|
Уредување на помали станбени површини |
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Автор | ||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
7 начини малиот стан да изгледа пространоСтановите со мали квадратури и тесни соби мора да се уредуваат со поголемо внимание ако сакате просторот да изгледа функционално. Затоа, ви откриваме неколку тајни како малите станови и соби може визуелно да ги зголемите. Најважно е да направите план. Не дозволувајте да ве понесе креативноста и несоодветно да го опремите просторот. Одлучете се за она што ви е неопходно, подгответе го просторот па дури тогаш купувајте мебел. За крај оставете ги деталите и сувенирите. Премногу бои оставаат впечаток на несреденост. Користете основни, неутрални бои, а за да ја разбиете монотонијата внесете силни нијанси во мали дози. Кога ги боите ѕидовите, три страни обојте во неутрална боја, а четвртиот малку затемнете го. Ако сакате хармоничен изглед, бирајте различни текстури и облици. Набавете тепих со дијагонални линии, пернички со точки и секакви детали кои многу едноставно ќе го разиграат просторот. Ламбите од кристал или стакло, како и безбојните столчиња се неверојатно декоративни, но и корисни кога се борите со секој квадратен метар. Тие визуелно ќе го зголемат просторот, а ќе ја зголемат функционалноста. Огледалата прават чуда во малите простории! Тие нека бидат извор на дупла сончева светлина или пак усмерете ги кон нешто што е вредно да се дуплира. Изберете рамка која стилски се вклопува со останатиот мебел и нема да погрешите. Високите ламби се одлични за пријатно и интимно осветлување на просторот. Пригушеното светло кое доаѓа од малку повисоко позитивно влијае на пространоста. Наместо голем тросед одберете двосед и фотелја. Бирајте модели без многу масивни држачи или потпирачи бидејќи визуелно оставаат негативен впечаток во малиот простор. Ако сте љубители на завесите, секогаш закачувајте ги неколку сантиметри под плафонот. Тоа остава впечаток на повисок и поголем простор, а воедно е и одлична декорација на празните ѕидови. Изменето од Valerija - 13.Февруари.2014 во 16:28 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Овој стан е доказ дека големината понекогаш не е важнаОбидувајќи се да најдете совршена рамнотежа помеѓу модерниот стил, удобноста и врвната елеганција, реновирањето и уредувањето на станот може да биде огромен предизвик. Но, во овој стан од 45 квадрати мисијата е повеќе од успешна! Со оглед на минијатурниот простор, архитектот посебно внимавал на осветлувањето кое е клучно за визуелното зголемување на собите. Белите подови, плочки и ѕидови одлично се вклопуваат со шарените тапети, исто како и со земјените тонови кои преовладуваат во ентериерот. Спалната и дневната соба се одделени со тенка преграда која никогаш не сте замислувале дека може да изгледа привлечно и креативно. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Со оглед на тоа што сè почесто се живее во мали станови или мали простории каде нема доволно простор за да може да ги извршувате секојдневните работи, да имате работна просторија, а истовремено и соба за спиење - ова е идеално решение. Флексибилен мебел кој може лесно да се трансформира зависно од намената. Мира Шрудер е дизајнерка на експериментален мебел која креирала уникатно парче мебел кое на прв поглед личи на голема работна маса, но со помош на специјално вградениот механизам, може да се претвори во кревет за спиење. Чаршавите се специјално направени да бидат прицврстени од внатрешната страна за да не испаѓаат при ротацијата. Совршено решение за мали и урбани простории за живеење или за канцеларии во кои самостојно работите. Особено погодни за оние кои работат до доцна во ноќта и едвај чекаат
да си легнат. Лесно и удобно решение кое секој би го посакал. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Изменето од Valerija - 12.Јануари.2014 во 16:23 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Уредувањето на животниот простор е макотрпна и напорна работа, а уште повеќе ако тој простор е само 34 метри квадратни, тогаш знаете дека навистина ќе треба да се намачите за да го уредите просторот да биде убав, практичен и удобен. Овој стан е многу мал, но одлично среден, многу практичен и супер изгледа. Високите прозори во станот дозволуваат многу светлина, а голем плус на овој стан е преслаткиот балкон на кој се наоѓаат две столчиња и маса. Иако овој стан нема спална соба, креветот кој се наоѓа во аголот на дневната соба, може да се одвои со завеса, која на овој простор му дава приватност. Интересно е тоа што во овој стан се искористени и стари и нови парчиња мебел, кои одлично се искомбинирани за да го дадат целосниот впечаток. Преубав детаљ и топлина на овој дом е она што зрачи посебна аура во него која прави да се чувствувате пријатно. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Одлично наместен стан од 40 квадрати / Фото |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Уредување на мала бања Во становите неретко се случува просторот наменет за бањата да биде со мала површина. Сепак, и малата бања може да биде доволно функционална и пространа доколку се обрне внимание на неколку работи: • Во мала бања поставете туш кабина, која ќе зафаќа помалку простор отколку класичната када, а притоа проѕирната стаклената врата ќе дава илузија на поголем простор. Поставена во аголот, туш кабината е добар избор за мали бањи. • Кога станува збор за избор на машина за перење алишта, машините со горно полнење се погодни за мали бањи бидејќи се потесни, а и вратата не зафаќа дополнителен простор. • За складирање на предметите во малите бањи најдобро решение се полиците од подот до таванот, каде што ќе може да ги одложите сите потребни работи. Притоа дел од полиците добро е да бидат затворени. Исто така, висечките орманчиња се одлично решение за складирање на предметите. • Доколку се определите за скриено, односно вградено казанче во ѕидот, исто така ќе заштедите простор, а и визуелно ќе го ослободите амбиентот. • Во малата бања избегнувајте темни бои. Плочките или ѕидот нека бидат во посветла боја - на пример, може да поставите бели плочки кои на средината ќе имаат бордура во живи бои. • Погрижете се бањата да биде добро осветлена, бидејќи слабото осветлување создава чувство на теснотија. • Поставете поголемо огледало во малата бањата кое визуелно ќе ја зголеми бањата. • За крај, избегнувајте чување на непотребни ситници во бањата, со што ќе спречите просторот да стане уште помал. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Прекрасен мадридски дом од 21 метар квадратен
Многупати веќе сме се увериле дека големината
не е од пресудно значење при уредувањето на функционален и удобен дом, а
доказ за тоа е и овој прекрасен мал стан во Мадрид.
Имено, во големите домови не е необично собите да се простираат и
на неколку десетици метри квадратни, меѓутоа во продолжение можете да
погледнете дека и еден стан од 21 метар квадратен може да биде уреден
така што ќе нуди максимален комфор и функционалност. Дека големината не е пресудна кога станува збор за уредување на функционален и удобен дом, доказ е и овој стан сместен во Мадрид, изграден минатата година. Станува збор за дом наменет за една личност, а со минималистичкото уредување на овој неверојатен стан, се спречило добивањето на впечатокот дека просторот е пренатрупан. Погледнете како сето тоа изгледа во продолжение, па можеби токму овој дом ќе биде и инспирација за уредување на вашето место за живеење. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Мал стан во Сиднеј Овој стан од само 38 m² се наоѓа во Сиднеј, и е исполнет со весела атмосфера, светлина и радост. Семејството што живее во него, млад пар со дете, имале потреба од простор кој ќе одговара на нивниот начин на живот и ќе им обезбеди доволно високо ниво на удобност, и покрај малата квадратура. Затоа станот е дизајниран како место за дружење на семејството и весело живеење. Постојните ѕидови, освен носечкиот ѕид кај бањата, биле урнати. Новите преградни ѕидови го конфигурираат просторот обрнувајќи внимание на приватноста и просторот за складирање кој секогаш недостасува. Целиот простор се користи во својот полн потенцијал, земајќи ги во предвид потребите и желбите на семејството. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Само 16 м2
Овој мал стан во Париз претставува резултат на архитектите Mark Baillargeon и Julie Nabucet. Највпечатливa карактеристика при конципирањето на проектот е неговата скромна површина од само 16 м², која со неколку паметни проектантски и дизајнерски решенија е трансформирана од пространа бања во микро-стан. Како што би се очекувало од една неконвенционална конверзија на просторот, ова минимално париско засолниште е полно со креативни и инспиративни идеи. Денивелираната платформа помеѓу таканаречената зона за престој и кујната има многу поголема практична примена од вообичаено. Во овој случај, таа во себе го крие креветот или троседот, според намената и функцијата на просторот во контекст на околностите. Како уште еден специфичен детаљ од ентериерот се појавува скалиштето, кое води до кујната и во себе крие елементи за складирање, и со тоа ја редуцира неопходноста од дополнителни елементи кои би ја редуцирале целокупната ограничена просторност. |
||||||||||||||||||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Мало, но сепак пространоДекорирањето и уредувањето на малите станови или гарсоњери честопати знае да биде вистински кошмар,а резултатот да биде чувство на нелагодност или чувство на изгубен простор. Но, сепак со неколку мали интервенции можете малите простории да ги направите пространи. За да бидеме попрагматични,ќе наброиме неколку предлози во однос на вашата селекција. Бирање на мебел При опремување на мали простории,барајте што помали модули, делови на мебел со што е можно повеќе отворени површини,на пример двосед со видливи ногарки, две табуретки и стаклена клуб масичка се подобар избор од некоја фотелја, двосед со скриени ногарки и пространа клуб маса. Распоред на елементи При распоредувањето на мебелот и неговите елементи, насочето го вашето внимание да имате непрекинато движење во просторијата. На пример започнете со двоседот, како најголем дел од вашиот мебел, кој ќе го поставите пред најголемиот ѕид во вашата просторија и кој ќе биде ориентиран кон внатрешноста на просторијата. Потоа обмислете и делче, катче за разговор. Од двете страни на двоседот поставете табуретки, фотелја или столови, а потоа клуб масата поставете ја во централното место,од каде ќе биде достапна за сите позиции на седење.
Декорирање Во малите простории посебно внимателни треба да бидете со декоративните елементи. Запомнете дека доколку сакате да го избегнете чувството на задушеност и нелагодност, важи правилото – помалку е повеќе. Огледалата како и сјајно рефлектирачките површни како што се стаклото и лексанот ќе допринесат да просторот изгледа поголем. Поголеми примероци користете исклучиво на елементи како перниците и слични помали декоративни елементи,а избегнувајте ги на софата, двоседите или фотелјите. Како да одберете боја При одбирањето на бојата, барајте благи и монохроматски бои и нијанси. Бојата за ѕидовите прилагодете ја на поголемите делови од мебелот што ги имате во просторијата а плафонот оставете го со бела основна боја кој секогаш ќе одржува баланс.
Осветлување Правилно распоредете ги светилките и креирајте изедначена светлост во целата просторија. На овој начин ќе ги избегнете сенките што се создаваат на мебелот кои визуелно непотребно ја делат просторијата. Амбиенталните светла исто така ќе допринесат во создавање на атмосфера во просторијата. Генерално избегнувајте лустери,бидејќи они создаваат чувство на понизок плафон а со тоа и визуелно смален простор. Пропорција и бои Најдобар начин да се опише пропорцијата е величината. Бојата влијае на пропорцијата во просторот. Прифатлив и општо познат е ставот дека белата боја и светлите бои визуелно просториите ги прави поголеми а темните и јаките бои ги прават работите поблиски една со друга,односно поголеми отколку што се. За крај Ентериерот на вашиот мал стан или гарсониера уредете го чисто и едноставно. Исфрлете се што не користите и што не употребувате бидејќи што помалку гужва – дотолку помалку стрес. Во малите станови помалку е повеќе. Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 23:02 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Прекрасно уредени 40 метри квадратни
Беспрекорниот малечок скандинавски стан со своето уредување едноставно остава без здив.
Чистите линии, едноставните парчиња мебел и фантастичните детали
го прават овој простор навистина пријатен за живеење, а овој дизајн уште
еднаш потврдува дека, при уредувањето на домот, многу често "колку
помалку" е и "многу подобро".Архитектонското студио "Alvhem Makleri & Interior" претставил уште еден беспрекорен скандинавски стан во шведскиот Готенберг, а ова нивно дело ги заслужува сите пофалби. Малечкиот стан од само 41 метар квадратен, во кој доминира белата боја, благодарение на интеграцијата на специфичните елементи претставува совршено едноставен простор за живот за оние кои што се во потрага по мирниот и релаксирачкиот начин на живот. Како и останатите скандинавски домови, и во овој стан се застапени најразлични декорации, се со цел просторот да биде колку што е можно попријатен, а секако, истиот е уреден во согласност со желбите и потребите на сопственикот. И покрај изобилството на белата боја, која што е застапена на подот, ѕидовите и на мебелот, просторот не остава впечаток на студено и непријатно место за живеење, туку напротив, ретко кој не би посакал да живее во ваков убаво уреден стан. Изменето од Valerija - 28.Декември.2013 во 08:45 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
ФОТО: Како малиот стан да изгледа поголемГлавна цел на секој архитект при уредување на мали станови е да создаде впечаток на поголем и функционален простор. За таа цел најчесто се користат рефлектирачки површини со модерни делови на мебел. За да се добие впечаток дека дневната соба е поголема, отколку што е реално, би можел да се постави темен и сјаен таван. На овој начин изгледа дека собата е речиси двојно повиска. Во станот би требало да доминира белата боја, но да биде прошарана со темни или црни елементи од мебелот или преградни ѕидови. Малата кујна може да се направи навидум поголема со поставување на едноставен и елегантен шанк и со стаклени кујнски елементи во кои би се рефлектирал околниот простор. Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 22:51 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Мал простор уреден со многу вкусОдличен пример како да уредите 59 метри квадрати, а сѐ да си биде на свое место и да изгледа убаво. За денеска одбравме мал стан во Тел Авив, кој зрачи со светлина поради белите ѕидови и светлите подови. Подолу може да видите и „пред и потоа“ фотографија од дневната соба, кујната и просторот за учење кои се трансофмирани од досаден во модерен ентериер. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |