IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЗОШТО ДА ПРИФАТИМЕ  ИСЛАМ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЗОШТО ДА ПРИФАТИМЕ ИСЛАМ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 11>
Автор
Порака Обратен редослед
Sahih Bukhari Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Декември.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 389
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sahih Bukhari Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 19:08
Vo red se izvinuvam za mojot temperament, a i pokraj toa ne te navrediv tebe tuku mislata, i sekoj eden so takva misla.

sekoja zemja kade vladee sherijat, e odprilika 80% pravedna, a vo zemja kade vladee sherijat i ima pravilen vladar (vladar so dusha,i praksa vernik) e vo vakva zemja ima 99% pravda.

Mi zboruvash za fakti a? neishto ne kazuvash od rekla kazala a??

eve je ke ti potvrdam deka kazuvash od rekla kazala, zakonot za kaznuvanje na edna Bludnica ili Bludnik e: 4 svedoci da posvedocat deka go videle na delo, za da se izbegne kleveta nekoj da bide kaznet na pravdina.

Pa sega samata odlucisi dali Kadija sudi ili Islamot e bezgreshen vo svoite zakoni i principi.

Spored sherijatskiot zakon, pod uslovi na pravilen vladar nikogash nemoze nekoj da bide kaznet na pravdina.


eve Mak. sinot na exMinisterot za vnatreshni raboti, koi kriminali napravi... malce u zatvor i nadvor i da nekomentiram ne e tema toa, a moe drugarce za samo 1 kubik nabrani drva, i toa so dozvola od samiot shumar, 3 meseci u zatvor, za navodna zakana na shumarot PERO!!!

kadija ima vo makedonija a????

Realnost devojko sekade ima nepravda, no najmalce vo sherijatska drzava, najdobar primer za tebe e Iran.

Informirajse koj e iran, i kakov zakon vladee vo iran.

I koi luge poznavash ti vo zemja kade vladee sherijat???   daj da ne se lazeme devojko te molam.
OUR DIGNITY IS IN ISLAM!!!
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 18:52
Велиш, живееме во 21 век, полиција организации за човекови права...епа во исламски земји тоа не функционира.
Впрочем, нели го знаеш последниод случај во КСА кога силуваната доби 200 стапа? Кадија тужи кадија суди, за какви човекови права и полиција ми збориш ти во земја што практикува шеријатски систем? Уште и крив ќе излезеш, особено ако си жена.
 
 
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 18:46
Полека Букхари, небрзај, и не навредувај, не сме овде да презентираме глупости, ниту некој ми кажал од страна рекла казала...
Презентирам факти и искази на конвертираните...кои лично ми одговориле на моите прашања.
Ине реков дека тоа се случи во Македонија, нели?
 
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Sahih Bukhari Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Декември.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 389
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sahih Bukhari Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 18:34
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Познаван неколку „христијани„ кои преминале во ислам.


Две третини тоа го сторија поради ПРИНУДА

Една третина заради остварување материјална корист.

И двете категории ги нарекувам-ОПАЈДАРИ.

 

А колку тоа биле вистински христијани-сведочат наводниците кои ги ставив под поимот.

 

Не познавам НИТУ ЕДЕН вистински христијанин кој преминал во ислам.


Naj golemata glupost koja sum ja slushnal, deka nekoj konvertiral od strav,ili bil primoran!!!

devojko 21 vek ziveeme, koj kogo moze da prisili na neshto??? zashto ima policija, organizacii za zashtita na covekovi prava, kaj be vo deneshniov svet nekoj nekogo moze da primora na neshto, ako samiot ne saka????

ili materijalni dobra, pa vo makedonija, ajdee....

pa ako se potrudish da go procitash k*ranot, ke svatish zashto nekoj konvertiral vo islam,
a se dodeka slushash od drugi kako go prezentiraat k*ranot, nikogash nema da ja dolovish vistinata, zemi vo race k*ran i citaj devojko.

OUR DIGNITY IS IN ISLAM!!!
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 18:17

Познаван неколку „христијани„ кои преминале во ислам.

Две третини тоа го сторија поради ПРИНУДА
Една третина заради остварување материјална корист.
И двете категории ги нарекувам-ОПАЈДАРИ.
 
А колку тоа биле вистински христијани-сведочат наводниците кои ги ставив под поимот.
 
Не познавам НИТУ ЕДЕН вистински христијанин кој преминал во ислам.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:17

В. Б. Бекард

 

Англиски автор и писател. Учествувал во Првата светска војна и бил фатен како воен заробеник. Едно време работел во Уганда. Во 1922 година го прифаќа исламот. Ги има напишано книгите „Авантурите на Касим“, „Новиот свет“, итн.

„Имам издвоено копија од значењето на к*ранот, преведен од Савари на француски јазик, една од најскапоцените работи што ги поседувам. При неговото читање доживеав огромно задоволство и бев многу радосен, толку многу што кога завршив со читањето, ми се пристори како зраците на Бескрајната Вистина да ме осветлиле со нивната благословена светлина.“[1]

 



[1] Ибид, стр. 57.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:16

Малком Икс

 

Еден од најголемите лидери на црнците во Америка, кој по прифаќањето на исламот, многу работи за ширењето на исламот во Америка. Поради големиот број приврзаници и поради тоа што илјадници луѓе почнуваат да го прифаќаат исламот како резултат на неговите предавања, тој е убиен. За неговото искуство за време на аџилакот, вели:

„Во Ќабето (светото место) имаше стотици илјади луѓе дојдени од целиот свет. Тие им припаѓаа на сите раси и бои, почнувајќи од тие со жолта коса и сини очи, па сè до Африканците со црна кожа. Но, сите тие учествуваа во истите одредби, изразувајќи единство, нешто за што моето искуство во Америка ме има натерано да верувам дека никогаш не е можно меѓу црнците и белците.

Можеби луѓето ќе се зачудат од овие зборови. Меѓутоа, тоа што го видов и го доживеав на аџилак ме натера да ги променам моите поранешни мислења и да напуштам некои од моите ставови за кои настојував во минатото, нешто што не беше толку тешко за мене. И покрај моите многу силни убедувања, јас секогаш сум бил подготвен да се соочам со фактите и да ја прифатам вистината откриена со помош на знаењето и новите искуства …

За време на последните единаесет дена од мојот престој во муслиманскиот свет, се молев на Бога, јадев од иста чинија, пиев вода од иста чаша и лежев на истиот кревет или тепих со муслимани со најсини или со најжолти очи и со најбела кожа. Во зборовите, однесувањето и делата на белите муслимани ја видов и ја почувствував истата љубезност како и во средината на црнците од Нигерија, Судан или Гана. Ние бевме навистина сите еднакви и браќа!“[1]



[1] Абдул Вехид Хамид, „Исламизирањето, природен пат“, без година на издавање, стр. 170.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:15

Рој Ерл Џонсон

 

Раскажува: „Јас имам американско потекло и детството го имам поминато како христијанин. Пред да ги потврдам моите резултати од студиите и истражувањата на мојата душа за Господ (за Алах), имав спознаено многу важни знаења. По многу студирање, учење и повеќекратно читање на книгата „Дијалогот меѓу христијанот и муслиманот“, како и на Библијата, верзијата на Кралот Џејмс, к*ранот и нивно споредување, на крај го декларирав шехадетот (сведочењето) на англиски, а потоа и на арапски јазик:

„Сведочам дека нема друг Господар освен Алах и дека Мухамед е Неговиот пратеник. Ешхеду ен ла илахе илалах ве ешхеду енне Мухамеден абдуху ве ресулух.“

Со помош на оваа едноставна и фундаментална исламска декларација, верувам дека многу луѓе ќе му се покорат на Алах, со вистинско верување во душите. Јас исто така се надевам дека оваа скромна книга („Дијалогот меѓу христијанот и муслиманот“) ќе се чита низ целиот свет и ќе го привлече вниманието на тие кои го бараат вистинското верување, верувањето кое ќе им донесе утеха и задоволство на душите.“[1]



[1] Хасан Баџи, „Дијалогот меѓу христијанот и муслиманот“, Тирана, 1993, стр. 3.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:14

Жак Ив Кусто

 

Бил офицер во француската морнарица. Роден е во 1910 година, во Сент Андреја де Кузбак. Преку неговите истражувања со бродот „Калипсо“, стана најпознатиот океанограф на светот во нашето време. Порано бил католик, сега е муслиман.

Еден ден, некаде во длабочините на океанот, Кусто си ги вршеше неговите истражувања. Одненадеж виде дека во солената вода на морето имаше неколку извори на слатка вода. Тоа што го запрепасти уште повеќе беше дека слатката вода од овие извори во морето не се мешаше со неговата солената вода. Долго време се трудеше да ја најде причината за природата на оваа појава, но безуспешно. Еден ден, кога Кусто за ова му кажа на својот пријател, професорот Морис Бикај, кој отпорано го беше прифатил исламот, овој му кажа дека таквата појава не е нешто ново и дека таа е објаснета во к*ранот уште пред четиринаесет векови:

„И Он е оној кој одвои едноподруго две мориња: едното питко и ладно, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“ (Ел-Фуркан: 53), и

„Ги оддели двете мориња кои само се допираат: меѓу нив има препрека, и не се мешаат.“ (Ер-Рахман: 19-20)

На крајот на истражувањата, Кусто виде дека водената маса и нејзините особини, како на Белото Море така и на Атлантскиот Океан, беа различни една од друга. Според фактите, бидејќи овие две водени маси се спојуваат во Гибралтарскиот Теснец, процентот на сол и нивната густина би требало да се еднакви. Но тоа не се случуваше. Водите не се мешаа една со друга. Како заклучок од истражувањата произлезе дека постои една чудесна водена пречка која го спречува мешањето на водите една со друга.“[1]



[1] Види „Жак Кусто“, Дрита Исламе, Тирана, јануари 1994, бр. 45, стр. 4: Исмаил Мучај, „Величественоста на Коранот ги убеди англиските, француските и тајландските научници да го прифатат исламот“, Дрита Исламе, Тирана, април, 1996, стр. 1.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:14

Сер Џејмс Џинс

 

Познат англиски научник. Професорot Инајетулах, професор на универзитетот во Кембриџ и еден од најпознатите научници по математика и физика во Индија, раскажува: „Еден ден, недела 1909 година, излегов од дома поради некои домашни потреби и ненадејно се сретнав со познатиот астроном сер Џејмс, професор во Кембриџ, како оди во црква. Под неговите пазуви си ги држеше Библијата и чадорот, иако врнеше многу дожд. Му се доближив и го поздравив. Тој не ми одговори. Го поздравив уште еднаш, овојпат ме слушна и ме праша: „Што бараш од мене?“

„Две работи, господине“ – му реков.

„Прво, чадорот го држите под пазуви, иако врне.“ Тој се насмевна и веднаш го отвори чадорот.

„Второ, што е тоа што го тера еден човек со светска слава како вас да оди во црква?“ Застана за момент, а потоа ми рече: „Барам од вас да ме посетите вечерва, за време на чајот.“ Таа вечер, токму во определеното време, стигнав во куќата на професорот. Госпоѓа Џејмс се појави и ме извести дека професорот ме очекува. Влегов во неговата работна соба. Пред него се наоѓаше шолјата со чај на една мала маса, додека тој беше изгубен во своите мисли.

Кога го забележа моето присуство, почна да ми предава за создавањето на небесните тела, за нивното функционирање, за далечината, патот, движењата, гравитацијата, нивниот различен сјај … Мене длабоко ме трогна неограничената сила на Господ. На сер Џејмс, пак, косата му беше подигната, очите му беа насолзени, а рацете му се тресеа од стравот пред Господ. Ненадејно, замолчи едно време, за потоа да ми рече:

„О Инајетулах, кога ги набљудувам величествените Божји творби, телото почнува да ми се тресе од величественоста на Господ. Кога се покорувам пред Него, покорен со сите делови на моето тело, велам: ,Навистина, само Ти си Величествен.‘ Тогаш чувствувам душевно задоволство и смиреност. Ова е најголемото задоволство што го чувствувам во мојот живот. Дали ти е сега јасно зошто одам во црква?

„Господине“, реков, „овие научни вистини навистина ме трогнаа, но и ме потсетија на к*ранскиот ајет којшто можам и да ви го прочитам, ако сакате.“ Ми потврди со главата и ми рече: „Со задоволство.“

„Не гледаш ли дека Алах, навистина, ви спушта вода од небесата и со неа Ние вадиме различни видови плодови? А низ брдата патишта бели и црвени, со бои различни, а и сосема црни. И меѓу луѓето и меѓу животните и меѓу добитокот има, исто така, различни видови. Ете, така од робовите Алахови се плашат, секако, учените…“ (Фатир: 27-28)

Во тој момент, сер Џејмс извика: „Што рече? Само учените имаат страв од Алах? Чудо! Чудо! Ова го имам откриено за време на моето педесетгодишно студирање и истражување. Кој го извести Мухамед за ова? Дали навистина постои овој ајет во к*ранот? Ако е така, тогаш напиши дека сведочам оти к*ранот е Божја објава. Мухамед бил неук и тој самиот не можел да го открие ова. Господ го има известено. Чудо! Чудо! Чудо!“[1]



[1] „Зошто сер Џејмс Џинс го прифати исламот“, Хана е Ре, Скопје, 15 јули 1993, стр. 6.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:12

Акад. проф. Итало Чуиси (Мухамед Абдулах)

 

Тој е преведувач на к*ранот на есперанто. На овој јазик го има напишано и делото за Мухамед (Божјиот мир да е над него) и многу други студии за исламот. Роден е на 13 мај 1919 во Трст, Италија. На дваесетгодишна возраст докторира математички науки. Познава повеќе јазици, како: германски, англиски, француски, латински, шпански, есперанто и арапски јазик. к*ранот го превел на есперанто за осум месеци. Д-р Чуиси својата верска еволуција ја опишува на следниот начин:

„Пред сè, треба да знаете дека отсекогаш сум негувал длабоки верски чувства во младоста, но и покрај тоа, никогаш не сум се осетил пријатно во верска средина. Покрај другото, и како математичар, не можев некритички да ја прифатам теоријата за Светото Тројство, којашто претставува основа на учењето и е догма во христијанското верување. Често се прашував себеси како е можно семоќниот и суверен Господ да е приморан да има јасно човечко потекло во Светото Тројство. Никогаш не сум им верувал на прогресивните догми кои се трудат да го дефинираат и да го опишат, па следствено и да ја ограничат величественоста на Создателот. Ова се јасни карактеристики на христијанството … Прочитав неколку книги и потоа почнав да го читам к*ранот. За поубаво и подлабоко да го разберам, го купив к*ранот преведен на германски и на италијански јазик, но и тоа не ме задоволи, така што со помош на имамот (во една џамија во Франкфурт) почнав да го изучувам арапскиот јазик. Во 1966 година почнав да го преведам к*ранот. Во тоа време моето преминување во исламот се има случено незабележливо, затоа што студирањето на исламот е такво што ако некој го студира искрено, не може да не биде привлечен. Сигурен сум дека к*ранот ја има способноста да го убеди секого, ако некој и се доближи на оваа Книга без предрасуди и на достоинствен начин. Неизмерно да е благодарен Алах.“

На прашањето на новинарот од весникот “Heroldo de Esperanto” на есперанто, вели:

„Пред сè, да ве посоветувам да не го користите изразот „мухамеданци“ кога зборувате за приврзаниците на исламот. Ислам е строго и ексклузивно монотеистичка вера, а Мухамед (Божјиот мир да е над него) е Божји пратеник, тој не е свет (натчовек) кој треба да се обожава. Муслиманите не го почитуваат изразот „мухамеданци“, којшто вообичаено се користи на запад, поради тоа што со тоа би можело да се помисли дека Мухамед (Божјиот мир да е над него) има исто место во исламот како местото на Исус во христијанството. За историјата на к*ранот од 1400 години ќе ви го спомнам мислењето на ориенталистите, кои во овој аспект се поавторитетни од мене, како на пример Муир, кој без никакво двоумење потврдил дека денешниот к*ран го има целосно истиот текст, истите реченици, како и истите зборови и букви како и пред 1400 години. Од оваа гледна точка, јас се осмелувам да потенцирам дека овде се работи за еден уникатен феномен, затоа што не можам да говорам за друга книга за којашто би можело да се каже истото. Кога се споредуваат различните изданија на една иста книга, по неколку или по десетици години, поради преписот, преводот и толкувањето, идентичноста на таа книга веќе не постои.

Верувам дека ќе се согласите со мене ако на вашето прашање дали к*ранот е навистина Божја објава или пак е нешто друго, ви одговорам со мислењето на друга личност. Се работи за еден мој пријател, католички свештеник, исусовец со кого разменуваме писма одвреме-навреме. Пред некое време му пишав да ме извести за ставот на католичката црква за пратеникот Мухамед (Божјиот мир да е над него) и за тоа дали сè уште превладува мислењето од средновековието дека тој бил ненормален, лажго или нешто друго. Тој ми одговори (цитирам збор по збор од неговото писмо): ,Можно е, дури е и многу веројатно контактот меѓу Господ и Мухамед да се случил навистина.‘“[1]

 



[1] Касим Хаџиќ. Акад. проф. д-р Итало (Мухамед Абдулах) Чуиси, Таквим, Сараево, 1983, стр. 249-257.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:11

Мухамед Асад (Леополд Вајс)

 

Роден е во Л’вов (Полска) 1900 година, кој во тоа време влегувал во составот на поранешна Австро-Унгарија. Во дваесет и втората година од животот, како дописник на германските весници, а посебно на познатиот весник „Франкфуртер Цајтунг“ (Frankfurter Zeitung), ги започнал своите долги патувања по исламските земји. Запознавајќи се со принципите на исламот и со стилот на живеење во исламските земји, тој во 1926 година го прифаќа исламот и целиот свој живот го посветува на студирањето на оваа вера, активно учествувајќи во многу динамични акции. По основањето на Пакистан, се назначува за негов претставник во Обединетите Нации. По некое време се повлекува од оваа положба и за да може да придонесе повеќе за исламот, се посветува на публицистичката дејност. Пишува на англиски, арапски и германски јазик. Тој вели:

„Исламот ми изгледа како совршено архитектонско дело. Сите негови делови се хармонично конципирани за да се исполнат и да се поддржуваат еден со друг; ништо не е излишно и ништо не недостига, што резултира со совршена рамнотежа и смиреност. Можеби токму ова чувство дека сè во учењето и во постулатите на исламот е ,на свое место‘ го направи најсилниот впечаток врз мене. Покрај тоа, можело да има и други впечатоци кои денес ми е тешко да ги анализирам. Конечно, тоа е прашање на љубов, а љубовта е составена од бројни нешта: од нашите желби и нашите осамености, од нашите сили и нашите слабости. Така беше и со мене. Исламот влезе во мене тивко и трајно, но – засекогаш.“ [1]



[1] Мухамед Асад, „Патот за Мека“, Скопје, 2003, стр. 18. (Мислам дека е од голем интерес за читателот да ја прочита оваа прекрасна книга).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:11

Д-р Морис Бикај

 

За неговото прифаќање на исламот вели:

„Како и другите Французи, и јас го познавав исламот како вера создадена од генијалниот Мухамед. Меѓутоа, ја имав среќата како хирург да се сретнам со пациенти муслимани и да разберам повеќе за исламот. Постепено, кога ми беа рецитирани неколку к*рански ајети (делови), почнав да увидувам колку малку знам за исламот, а во меѓувреме бројни обвинувања доаѓаа од печатот, од телевизијата и од други страни. Ова се случуваше околу 1926 година, кога муслиманско-христијанскиот дијалог сè уште беше далечна можност.

Разбрав дека ќе треба директно да го студирам к*ранот, па така две години студирав арапски јазик и литература, кое ми го олесни и читањето на оригиналот (к*ранот). Набргу по ова, сфатив дека к*ранот е Божја книга и дека Мухамед (Божјиот мир да е над него) е Неговиот последен пратеник.“[1]

 



[1] „Исламскиот сјај“, издание на Унијата на албанската исламска младина, Тирана, бр. 1 (без година на издавање).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2007 во 16:10

Д-р Мурад Хофман

 

Поранешен германски амбасадор во Мароко, писател и доктор на правни науки од Харвард.

„Го прифатив исламот на 25 септември 1980 година. Пред крајот на својот живот, Божјиот пратеник им однесе пораки на соседните владетели – Неџаш од Абисинија, Кајсер II (590-628) од Персија и на владетелот на Источното Римско Царство, Хераклит (610-641). Мухамед (Божјиот мир да е над него) ги повика со едноставни зборови да го прифатат исламот, за нивно лично добро и за доброто на нивните народи. Оваа епизода во дипломатската историја го претставува првиот службен однос помеѓу исламот и Западот – односи кои во текот на 1400 години никогаш не сопреа, но не ни доживеа релаксација; и покрај многуте плодни економски и интелектуални контакти, отсекогаш биле од конфронтирачка природа.

Историскиот развој, а посебно успехот и достигнувањата во раната исламска експанзија објаснуваат многу. Имајќи ги предвид овие успеси, разбирливо е зошто Западот и понатаму се концентрира врз претставувањето на исламот како агресивна вера, која треба да им се заблагодари на „огнот и мечот“ за нејзината експанзија. Точно е дека, од воена гледна точка, христијанските и иранските реони беа беспомошни да им се спротивстават на верскиот замав и на храброста на првите муслимани, но исто така точно и е тоа дека еден мал број на војниците муслимани не би имале можност да заземат толку големи подрачја доколку народот од тие подрачја, масовно и во голем број, не им се приклучил.

Хетеродоксните христијани во Магреб и на исток, вклучувајќи ги и аријаните и донатистите, го прифатија исламското учење, затоа што тие не веруваа ни во Божјата природа на Исус (Иса – Божјиот мир да е над него), ни во светото Тројство. Во единаесеттиот век, исламот се прошири до Сенегал, Мали и Чад, без палења и без меч, па дури и ден-денес мирно се шири долж цела Африка.“[1]



[1] Д-р Мурад Хофман, оп. цит., стр. 13-14.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.