![]() |
|
Диети |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 45678 33> |
Автор | ||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Исхраната во Зони направена e да го регулира внесувањето на јагленохидратите, протеините и маснотиите.
Формирани се во зони така да една зона на протеини содржи 7 грама протеини, една зона на јагленохидрати содржи 9 грама јагленохидрати, а зоната на маснотиите содржи 1,5 грама маснотии. Идеална мерка е 3 грама протеини на 4 грама јагленохидрати. Повеќето јагленоидрати во Зоната доаѓаат од овошјето и зеленчукот, со ограничено внесување на леб, ориз, компири и житарици. Маснотиите главно доаѓаат од монозаситените маснотии како што се маслинки, бадеми, маслиново масло и останати масла <<здрави за срцето>>. Дневно треба да се земат максимално 5 оброци од кои три се големи, а растојанието помеѓу оброците не смее да биде подолго од 5 часа. Се пие дневно околу 2 литри вода, а поединечниот оброк на смее да преминува 500 калории. Ако се придржувате на Зоната, резултатот ќе се види по две недели.
Изменето од емил - 15.Март.2010 во 13:38 |
||||||
![]() |
||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Диета со сок од лимон
Хранливите состојки кои ги внесуваме во нашето тело едни се од главните причини за лошото варење, а тоа дава причини за замор, промена на расположението и промена во тежината.
Еднодневната диета на чистење се концентрира на внесување на хранливи состојки и пијалоци кои по природен пат телото ќе го исчистат од штетните токсини. Диетата со лимон се темели на зголемено внесување на природен сок ос лимон - лимонада, но вклучувајќи ја и водата, мешункастиот зеленчук, бадемите и семките. 24 часовниот план е одличен начин да се вратите на правиот пат. Иако ќе приметите губење на тежината (600 гр до 1 кгр, целта на оваа диета не е губење на килограмите туку враќање на енергијата со помош на најдобрите природни хранливи состојки, кои телото може да ги добие. Оваа диета не треба да ја држите повеќе од еден ден во неделата, а наједноставно ќе ви биде ако се одлучите да ја држите во сабота или недела кога немате обврски, за да го подготвите она кое ви треба за диетата. Подготовка на лимонада 1/2 - 1 кгр. лимон 300 мл.вода 1 стапче цимет Малку луто пиперче (чили или феферони во прав) Исцедете го лимонот, додадете водата, пиперче и по желба цимет. Иако циметот е опционален, истражувањата покажале дека може да помогне, да воспостави рамнотежа на шеќерот во крвта, па ако ви се допаѓа неговиот вкус, со помош на цимет „засладетеја„ лимонадата. Лутото пиперче ќе поттикне природно загревање на телото, поточно ќе ви даде чувство на топлина и ќе го забрза процесот на чистење и елиминирање на токсините. Добро би било ако можете да исцедите еден лимон и во текот на денот да го конзумирате неколку пати. Од кога ќе станете од спиење земете една чаша лимонада но немојте ладна ќе го шокирате организмот а тоа може да предизвика надуеност. Почекајте најмалку, половина час до појадокот.
|
||||||
![]() |
||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Ефективна диета за квалитетно слабеење
Ефективната диета со која се слабее споро и малку, но квалитетно трае четири дена, кои потоа се повторуваат. Се држи најмалку месец и половина, а потоа покрај тоа што сте ослабеле, вашиот организам е здрав и исчистен од сите токсини.
Втор ден: Четврти ден: По четвртиот ден, се почнува пак од почеток и така се во круг. Забранети се секакви видови грицки, алкохолни и газирани пијалаци. Дозволено е да се пие само чај и кафе без шекер. |
||||||
![]() |
||||||
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Не ми треба тоа.
Не сум до толку дебела. Само еднашка пробав, демек као, ќе држам диета... Смешки. Веќе третиот ден јадев шпагети и некои си тестенини... ![]() |
||||||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
||||||
![]() |
||||||
na oko ![]() Сениор ![]() koj sum jas koj sum jas Регистриран: 25.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4866 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
nikogash ne sum imal potreba od dieti no znam edno zlatno pravilo:Doruckuvaj sam,rucekot podeligo so prijatelot a vecerata daj ja na neprijatelot.
so umerena fizicka aktivnost(velosiped,peshacenje,sex itn)funkcionira 100%. Vi posakuvam uspeh |
||||||
na kamen shto se trkala mov ne se nafaka
|
||||||
![]() |
||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Совети пред да започнете со било која диета
Последен момент е да превземете нешто, во врска со прашањето на својот изглед. Диетата започнете ја што побрзо, но пред тоа прочитајте ги овие совети и обидете се да се придржувате кон нив. 1. Одберете диета што ќе биде во согласност со вашите вообичаени навики, потре*и и куповна моќ. Ако сте љубител на свежо овошје, дури и на калорично како што е бананата или грозје, тогаш одберете диета во која овие производи се дозволени. Или на пр. откажете се од диета со јајца, ако не сакате јајца. Исто така е важно да ги избегнувате диетите во кои се застапени производи со егзотично овошје и зелнчук, како манго, папаја и авокадо, бидејќи ќе дојдете во ситуација да се откажете од диетата бидејќи споменатите производи се скапи и тешко достапни. 2. Не почнувајте со диета додека сте под стрес. 3. Од дома исфрлете ги сите производи што може да ве доведат во искушение:чоколада, колачи, грицки, колбаси, кашкавал и други пикантерии познати по огромната калорична вредност. 4. Секогаш кога ќе се фатите за фрижидерот со намера да го опустошите, присетете се на ситуација кога вишокот тежина ви пречел:кога не сте можеле да го облечете омилениот фустан или кога цело лето сте го поминале во едноставна црна облека која ги затскрива килограмите. 5. На вратата од кујната или на фрижидерот залепете своја фотографија од времето кога сте биле витки или, уште подобро, фотографија од жена која со години успева да ја сочува виткоста како кај девојка од дваесеттина години. 6. Во двојка е се полесно, па и држењето диета. Доколку вашата најдобра пријателка, маж или момче исто така се одлучат за диета-на сите ќе им биде полесно. ПОЛЕСЕН ПАТ ДО ВИТОСТ Обидот за слабеење сам по себе е извор на стрес. Во својот живот насила воведувате диета и потоа чувствувате вина ако ги прекршите правилата. Постои полесен пат до витост, како и начин да се чувствувате извонредно без разлика на конфекцискиот број што го носите. решавајќи се за здрава исхрана, повторно ја превземате контролата над она што јадете, сами одлучувате како ќе го потрошите своето време и секако, колку ќе бидете тешки. НЕМА УНИВЕРЗАЛНА ДИЕТА Малкумина, барем понекогаш помислуваат на својата прекумерна тежина и кои кога тогаш не се обидуваат да направат нешто за себе. најчесто посегнуваат по брзопотезните изгладнувачки диети по што повторно се враќаат на старите навики во исхраната. Како да се одбере вистинската диета? Нема ”универзална” диета-успешна може да биде само онаа која ќе одговара на вашата вкупна здравствена состојба и која потоа ќе ја усогласувате со своите навики, вкусот и ”џебот”, па со нејзина помош ќе го измените својот став кон храната засекогаш. |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
![]() |
||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Мали измени во диетата кои можат да направат чудо
Губењето на вишокот килограми не треба да биде проблем. Магазинот Mirror објави дека промените во досегашните диети можат да ни помогнат да ги постигнеме најдобрите резултати. Пред сè треба да се пази диетата негативно да не се одрази врз нашето здравје. 1. Започнете го денот со протеини 4. Консумирајте диетални пијалаци 6. И кога не сте дома, хранете сè како да сте Доколку сакате да бидете успешни во плановите за слабеење, морате и својот дом да го направите помалку опасен. Испразнете ги кујнските полици од благите работи кои ги грицкате додека гледате телевизија или пак некој филм. |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
![]() |
||||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
|
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
![]() |
||||||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
ОК, ќе ја напишам малку подоцна.
Инаку при држење на таа диета во организмот се одвива своевиден хемиски процес на топење на маснотиите и затоа оброците мора да се земаат како што е пропишано, најефективна диета за слабеење што ја знам (од искуство на мама) |
||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||
![]() |
||||||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Ajde pisuj, Maria ![]() Epten se opustam, a praznici se blizat: mi trgna vozov express-no. |
||||||
![]() |
||||||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Оваа диета не е целосно дадена, што е многу неодговорно од страна на Вест (замислете некој да ја држи и секој ден да изеде по 9 јајца, ќе отиде во бестрага) за секој ден има посебно мени а ако сте заинтересирани ќе ви ја напишам јас ја имам, бидејќи мајка ми ја држеше пред неколку години и ослабе 10 кила за две недели.
|
||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||
![]() |
||||||
Omar ![]() Сениор ![]() ![]() Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
СУПЕР БРЗА ЗИМСКА ДИЕТА Осум килограми неделно - Мајо диета
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Секој организам различно реагира на диета, затоа пред да почнете која било диета ЗАДОЛЖИТЕЛНОконсултирајте лекар |
||||||
![]() |
||||||
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Диетата со супа е една од најомилените и најуспешните диети, зашто е едноставна, а дава резултати Калории: Не се собираатСе губи: До 5 килограми Траење: 7 дена и може да се повтори Кому се препорачува: На оние кои сакаат да истопат 7 до 8 килограми. ![]() Оваа диета им се препорачува само на оние кои имаат 7 до 8 килограми повеќе, но не и на оние кои имаат едвај неколку килограми повеќе. Калориите не се собираат, килограмите се топат благодарение на изборот на продуктите. Предвидено е намалено внесување на маснотии и јагленохидрати. Има денови кога тие се потполно исклучени од диетата, а кога станува збор за изворите на енергија, на тој начин телото се присилува енергијата да ја троши од своите масни наслаги. Програма ![]() Диетата можете да ја повторите за 2 или 3 недели, во тој случај придржувајте се на менито кое се препорачува од првиот до седмиот ден. Диетата можете да ја повторувате и повеќе пати во текот на годината, но внимавајте помеѓу две диети да поминат најмалку три месеци Менито е разновидно, но доколку се решите за измени, важно е да се заменат токму оние продукти за кои е предвидена замена во менито, а не на некои други. Доколку во диетата не е назначено количество, некои продукти можете да ги јадете без ограничување. Почитувајте ги наведените количества на продуктите. Количеството се однесува на свеж и исчистен продукт. ![]() Појадок: Чај или кафе, јаболко и круша Ужина: Овошен сок без шеќер Ручек: Супа од зеленчук, јаболка Ужина: Овошен сок без шеќер Вечера: Супа од зеленчук, круши Замена: Јаболката и крушите можете да ги замените со овошје по желба (освен грозје и банани). Овошјето може да биде варено или конзервирано без шеќер. ![]() Појадок: Кафе Ужина: Чај Ручек: Супа од зеленчук, варена брокула Ужина: Чај или кафе Вечера: Супа од зеленчук, 200 г варен компир со 10 г путер. Замена: Компирите со путер можете да ги замените со 350 г печурки сварени со 2 лажички маслиново масло. ![]() Појадок: Чај или кафе, круши или ананас Ужина: Овошен сок без шеќер Ручек: Супа од зеленчук, свежи или варени моркови Ужина: Овошен сок без шеќер Вечера: Супа од зеленчук, запечени пиперки, модри патлиџани, тиквички. Замени: Крушите или ананасот можете да ги замените со овошје по ваш избор, варено или конзервирано без шеќер. ![]() Појадок: Капучино подготвено од 2 дл посно млеко, банани Ужина: Чај или кафе Ручек: Супа од зеленчук, 200 г посен јогурт, една банана Ужина: Чај Вечера: Супа од зеленчук, фрапе подготвено од 2 дл млеко и една банана Замени: 20 дл јогурт можете да замените со 150 г посно сирење или 120 г моцарела или горгонзола. ![]() Испијте 1,5 до 2 литри вода Појадок: Кафе Ужина: Чај Ручек: 300 г риба варена на пареа (ослиќ, лист), домати, супа од зеленчук Ужина: Чај Вечера: Супа од зеленчук, 200 г печена риба (орада, лист). Замена: 300 г варена риба можете да замените со 300 г печени лигњи или сипа, 300 г печена риба можете да замените со 150 г туна во вода или со 100 г чаден лосос ![]() Испијте 1,5 до 2 литри вода Појадок: Кафе Ужина: Чај Ручек: 1 - 2 телешки шницли на скара, тиквички и коморач на пареа Ужина: Чај Вечера: Супа од зеленчук, 300 до 400 г печено пиле без кожа Замена: За вечера пилешкото можете да го замените со мисирка ![]() Појадок: Кафе Ужина: Овошен сок без шеќер Ручек: 150 г интегрален ориз со зеленчук по желба: шпаргли, кромид, морков, динстани на масло Ужина: Овошен сок без шеќер Вечера: Супа од зеленчук, репка и краставици Замена: Појадокот можете да го збогатите со 2 кришки интегрален тост со 2 лажички мармалад без шеќер, 150 г ориз можете да замените со 160 г интегрална тестенина. Како да постигнете најдобри резултати ![]() За проверка на резултатите најдобро е да се контролира телесната тежина: мерете се наутро, почнувајќи од четвртиот до осмиот ден. Четвртиот и петиот ден телесната тежина би требало да се намали за 2 до 3 килограми, а на крајот на диетата за 5 килограми. Ако четвртиот ден губењето на телесната тежина е поголемо од 2 до 3 килограми потребно е делумно да се промени менито. Појадокот збогатете го со 3 до 4 кришки интегрален леб, а ручекот со 120 до 140 г интегрална тестенина или ориз. Доколку имате проблеми со столицата во исхраната внесете трици (3 до 4 лажици во текот на денот) Против надуеност на стомакот ќе помогнат млечните ферменти......................... ![]() Изменето од bijonse1 - 18.Декември.2009 во 18:10 |
||||||
![]() |
||||||
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
![]() |
||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 45678 33> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |