![]() |
|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6162636465 68> |
Автор | |
rice ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски
Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон
духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го
придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На
овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност
за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за
утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на
Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран
за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над
четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол.
Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го
гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски
со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше
принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по
приватните куќи, по пустините. На двапати бегаше во Рим. Дури пред
смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо,
коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку
клеветени и толкуСвети Максим, архиепископ Влахозадпланински
Син на српскиот деспот Стефан и преподобната мајка Ангелина. Замонашен во манастирот Манасија. Притеснет од Турците побегна во Романија, каде што го посветија на испразнетиот престол на архиепископот Влахозадпланински. Ги измири раскараните војводи Радул и Богдан и ја спречи војната меѓу нив. На постари години се врати во Крушедол, каде што го подигна манастирот и после подолг подвиг се упокои на 18 јануари 1546 година. Неговите нетлени и чудотоворни мошти и денес почиваат во тој манастир. VO SLAVANA BOGA. |
|
|
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светиот апостол Петар (16/01)Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие вериги и ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина и ја испрати на црквата на Светите апостоли во Цариград, а другата на својата ќерка, царицата Евдоксија, жената на Валентијан во Рим. Евдоксија му изгради црква на Св. апостол Петар и во неа ги положи овие вериги заедно со оние во коишто апостолот беше окован пред да најде смрт од царот Нерон. Преподобниот маченик Дамаскин Габровски (16/01)Се подвизуваше во Хилендар, каде што стана и игумен. Кога на некои Турци им го побара манастирскиот долг, овие наговорија една жена муслиманка и таа влезе во куќата кај што живееше Дамаскин. Тогаш Турците влегоа и ја најдоа жената, па го одвлечкаа Дамаскин кај кадијата. Таму му беше предложено или да биде обесен или да се потурчи, на што тој одлучно рече: „Би била лудост кога со привремениот живот би си купувал вечна погибел“. Го обесија во 1777 година во Свиштово. Го жртвуваше телото за да си ја спаси душата. Неговите убијци веднаш ги постигна Божја казна. Седнаа на чун да се превезат преку Дунав, но ненадејна бура им го преврте чунот и се удавија. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобен Павле Тивејски (15/01)Роден од богати родители во Долна Тива (Теба) Мисирска во времето на царот Декиј. Сиот имот на родителите Павле го наследи заедно со неговата сестра. Неговиот зет идолопоклоник посака да го приграби и Павловиот дел од имотот и му се закани на Павле дека ќе го даде на суд како христијанин ако не му го отстапи својот имот. Од една страна оваа неволја, од друга самопожртвуваниот пример на христијанските маченици што ги виде со своите очи, го поттикнаа Павле да го отстапи својот дел од имотот и како ништ да се оддалечи во пустината. Таму се подвизуваше до смртта. До каква духовна височина достигна овој возвишен монах сведочи самиот Свети Антониј Велики, којшто еднаш го посети Павла и ги виде како му служат ѕверовите и птиците небесни. Кога се врати од таа посета Антониј им рече на своите монаси: „Тешко мене, деца мои, кој сум грешен и лажен монах, монах само по име. Го видов Илија, го видов Јован во пустината и навистина го видов Павле - во Рајот!“ Св. Павле живееше сто и тринаесет години и мирно се упокои во Господ во 342 година. Преподобен Гаврил Лесновски (15/01)Македонски подвижник. Се подвизуваше во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што и го изгради храмот на Св. Архангел Михаил. Чудотворец за време на животот и по смртта. Се упокои во Господ на крајот од 10 век. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
rice ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на ерусалимскиот патријарх Јувенал. Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ, кападокиски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на патријархот Јувенал. Уште од малечка кога слушна за грузискиот народ, Света Нина сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. Ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ѝ го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за кусо време стекна голема љубов кај народот. Успеа да го покрсти грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар, коишто потоа ревносно ја помагаа нејзината мисионерска работа. Во текот на животот Света Нина успеа да ја изврви цела Грузија и да го преведе главно сиот народ во верата Христова, и тоа токму во времето на страшното гонење на христијаните од страна на Диоклецијан. Отпочина од своите многубројни трудови и се упокои во Господ во 335 година. Нејзиниот гроб се наоѓа во Самтаврскиот храм. Изврши многу чуда за време на животот и после смртта.
Син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст. Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја. Двапати патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година. Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачара во Белград, на 27 април 1595 година. Преподобните маченици Синајски и Раитски Овие отци беа убиени од Сарацените едни во 4, а дурги во 5 век. Свети Илариј, епископ Поатиски Ревносен борец против Ариевата ерес на Запад. Многу страдаше за одбрана на Православието. Напиша повеќе списи, од кои најважен е оној за Света Троица. Се упокои во Господ во 362 годинаVO SLAVA NA BOGA |
|
|
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Јаков, епископ Нисибиски (13/01)Живееше како отшелник во лето на отворено поле, а зимно време во пештера. Еднаш слезе во градот Нисибија за да види како успева верата христијанска и како живеат христијаните. Но тука го избраа за епископ. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор и го заштитуваше Православието од Ариевата ерес. Се случи еднаш незнабожните Персијанци со војска ја нападнаа Нисибија. Свети Јаков излезе со литија на градските бедеми и самиот се искачи на бедемот и шеташе по него не плашејќи се од непријателските стрели што беа управени на него. Шетајќи така светителот Го молеше Бога да го сочува градот и верните во него така што ќе испрати муви и комарци врз Персијанците за да ги изгонат од нисибиските бедеми. Не бараше смрт на непријателите ниту друга погибел или пораз, туку една малечка здодевност што би ги истерала оттаму. И Бог ја услиши молитвата на Својот угодник и испрати многу муви и комарци врз Персијанците, та нив ги изгони, а градот Нисибија го спаси. Свети Јаков поживеа долго и чесно, а во длабоката старост се упокои мирно, во 350 година. Преподобен Максим Капсокаливит (13/01)Во 14 век се подвизуваше како монах на Света Гора на особен начин. Имено, се правеше по малку јуродив и постојано го менуваше престојувалиштето. А престојувалиште му беше колиба од гранки. Една по друга колиба тој ги подигаше и ги палеше, заради што и е наречен Капсокаливит, што значи Паликолиба. Го сметаа за луд се додека на Света Гора не дојде Св. Григориј Синајски, којшто во Максим откри единствен подвижник, чудотворен молитвеник и „ангел во тело“. Се престави кај Господ во 1320 година. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
rice ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светата маченичка Татијана
Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По
смртта на царот Хелиогабал во Рим царуваше царот Алелксандар, чија
мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во
верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуа на
Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните
и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татијана на мачење, таа
Му се молеше на Бога за своите мачители. И ете, ним им се отворија
очите и видоа околу маченичката четири ангели. Кога го видоа тоа
осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и самите беа мачени и
убиени. Света Татијана продолжија да ја мачат: ја биеја, и отсекуваа
месо, ја стружеа со железо и целата накажана и ранета ја фрлија вечерта
во затворот за утредента повторно да ја удрат на маки. Но Бог ги
испрати Своите ангели во затворот за да ја охрабрат и да и ги исцелат
раните, па Татијана изутрина се јави пред мачителите наполно здрава. Ја
фрлја пред лав, но лавот се умилкуваше околу неа и воопшто не и
наштети. И ја отсекоа косата, мислејќи според нивниот незнабожечки ум
дека во косата и е скриена некоја магија или волшеб=а сила. Најпосле ја
изведоа заедно со татко и и обајцата ги убија со меч. Така во 225
година го заврши животот оваа славна девица со тело на жена, а дух
мажественПреподобна Теодора
Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот таа седум години помина пребивајќи по шуми и пустини, притоа негувајќи го и детето на онаа блудница. Ги победи сите ѓаволски искушенија: не сакаше да му се поклони на сатаната, не сакаше да прими јадење од рацете на еден војник, не сакаше да ги слуша советите на мажот и да му се врати - зашто сето тоа беше само ѓаволски привид и штом Теодора ќе се прекрстеше со крстот, се исчезнуваше како чад. По седум години игуменот ја прими во манастирот, каде што проживеа уште две години, па се упокои во Господ. Дури тогаш дознаа монасите дека е жена, а на игуменот му се јави ангел и се му објасни. Нејзиниот маж тогаш дојде на погреб и до смртта остана во келијата на својата некогашна жена. Света Теодора имаше голема Божја благодат: скротуваше ѕверови, исцелуваше болести, изведе вода во сув бунар. Така ја прослави Бог вистинската покајничка којашто долготрпеливо се каеше девет години за само еден грев. Се упокои во 490 година. VO SLAVA NA BOGA. |
|
|
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобен Теодосиј Велики
Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Затоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта и во слава Божја истовремено се служеше и пееше на грчки, ерменски, грузиски итн. Но во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господ кога имаше сто и шест години, во 529 година. Блажениот Михаил
Јуродив заради Христа. Се правеше луд за да ја скрие од светот својата добродетел и за да не биде фален. Така си приготви себеси пофалба од Бога. Се упокои во 1453 година во Клопскиот манастир, близу Новгород, каде што му почиваат и моштите. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Григориј, епископ Ниски (10/01)Брат на Св. Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено настрвено против него како кон страшен противник, па во времето на царот Валент, нивниот едномисленик, успеаа да го симнат од епископската столица и најнакрај да го протераат во прогонство. Во прогонство помина осум години трпејќи секакви беди и понижувања. Најпосле се упокои во длабока старост на крајот од 4 век и се пресели во Царството Божјо, останувајќи големо светило на Црквата низ вековите. Преподобен Амон (10/01)Подвижник Мисирски. Четиринаесет години се трудеше и Го молеше Бога да го победи гневот во себе. Достигна толкаво совршенство во добрината што повеќе не беше ни свесен дека постои злото во светот. Извонреден познавач на Светото Писмо. Се упокои во почетокот на 5 век. Свети Маркијан (10/01)Роден во Рим, но како презвитер го проживеа животот до крајот на својот век во Цариград, поголемиот дел за време на царувањето на Маркијан и Пулхерија. Откако наследи големо богатство од родителите, тој целото го потроши за обновување и изградба на храмови и милостињи на сиромасите. Изгради две нови цркви во Цариград, прочуени по убавината и светоста: на Св. Анастасија и на Св. Ирина. Кога го прашаа зошто толку многу троши за црквите, одговори: „Кога би имал ќерка и би сакал да ја омажам за некој благородник, зарем не би потрошил многу злато, за да ја украсам како достојна невеста? А овде ја украсувам Црквата, невестата Христова“. Колку пак овој прекрасен маж беше милостив кон црквите и кон сиромасите толку беше тврд и многу тврд кон самиот себеси, следејќи го советот апостолски: А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни (1 Тимотеј 6, 8). За него пишува: „Сиот беше во Бога и Бог беше во него и се престави кај Господа исполнет со години и добри дела“, во 471 година. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светиот маченик Поливект (09/01)Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со христијанска крв, како и целата земја Ерменска. Но првата крв за Христа во овој град беше на Свети Полиевкт, пролеана околу 259 година во времето на царувањето на Валеријан. Во тој град имаше двајца пријатели офицери: Неарх и Полиевкт. Неарх беше крстен, Полиевкт некрстен. Кога излезе царската заповед за гонењето на христијаните, Неарх се подготвуваше за смрт, но беше во голема тага што не успеа и својот другар Полиевкт да го обрати во христијанската вера. Кога Полиевкт дозна за тагата на Неарх, му вети дека ќе ја прими Христовата вера. Утредента тој му го раскажа на Неарх овој сон: дека Господ Христос му се јавил во светлина, ја симнал од него старата облека и го облекол во нова, пресјајна и го поставил во седлото на крилест коњ. По ова Полиевкт отиде в град, ја искина царската заповед за мачење на христијаните, ги искрши идолските статуи. Го мачеа и го осудија на смрт. Кога го изведоа на губилиштето, го здогледа Неарх сред толпата и радосно му викна: „Спасувај се, драг пријателу! Сети се на заветот на љубовта што се утврди меѓу нас“. И Свети Неарх подоцна заврши маченички за Христа запален во оган. Неговиот спомен е на 22 април. Преподобен Евстратиј (09/01)Од Тарс. Голем испосник и молитвеник. Поминал во манастир седумдесет и пет години и ниеднаш не легнал на левата страна. Постојано ја говорел во себе молитвата: „Господи помилуј!“ Се упокоил во деведесет и петтата година од животот. Свети Филип, митрополит Московски (09/01)Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш како млад стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Еванеглието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат исклучиво нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши. Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на митрополитот московски во 1566 година. Но овој свет човек не можеше рамнодушно да ги гледа стравотиите на грозниот цар, а го советуваше и неустрашливо го изобличуваше. Царот најде лажни сведоци против Филип, го симна и нареди да го облечат во просто искинато монашко расо, па го затвори во Твер, во 1569 година на 23 декември. Маљута Ск*ратов, еден царски довереник, дојде во келијата на Филип и го удави со перница. Но наскоро сите што беа против него завршија со зла смрт. А по неколку години телото на Светителот се најде цело и нетлено и благомирисно и го пренесоа во Соловецкиот манастир. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Григориј, епископ Охридски (08/01)Благочестив учител и пастир на Христовото стадо. Се упокои во 1012 година. Во натписот на црквата Света Софија во Охрид се нарекува Григориј премудриот. Светите маченици Јулијан и Василиса (08/01)Обајцата од благородни и богати родители. Венчани во брак, се заветуваа да живеат девствено како брат и сестра. Им го раздадоа сиот свој имот на сиромашните, а самите стапија во монаштво. Јулијан основа машки, а Василиса женски манастир. Јулијан имаше десет илјади монаси, а Василиса илјада монахињи. Кога настана лутото мачење на христијаните под Диоклецијан, Василиса Го молеше Бога нидена од нејзините монахињи да не се исплаши од маките и да не отстапи од православната вера. Господ ја услиши молитвата на Својата достојна слугинка и за шест месеци ги зеде кај Себе сите монахињи редум, па најпосле и нивната игуманија Василиса. Пред смртта Василиса имаше видение за своите сестри на оној свет: сите и се јавија светли и радосни како ангели Божји и ја повикуваа својата духовна мајка да им дојде што побргу. Манастирот на Јулијан беше изгорен од мачителите, а самиот Јулијан го мачеа нечовечно и го убија во најтешки маки. Во маките го крепеше и бодреше Господ, па се издржа јуначки, ја одржа верата и го прослави името Господово. Заедно со Јулијан беа убиени: синот и жената на мачителот Маркијан; Келасиј и Марионил, кои кога го видоа трпењето на маченикот и самите се обратија во Христовата вера; дваесет римски војници; седуммина браќа од она место; презвитерот Антониј и некој Анастасиј, кого Јулијан во времето на мачеништвото со молитва го воскресна од мртвите. Сите чесно пострадаа за Христа и станаа граѓани на небесното Царство околу 313 година. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Јован Крстител (07/01)Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод, во Антиохија, родното место на Св. апостол Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот личноста на Св. Јован Крстител зазема посебно место и според начинот на доаѓањето во светот и според улогата на Крстител на луѓето за покајание и како Крстител на Месијата - најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Тој се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Свети Јован се раскажува дека секоја година на денот на Светителот архиерејот ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Богојавление (06/01)Кога Господ Исус наврши триесет години од Своето телесно раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со Крштението на реката Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во водата, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдееше над водата. А кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и кога Го потопи и крсти Господ во Јордан, со тоа се покажа и Христовата мисија во светот и патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението. Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветување. Зашто настанот на Јордан не просветлува покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува со тоа што станува восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
|
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобната мајка Синклитикија (05/01)По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа заради брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините поуки за монахињите се постојано сметани за вистински духовни бисери, бидејќи Света Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку книги, туку преку страдање, мака, низ деноноќно размислување и духовно општење со Божествениот свет. Во тој возвишен свет со душата се пресели во 350 година. Меѓу другото Св. Синклитикија велеше: „Ако е време на пост не оставај го постот божем заради болест, зашто и оние што не постат запаѓаат во истите болести“. Уште велеше: „Како Hто изложеното богатство брзо го раграбуваат така и добродетелта, кога се разгласува, се помрачува и се губи“. Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона (05/01)Кога Диоклецијан објави гонење на христијанинте, никомидискиот епископ Теопемт беше првиот кој пострада за Христа. Го изведоа пред царот и царот му се закани со смртна казна ако не се одрече од Христа. На оваа закана храбриот епископ одговори: „Напишано е: не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Ти цару, имаш власт над моето тело, прави со него што сакаш“. Многу го биеја, го мачеа со глад и го истизаваа на разни начини. Најпосле царот повика еден магионичар, Теона, да му доскокне на Божјиот човек со некои магии. Теона раствори во вода најјак отров и му го даде на Теопемт да го испие. Овој ја прекрсти чашата и го испи отровот. Кога виде Теона дека неговиот отров воопшто не му наштети на Теопемт, се заврте кон царот и возвикна: „И јас сум христијанин и Му се поклонувам на Распнатиот“. Обајцата ги осудија на смрт. Теопемт го убија со меч, а Теона жив во земја го закопаа, во 298 година. Чесно пострадаа и станаа граѓани на Царството Христово. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6162636465 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |