IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 16>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 09:55

Непечен ролат со крем банани, готов додека го сварите кафето


Ладен десерт кој можете да го направите кога и да ви се пријаде благо, а во фрижидер и замрзнувач може да отстои и до неколку дена.

nepecen-rolat-so-krem-banani-gotov-dodeka-go-svarite-kafeto-01.jpg

Потребни состојки (за 2 ролата):

  • 2 жолчки
  • 200g шеќер
  • 2dl млеко
  • 150g чоколадо
  • 250g маргарин
  • 250g бисквити
  • 8-9 чоколадни банани
  • 2 листа обланди

Подготовка:

Жолчките, шеќерот и неколку лажици млеко изматете во пенаста смеса, а потоа додадете го стопеното чоколадо. Остатокот од млекото оставете го да зоврие.

Кога млекото ќе врие, додадете ја смесата од жолчките и варете на тивок оган со постојано мешање. Кремот нема да се згусне како пудинг, но додека се лади, ќе си ја добие густината.

Во оладениот крем додајте ги мелените бисквити и маргаринот кој пенесто ќе го изматите.

Листовите од обланда ставете ги на влажна крпа, да омекнат. Премачкајте ги со кремот, па наредете по неколку крем банани на самиот раб.

Заедно со влажната крпа мотајте ги обландите како ролат и оставете ги неколку часа да се оладат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2015 во 09:15

Непечени крем коцки


Искористете ја магичната комбинација на бисквити и крем и за помалку од 20 минути ќе имате вкусни коцки кои ќе ви станат секојдневен ритуал.

nepeceni-krem-kocki-01.jpg

Потребни состојки:

  • 600g бисквити
  • 1l млеко
  • 6 големи лажици шеќер
  • 2 пудинзи од ванила
  • 2 лажици брашно
  • 3 лажици густин
  • 1 маргарин
  • Ванилин шеќер
  • 5 лажици Несквик
  • 100g црно чоколадо
  • 5-6 чоко банани
  • 2 портокали
  • ½ l слатка павлака
  • 1 кремфикс

Подготовка:

Прво направете го кремот. Во млекото сварете ги шеќерот, густинот, брашното, пудингот и ванилиниот шеќер. Оставете да се олади, па поделете го на 3 дела.

Во еден дел додајте Несквик, во вториот сечкани крем банани, а во третиот додајте го чоколадото.

Во сокот од портокалите натопете ги бисквитите, па наредете ги во редови 5 х 4.

Над првиот слој бисквити ставете го кремот од Несквик, потоа повторно ред бисквити. Втор на ред е кремот од чоко банани, па кремот со стопено чоколадо.

На крај изматете ја хоплата со кремфикс и премачкајте со добиениот шлаг.

Колачот служете го по неколку часа ладење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2015 во 21:11

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ЧОКОЛАДНИ ПРАЛИНИ СО КЕКСИ

8

Состојки:

  • 250 грама крем сирење (намаз)
  • 500 грама кекси полнети со чоколади (Oreo, Moto…)
  • 250 грама темно чоколадо

Подготовка:

1. Здробете ги кексите во трошки. Најлесен начин да го направите ова е да ги сомелете или пак да ги ставите во вреќичка и да ги поминете со валјак за тесто. Издвојте мал дел со кој ќе ги посипете на крај пралинето.

2. Здробените кекси ставете ги во сад и додадете го кремот од сирење и добро измешајте додека не добиете густа поврзана маса, а со рацете обликувајте бомбици со дијаметар околу 3 сантиметри.

3. Стопете го чоколадото на пареа и една по една бомбица ставете ја во него и потоа ставете ја во чинија. Додека чоколадото сè уште е топло, над бомбиците истурете го остатокот од здробените кекси и ставете ги во фрижидер да отстојат барем еден час.

Совет:

Доколку сакате бомбиците да ги посипете еднакво со чоколадо, тогаш ставете ги во сад и со две лажици внимателно вртете ги додека во целост не ги прелиете со чоколадото.

Истото можете да го направите со тоа што бомбиците ќе ги забодете на виљушка и внимателно потоа ја ставите во чоколадото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 17:38

ЧОКОЛАДНА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

5

250 гр путер

200 гр шеќер во прав

100 гр течна чоколада

3 јајца

100 мл млеко

100 гр ореви мелени

250 гр бисквити

Чоколада за декорација

Подготовка:

Путерот се бие со шеќерот додека не побели. Се додаваат едно по едно јајцата, чоколадата, млекото, оревите и мелените или кршени бисквити. Сите состојки се мешаат добро и се префрлаат во намокрен калап за торта. Се притиска нежно и се остава да отстои 24 часа во фрижидер. Откако ќе се извади од калапот, тортата се поросува со мелени ореви и стопена чоколада.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 21:44

ЛЕСЕН КОЛАЧ СО ГОТОВ ПУДИНГ

20

Потребни намирници:

1 пакетче пудинг од ванила без варење

Пастеризирано млеко+кондензирано млеко

3 пакетчиња ванилин веќер

1 филџан слатка павлака

5 супени лажици шеќер во прав

1 пакетче бисквити

Карамел сируп

Лешници

Пудингот се меша со пастеризираното и кондензираното млеко, при што количината треба да одговара на упатството за подготовка на пудингот, а соодносот треба да биде 2/3 пастеризирано и 1/3 кондензирано млеко.

Павлаката се бие со миксер со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер во посебен сад.

Се додава лажица по лажица во пудингот, кој се меша постојано за да се изедначи смесата.

Во кутија за сладолед се става ред крем, ред бисквити, се поливаат со карамел сируп и редовите продолжуваат по истиот редослед, за на крај да се заврши со слој од крем.

Од горе се полива со сируп од карамела и со кршени ореви.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2015 во 15:09

Чоколадно чудо без печење


Колач готов за 5 минути, без печење, од само 3 состојки, преку кој најдобро ќе уживате во оригиналниот вкус на чоколадото.

cokoladno-cudo-bez-pecenje-01.jpg

Потребни состојки:

  • 400g квалитетно црно чоколадо
  • 400ml кондензирано млеко
  • 50g путер

Подготовка:

Стопете го чоколадото заедно со путерот. Мешајте додека не добиете смеса без грутки.

Додајте го кондензираното млеко и тргнете од оган. Смесата ставете ја во силиконски калапи за колачи и оставете во замрзнувач неколку часа.

Можете да послужите со парчиња овошје, компот или џем.

Доколку немате слатко кондензирано млеко, можете да го подготвите на следниов начин:

1 литар кравјо млеко ставете во тенџере и оставете го да се вари на средна температура додека количината двојно не се намали. Мора постојано да мешате за да не загори.

Додајте 1 лажица ванилин шеќер, ½ лажица екстракт од ванила и 150g шеќер и мешајте уште малку.

Тргнете од оган и ќе имате околу 400ml готово кондензирано млеко. Оладете пред користење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2015 во 19:37

РЕЦЕПТ ЗА БАЈАДЕРА ЗА КОЈ НЕ ВИ ТРЕБА НИ РЕРНА НИ МИКСЕР - ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИ

11

Потребни состојки:

9 лажици вода

200 грама шеќер

150 грама мелени ореви, бадеми или лешници

250 грама мелени бисквити

170 грама маргарин

100 грама чоколадо за готвење

1 лажиче рум

– Подготовка

За прелив

 100 грама чоколадо за готвење

1 лажиче масло

Подготовка:

Во тенџере додадете ја водата и шеќерот и загрејте на умерена температура. дури шеќерот не се растопи комплетно.

Додадете го маргаринот, тргнете од оган и мешајте дури не се растопи.

Кога маргаринот ќе се растопи, додадете ги оревите и бисквитите и мешајте дури не добиете густа и компактна маса.

Добиената содржина, поделете ја на 2 дела.

Чоколадото растопете го на пареа и размешајте го со едниот дел, а во другиот ставете малку рум.

На тацна ставете мрсна хартија за печење и префрлете го првиот дел од смесата (тој со чоколадо) и со раце обликувајте квадрат.

Врз него, на истиот начин, ставете го и другиот дел од смесата.

Остатокот од чоколадо растопете го на пареа, додадете малку масло и прелијте ја бајадерата.

Бајадерата ставете ја во фрижидер да се излади, а следниот ден исечете ја на на коцки со големина по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2015 во 08:20

Без печење: Летна торта со павлака и малини


Топлите денови ни пристигнаа, а тоа значи дека неопходен ни е десерт кој ќе ве освежи.

bez-pecenje-letna-torta-so-pavlaka-i-malini-01.jpg

Оваа торта од крем павлака и малини ќе ве освои на првото залче, а не се пече, ниту филува со часови.

Потребно ви е:

  • 5 мали кисели павлаки
  • 250g шеќер во прав
  • Пишкоти
  • 250g свежи малини или 2 пакетчиња замрзнати
  • 400 ml слатка павлака

Подготовка:

Изматете ја киселата павлака со шеќерот во прав.

Во калап наредете ред од пишкотите, премачкајте со половина изматената кисела павлака, па наредете и половина од малините.

Потоа повторете ја постапката со пишкоти и преостанатиот фил од кисела павлака.  Доставете ги и малините, но може да оставите и една шолја за декорација.

Филувајте со 400ml матена слатка павлака и ставете ја тортата да се излади неколку часа.

На крајот чашката малини кои ги одвоивте само истурете ги непрецизно одозгора.

Не бидете изненадени ако сите ви побараат рецепт уште на првиот залак.

bez-pecenje-letna-torta-so-pavlaka-i-malini-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2015 во 08:18

Замрзнати коцки од чоколадо и путер од кикирики


Комбинацијата на солено благиот вкус на путерот од кикирики совршено се вклопува со богатиот вкус на чоколадото, па затоа овие слатки и брзи коцки се идеалниот рецепт кој ви треба за летово.

zamrznati-kocki-od-cokolado-i-puter-od-kikiriki-01.jpg

Добро одат после кафе или после летниот ручек, а нивна предност е што можете да ги направите и со денови да ги чувате во замрзнувач.

Кога сакате само исечете неколку и уживајте.

За подготовка потребни ви се следниве состојки:

  • ½ шолја путер
  • 1 шолја и 2 лажици кремаст путер од кикирики
  • 1 шолја измелени бисквити
  • 1 шолја шеќер во прав
  • 200g искршено чоколадо

Подготовка:

Во стаклен сад ставете го путерот и стопете го во микробранова. Потоа додадете ја шолјата со путер од кикирики, кршените бисквити и шеќерот во прав. Мешајте додека не се соединат состојките.

zamrznati-kocki-od-cokolado-i-puter-od-kikiriki-02.jpg

Во тава со средна големина ставете пластична или алуминиумска фолија и нанесете ја смесата рамномерно. Оставете да се олади 1 час.

zamrznati-kocki-od-cokolado-i-puter-od-kikiriki-03.jpg

Во меѓувреме истопете ги 2-те лажици путер од кикирики со чоколадото. Добиената смеса ставете ја во тавата.

zamrznati-kocki-od-cokolado-i-puter-od-kikiriki-04.jpg

zamrznati-kocki-od-cokolado-i-puter-od-kikiriki-05.jpg

Оладете уште 1 час, а потоа сечете коцки.

zamrznati-kocki-od-cokolado-i-puter-od-kikiriki-06.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 18:48

ЛАДЕН И ЧОКОЛАДЕН: ВКУСЕН КОЛАЧ, БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

3

250 г. бисквити

150 г. млечно чоколадо

100 г. благ путер

150 г. мед

100 г. суви кајсии, исецкани

75 г. суво грозје

60 г. сецкани ореви

Подготовка:

1. Обложете ја тепсијата со хартија за печење

2. Иситнете ги бисквитите, користејќи толчник, а претходно ставете ги во пластична кеса, за да не летаат насекаде.

3. Стопете ги чоколадото, путерот и медот на пареа. Повремено мешајте.

4. Тргнете ги садовите од оган и измешајте ги мелените бисквити, сувото грозје, оревите и сувите кајсии.

5. Смесата ставете ја во тепсија и израмнете ја одозгора.

6, Оставете да се олади, а потоа ставете чоколадо врз неа и ставете во ладилник на 1-2 часа.

7. Пред сервирање исечете го колачот на 12 коцки и уживајте во вкусот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2015 во 14:00

Ладен колач за кој не ви треба ниту миксер, ниту рерна


Ова дефинитивно е најдобриот колач кој можете да го подготвите кога ви се брза и ви се јаде нешто студено и слатко.

laden-kolac-za-koj-ne-vi-treba-nitu-mikser-nitu-rerna-01.jpg

Состојки:

  • 500ml млеко
  • 500ml павлака за шлаг
  • 12 лажици густин
  • 1 ванилин шеќер
  • 100g чоколадо за готвење
  • 100g бело чоколадо
  • 4 лажици шеќер
  • Пакетче бисквити или пишкоти

Подготовка:

Помешајте го млекото со слатката павлака, па од таа количина земете 200ml кои ќе ги помешате со густинот и шеќерот.

Остатокот ставете го да зоврие, па сварете го густинот. Кремот брзо се згуснува, така што за 2-3 минути ќе биде готов.

Поделете го на 2 дела и во едниот додадете го чоколадото за готвење, а во другиот белото чоколадо. Мешајте енергично додека целосно не се растопи.

На дното на една тава ставете пишкоти или бисквити (можете да ги натопите во млеко ако сакате), па одозгора премачкајте со темниот крем. Потоа веднаш премачкајте го и белиот крем.

Ако сакате можете да ги филувате наизменично за привлечен дезен.

Оставете ја тортата во фрижидер најмалку 1 час пред да ја послужите.

laden-kolac-za-koj-ne-vi-treba-nitu-mikser-nitu-rerna-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2015 во 21:05

19

КОКОСОВИ ПЛОЧКИ
Потребни состојки:
  • 100 грама кокос
  • 4 лажици јаворов сируп (може и мед или некој друг засладувач)
  • 2 лажици кокосово масло
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • прстофат сол
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во белндер и мешајте. Можете да мешате и рачно ако немате блендер. Потоа префрлете ја смесата во сад и ставете ја во фрижидер еден час или во замрзнувач 15 минути за да се стврдне. Потоа може лесно да се сече и да се консумира.



Изменето од Valerija - 27.Јуни.2015 во 21:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2015 во 21:04

ТОРТА СО РУМ И МЛЕКО

14
Потребни состојки:
За тестото:
  • 400 грама бисквити
  • 100 милилитри млеко
  • 1 лажичка рум
  • 500 милилитри слатка павлака
  • 300 грама несолена урда
  • 100 грама шеќер
  • 1 кесичка желатин
  • 1 лажичка какао
За глазурата:
  • 150 грама чоколадо за готвење
  • 1 лажичка рендано чоколадо
Начин на подготовка:

Изматете ја слатката павлака со шеќерот и додајте го сирењето. Растопете го желатинот во малку вода на тивок оган, оставете го да се олади и сипете го во смесата со слатката павлака. Одвојте третина во друг сад и додајте какао. Бисквитите намачкајте ги во млекото измешано со рум и наредете еден ред во долга тава, па врз нив распоредете половина од белиот фил. Потоа наредете уште еден ред бисквити потопени во млеко и рум и врз нив наредете го филот со какаото. За крај остануваат уште 2 реда бисквити меѓу кои ќе го додадете и остатокот од белата смеса. Завршете со растопеното чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2015 во 21:03

ТОРТА СО ПУДИНГ И БИСКВИТИ

13

Потребни состојки:
  • 4 пудинга од ванила
  • 10 лажици шеќер
  • 1,5 литри млеко
  • 320 грама маргарин
  • 100 грама шеќер во прав
  • 500 милилитри шлаг пена
  • 600 грама бисквити
Начин на подготовка:

Измешајте го прашокот за пудинг со шеќерот. Од млекото, одземете 15 лажички и измешајте ги со пудингот и шеќерот, така што да добиете хомогена смеса. Остатокот од млекото сварете го, па тргнете го од оган и додајте му го изматениот прашок за пудинг. Вратете го на оган и мешајте 2 минути. Внимавајте да не се залепи. Оставете го да се олади и повремено мешајте за да не се засуши горниот дел. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав и потоа додајте ги на оладениот пудинг. Матете го шлагот сè додека не стане цврст и во тава (35×25) наредете бисквити врз кои ќе го сипете пудингот, па шлагот. Повторувајте ја постапката 6 пати и завршете со шлаг пената.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.