|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика | страница <1 6566676869 113> |
Автор | |
PucvalkaTaa
Нов член Регистриран: 04.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako mozi nekoj da najdi nesto za :
1.Parite moralno go unistuvaat covekot ( Onore de Balzak -Cicko Gorio) 2.Bez moral nema covek ( Rodion Raskoljnikov) hitno mi e .. vi blagodaram od napred :) |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13931 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,,dodeka mlatish prazna slama so nas tuka ,,,,do sega ke go napisheshe tekstot,,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
toma4e
Нов член Регистриран: 01.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да |
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nemoj be so filozofii tukake gi zbunis
|
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
toma4e
Нов член Регистриран: 01.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13931 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,,,tekstot ti se sodrzhi vo toa shto si dozvolil da bide ,,,,itno,,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
toma4e
Нов член Регистриран: 01.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Decki dali mozi da mi napisite sostav na temata vlijanieto na opstestvoto vrz mentalniot razvoj na licnosta ITNO E!!!!
|
|
toma4e
Нов член Регистриран: 01.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Decki dali mozi da mi napisite sostav na temata vlijanieto na opstestvoto vrz mentalniot razvoj na licnosta ITNO E!!!!
|
|
zaza120
Нов член Регистриран: 01.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИЛИЈАДА Дали постои човек кој го достигнал својот врв, својата кулминација со својата јуначка сила, со мудроста и добрината? Човек кој е чесен, предан на својата нација, човек кој претставува исклучок во општеството? Размислувам, прашувам, но како одговор го добивам ехото на тишината. А во моите раце стои ТАА - нејзиното височество. Еп над еповите, дело над делата пренесувана од колено на колено, од генерација на генерација, од античко време, па се до денес. Ја гледам и и се восхитувам, но малку сум вчудоневидена како воопшто слепиот Хомер го создал тоа врвно дело на човечкиот мозок. Илијадата е најовршената епопеја за сите народи и сите времиња, а темата се врти околу еден единствен настан - Тројанската војна. Вистинскиот мотив на оваа композиција односно душата на ова дело е гневот на главниот јунак (Ахил), а дејствието кое што е опеано од караницата помеѓу Ахил и Агамемнон, па дури до предавањето на мртвото тело на Хектор на стариот Пријам, се случува 51 ден од последната односно десетта година од Тројанската војна. Ахил, јунак од чиј поглед и глас Тројанците како исплашени срни бегаат и се плашат да не го предизвикаат она кај него што се нарекува ГНЕВ. Тој е млад, со огромна количина горделивост, жестокост кон непријателот, одмаздливост и огорченост. Тој се вознемирувал од неправда, им се восхитувал на пријателските односи и умеел да ги совлада гневот и омразата кон непријателот. Но сепак во неговиот карактер како непровидна нишка се вметнуваат и особините на великодушен. Дрскиот Агамемнон му ја одзел најубавата и најсаканта Ахилова робинка (што Ахил ја добил како дар кога го зазел градот Лирнес) како замена за Хрисеида, а кај Ахил предизвикал силен гнев и омраза. А Ахил гордиот син на музата на морето Тетида и смртникот Пелеј се повлекол од бујното поле. Тој ѓаволствен младич со ангелско срце. Тоа божество потклекнува пред препреките на судбината. Поради неговите одлуки умираат многу луѓе, меѓу кој и неговиот пријател Патрокле прободен од Хекторовото копје. Гневот кај ахил станува се поголем и поголем, а на неговата омраза и нема крај. Хектор е одважен и чесен борец, добар син и мил татко, нежен сопруг и гордоста на Троја, кој без да размисли за последиците се впушта во двобој со Ахил, плашејќи се за својата татковина односно за родната грутка која ќе биде понижена од грчката рака. Победник во двобојот е Ахил, но и така неговата одмазда не се задоволува. Го врзува избоденото тело на Хектор за неговата двоколка и врти околу ѕидините на Троја за тројанците да го видат овој немил настан. Откако му здосадува оваа игра на одмазда, Ахил се повлекува во својот шатор и ветува дека телото на Хектор ќе го фрли како храна на педовите, со што ја покажува својата себичност и алчност. Но тогаш доаѓа стариот Пријам во шаторот и го моли на Ахил да му го предаде мртвото тело на Хектор за да го исплаче и погреба со сите почести. Каменото срце на Ахил непопушта, но кога Пријам ќе го потсети на љубовта кон својот татко, тој ќе се расплачи и ќе му го предаде телото. И до ден денешен Ахил претставува симбол на човечноста. А ако некогаш човештвото сакало да создаде идили на храброста, мудроста и љубовта тогаш сигурно би бил Ахил. eve ti za Ilijadata jas vaa a pisev 5 a izvadiv Изменето од zaza120 - 01.Ноември.2012 во 15:30 |
|
zaza120
Нов член Регистриран: 01.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Декамерон „Декамерон“ претставува заокружена збирка раскази кое авторот го постигнал со воведниот дел, односно „Уводната новела“. (Всушност, единствена здодевна е токму воведната новела ) каде Бокачо го прикажува својот концепт на збирката. Имено, за време на големата чума во Фиренца, група млади луѓе (7 жени и 3 мажи) се засолнуваат во една куќа (се повлекуваат во карантин) и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават. Во текот на тие десет дена, сите десетмина, секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема (10 X 10 = 100). Затоа збирката содржи 100 новели. Според темите тие се поделени на: 1 ден - нема одредена тема - кралица е Пампинеа 2 ден - неприлика со среќен крај - кралица е Филомена 3 ден - за двомислени луѓе - кралица е Немфиле 4 ден - за несреќната љубов - крал е Филострат 5 ден - за среќната љубов - кралица е Фијамета 6 ден - за оние кои биле итри и досетнно се спасиле - кралица е Елиза 7 ден - за жените кои го изневериле мажот - крал е Дионес 8 ден - исмејувањата на мажите од жените и обратно - кралица е Лаурета 9 ден - слободна тема - кралица е Емелија 10 ден - за правилните постапки - крал е Помфил Во „Декамерон“ се прикажани многу настани, ликови и случки. Освен според деновите, како што ја направил поделбата самиот Бокачо, новелите може да ги поделиме во неколку групи. Во првата група може да ги ставиме кусите новели со остромни изреки. Такви се, на пример, новелите: „Итрината на Кикибио“, „Форезе и Џото“, „Франческа и огледалото“ и др. Во „Итрината на Кикибио“, слугата Кикибио итро се снаоѓа кога неговиот господар ја бара ногата од жеравот што бил приготвен за вечера, а кој претходно го изела жената на Кикибио. За да ја докаже својата невиност, утредента Кикибио и неговиот господар отишле да ги видат живите жерави и да се убедат дали имаат една или две нозе. И навистина, додека спиеле жеравите стоеле на една нога, и Кикибио го имал својот доказ. Но, тогаш, неговиот господар извикал „хо, хо“ и ги разбудил и растерал жеравите кои ја испружиле и другата нога. Збунетиот, и фатен во „небрано“ Кикибио, веднаш се снашол и рекол дека господарот синоќа не викнал „хо, хо“!, па затоа жеравот од трпезата не ја покажал својата друга нога. Во втората група се новелите каде се прикажани големите добродетелства, како на пример во новелите: „Маркизот од Салуцо“, „Приказна за соколот“ и др. Во новелата „Маркизот од Салуцо“, издржливоста, покорноста и достоинството на сиромашната селанка Гризелда која ја зема за жена маркизот од Салуцо не може да се спореди со карактеристиките на ниедна благородничка. Неговото изживување и искушување ја превршува секоја мерка (и ги одзема децата, кои божем ги убива; по многу години ја брка од куќата велејќи и дека ќе се жени за друга), но таа достоинствено истрпува сè. На крајот таа ја добива наградата - љубовта и почитувањето од својот маж и од сите луѓе. Во „Приказната за соколот“ , исто така, љубовта и достоинството го креваат главниот лик до совршенство. Неговата жртва за љубовта доведува на крајот до остварување на таа љубов, токму поради неговите добродетелства. Во третата група спаѓаат љубовно-еротските новели како: „Босилокот на Изабета“, „Славејчето“ и други. Љубовта што ја чувствувала и ја остварила Изабета е многу овоземна. Таа го сака и остварува физичка љубов со слугата Лоренцо, но, за жал, таа завршува трагично, поради моралните норми кои ги поставиле општеството и нејзините браќа. Како и да е, таа останува верна на единствената љубов во нејзиниот живот, без разлика што бил од друг сталеж. Исто така, Катарина и Ричардо од новелата „Славејчето“ ја остваруваат својата љубов. Многу суптилно еротски Бокачо прави компарација со „славејчето“ и еротската љубов што ја чувствуваат двајцата млади. Рушењето на бариерите во однос на класата на која и припаѓале е многу присутна во новелите на Бокачо. Селаните можат да бидат со благороден карактер и поради тоа да бидат еднакви со богатите. Таа граница која во средновековието била непробојна, кај Бокачо веќе се руши. Според него, човекот е човек, без разлика на кој сталеж му припаѓа. Во четвртата група спаѓаат новелите во кои Бокачо ги критикува ниските човекови нагони, а особено ги разобличува свештениците. Ја опишува нивната алчност, нечесност, злоупотребата на религиозноста и суеверието на неукиот народ за своја полза. Таков е, на пример, фра Чиполо кому Бокачо му ја разоткрива лажната светост и лицемерието. (Сличен пример ќе видиме подоцна кај Молиер и „Тартиф“). Бокачо им се потсмева на свештениците кои едно зборуваат, а друго прават, кои проповедаат воздржаност од физичка љубов, а самите се развратни. Иако „Декамерон“ има забавен карактер, сепак, во него Бокачо реално го претставил италијанското предренесансно општество во 14. век. |
|
zaza120
Нов член Регистриран: 01.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
многу е убаво напишано и јас го напишав ова на писмената состава и ја извадив 5 благодарение на вас
|
|
eci.19
Нов член Регистриран: 01.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги замолувам членовите на овој Форум ако можат да ми најдат некоја комедија Драма т.е ако успеат да ми најдат текст од комедија што мислат дека е добра и линковите да ги остават во коментари или во порака. Ви благодарам однапред. :)
|
|
Andrejko
Нов член Регистриран: 31.Октомври.2012 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mi treba analiza na pesnata Teskoto - Blaze Koneski Ve molam ako mozhe da mi pomognete(Стилски фигури;мотив;рима;литературен род и вид)
ЛИНК-http://mk.wikibooks.org/wiki/%D0%A2%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE_%E2%80%93_%D0%91%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B5_%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8 Изменето од Andrejko - 31.Октомври.2012 во 17:32 |
|
Внеси реплика | страница <1 6566676869 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |