Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Август.2011 во 22:22 |
Тошак: Можеме на СП во Бразил | |
|
| |
| |
| |
Велшкиот фудбалски стручњак Џон Тошак, денеска во Скопје ја одржа својата прва прес-конференција во улога на селектор на македонската репрезентација |
|
Тошак за шеф на стручниот штаб официјално беше избран на вчерашната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.
Новиот селектор изразувајќи задоволство од можноста да ја предводи Македонија смета дека тековниот циклус на квалификации резултатски се завршени и ќе се фокусира на формирањето на селекцијата за следниот квалификациски циклус.
- Во квалификациите за Европското првенство 2012 според досегашните резултати е неможно да се направи нешто повеќе, но предизвикот е следните квалификации за Мундијалот во Бразил 2014 година. Претстојната година до почетокот на новиот квалификациски циклус ќе го искористам за добра анализа на секој потенцијален репрезентативец по што ќе биде направена селекцијата која ќе го понесе товарот во тој циклус. Со добра програма и добри подготовки можеме да направиме добар резултат и да ја исполниме целта, а таа е пласман на Светското првенство.
Токму желбата на репрезентацијата и јавноста во Македонија да ја видат репрезентацијата на СП во Бразил, оставило силен впечаток кај него и е една од главните причини Тошак да ја прифати селекторската функција.
Велшкиот тренер веднаш по добивањето на новото работно место почна со анализа на одиграните натпревари на македонската селекција во квалификациите за еврошампионатот за да добие одредени сознанија за индивидуалните способности на фудбалерите, но тој побара одредено време за да може да добие вистинска слика за потенцијалот на репрезентацијата.
Околу изборот на федерацијата Џон Тошак да ја предводи Македонија во следните две години претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески на инаугурацијата на новиот селектор истакна дека е направен вистинскиот избор.
- Сите кандидати за селекторската функција добија простор и можност за разговор на кој ќе ја образложат својата програма, идеја и работа со фудбалерите. Од сите македонски тренери добив ветување, без разлика кој ќе биде избран, дека тие ќе дадат придонес за развој на македонскиот фудбал и коректно ќе соработуваат со новиот предводник. Со Тошак имавме состанок на кој се најдовме во нашите идеи и планови и оттука произлезе договорот тој да биде новиот селектор на нашата репрезентација, рече Хаџи-Ристески.
Првите натпревари во улога на предводник на Македонија, Тошак ќе ги има против Русија на гостински терен на 2 септември и Андора во Скопје на 6 септември. Во досегашните шест средби Македонија во групата со Русија, Андора, Република Ирска, Словачка и Ерменија има само една победа, еден нерешен резултат и четири порази.
|
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Август.2011 во 13:55 |
Победата против Азербејџан го сопре тонењето на Македонија на ФИФА листата
Беше потребен еден гол, една победа за да се спречи константното пропаѓање на Македонија на ранг листата на фудбалските репрезентации која ја изготвува ФИФА.
Тонењето одеше до 96 место, но во најновата августовска ранг листа Македонија се искачи шест места и сега пред гостувањето во Русија е на 90 место.
Пред нас неколку места сè уште се репрезентации како Катар, Бенин, Молдавија, Боцвана...
Првото место од Шпанија го презеде Холандија, а Англија ги прескокна Уругвај и Бразил и сега е на 4 место.
Ранг листа за август:
1 Холандија 1596 поени 2 Шпанија 1563 3 Германија 1330 4 Англија 1177 5 Уругвај 1174 6 Бразил 1156 7 Италија 1110 8 Португалија 1060 9 Аргентина 1017 10 Хрватска 1009 ...
12 Русија 940 19 Црна Гора 875 23. Словенија 816 26. Словачка 806 29 Србија 784 31 Р. Ирска 754 39 БиХ 656 71 Ерменија 456 90 Македонија 358 ...
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Август.2011 во 07:58 |
Тошак со четворица дебитанти за Русија и за Андора
Новиот македонски кормилар објави список со 22 играчи за претстојните дуели во квалификациите за ЕП 2012, Роберт Петров се враќа во тимот
Сашко Ѓ. Димовски
Велшанецот Џон Тошак се зафати со работа во македонската фудбалска репрезентација. За почеток го објави списокот на играчи за претстојните дуели против Русија во Москва на 2 септември и четири дена подоцна во Скопје против Андора во квалификациите за Европското првенство во 2012 година што ќе се одигра во Полска и Украина.
Во него има четворица дебитанти. Покана за настап во националниот тим за првпат добија Мухамед Усеини од шампионот Шкендија, Мирко Ивановски од полска Арка, Даниел Георгиевски од Шибеник и повратникот во македонското првенство и во екипата на Работнички, Муарем Муарем. За мечевите што наближуваат со фаворитот и аутсајдертот во комбинација се и играчот на Марибор, Агим Ибраими и македонските младински репрезентативци, Самир Фазли и Ферхан Хасани кои дебитираа во „А“ тимот на 10 август во Баку против селекцијата на Азербејџан. Кам-бек во националниот тим ќе има Роберт Петров, моментно член на Азал во шампионатот на Азербејџан, на подготовките ќе се јави и Владе Лазаревски од француски Амиен, а репрезентативниот статус го зачува и Влатко Гроздановски од Вардар. Кампањата за Русија и Андора ќе ја пропуштат Славчо Георгиевски, Марио Ѓуровски, Илчо Наумоски, Александар Лазевски и Бобан Грнчаров.
Останатиот дел од репрезентативците е очекуван. Конк*ренција меѓу стативите ќе прават Томе Пачовски и Мартин Богатинов. Тошак смета и на услугите на искусните дефанзивци Игор Митрески и Николче Новески, потоа Мојсов, Шиков, Попов, Демири, Тасевски и Тричковски предводени од капитенот Горан Пандев.
Веќе и дефинитивно се отстранети дилемите околу најблиските соработници на Тошак на репрезентативното кормило на Македонија. На Велшанецот ќе му помагаат Бобан Бабунски, селектор на нашата млад тим, потоа неговиот син Камерон Тошак и Ибраим Османи. Тренерот на голамните останува Гого Јовчев, Виктор Камиловски и натаму е репрезентативен доктор, без измени и во физиотерапевтскиот тандем Душан Велчевски и Бојан Цаневски.
Тошак доаѓа во Македонија на 25 август. Ден подоцна и официјално ќе биде потпишан договорот за соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) околу неговиот селекторски ангажман во нашиот национален тим. Собирот на репрезентативците за Русија и Андора е закажан на 28 август (недела) во хотелот „Стоун бриџ“ кога Тошак ќе го има првото запознавање со фудбалерите што ќе ги предводи во наредните две години, а на 29 август ќе го одржи и првиот тренинг. |
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Август.2011 во 23:53 |
Бабунски му скенираше триесетина фудбалери на Тошак
Довчерашниот в.д. селектор на македонската фудбалска репрезентација Бобан Бабунски му презентира листа од триесетина фудбалери на новиот фудбалски учител на националниот тим, Џон Тошак. Како што Бабунски изјави, тој за секој фудбалер се искажал позитивно, односно, биле истакнат квалитетите на секој поединец. - Иако не сме се виделе со Тошак секој ден телефонски се слушаме. Ми честиташе за победата против Азербејџан, меч кој и тој самиот го гледал. Му презентирав список од триесетина фудбалери кој според мене, можат да играат за репрезентацијата. Се работи за три до четири кандидити за секоја позиција во тимот. Му ги анализирав квалитетите на секој поединец - изјави Бабунски од Барселони и додава: - Тошак е фудбалска легенда и многу едноставен човек од кого може доста да се научи. Побара да ги гледа снимките од репрезентативните настапи во последните две години, така што повеќето фудбалери тој веќе ги познава. Верувам дека според репрзентативните кандидати ќе може да се состави тим од искусни и млади фудбалери. Видовме дека таквиот рецепт добро се покажа во Баку. - Каква игра ќе диктира Тошак во квалификациите? - Навистина не знам. Не значи ако тој бил порано голгетер дека ќе диктираме офанзивна игра. Знам дека има знаење да го одбере најквалитетното од македонскиот фудбал. Јас сум тука да помогнам. Без разлика што квалификациската група е тешка верувам дека имаме квалитет да направим чекор погоре. Да почекаме до 26 август, кога ќе биде промоцијата на Тошак во Скопје, да ги слушнеме неговите планови - изјави најверојатно, првиот помошник на Џон Тошак во репрезентативниот стручен штаб Бобан Бабунски кој продолжува со водењето на младата репрезентација до 21 година
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2011 во 23:21 |
Бабунски му сервира нов состав на Тошак
По серијата слаби резултати во квалификациите, македонската фудбалска репрезентација, конечно, успеа да победи, и тоа на гости. Совладан е стариот муштерија, репрезентација на Азербејџан, со 1:0, но што е најважно, в.д. селекторот Бобан Бабунски му сервира на новиот репрезентативен учител, Велшанецот Џон Тошак, нов состав со дури петмина дебитанти. Во победата над Азербејџан учествуваа дебитантите Стефан Ристовски, Александар Трајовски, Стефан Спировски, Самир Фазли и Владимир Димитровски, како и повратниците Влатко Гроздановски и Томе Пачовски. Со отсутните Митрески, Новески и Лазевски, во следните квалификациски циклус за Мундијалот во БразилТошак ќе има можност да состави тим кој би бил спој на искусни и на млади фудбалери. По победата, селекторот Бобан Бабунски беше задоволен не само од резултатот туку и од играта, особено во второто полувреме . - Задоволен сум од нашето издание, особено во второто полувреме. Азербејџан беше многу поагресивен во првиот дел, но во вториот, квалитетот дојде до израз и мислам дека имавме многу позрели шанси, дури и за поубедлива победа. По овој триумф, се врати атмосферата во тимот во вистинско време. Сигурно дека Тошак го гледал натпреварот и го анализирал. Јас сум тука за да му помогнам од секој аспект, особено ако бара информации за играчите - изјави Бабунски. Селекторот на Азербејџан, Германецот Берти Фогтс, не го прифати лесно поразот. - Не заслуживме да загубиме, особено со играта што ја прикажавме во првото полувреме. Во вториот дел бевме надиграни. Не знам дали ова е најправедниот резултат, но фудбалот се игра за резултат - рече Фогтс. Што се однесува до мечот во Баку, македонската репрезентација во една просечна игра подобро се снајде на теренот со пластична трева на новоизградениот стадион "Далга арена". Во првото полувреме, Азербејџан повеќе ја имаше топката во свој посед, притискаше кон голот на Пачовски, а Македонија чекаше шанса да се закани од противнапад. Во вториот дел, македонскиот национален тим се прикажа во многу подобро издание. Во 56. минута, Тричковски шутираше од 18 метри, но домашниот голман одбрани, а две минути подоцна Пандев и донесе водство на Македонија со својот 24. гол во репрезентативниот дрес. Ова беше последната проверка на нашата фудбалска репрезентација пред следниот дуел, кој ќе го играме во квалификациите за пласман на ЕП 2012 против Русија. Средбата со "зборнаја" ќе се одигра на 2 септември во Москва, каде што на кормилото на нашиот национален тим ќе дебитира новиот селектор Џон Тошак.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Август.2011 во 06:34 |
Конечно победа!
Македонската фудбалска репрезентација успеа да слави на мечот со селекцијата на Азербејџан. Нашите фудбалери со голот на Горан Пандев во 58-та минута успеаја да забележат победа против селекцијата на Азербејџан и со тоа да ја вратат самодовербата пред септемвриските квалификации.
Првото полувреме им припадна на фудбалерите на Азербејџан кои имаа неколку шанси, но сигурен на голот на Македонија беше повратникот Томе Пачовски кој неколку пати одлично и правовремено интервенираше. За разлика од првото полувреме, во вториот дел нашите играчи тргнаа многу по офанзивно и тоа вроди со плод во 58-та минута.
Попов изведе аут од левата страна, ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Горан Пандев најдобро се снајде се ослооди од чуварот и најде место да пласира во противничкиот гол за водство на Македонија од 1:0.
До крајот на мечот имаше по неколку добри акции на двете страни но резултатот не беше променет. Оние кои настапија на оваа средба покажаа дека со пожртвувана игра се стигнува до поволен резултат. Ова нека биде само најава на добри резултати во следните квалификациски средби.
Нашата репрезентација натпреварот го започна во следниот состав:
Пачовски, Ристовски, Шиков, Мојсов, Попов, Демири, Шумуликоски, Трајковски, Хасани, Пандев, Тричковски. Во второто полувреме шанса добија и останатите репрезентативци.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Август.2011 во 13:24 |
Џон Тошак нов селектор
Велшанецот Џон Тошак од вчера е новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација и ќе дебитира против Русија на 2 септември, откако викендов успеа да се договори со раководството на ФФМ околу условите од договорот. Селекторската позицијата беше испразнета повеќе од еден месец по отказот што го доби Мирсад Јонуз. - Џон Тошак ги прифати условите што ги понудивме во рамките на предвидениот буџет на федерацијата и на зедничко задоволство се договоривме да ја предводи нашата селекција во следниот квалификациски циклус за СП во Бразил - изјави претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески за интернет-сајтот на ФФМ. Шеесет и двегодишниот стратег во својата богата кариера, меѓу другите, ги водеше Реал Мадрид, Спортинг и Депортиво, а последен ангажман му беше селекторскиот во Велс (2004-2010). - Навистина ми е чест што сум одбран за селектор на македонската фудбалска репрезентација. Луѓето од раководството на ФФМ беа прекрасни, отворени, и тоа ми дава надеж дека заедно можеме да постигнеме успех на репрезентативен план. Максимално ќе ги искористиме следните квалификациски средби за да што подобро се подготвиме за предизвикот кој се вика Бразил 2014. За групата не би говорел многу. Првиот впечаток е дека се работи за тешка, но доста израмнета група. Што се однесува до "мојот" Велс, сигурно дека е тешко да се игра против "своите", но барем засега не сум размислувал како ќе го прифатат тоа навивачите на Велс. Јас сум професионалец и размислувам само во тој правец - изјави новиот селектор на Македонија. Тошак ќе пристигне во Македонија на 25 Август а официјалната промоција ќе биде ден подоцна.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Јули.2011 во 12:56 |
Бабунски по примерот на Јоаким Лев
Дури петмина играчи ќе имаат можност да дебитираат за македонската фудбалска репрезентација, откако привремениот селектор Бобан Бабунски ги стави меѓу 19-темина повикани за пријателскиот меч во Баку, против Азербејџан на 10 август. Со Ристовски, Димитровски, Спировски, Фазли и Трајковски, Бабунски значително го подмлади националниот тим и неговата просечна возраст сега изнесува 24 години, во што може да се мери единствено со селекторот на Германија, Јоаким Лев. Пачовски, Гроздановски и Ибраими се повратници во А-тимот, а искусниот дефанзивец Игор Митрески ќе биде дополнително повикан, ако навреме закрепне од повредата. Комплетен состав: Голмани: Томе Пачовски (Жерминал), Мартин Богатинов (Карпати); Одбрана: Стефан Ристовски (Кротоне), Горан Попов (Динамо Киев), Владимир Димитровски (Млада Болеслав), Ванче Шиков (Волин), Даниел Мојсов (Војводина); Среден ред: Мухамед Демири (Тун), Александар Лазевски (Партизан), Стефан Спировски (Борац Чачак), Славчо Георгиевски (Нефчи), Величе Шумуликоски (Новосибирск), Влатко Гроздановски (Вардар), Ферхан Хасани (Шкендија); Напад: Горан Пандев (Интер), Самир Фазли (Херенвен), Иван Тричковски (Апоел), Агим Ибраими (Марибор), Александар Трајковски (Цулте).
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јули.2011 во 14:36 |
Го поправивме ФИФА-ранкингот и без победа
Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од две места на најновата ФИФА ранкинг-листа и сега се наоѓа на 96-тото место со 338 бодови. Нашите најдобри фудбалери се во серија од четири порази по ред, два на пријателските средби со Кина и Камерун и два последователни од Република Ирска во квалификациите за Европското првенство во 2012 година. Последната победа македонската фудбалска репрезентација ја оствари минатиот октомври, кога на гостински терен ја совладавме Андора со 2-0 во евро-квалификациите. Сите се прашуваме дали и следната победа ќе ја оствариме против Андора, која ни гостува во Скопје на шести септември.
Пред нас на ФИФА-ранкингот сè уште се наоѓаат репрезентации како Молдавија, Бенин, Зимбабве, Естонија, Ел Салвадор, Уганда, Боцвана и други земји за кои не сме ни знаеле дека воопшто имаат фудбалски терени, а камоли репрезентација. Само за илустрација и да ви биде појасно каде се наоѓа нашиот фудбал во Европа, македонската репрезентација моментално се наоѓа на 43-тото место. Единствено Азербејџан и Казахстан се под нас, каде што се игра професионален фудбал, а сите останати репрезентации до 52-то место (колку што има земји во Европа) најважната споредна работа ја третираат како рекреација или играат аматерски.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јули.2011 во 14:25 |
Бабунски по вторпат на клупата на македонската репрезентација
Селекторот на младата репрезентација, Бобан Бабунски, ќе ја предводи А-селекцијата на пријателскиот дуел против Азербејџан во Баку на 10 август, како привремено решение, објави Фудбалската федерација на Македонија. Бабунски по вторпат во кариерата ќе ја предводи најсилната селекција, откако во 2005 година, исто така како в.д., беше селектор на квалификациските дуели со Холандија (0:0) и со Финска (1:5) и на пријателскиот меч со Лихтенштајн (4:1), по оставката на Слободан Сантрач. - Како човек на Федерацијата, секогаш сум подготвен да му помогнам на националниот тим, кој е светост за сите нас. Најважно во овој момент е да се сконцентрираме на анимирањето на играчите, за да се претставиме во што подобро светло на гостувањето во Азербејџан. Едноставно, да го продолжиме профилот што го создаваме во младата репрезентација и во А-тимот. Оние што ќе бидат повикани да го дадат максимумот и да одиграат квалитетно и професионално во Баку - изјави селекторот Бобан Бабунски за Интернет-сајтот на ФФМ. Досега четири пати имаме играно со Азербејџан, двапати во квалификациите за СП 2002 и двапати пријателски. Македонија има три победи, а една средба заврши нерешено. Овој дуел е подготовка за остатокот од квалификацискиот циклус за ЕП 2012, од кој ни останаа уште четири меча. Првиот е во септември, против Русија во Москва. В сабота во Рио, ќе се одржи ждрепката за квалификациите за СП 2014 во Бразил, по што ФФМ ќе продолжи со потрагата по нов селектор, функција што претходно ја одбија Ѓоко Хаџиевски и Клаус Аугенталер како најсериозни кандидати
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Јули.2011 во 18:34 |
Со Аугенталер ќе стигнат и германски спонзори
Ако Клаус Аугенталер биде избран за селектор на македонската фудбалска репрезентација, тој ќе донесе германски спонзори, факт што го прави најсериозен кандидат за оваа функција. Денеска или утре, претседателот на ФФМ Хари Хаџи - Ристески и генералниот секретар Игор Климпер ќе заминат за Нирнберг, каде што ќе преговараат со Аугенталер. Како што дознаваме, ако се договорат со Германецот, кој интерес за селекторското место покажал уште пред еден месец, тогаш, покрај ФФМ, во неговото финансирање со одреден процент би учествувале и спонзорите од Германија, што тој евентуално би ги донел. Исто така, во договорот помеѓу Аугенталер и ФФМ би била вметната клаузула, тој да биде добро награден во случај македонската репрезентација со него да избори учество во баражот за Мундијалот 2014, односно би добил најмалку милион евра. Можеби, најсигурен извор од кој Германецот би се плаќал би биле телевизиските права. Пред се, ако Аугенталер посредува во договорањето на пријателски меч со Германија, од чии телевизиски права ФФМ би инкасирала близу два милиони евра, процент би земал и тој. На сличен начин, Азербејџан го плаќа нејзиниот селектор Берти Фогтс, кој му ја донесе германската репрезентација како спаринг-партнер. Инаку, Клаус Аугенталер е поранешен првотимец на Баерн Минхен и германски репрезентативец. Тој му беше асистент на Џовани Трапатони во Баерн, потоа и тренер на оваа екипа, а беше и на клупата на Нирнберг, Баер, Волфзбург, Унтерахинг... Што се однесува до Хрватот Мирослав Ќиро Блажевиќ, кој, исто така, е кандидат за оваа функција, во договорот што го имаше со Федерацијата на Босна и Херцеговина стоеше клаузула тој да добие екстрапремија ако ја пласира нејзината репрезентација во баражот за СП 2010. Тој успеа и требаше да инкасира милион евра. Хари претстојниве денови телефонски ќе разговара и со него
|
|
LiDivio
Модератор
Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јули.2011 во 08:46 |
Би сакал селектор да биде Ќиро Блажевиќ (ако не биде Ѓоко Хаџиевски)
|
|
Santijago
Сениор
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF
Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јули.2011 во 02:07 |
Тивка елиминација на МакедонцитеСега Германецот Клаус Аугенталер и Бугаринот Пламен Марков се водечки кандидати за преземање на нашата репрезентацијаФудбалската федерација на Македонија, според последните информации токму од нејзините кругови, ќе се насочи кон странско име на клупата на националниот тим откако најсериозните домашни кандидати за наследник на Мирсад Јонуз веќе се откажаа од трката за селекторската функција. Начинот на кој Управниот одбор на ФФМ го избира македонскиот селектор без навремени конкретно прецизирани ставови, критериуми и услови за "изгледот" на предводникот притоа со постојано одолговлекување на одлуката едноставно изминативе денови донесе тивка елиминација на Македонците од трката за нов водач на нашата сениорска клупа. "Не може повеќе од еден месец да се калкулира со избор на нов селектор, а притоа од Управниот одбор на ФФМ да не слушнеме ниту еден конкретен став што навистина сакаат од новиот селектор. Дали има цврста одлука дали се сака домашен или странски тренер, дали амбициите се за апсолутен резултатски блесок веднаш или континуирано градење на нова селекција? Сите тие недоречености оставаат впечаток на несериозност поради што ние како професионалци мора да го бараме својот конкретен пат, а не постојано да живееме во очекување. Дали тоа се прави свесно да се елиминираат домашните тренери или, сигурно не знаеме, но едноставно како веднаш да беше ставено до знаење дека сепак ќе биде странец на тренерската клупа", е еднаков ставот на дел од македонските тренери кои изминативе денови го следат изборот на новиот селектор. Ѓоре Јовановски, уште по првиот разговор со претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески, се откажа од трката, а по најавите за ангажман во странство веќе се откажаа и најсериозните кандидати Ѓоко Хаџиевски, за кого фудбалската јавност сметаше дека е веќе сигурен наследник на Јонуз, како и Чеде Јаневски кој е пред официјализирање на преселбата во грчкиот прволигаш Кавала. Сепак, од канцеларијата на ФФМ и натаму нагласуваат дека воопшто не се откажеле и од идејата македонски тренер и натаму да ја води селекцијата. "Нема никаков став дека нема да биде Македонец на клупата на репрезентацијата. Ние и претходно истакнавме дека единствено мора да се согласат нашите амбиции и амбициите на идниот селектор за да дојдеме до заеднички договор. Ќе се бара искусно име од кое веднаш ќе се бараат резултати", велат од ФФМ. Но, нескриен факт е дека некако во преден план во моментов остануваат единствено странските имиња во трката за нов кормилар на селекцијата. Според нашите информации, Германецот Клаус Аугенталер и Бугаринот Пламен Марков се водечки претенденти за преземање на националниот тим, иако како што е познато свои кандидатури до ФФМ доставија и Хрватот Чиро Блажевиќ, Французинот Алан Жирес, Србинот Љупко Петровиќ, Црногорецот Зоран Филиповиќ како и Турчинот Зија Доган. Управниот одбор на ФФМ претходно најави дека најдоцна до 15 јули ќе биде избран новиот македонски селектор.
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Јули.2011 во 13:03 |
Програмата на Стратев на увид кај Хари
Списокот кандидати за селектор на македонската фудбалска репрезентација од ден за ден се проширува. Вчера на разговор со претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески требаше да биде и поранешниот тренер на Вардар, Тетекс и Работнички, Зоран Стратев. Тој исто како и неговите претходници требаше да ја образложи својата програма за работа со националниот тим. - И Зоран Стратев приложи кандидатура за селектор и беше закажан разговор со претседателот Хаџи-Ристески во просториите на ФФМ. Листата на кандидати секој ден се зголемува, но до петок, до седницата на Управниот одбор, нема да се знае името на новиот селектор. Ако Управниот одбор не се одлучи за ниеден од пријавените кандидати, може да се случи изборот да биде пролонгиран до следната седница - вели генералниот секретар Игор Климпер. Откако се откажаа Ѓоре Јовановски и Ѓоко Хаџиевски, во моментов, кандидати за селектор на македонската фудбалска репрезентација се: Чеде Јаневски, Артим Шаќири, Илчо Ѓоргиоски, Зоран Стратев, како и странците Зија Доган, Пламен Марков, Ненад Грачан, Зоран Филиповиќ, Љупко Петровиќ, Клаус Аугенталер, Ќиро Блажевиќ и Ален Жирес. Управниот одбор на ФФМ ќе заседава в петок, од 15 часот, во Прилеп
|
|