|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 56789 97> |
Автор | ||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
A kade vide ti deka moite razmisluvanja i pishuvanja se preokupirani so pravoslavnoto hristijanstvo??? Jas napishav deka sekoj ima garantirano od Boga slobodna volja da odbere svoj nachin i pat da mu se pokloni Nemu, pa ako saka mozhe da se izolira vo samica i na Himalaite. Ako nekoj smeta deka odbegnuvanjeto na Bozhjite cheda, kako vrvna Bozhja kreacija, pretstavuva priblizhuvanje kon Boga, togash neka mu bide tokmu taka. Tuka ne gledam nikakov problem so chovekoviot sloboden izbor. Onoa shto mi pagja vo ochi e chovekovata voobrazenost koga svojot izbor go promovira kako "najispraven" nachin na opshtenje so Boga, kako i chovekovata prelest vo otvorenoto ili pritaenoto sebevozdiganje poradi toa. |
||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Објасни ми зошто ја расцепка оваа реченица? Да треба да оставиме, но не и да отидеме во манастир.
Извини ама тоа не е твој проблем. Бркај работа. Ти не си компетентна мене да ме судиш јасно? Изменето од Rita.MD - 24.Март.2010 во 11:45 |
||||||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Ете тука е твојата грешка. Ти мислиш дека брак и монаштво се антоними, две спротивни состојби на брачниот статус. Но не е така. Човек може да биде и остане девственик (неженет, немажена), а сепак да не се замонашува. Јас познавам доста вистински христијани кои одбрале да не стапат во брак, а сепак не се замонашиле. Така што изборот не е брак или монаштво, туку: ќе служиш храбро во светот или кукавички ќе се замонашиш во манастир? Христос не повикува на првото и ни го гарантира Светиот Дух Кој ќе ни даде сила храбро да служиме во светот, додека католицизмот, православието, будизмот итн. учат монаштво. Како што знаеме од житието на Јован пустиникот, во православието е доблест човек да си ја остави својата мајка, да отиде во пустина, да се пикне во сув бунар и таму да бдее со додека не пцовиса. Но ова во христијанството е лудост, крајна безумност и спротивно на Божјите заповеди. Да не го спомнувам пак оној монахот Симеонн Столпникот кој своето монаштво го отслужувал качен на столб и стоејќи таму на една нога (Божји повик?). Ова нема врска со неженство или девственост, ова е сосема друга работа. Затоа сметам дека не треба да се мешаат овие две работи. |
||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Ова твоево со „Христијанскиот повик“ прв пат го слушам. Каде и од кого го прочита тој израз? И како тоа нема врска со „библискиот Бог“? Во која смисла? Нели сите твои тврдења беа срушени!?
Точно дека може на Господ да му бидеш предан и без замонашување, тоа никој не го спори. Човекот може да биде христијанин и во брак и во монаштво. Но, оној кој што ја чува својата девственост, сепак, Светото Писмо кажува дека повеќе се грижи за Господови работи, отколку оној што е во брак: 1 Коринтјаните 7: 32-34 Неженетиот се грижи за Господовите работи, - како да Му угоди на Господа; а женетиот се грижи за световните работи - како да и угоди на жената. Постои разлика меѓу жена и девојка; неомажената се грижи за Господовите работи - како да Му угоди на Господа, за да стане света со телото и духот; а омажената се грижи за световни работи - како да му угоди на мажот свој.
Грешка си, Бог бара, ако сакаме да бидеме совршени, да оставиме се’ во овој живот. Читај го Евангелието подобро и редовно.
Ајде, Рита, не туку повторувај ги вашите „јаки аргументи“ кои беа срушени. Последно:
Кажи ми, како ти го проповедаш Евангелието? Нели се сметаш за Негова следбеничка? Кому до сега го имаш проповедано Евангелието, на колкумина, каде, како?
Се прашувам што треба да ти означува овој коментар. Дали треба да го сфатам како нешто симптоматично – насочен кон православните христијани? Доколку се однесува до нас, православните, мислам дека ако ја читаше целата тема за монаштвото од почеток, ќе видеше дека ние (пред се’, тврдам за себе), велевме дека и монаштвото, како и бракот, се благословени од Бога и дали брак или монаштво - тоа е право на избор кој Бог го дал на Неговиот верен народ, додека единствен аргумент на Евангелос и компанија беше дека монасите се „изолирале од светот“ и дека не го проповедале Евангелието, што јасно беше разобличена нивната клевета и на првите неколку страни од темата, како и на последните две страни.
Изменето од Maran Ata - 24.Март.2010 во 05:29 |
||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Tokmu taka.
Sekoj ima slobodna volja da pravi so svojot zhivot shto saka, no da go promovira toa kako edinstven ispraven pat do Boga ne e vo red. Monashkiot zhivot ne e unikaten za hristijanstvoto, kako shto toa ne e edinstven nachin na posvetuvanje kon Boga. Postojat razni nachini da se pokloni i da se bakne zemjata. P.S.
Ti blagodaram na vnimanieto i zabeleshkata za moeto otsustvuvanje. Posvetiv nedela dena na meditiranje i spodeluvanje iskustva so drugi lugje od razlichni delovi na svetov. Zabelezhiv ogromen kvalitativen skok vo opshtata prosvetlenost kaj lugjeto i toa beskrajno me raduva. Se chuvstvuva svezh i blagoroden spirtualen veter koj preporoduva s'e povekje chovechki dushi. Ako se prodolzhi so ovoj intenzitet, ochekuvam da dozhiveeme dostiganje na kritichnata tochka ushte za vreme na nasheto materijalno bituvanje vo ovoj svet. Ne ochekuva golemo i bleskavo preporoduvanje i toa kje pochne od dolu, od temelite na chovesthvoto. |
||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Se soglasuvam deka sekoj ima slobodna volja da go zivee zivotot onaka kako sto saka i misli. Ne e nase da sudime. Mozeme da dademe odredeno mislenje,koe ne mora da znaci ni deka e najtocno ni najispravno. Inaku, monasi ima i vo drugi religii kako Budizmot, Hinduizmot, Sintoizmot,itn. ne samo vo Pravoslavieto i Katolicizmot. P.S. Offtopic: Kaj si brate messi, se zagubi nesto, pocnav da te mislam. |
||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Sekoj ima slobodna volja da pravi so svojot zhivot shto saka, no da go promovira toa kako edinstven ispraven pat do Boga ne e vo red.
Nikogash ne sum imal nishto protiv nekoj da se odredi za monahski zhivot, no da go promovira toa kako edinstveno i potpolno posvetuvanje na Boga smetam deka e ili prelest ili nerazbiranje na neshtata. Bog ja sozdade Eva za Adam, Bog im poracha na lugjeto da se ljubat i da se mnozhat na zemjata. Toa e Bozhjata volja i Bozhjiot plan, a nekakva satanska rabota. Posvetuvajki se na Bozjhata volja nie zhiveeme so Boga i vo Boga. Sekoe otstapuvanje od nego so nash*te chovechki interpretacii ili teoloshki konstrukcii ne e Bogoljubiva rabota. Ako beshe Bozhjata volja lugjeto da mu se posvetat Nemu ultimativno preku monashki zhivot, togash Toj toa kje go vrezheshe vo kamen. Namesto toa Toj vrezha "pochituvaj gi svojot tatko i svojata majka...", "ne kje preljubodejstvuvash..." i "ne kje ja posakuvasj zhenata na svojot blizhen...". Od ovie tri neshta jasno e shto saka Bog od nas. |
||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Едно е да останеш стар ерген (или стара мома), а сосема друго е да велиш дека "сакаш да му го посветиш животот на Бога" и да се замонашиш. Да му бидеш посветен, предан на Господ е можно и без замонашување. Бог никаде не бара од нас ние да оставиме се во овој живот и да отидеме во манастир, да се изолираме од светот, туку да се одречеме од материјалното, од се она што не оддалечува од Него и да бидеме Негови следбеници и сведоци, проповедајќи го Евангелието "...се до крајот на Земјата" (Дела 1:8). Целибатот и замонашувањето не е никаква гаранција дека ти 100% ќе му бидеш посветен на Бог. Ќе треба да зјапаш во черепи, да молзеш крави, да правиш бројаници, да целиваш икони... сепак мал дел останува за Бог (условно кажано). Башка да не зборуваме за искушенијата кои следат со тоа. Ти можеш да не се омажиш/ожениш, да немаш сексуални односи, тоа е сосема во ред, но да се затвориш во некојси манастир не е правилно. Лесно е да ставиш мантија, да се заветиш и сите да те почитуваат како свет/а, но ајде не ја носи мантијата и соочувај се со искушенијата и со потсмевите на другите, а остани му верен на Бог. Изменето од Rita.MD - 23.Март.2010 во 15:08 |
||||||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Maran Ata, јас немам ништо против монасите, било да се тоа будистички, хиндуистички или православни монаси. Јас имам само против тоа што нивното замонашување вие го нарекувате „Христијански повик“, затоа што Христос никаде не повикал такво нешто.
Сосема е во ред доколку на некој човек му дошло преку глава од светот, да се тргне од него. Но нека не го нарекува тоа христијански повик, затоа што тој подвиг нема врска со библискиот Бог. |
||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||
NikBT90
Нов член Регистриран: 21.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
(1Коринтќаните7:36-38)
Но, ако некој мисли дека не може да владее со своите полови нагони и дека за него е најдобро да стапи во брак,особено ако не е повеќе во цутот на младоста, нека прави што сака, не греши. Но, ако некој во своето срце одлучил да ја зацува својата девственост и нема потреба да стапи во брак, туку има власт над себе и во срцето цврсто го одлучил тоа, добро прави. Значи, кој одлучил да се откаже од својата девственост и да стапи во брак, добро прави, но кој одлучил да ја зачува својата девственост и да не стапува во брак, прави уште подобро. --- Еве каде пишува за тоа дали човек треба да се замонаши или не. Инаку апостолите не биле монаси, а овие монасиве денешни тешко ќе да се апостоли.--- |
||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Tвојата единствена „библиска“ аргументација против монаштвото беше дека не го проповедале Евангелието на луѓето. Ама со овие практични примери, свесен си дека се’ ти паѓа во вода, па почнуваш од завист и инает да „оценуваш“ дека филмов е измислица, за на крај, немајќи што да кажеш, да изјавиш дека немаме библиска поткрепа за монаштвото?! Дечко, дај малку пореално! п.с. всушност, ако го земеме во обзир само документарецот (оставајќи ја настрана информацијата дека Валаам годишно е посетен од 120 000 верници), излегува дека отец Михаил го проповеда деноноќно Евангелието на 140 деца (сега во моментов се околу 250), 90 монаси и 65 монахињи, што вкупната бројка е повеќе од 400 души. Па вие, во вашата заедница, не 400, туку немате 100 души во живот видено на едно купче! |
||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Се чудам како не ти ја избришале поракава која просто БЛИКА од ЕПТЕН ОГРОМНО познавање на христијанството и монаштвото. Али ако нека стои како монумент на твоето ептен длабоко познавање на христијанството. ИСЛАМОТ е izmislicaaa lagaa pogolema zdravjee... Како ти звучи оваа реченица?! мене ми се свиѓа |
||||||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Повеќе од 120 илјади поклоници и туристи оваа година го посетиле Валаамскиот манастир - соопшти Михаил Шишков, прес-секретар на игуменот на обителта Епископот Троицки Панкратиј. Во недела, на 13 декември, манастирот одбележа 20-годишнина од своето возобновување. На овој ден Руската Црква го празнува свети Андреј Првоповиканиот, со чиешто име се поврзуваaт преданието на манастирот и дрвната историја на овие места, кога апостолот стигнал до Ладожско езеро, а потоа до Валаам, каде што со крст ги благословил горите на островот. Манастирот на Валаам бил основан во 14 век од преподобните Сергеј и Герман. Тој ја преживеал окупацијата од Швеѓаните во 18 век и Финците во 1919 година. После тешки борби во септември 1941 година островите биле предадени на непријателот и ослободени од советските војски дури во 1944 година. Прво тука постоело училиште за капетани на бродови, а потоа – дом-интернат за воени инвалиди, а подоцна –туристичка база. Возобновувањето на обителта започна во 1989 година: ноќта помеѓу 13 и 14 декември на островот пристигнале првите шестмина монаси. Денес во братството има 160 луѓе, од кои дел живеат во самиот манастир, дел – во скитови, а исто така во метосите, кои припаѓаат на Валаамскиот манастир. Извор: МПЦ Изменето од Maran Ata - 22.Март.2010 во 03:51 |
||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||
el_kevser
Сениор Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
monastvoto e izmislicaaa lagaa pogolema zdravjee,
|
||||||||||||
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 56789 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |