IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака Обратен редослед
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2007 во 15:22
Pa?
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2007 во 14:26

Минав низ клисурата. Иако беше рано, беше мошне топло. Мора да й  беше топло и на старата Арапка која седеше под дрвото близу до карпите зад кои беше Сирија; таа ме повика со рапавиот, изнемоште глас:

Синко, ќе й  дадеш ли голтка вода на старицата?“

Ја однесов својата свежо наполнета матарка и й ја дадов. Лакомо се напи, а потоа ми ја врати велејќи:

Бог нека те благослови, нека Тој те чува и нека те води каде што срцето ќе ти посака.“

Благодарам мајче, не сакам повеќе од тоа“. Кога се свртев и погледнав во неа, видов дека усните на старицата се мрдаат како при молитва и почувствував чудно воодушевување.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2007 во 09:39

Библиотекарот, млад мекански научник со кого однеодамна се спријателив, ме претстави на принцот. Тој се ракуваше со мене; а кога му се поклонив, тој лесно ја крена мојата глава со неговите прсти и на неговото лице огреа топла насмевка.

Ние од Неџд мислиме дека човекот не смее да се поклонува пред човек, тој треба да се поклонува само пред Бога во намазот (молитвата).“

Изгледаше љубезно, замислено и по малку воздржано и срамежливовпечаток кој се потврди во подоцнежните години од нашето познанство. Неговото благородничко однесување не беше наместено; тој изгледаше небаре тоа зрачи од него. Додека тој ден разговарав со него во библиотеката, ненадејно почувствував силна желба да се сретнам со таткото на овој младич.

Кралот би бил задоволен да те види“, рече емирот Фејсал. „Зошто го избегнуваш?“

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2007 во 09:34

Се појави древната тврдина на Румели Хисар со две кули; еден од нејзините запчести ѕидови стрмно се спушташе речиси до работ на водата; на копното, меѓу полукруговите формирани од ѕидовите на тврдината, лежат сонливите мали турски гробишта со урнати надгробни споменици.

Можеби е така, оче Феликс. Но јас чувствувама тоа го чувствуваат и многумина од мојата генерацијачувствувам дека има нешто погрешно во правењето разлика меѓубитнотоинебитнотово структурата на човекот и во разделувањето на духот и на телото... накусо, не можам да се согласам со вашето негирање на секоја оправданост на физичките потреби, на телото, на судбината врзана за земјата. Мојата желба оди во друга насока: јас сонувам за форма на животиако морам да признаам дека тоа сè уште не го гледам јасново кој човекот, со дух и со тело, би се стремел кон сè подлабокото и подлабокото исполнување на своето Јасво кој духот и сетилата не би биле меѓусебни непријатели и во кој човекот би можел да постигне единство во себеси и со смислата на својата судбина, за на крајот на своите денови да може да рече: ‚Јас сум мојата судбина.‘“

Тоа бил хеленистички сон“, одговори отецот Феликс, „а каде водел тој? Прво до орфејските и дионисиските мистерии, а потоа до Платон и до Плотин и така, повторно, до неизбежното сфаќање дека духот и телото се меѓусебно спротивставени... Да се ослободи духот од доминацијата на телото: тоа е смислата на христијанското спасение, смислата на нашето верување во Господовото саможртвување на крстот...“ Овде тој се прекина себеси и се сврте кон мене гледајќи ме со проникливост: „Ох, јас не сум секогаш мисионер... простете ми ако ви зборувам за мојата вера, која не е ваша...“

Но јас немам никаква“, го уверував.

Да“, рече отецот Феликс, „знам, недостигот од вера, или подобро кажано, неспособноста да се верува, е главната болест на нашето време. Вие, како и многу други, живеете во илузија која е стара илјадници години: илузија дека самиот разум може да им даде насока на човековите настојувања. Но разумот не може самиот по себе да го достигне духовното спознавање затоа што тој е премногу преокупиран со достигнувањето на материјалните цели; верата, и само верата, може да нè ослободи од таквата преокупираност“.

Верата...?“ Запрашав јас. „Вие повторно го спомнувате тој збор. Постои една работа што не ја разберам: велите дека е невозможно само со разумот да се дојде до спознанието и до праведниот живот; велите дека е потребна вера. Сосема се согласувам со вас. Но како да достигнеме вера ако воопшто ја немаме? Има ли каков и да е пат до неамислам отворен пат по наша волја?“

Мил пријателусамата волја не е доволна. Патот се отвора само со Божјата милост. Но тој секогаш е отворен за оној што од длабочината на својата душа се моли за просветление“.

Да се молам! Но ако сме во состојба да го правиме тоа, оче Феликс, тогаш веќе имаме вера. Вие ме водите во круг, бидејќи ако некој моли, тој веќе мора да биде уверен во постоењето на Оној кому му се моли. Како дошол тој до ова уверување? Со својот разум? Зар ова не би значело да се признае дека верата може да се постигне со разумот? А освен тоа, може лимолитватада му значи нешто некому кој никогаш немал такво искуство?“

Свештеникот ги крева рамениците со жалење, како што ми изгледаше мене: „Ако некој не бил во состојба самиот да го доживее Бога. Тој треба да дозволи да го водат оние што Го доживеале...“

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2007 во 09:28
Би сакал да ви постирам дел по дел од една прекрасна книга, неодамна преведена на македонски јазик.
 
ПАТОТ ЗА МЕКА од Мухаммед Асад (Леополд Вајс)
 
 
Со ова сакам да споделам една убавина која навистина вреди да и се посвети време.
 
Се чита речиси во еден здив, иако изобилува со страници.
 
Некои од вас ја имаат, а за оние кои ја немаат, повелете:


Изменето од connected - 26.Декември.2007 во 20:07
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.