориви дека Последните ќе бидат први и обратно...
Да, некои незнаејќи и ангели пречекаа дома, некои незнаејќи и пророци убиваа, но никој не рече овде дека некој е лош или добар сам по себе, ниту пак некој спомна нечија нација и вера, па ензнам зошто ги споменуваш македонците муслимани овде?
Мислам, навистина ми е конфузно ова се, но ако ти сметаш дека не треба ад се брани човек го почитувам твојот став.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Оф топик,чкрабаници.
Изменето од deshad - 02.Август.2008 во 00:51 |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зборуваме за две различни работи Спирос...
Сите примери кои ти ги даваш се индиректни. Се однесуваат или на закана врз сопствениот живот (тоа го исклучивме од дискусијата) или закана врз имот, но не во твое присуство (дури и да е во твое, сепак - друго е прашањето). Ако твоето семејство е до тебе, некој почне еден по еден да ги убива, а ти лично имаш можност да го спречиш, дали ќе го убиеш/повредиш или не? Многу едноставно - да или не. Вака се вртиме во словесност која убаво звучи, ама не содржи конкретни елементи. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Варнава делува со оружје и на насилство со насилство, а ХРИСТОС нема потреба од тоа, бидејќи Тој и Неговите се одозгора! Да се потрудиме тие новопечените да не бидат од оние последнине што ќе станат први, ...! Два пати ми влегуваат и ме крадат Марија, од луѓе што со мене леб јале (што се вика) и поради нејадење на свинско месо, правоверци се правеле. Господ нека ги благослови сите луѓе со Духот Негов Светол! П.С. Со ова несакам да речам дека сите арабизирани граѓани на македонија се исти и лоши,а сите другите добри! Кој луѓето како Исус ги љуби Има многу голема фамилија Ирод Св. Јована го уби Неверувајќи, незнаејќи дека е Св. Илија! СРЕЌЕН ИЛИНДЕН на сите ЧЕДА на Мирот БОЖЈИ! . Изменето од zidarski - 02.Август.2008 во 00:28 |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Токму за ова зборував претходно Мистер... Многу убаво срочено - нека сите да го имаме во предвид. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па на ова прашање и нема што да се одговори, мислам дека се вртиме во круг но дека сме тука некаде. Да марија тоа е тоа Џихадот во форма на одбрана е Џихад. Се што се прави со цел да се оствари индивидуален бенифит не може да биде џихад затоа што за тоа има норми и правила во исламот. Тука ги ставам терористичките групации меѓу кои и некои кои се под закрила на некоја “света војна“ кои денес здружени со големите “светски полицајци“ прават се само да дојдат до подобар живот за себе. Марија погоре ти си се цитираш себеси но еден дел поради кој јас ти возвратив со контра примери не си цитирала. Тоа е делот каде што ги поврзуваш бомбашките напади. Се надевам дека за споредба ти дадов добри примери и дека сега сме начисто по ова прашање. Сега да продолжиме и да пробаме да ги “закопаме секирите“ и на другите теми. Мислам дека треба да заочнеме да зборуваме повеќе за луѓето како индивидуи а не како припадници на една или друга религија и тогаш ќе можеме реално да обвинуваме или да оправдуваме некои наши постапки Во секоја вера, секој народ дури и во секое друштво има различни луѓе, добри и лоши, убави или помалку убави. Да не се носиме во ситуација да ги обвинуваме сите поради постапките на поединци. Се пробаме да го искорениме лошото или истото да го направиме добро онаму каде што добрината не допрела. Ова е суштината на џихадот, на родољубието или наречетего како што сакате вие. Изменето од misterX - 01.Август.2008 во 10:39 |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Спирос, јас ја сфаќам твојата вдаховненост за која мислам дека знам од кој извор потекнува.
Не е вистина дека на мене и тие со такви размислувања нешто друго ни е поважно, напротив. Јас сум против сите војни и страдања и за тоа често пишувам на овој форум каде сите имаме право да си кажеме што мислиме-без да ги наметнуваме своите ставови на другите.
Што ми го споменуваш сега Варнава?
Ако ти влезе вооружен крадец во домот нела ли да го браниш своето семејство?
Отвори го умот и срцето и ќе видиш дека нештата не се така бели-црни како што некои новопечени заедници ги проповедаат..
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи треба да се спротиставиме на злото но не со оружје туку со оружјето на ЕВАНГЕЛИЕТО ХРИСТОВО. Добро ама како да се однесуваме ако некој пробува да те врзе, ограничи, уништи (а во нашиов случај на пример да те банира)?
Значи ова што предмалку го проповедаш дека на злото треба да му се спротиставиме, сега неважи? Еве конкретен пример. Постојано бараат да се продаде Христијанска куќа. Христијанинот вика: Не! Тие пак. Тој пак: Не! ... Тие (граѓани со други вредносни системи) му ја рушат куќата. Тоа се случува во држава со мнозинско „христијанско„ население. Сторителот (со најславното арабско име) се моли пет пати на ден. Оџата негов секојпат кога повикува да се моли истовремено го негира ЕВАНГЕЛИЕТО ХРИСТОВО. После тоа слуша дека и дрвјата во ливадата на дедоми му ги исекле комшиите, помеѓу кои и две бели црешни! Што да се каже?Фален и Славен да е ГОСПОД! Има само еден ПАТ по кој човекот стигнува во РАЈ, како на небото така и на земјата. Тој ПАТ има име ИСУС! |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ок... не го критикувам тој став - секој си има свое видување...
Но од друга страна е многу опасна идеја... затоа што тоа значи кога на пример нацистите ќе решат да убијат 6 милиони евреи затоа што не ги сакаат, ние само да се помолиме, и да не направиме ништо конкретно околу тоа. Вакви примери можам милион да наведам, само од последните 100 години. Јас лично не се согласувам со тоа. Затоа што Бог не дарил со способност да рассудуваме и да разликуваме добро од зло. И кога ќе видиме зло, треба да го спречиме, на начин на кој што можеме. Христос се пожртвува за нас, а не отиде на крстот затоа што немаше друг избор! Тој свесно направи жртва за нас. Тој го положи својот живот, за ние да живееме и за нашето проштевање. Кога ние му дозволуваме на злото да се шири и да завладува, не се жртвуваме, а напротив - му се предаваме. Жртва би било обратното - да се спротивставиш на злото - онака како што можеш, знаеш и умееш и со сите средства кои ти се на располагање. Затоа што инаку - треба она што го квалификуваме како добро во овој свет само да се препушти на смртта и да го остави светот во рацете на злото. Бог сепак не создава за да го градиме овој свет, за да допринесуваме кон Неговата творба, и да се спротивставиме на злото, а не за да молчешкум ја чекаме смртта. Но ова е само мое мислење... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Би паднал на колена пред ГОСПОДА, би го молел да ми прости што несум доволно верувал во неговото ЕВАНГЕЛИЕ и додека сум имал можност да ја раширам таа РАДОСНА ВЕСТ да ги додирне срцата на сите неверници, не сум го сторил тоа.
Кога би верувал доволно, би имало помалку убијци. Барем еден помалку! |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Воопшто не зборувам за лична одбрана во случајов!
Прашањето е конкретно - ако гледаш дека се убива друг човек, како реагираш, ако знаеш дека можеш да го спречиш? Дали е поголем грев да го спречиш или да не го спречиш убиството, и со тоа да учествуваш во него? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не можам да гарантирам дека моето тело нема да реагира на нехристов начин.
Единствена гаранција е кога НЕГОВИОТ ДУХ потполно ќе царува во мене. Пред кратко во турција беа злосторнички убиени тројца браќа, чеда Христови. Еден германец и двајца турци. Ниту еден однив не се бранеше! Изменето од spiros - 01.Август.2008 во 07:29 |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи како и до сега - ќе се вртиме во круг и нема да има конкретен одговор на многу едноставно прашање...
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
Внеси реплика | страница <1 56789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |