![]() |
|
ЕДИНСТВОТО ВО ЦРКВАТА И КАКО СЕ РАЃА ЕРЕС |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 456 |
Автор | |||||||
Реакт ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Мај.2007 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 373 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
|
|||||||
Без коментар
|
|||||||
![]() |
|||||||
rome ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 492 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
bravos bronhi taka je
|
|||||||
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
|
|||||||
![]() |
|||||||
Bronhi ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 348 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Axi>Дури зборот црква не се ни спомнува во Новиот завет. Се користи грчкиот термин еклесио (ек-од; калео-повикан), значи повиканите, собраните... Тука нема никаков збор за институции, згради, хиерархии, парламенти или посредства. Станува единствено збор за повиканите да го следат Христа. Тоа е црквата. Matej 16,18. A Jas tebe ti velam: *ti si
Petar i +na toj kamen }e ja izgradam crkvata Svoja, i vratite na pekolot nema da ja
nadvladeat.
Matej 18,17. ako li, pak, ne gi poslu{a i niv, ka`i и na crkvata; pa, ako i crkvata ne ja poslu{a, toga{ neka ti bide toj kako neznabo`ec i mitnik.
Matej 23,17. Bezumni i slepi! [to e pogolemo, navistina: zlatoto
ili crkvata, koja go osvetuva zlatoto? 18. Isto taka velite: Ako
nekoj se zakolne vo `rtvenikot, ni{to ne
e; no, ako nekoj se zakolne vo darot {to e na nego, vinoven e. 19. Bezumni i slepi! [to e, navistina,
posveto: darot ili *`rtvenikot, {to go osvetuva darot?
21. i koj se zakolne vo
crkvata, se kolne vo nea i vo Onoj, Koj `ivee vo nea;
Лука 2,47. Falej}i Go Boga bea omileni
kaj site lu|e. A *Gospod sekoj den ja
umno`uva{e Crkvata so onie {to sakaa da se spasat. Eve ja crkvata kako HRAM - ZGRADA, kako ПАРЛАМЕНТ - СОБОР КОЈ ОДЛУЧУВА и како ЕКЛЕСИЈА - ЗАЕДНИЦА НА ВЕРНИ. Ова е само дел да пишувам понатаму?![]() Баш ме интересира ова како го толкувате: Дела 13,1. *Vo Antiohijskata crkva
ima{e nekoi proroci i u~iteli, kako: Varnava i Simeon, nare~en Niger, Lucij Kirineecot, i Manil, odgledan
so Iroda чetvorovlasnikot, i Savle. Можеби Помесна црква?
Дела 14,23. Pa, otkako im rakopolo`ija
sve{tenici za - sekoja crkva, se pomolija so post, i gi predadoa
na Gospoda, vo Kogo bea poveruvale. А овој е убав за да се види односот и авторитетот на апостолите и останатите членови на Црквата:
Дела 15,22. Toga{ apostolite i
stare{inite so celata crkva najdoa za dobro da gi
izberat me|u sebe Juda, nare~en Varsava, i Sila, lu|e istaknati me|u bra}ata, i
so Pavla i Varnava da gi pratat vo
Antiohija. |
|||||||
Земете БРОНХИ полесно се дише
|
|||||||
![]() |
|||||||
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Се радувам што конечно се најде еден ХРАБАР (иако не и достоен) да одговори на поставеното прашање, иако во погрешна тема, заради некаква си своја цел... но еве, нека му биде... иако тоа издава страв...
Најдов МНОГУ нелогичности, а уште пострашно, најдов МНОГУ анти-христијански пораки во „одговорот“. Ќе почнам скромно, но полека ќе ги разобличуваме сите... Христос рече: Одете по сите народи и учете ги на тоа што ЈАС ви го заповедав. Христос никаде не и дал задача на црквата таа да одлучува што и како треба да се проповеда, да одржува концили, да црта икони, да наплаќа за свеќи или за доброволен прилог, да менува, додава и изменува, туку да го проповеда КАКО ШТО ТОЈ им заповедал. А Светото Предание Христово го имаме запишано од тие апостоли. Значи тука нема никаков маневарски простор оставен на црквата. Таа има јасна и едноставна задача: да го проповеда Христа и Неговото учење. А не учењето на светите оци, на Вселенските Собори, на Патријархот овој или оној. Ние не сме посредници на Господ, туку негови амбасадори, негови сведоци... Дури зборот црква не се ни спомнува во Новиот завет. Се користи грчкиот термин еклесио (ек-од; калео-повикан), значи повиканите, собраните... Тука нема никаков збор за институции, згради, хиерархии, парламенти или посредства. Станува единствено збор за повиканите да го следат Христа. Тоа е црквата. Затоа црквата е најмалку „место“ како што ти тоа го прикажа. Црквата е тело, динамичка материја - Христовите верни чеда. Затоа секогаш кога ќе кажеш „Св. Дух ја вдахновува Црквата“, имај на ум дека тука се зборува за „повиканите“, за СИТЕ ЛУЃЕ собрани под Христовиот Крст. Нема тука ни збор за некаква виша каста на свештеници кои на нас неуките ќе ни го отворат рајот. НИЕ сме црквата. Нас Св. Дух не вдахновува. И НИЕ СМЕ тие што го отелотворуваат Неговото учење, го слушаат Неговиот Збор и ја проповедаат Неговата порака... |
|||||||
![]() |
|||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Ќе реплицирам (EvAngelos) со црвено...
|
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
![]() |
|||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Ако човек биде воден според своето рацио, бидејќи секој има свое рацио, секој ја толкува различно Библијата. Се постигнува единство во толкувањето ако толкувањето се врши според Духот на верата оној кој ја осенил Црквата уште пред да биде напишана Библијата. Преку истиот Дух била напишана, преку истиот Дух може да биде толкувана. Црквата го има Духот за толкување, а не поединецот. Тогаш наместо еден папа како неоспорен авторитет во толкувањето добиваме секој човек станува папа.
Јасно е дека не секој кој ја прочитал поради таа голема сила на Библијата автоматски станал верник.
Умот со ум. Духот со Дух се мери.
Кој ќе суди? Кој ќе цени дали е ерес?
Кој ќе суди? Само Бог може да знае каква била првата христијанска заедница. Ние луѓето ќе треба да веруваме на прекажување. Впрочем верата не стои туку се развива.
Изменето од sard - 27.Јуни.2007 во 23:16 |
|||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||
![]() |
|||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Разликување на Дух од дух најдобро се прави преку призмата на Божјиот Збор - Библијата. Библијата вели дека Божјиот Збор е остар меч кој продира длабоко во внатрешноста на човекот до раздвојување на духот од душата. Ако сакаме да видиме дали некој дух (проповед на човек, учење на некоја "црква", организација или сл.) зборува Божји зборови, најдобро е да го измериме/споредиме тоа учење со Божјиот Збор - Библијата. Доколку тоа учење е спротивно на Библиското учење и доколку нештата што ги проповеда се работи за кои Христос и Апостолите не збореле и не ги практикувале, тогаш е јасно дека тоа е демонско учење - ерес. Но доколку тоа учење е во согласност со Божјиот Збор и ако се вклопува во праксата на првата христијанска заедница (Христос и Апостолите), тогаш можеме да бидеме сигурни дека тоа е учење од Светиот Дух. Нормално, имајќи предвид дека црквата е најотворената институција и дека во неа може да влезе кој сака, ние секогаш треба да бидеме будни за ересите и секогаш да ги отстрануваме со помош на Божјото Слово. Ако сме затекнати во некоја "црква" која ги преминува границите за "поправка", поточно ако увидиме дека Христос не е глава на таа самонаречена "црква" - таквата треба да ја напуштиме и да си опбараме здрава, библиска и Христова Црква.
Изменето од EvAngelos - 27.Јуни.2007 во 22:49 |
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
![]() |
|||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
„Ќе ме побарате и ќе ме најдете ако ме побарате од се срце“
Ако од прво се откажуваме никогаш нема ни да го најдеме Бога. Да знам дека се консултирате со поискусни и истовремено со тоа вршите негација на протестантскиот принцип: Библијата е единствениот извор на верата во Бога Библијата сама се толкува, не ти треба никој да ти ја толкува (реакција на Римокатоличкиот авторитет во толкувањето) Светиот Дух секому лично целосно се објавува и самопотврдува Едноставно неприродното правило Библијата сама се толкува, Светиот Дух сам си потврдува морате да го напуштите па се консултирате. Ама консултацијата не завршува до крај затоа што доследно извршената консултација ќе оформи цврста црква и хиеарархија каква што протестантизмот негираше, па позицијата не е ни ваму ни таму одлична за паѓање во прелест. Изменето од sard - 27.Јуни.2007 во 22:46 |
|||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||
![]() |
|||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Мислам дека со моето изнесено гледиште за начинот на откривање кога нешто доаѓа од Св. Дух а кога од некој лажен дух ќе се сложат и православните верници, барем тоа го очекувам од оние со поголемо познавање на доктрините на Православието.
Дали може некој друг да даде поинаков одговор од искажаното гледиште за тоа како се утврдува објавата Божја од лажните објави? |
|||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||
![]() |
|||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Ова прашање беше поставено на различни места. Најпрво јас пред некој месец му го поставив ова прашање на Аџија повеќе пати. Ама тој како и многу пати не го одговори. Потоа во слична форма Аџија прашуваше што ни гарантира дека денешното учење во МПЦ утре нема да биде ерес во темата Крштевање бебиња, потоа повторено, потоа ти се повика во истиот топик на тоа прашање, па Аџија го постави во некоја друга тема. Едноставно се токмев од порано да го одговорам. А Аџија го внесов бидејќи и самиот побаруваше храбар кој ќе се обиде да го одговори прашањето.
За опсесијата за Аџија. Аџија навистина ми стана интересен бидејќи ми отвори нови непознати простори за тоа како човек може да биде свесен за лагата, да живее во неа и да негира секоја вистина до најочигледната. |
|||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||
![]() |
|||||||
Isis ![]() Сениор ![]() CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
и мрмотот ја виткаше чоколадата во фолија....
![]() зошто знаев дека ке напише дека сите од НИВ се одвоиле ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Sard. зошто повторно му посветуваш тема на Аџија?
Опсесија ли ти е Аџија?
![]() Зошто не му одговори на прашањето на Аџија таму каде што он ти го постави?
Зошто мора да отвараш нова тема за секое прашање?
Ако имаш нешто аргументирано и јасно да кажеш на темите, кажи, а не само да ги вртиш темите настрана од нивниот топик и кога ќе се заплеткаш одма да отвараш нови теми.
Извини ако претерав малку, ама дај маклу и ти поработи на случајов.
Поздрав!
|
|||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||
![]() |
|||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Текстот е истовремено и одговор на прашањето на Аџија
Со Божја помош јас ќе се обидам иако мислам дека за повеќето православни ова и не е некое тешко прашање. Човек со личниот однос кон Бога може да доаѓа до сознанија и откровенија. Директно учи од Бога. Степенот на сознанијата зависи од искреноста на односот и од големината на барањето на верникот. „Кој бара ќе најде, кој тропа ќе му се отвори“. Сепак наместо Светиот дух може она што го доживува како откровение да биде од друг небожји дух. Искусниот повеќе знае да го испита тоа, но и најискусните паѓаат во прелест. Затоа испитувањето го врши Црквата како заедница на верните водена од Светиот Дух. Црквата започнала со осенувањето од Светиот Дух на Соборот на Апостолите. Во тој момент Светиот Дух го „дефинирал“ духот на верата во кој верниците треба да пребиваат за да бидат водени по патот на вистината. Восхитени со даруваниот Свет Дух Дух на верата тие веднаш излегле надвор, проповедале и силата на нивната говорна проповед, но и проповедта на Духот кој зборувал од самата нивна појава била толку голема што веднаш привлекле неколку илјади верници. Тоа е педесетница, Духовден, денот на почетокот на новозаветната Црква. И таа од таму се шири со нови христијански верници. Секој што влегува во Божјата Црква влегува во тој Божји дух, Дух на верата. И со текот на времето зависно од вложувањата се повеќе е даруван и опфатен како дел од таа Божја Црква од истиот почетниот Свет Дух. „Јас сум вистинска лоза, Мојот Отец е лозарот.“ На својот пат верникот повремено треба да се консултира со Црквата за своите сознанија и објави. Ако нешто може да има опасни последици веднаш се консултира со Црквата. За верникот, Црквата е другиот верник. Контактот со друг верник од истата вера е како тој човек да контактирал со целата Црква. Другиот верник како верник кој пребива во Духот на верата бидејќи самиот не обземен од духот на откривањето ќе има добра подлога да процени дали доживеаното, објавеното, откриеното е складно со верата. Врз основа на тоа ќе му даде став. Ако не е сигурен ќе прашаат трет поискусен, па свештеник, монах, духовни старци т.е. ќе ја консултираат целата заедница на верните Црквата. „ Испитувајте ги духовите Се испитувајте, за доброто држете се! Духовното искуство на другиот кој добил други духовни дарови го открива недостатокот кај првиот. Другиот верник комуницира со други верници и целата Црква го вклопува сознанието во себе. Комуникацијата на верникот со Црквата може да биде и кога тој чита Православна литература и други форми на контакт на поединецот со внатрешното богатство на Црквата и при таа ситуација тој врши консултација на своите откривања со вкупното откровение на Црквата, како Црквата на живите така и Црквата на починатите верници. Врши консултација што значи и не мора веднаш целосно да прими. За она што не се согласува разговара со други и меѓусебно се решава проблемот. Тоа ја прави соборноста на Црквата. „зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив.“ „Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами испитувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни.“ „и испитувајте се што Му е на Бога угодно!“ „Се испитувајте, за доброто држете се!“ Таму каде што постои соборност во „собрани во Мое име“ на Црквата таму постои единство. Така што проблемот на еретизмот и на обманата е спротивноста на принципот на Соборноста во Духот Божји т.е. индивидуализмот на човекот. Истакнувањето на сопствениот авторитет над авторитетот на заедницата на верните Црквата. Ако откровението на верникот е лажно тоа ќе биде стопирано некаде од другите верници? Најчесто уште на почетокот при првите разговори со верниците, т.е. консултација со Црквата. Зошто тогаш некои ереси не биле стопирани уште во зачетокот? Пак е проблемот во злоупотреба на авторитетот. Одреден човек стекнал некаков добар авторитет и луѓето почнале да му веруваат без испитување. Оние кои потпаднале под силата на нечиј индивидуален авторитет ќе бидат поведени во обмана заедно со оној кој има ментално и духовно влијание на нивните ставови. Тоа лажно учење, сознание, откровение ќе биде отфрлено од другите, но оние чија волја потпаднала под волјата на авторитетот ќе му веруваат на за нив „големиот“ авторитет. Наспроти тенденциозните атеистички и еретички напади за авторитарноста на Црквата, токму слободата на волјата во испитувањето го обезбедува единството на Црквата, а спротивното од соборноста, индивидуализмот го создава модерниот атеизам и еретизмот. Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си; ако ли не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор; ако ли, пак, не ги послуша и нив, кажи й на црквата; па, ако и црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митник Всушност и силата на ереста може да се пресмета со силата на авторитетот на оној кој западнал во ерес се додека не се потроши авторитетот. Така некој кој нема силен авторитет ќе го запрат најблиските со кои контактира, ако западне во индивидуализам, сам ќе остане во прелест. Доколку не се покае и покори на Црквата - заедницата на верниците ереста ќе заврши со него. Ако веќе стекнал авторитет врз некои луѓе, тогаш кога ќе потпадне самиот од обмана, оние кои се со волја подложна на неговиот авторитет ќе бидат следбеници и поддржуватели на прелеста. Ако имал локален и регионален авторитет пример (поп Богомил) ќе ги заведе оние кои му веруваат на неговиот авторитет и тоа трае до неколку децении, може да фати и некој век. Ако има глобален авторитет првообманетиот, како Ариј, Ориген ереста и глобално ќе се прошири и ќе трае како зараза неколку века по што се стабилизира позицијата и полека стагнира. Едноставно авторитетот кој врши опресија на слободните волји на луѓето по тоа прашање се троши. Луѓето веќе не му веруваат на стара слава. 4. Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. 5. Јас сум лозата, а вие прачките; и кој што е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без Мене не можете да направите ништо. 6. Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се исуши; а такви ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат. Ако има така да речам севселенски авторитет како со Римокатоличката ерес ќе трае со милениуми. Римокатоличката Црква се индивидуализира го напушта принципот на соборност од останатите помесни Православни Цркви на Едната Соборна Православна Црква. Уште пред расколот на каноските собори таа настапува индивидуалистички. Одлуките кои во целост важат за сите селективно ги бира кои ќе ги почитува кои не. Бара посебни покани, посебно издвојување и уважување на нејзиното мислење со еден збор индивидуалистички се наметнува во Соборот на верниците. Тоа ги води во создавање на самообмана т.е. појава на еретички учења најпрво со (филиокве) и нивно одвојување од Соборната (Католичанска) Православна Црква. Ставовите засновани не на слободната волја на заедницата на верниците туку на пресијата „Јас знам“ порано или подоцна го зголемува внатрешниот бунт на потиснатите волји. Наметнатиот авторитет слабее. Протестантите го отфрлаат Римокатоличкиот авторитет со тоа што создаваат свој личен индивидуален авторитет. Меѓутоа самите не можат да основаат Соборна Црква, бидејќи Соборната Црква ја формира Господ. Ако излегле од мртва црква како што самите го обвинуваат римокатолицизмот како можат да формираат жива. 6. Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачката, и ќе се исуши; а такви ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат. Лозата е Црквата и може да биде Една. Отпаднатата прачка се суши и како што од живот, живот се раѓа, од умрено, живот не се ствара. Лабараториски р'кулец не р'ти. Црквата е оформена и постои. Во нејзе може да се влезе, а не да се формира. Учењето може да се стекне и да се додаде, а не догмите одново да се градат. Но наместо да влезат во Црквата Божја створија разни цркви со разни свои толкувања со експлозија од индивидуализми и авторитети што повлекуваа луѓе под себе. Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене. Изменето од sard - 27.Јуни.2007 во 23:12 |
|||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |