![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6566676869 138> |
Автор | |
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Си беше еден човек кој имаше голема моќ. Можеше да ја легне која сака. Долго време ја користеше таа моќ. Ниедна не можеше да го одбие.
Еден ден ја сретна жената од неговиот сон за која долго фантазираше. Но таа беше туѓа. Не сакаше да ја користи неговата моќ. Но таа не го забележуваше и покрај сите негови напори. Не сакаше да ја користи моќта, дури се заколна дека и ако не биде негова, нема да дозволи ниедна женска рака да го допре и дека таков ќе умре. Така и бидна. Изменето од zbunet - 07.Март.2009 во 16:59 |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога си сам,осамен.
Кога мислите твои ќе ти допатуваат до мене а не сум ти близу за да ме допреш, не тагувај. Само замижи тогаш, затвори ги очите за миг. Потони во мисли за мене и доведи ме пред себе. Не!Немој!Не отварај ги очите! Те молам, само затвори ја дланката. Причекај еден момент само. Почувствувај ја топлината во дланката твоја. Немој!Не отварај ги очите! Отвори ја дланката своја и сета топлина од неа пренеси ја на усните твои. Почувствувај само! Тоа е само еден мал топол бакнеж кој јас ти го праќам. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пак ми беше гостин.
Во сонот мој ноќва дојде. Се сеќавам.... Сакав да те повикам но не пуштив глас. Не реков :не! Сон си мој. Сонувам за тебе секој час,секој ден. Биди ми сон кој ќе ме мами. Биди мој сон во денот. Биди мој ден во сонот. Сон на будно бладање во кој само сваќам колку сум сама во него. А чекорам напред во човечко страдање. Не запирам тука оти сонот за тебе ме влече. Ти бев гостинка во сонот твој. Ти дојдов ноќва додека спиеше. Се сеќавам.... Сакав да те разбудам но не пуштив крик. А сакав да викнам гласно. Сакав да ти кажам:да! Сон си ми. Вечно ќе сонувам за тебе иако недостижен си за мене. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ако можеш сакај ме
таква каква што сум. Некој ќе ти каже дека сум можеби светица. Можеби ќе помислисш дека сум само стапица. А ќе се најде и по некој кој ќе ти каже да бегаш от сум никаквица. Јас ќе ти кажам вака... Кога би ме насликал уметник би била пролет. Мојот дух е немирен како Баба Марта. Знам да бидам и мирна исто како Април. Но,всушност моето второ име е Мај. Допирот мој само може да ти донесе вечна пролет. Од мене можеш да добиеш само поплава од страсти кои доаѓаат одненадеж, како вулкан, и исто толку брзо знаат да се смират. Те поканувам во мојот свет. Дојди во просториите на мојата возбудливост, која е проткаена со нишки од мирнотија и хармонија. Се плодам во чувствата искрени кои ги познаваат амо оние кои знаат вистински да сакаат. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Знаеш што?
Е незнаеш!Ама јас ќе ти кажам. Абе ич не ми е гајле,знаеш. Не изгубив јас ништо ти си тој кој губи. Плачев,се жалев се нервирав,се прашував. Зошто е така? Ми фали нешто мене? Ама на крај сватив. Сега знам што е. ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ Ама нема да ти кажам. Си знаеш сам. А ако не знаеш... Ќе ти текне де. Не се нервирај,уживај. Нели е прекрасна ноќва? Нели е убав животот? Па да,затоа уживај си. И ич да не те боли... коленото де...хахахаха |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
Delicia ![]() Сениор ![]() *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Misli razletani, rasprskani Na list hartija staveni….neproçitani, Sonovi nedosoneti, Zborovi nedoreçeni…..pogresno razbrani, Nepovratni minuti i çasovi, Oçi otvoreni, Zvezdi zgasnati ….. Spusteni zavesi nad pretstavi neizigrani….. Porti sirum otvoreni….. Na prazni odai…. I tivki tivki çekori,lesni…..neçujni! |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поминаа 3 месеци како не се врати. По некој чуден механизам и стана сеедно веќе што ќе биде со неа. Солзи немаше, ниту пак глас за да го каже неговото име повторно. Беше тоа одамна. Можеби веке 4 години како таа љубов згасна од што мораше. Не смееше да дозволи повторно да заживее, иако и се подаде шанса. Не смееше. После таа голгота не смееше да му прости. Одеднаш, додека сончевите зраци ја раскажуваа приказната на доцното лето и облаците ја најавуваа раната есен-се појави од немај каде. И баш како да немаше каде. Беше како накиснато кученце накиснато на дождот во доцната есен. Побара засолниште во нејзиното срце со зборовите-Ако сега не успеам, нема никогаш повеке. Знаеше дека се е во нејзини раце. А исто так аи знаеше дека кој потег да го направи-ќе згреши. Знаеше дека ако го пушти ке се повреди ако не го пушти ке го повреди. Не сакаше да го боли. Ама немаше безболен начин. Се замисли како пред големо платно со четка во рака. Така и изгледаше побезболно. Знаеше дека следи потег на раката од кој и платното ке писне и ке заплаче. Сепак го стори тоа. А со денови во глава и одекнуваше бојата на гласот која за прв и последен пат ја слушна од него-Те Сакам Повеќе ОД Се НА Светот! Претходно ја немаше слушнато таа боја на глас. И секој пат кога ке и текне само се протријува, не сакајќи да памти. Зашто тоа не го кажа неколку години наназад!? Зашто баш сега?!? Небото се стемни над зачадениот оџак...снегот веке е тука. Него го нема. Неа исто така. Се изгуби во своите чуства кои повеке не ги чуствува. Животот е суров. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А зш па
и ја кандидат да не бидам а зш па и ја да не ве лажам масовни операции од срам се прават а зш па и ја да не си сторам една ? Ќе се кезам на билборд ко млад мајмун зар ја не знам ? Ќе се кезам ко блесав и рака ќе пружам демек се секирам демек за вас ми е гајле зар ја тоа не знам ? Да се правиш блесав зар ти не знаеш, а ? |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Букви,зборови
разлетани на сите страни низ просторов мал. Искривени црти, закосени букви, празни зборови го преплавиле воздухот и сакаат да ме угушат. Се трудам збор да составам, реченица логична. Една нека е ама логична. Но,никако не успевам. Се е без врска,без логика без контекст некаков. Голтам полека,внимавам и пак ништо не рабирам. Кој си уствари ти што ме гушиш, воздухот што ми го земаш и не ми даваш да дишам. Несреќа ли си? Невоља ли ти е второто име? Или можеби само лага се викаш? Лаги не сакам! Несреќата веќе си ја имам,моја е. А невољи не барам. Затоа собери си се со себе ако си за тоа дојден и замини си по патот свој, кој и така само ти си го знаеш. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нека креветот твој
биде лулка во која ќе најдеш мирен сон и таму че ги сонуваш најслатките сни. Нека прекривката твоја биде топла како мојата прегратка за тебе сплетена од искрена љубов створена за тебе. Нека ѕезденото небо биде ангел чувар кој ќе те чува место мене од кошмарните сонови во тивката ноќ. Нека овие стихови бидат ветување од мене ветено до тебе дека секогаш ќе те чувам во срцето свое. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сакам да ти кажам денес
колку те сакав вчера. Колку те љубев во мисли. Како те гушкав во сонот. Се будев во твоите очи и чекав да дојде денес. Сакам да ти кажам денес колку повеќе те сакам од вчера. Колку страсно ти пијам усни. Сега кога си тука денес пред мене неможам очи да тргнам од тебе. На сон и не помислувам само чекам да дојде утре. Сакам да ти кажам денес ќе се стопам од љубов за тебе. Усниве ќе бидат потечени од бакнежите. Телово ќе се стопи со твоето. Очиве ќе гледаат исто како ти. А сонот нема да постои... Само јас и ти... ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Си се запраш ли
зошто Бог не ветил смеа без солзи? Знаеш ли зошто не постои никаде пат без трње и живот без патење? Си почувствувал ли во себе некогаш радост без тага? Ако си го спознал сето тогаш го имаш клучот до сечие срце и душа и секаде ќе си добредојден. Оти само тогаш во своето срце чуваш љубов за луѓето, надеж во животот. Тие те водат напред. ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се измачуваме
со спомени од минато. Она што било или небило. Она што требало или нетребало. Што би било кога би било....? Сомнежи си будиме во душата и срцето со секакви мисли за тоа што ни претстои. Што ќе биде,ако биде/ Каде не води животот. Кои се патеките по кои треба, а можеби и нетреба да чекориме. А сосема забораваме на себе, на нашето денес. Го плачеме тоа што било, го преживуваме тоа што ќе биде, а забораваме да живееме денес. Сегашноста ја бришеме со тагата од вчера со желбата за утре... А што со денес? ![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
Delicia ![]() Сениор ![]() *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
......Fiks
![]() ![]() |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6566676869 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |