|
Студентски Марш |
Внеси реплика | страница <1 45678 17> |
Автор | |
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://libertas.mk/розмариното-бебе-на-десничарскио/
ИНАКУ кои се тија ПОЛТРОНИ од ВЛАСТА,како КОНТРА ПЛЕНУМЏИИ,ПРОФЕШУРИ,односно театарски кукли што немаат МОЗОК,па како ВЛАСТА СО КУПЕНИ ДИПЛОМИ,така и ОНИ СО ПРЕПИШАНИ,ПЛАГИЈАТИ ТРУДОВИ го поткреписават РЕФОРМИРАЊЕТО НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАЊЕ. Се разбира одкако го ЗАЕБАА ОСНОВНО-то,а СРЕДНОТО ГО РАСТУРИЈА,па сега остана високото образование.
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...pola od profite od "toj spisok" kako sto biva so godini kaj nas ne e nitu potpisan nitu legitimiran a ne pa da bide prasan dali e za ili protiv zakonot.Da ne stavam sega linkovi kade moze da se procita za ovoj gest na kontra-site.
srekna nova 49..ne be..2015.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас ова го велам со децении… И сега го велам истото. Менталитетот не се сменил многу од тогаш. С'е уште оние кои се сложуваат со нашето мислење се потполно во право, многу се мудри, знаат што прават, многу се чесни и се на вистинскиот исправен пат. Сите други се со испран мозок, не знаат што говорат, не се нормални, земјава пропаѓа од такви недоквакани луѓе, со нив никогаш нема да излеземе од калта, сите ни се смеат, тешко на нам, каде живееме… Но тоа не е причина да не си пожелиме СРЕЌНА НОВА 2015 ! Со новата година, со новиот провев, новиот дух, подобро разбирање и соработка, со поголема позитивност и оптимизам, да си пожелиме и подобра иднина! Изменето од Messenger - 31.Декември.2014 во 00:45 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а колку вкупно професори има во Македонија? и наспроти таа бројка овој контра-протес... ова, контра-планум де, ќе биде движечка сила во земјава? кај живеам бог да чува
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Studenti...MARS...
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И да… и не. Секој проект не бара толку огромни средства колку што бара знаење, способност, мотивација, желба и упорност во работата. Такви средства особено не се бараат во општествените категории и правото. На страна од кажаново, дури и во техничките гранки каде навистина е потребно и извесно материјално вложување понекогаш на средeн и подолг пат, тоа не значи дека треба вложувања во изградба на акцелератори на нуклеарни честички. Како одличен пример за тоа на може да послужи Љупчо Коцарев. Појди на http://scholar.google.com/ i baraj: author:ljupco-kocarev . (http://scholar.google.com/citations?user=4wKtXPgAAAAJ). Види колку трудови има објавено човеков во меродавни меѓународни публикации. Потоа на истиот линк провери за било кој друг професор на македонскиве универзитети. Да не се изненадиш кога ќе се изненадиш. Изменето од Messenger - 29.Декември.2014 во 21:30 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Читам на Сител објава на текст од Александар Спасовски во кој акцентот го става на задолжителното објавување научни трудови во реномирани научни списанија.
Добро е шо конечно се отвори овој проблем меѓутоа ова ке отвори уште милион други проблеми кои ке треба да се решаваат но не да се стават под тепих. Научно истражувачката дејност бара време и големи финансии,современи лабаратории,соработка со установи и производствени капацитети како и соработката со техноструктурата бидејки тезите треба да се потврдат и да имаат примена зошто науката не се базира на шпекулации туку на цврсти докази. На крај од текстот има компарација во која повторно се споредува Македонија и Словенија каде за пет години во Словенија се публикувани 50.000 трудови,а во Македонија 4000. Па нормално кога Словенија е развиена индустриска земја членка на ЕУ каде се користат најнови технологии и техники наспроти Македонија која важи за ниско развиена земја. |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
што и да се донесе како реформа нема да се испочитува... а дури и да се испочитува таа една реформа наидува на ќор сокак во коматозното општество каде што не вреди воопшто
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Единствено што би приговoрил на владата е што започнува процес за реформи без ПРЕТХОДНО да објави дека е со намера да го стори тоа преку консултирање на меродавни фактори од нашето образование. Доколку го направила тоа, тогаш останувам поправен. Инаку, и на врапчињата им е јасно дека образованието ни е во коматозна состојба и дека треба итно нешто да се превземе за негова реанимација. Јасно е дека секогаш при ваквите реформи има незадоволства бидејќи луѓето стануваат одомаќени и комфортни со старите инвестиции и никој не посакува тие да му бидат загрозени со нови закони, правила и прописи. Претпоставувајќи дека студентскиот марш е искрено мотивиран од желбата да се подобри нашето школство јас би повикал на една покреативна и поплодна дискусија - какви мерки сметате дека би требало да се имплементираат во реформата на образованието? Јас мислам дека потребно е да се превземат неколку чекори кои би осигурале нештата да се подобрат и повеќето проблеми да се премавнат. 1. Како прво потребно е да се вратат приемните испити со кои би се извршила евалуација и селекција на идните студенти. Со ваквите испити ќе се потврди веродојстојноста на знаењето во однос на формалната средношколска диплома. Универзитетите да имаат ограничен број на новозапишани студенти и овие места да им бидат овозможени само на оние средношколци кои успешно ќе го минат приемниот испит. Средношколската диплома би била услов да се добие право и шанса да се излезе на тој испит. Дополнителна вредност на резултатот од овој испит ќе биде и показателот на професорската успешност во работата во нивните средни школи. Национална припадност и верска определеност да бидат потполно ирелевантни фактори. 2. Како второ би требало да се воведи државен испит за сите факултети (како што постои за медицински и правен факултет). Резултатите од овој испит, како и оној приемниот, нема да ја обезвреди стекнатата универзитетска диплома, но ќе послужи за увид на студентското знаење и квалитетот на професорската работа. Овие резултати да му бидат достапни на секој работодавач доколку тој изјави интерес за нив. Овој испит да биде еднократен и бесплатен. 3. Сите испити, приемни, завршни и семестарски, да бидат исклучиво писмени и под шифра наместо со вистинското име на студентот. Овие шифри да бидат издавани на денот на испитите и изборот на прашањата да биде абритрарен истиот ден. Со ваквите испити ќе се минимизираат или анулираат сите притисоци, местенки и корумпирања на релација професор-студент. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не ми е јасно зошто сите се однесувате како да нема закони за образованието кај нас, и како да не може да бидат дополнети ако имало некои пропусти и дупки до сега?
било кој факултет, приватен или државен, е регулиран од државата за тоа како треба да функционира... проблемот е што кај нас двигател на настаните одамна се митото, корупцијата и добрите врски... ако после сите промени во образованието ова е основниот проблем, не ми е јасно како може некој да верува дека државен испит би сменил нешто на подобро ок, студентите ќе учат, и ќе си полагаат, ама фрустрирачки е што за џабе ќе го прават тоа, само затоа што на некој му текнало така |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
ANA_MARIJA
Сениор Регистриран: 09.Декември.2011 Статус: Офлајн Поени: 1275 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..... да незнае човек што да мисли
Од една страна имаме толку неедуцирани "дипломирани" кадри, од друга пак се соочуваме со наметнати партиски реклами ,као образованието е сигурна инвестиција е сега пу пу не се важи Многу родители инвестираа во приватни факултети голема инвестиција мала едукација .Затоа го оправдувам екстерното тестирање. Од друга страна сите знаеме дека сево ова има партиски и лични позадини,како и да е треба да се сослушаат и студентите нели тие се нашата иднина (иако кај нас државата повеке инвестира во пензионери) |
|
Mи е гајле
И за универзумот и законите кои го движат, Гајле ми е ако утре запре светов |
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..
Изменето од outlook123 - 28.Декември.2014 во 12:08 |
|
едно е - не се две
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...i do kade stignaa so protestite?.
ne e ferski,koga si iznazemaa diplomi posto zasto i kor i slep,sega trebalo red da ima.Kako mozese prestavnik na vlasta da izjavi deka nemalo red na fakultetite VO IZMINATIOV PERIOD,a do vcera ne ubeduvaa deka sme medju najdobrite i vo ovaa oblast?.Setete se samo na rejtingot za kvalitet na obrazovanieto..koga od nadvor velea ne cini,nasive ovde seeja um deka sme na dobar pat!....po mene ..korsokak. dali "crvot" rovari i vo finansiite,vo zdravstvoto....vo stopanstvoto?.Dali e pocetok na kraj na nestata kaj nas?.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Внеси реплика | страница <1 45678 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |